Разговор со корисник:Stefan40-3e3e/Архива 1

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Архива 1


   
   
   
   
   
   
   
   
   
Главна
   
Разговор
   
Кориснички кутии
   
Награди
   
Обележувачи
   
Работа
   
Придонеси
   
Интересно
   
Шаблони
   

Добре дојде!

Здраво, Stefan40-3e3e, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Добредојдовте на разговорната страница со Stefan40-3e3e.


Здраво![уреди извор]

Здраво, гледам дека ја уредуваш статијата Светско првенство 1930 Уругвај. Ако ти треба било каква помош, оди на мојата страница за разговор и слободно прашај. Поздрав и добро уредување! --Brainmachinewtf? 17:48, 4 јуни 2008 (UTC)

Благодарам[уреди извор]

Здраво, здраво фала многу за помошта се надевам дека ќе ја уредам што подобро а сега ги правам станици за сите светски првенства а и те молам помогни ми да ја направам подобра да не се покажува она на почетокот на кое пишува дека страницата треба да се уредува подобро за да ги достигне стандардите на вистинска википедија страница те молам многу да ми помогниш колку што можеш

До Brainmachine


Здраво, си зедов за слобода да ти ги уредам малце корисничките кутии на твојата страна, бидејќи беа малце расфрлани лево-десно, се надевам дека е ок, ако не ти се допаѓа, лесно можеме да ја вратиме назад промената ;)

Следниот пат кога ќе сакаш да пратиш порака, на мене или на било кој друг корисник, одиш на страната за разговор на тој корисник, кликаш на уреди, пишуваш нов информативен наслов ==Наслов== најдолу на страницата за разговор и ја пишуваш пораката. На крајот многу важно е да ставиш потпис, за да знаат луѓето со кого разговораат. :D

  • Потписот и времето на оставање на пораката на крајот од секоја твоја порака се прави со четири тилди (вака: ~~~~), односно само пишуваш четири тилди и автоматски си се испишува тоа што треба.

Пример: Јас се викам Brainmachine. --~~~~

Резултат: Јас се викам Brainmachine. --Brainmachinewtf? 19:59, 5 јуни 2008 (UTC)

  • Кога одговараш на претходни пораки, направи индентација (остави место) со тоа што ќе напишеш дветочки пред пораката. Само пиши :Дрн дрн... --~~~~. Ако одговараш на претходна порака којашто веќе била индентирана (односно има дветочки), ти внеси две дветочки (само ::Порака...). И така натаму, ако претходно имало две, внеси три, итн, итн.

Доколку кликнеш на потписот на некој корисник, одиш до неговата корисничка страница. Потоа само одиш во табот разговор и си пишуваш порака, придружувајќи се на горните правила. Можеби го знаеш сето ова, но јас сепак да си кажам.

Во врска со статијата. Оние ознаки на врвот ќе стојат таму сѐ додека статијата не се уреди во правилен формат, со сите марифети по википедија. Јас и ги ставив таму, немој да ми се лутиш. Тоа е само ознака, еден вид повик до сите уредувачи дека на таа статија ѝ е потребно внимание. Би можел да го разгледаш кодот на неколку добри статии, за да ја видиш нивната „конструкција“. Само кликни на линковите кои ти ги наведувам овде, кликни на уреди на соодветната статија и види како се напишани. Примери - Светско Првенство во Фудбал 2006, Киро Глигоров, Елизабета I. Биди љубопитен и активен, разгледувај ги страниците за помош. Една забелешка за статијата што ја пишуваш е што се наведени само факти како подточки. Пишувај ја статијата во вид на проза, а употребувај листи со факти таму каде што е навистина најупотребливо, како на пример листа на голгетери. Ќе ти помогнам околу средувањето. Ајде поздрав и ако има нешто, слободно пишувај! --Brainmachinewtf? 19:59, 5 јуни 2008 (UTC)

За табелата[уреди извор]

Гледам си се снашол, си ја средил табелата. Инаку, ако ти треба помош за табели, види Help:Table (англиски) --Brainmachinewtf? 11:24, 6 јуни 2008 (UTC)

re:Шаблони[уреди извор]

Да, секако дека можеш да направиш свој шаблон. Бидејќи имаш познавање од хрватски, би те упатил на оваа страница на хрватската википедија -- Wikipedija:Predlošci (predlošci=шаблони). Значи шаблоните се повикуваат преку две средни загради, вака: {{име на шаблон}}, а можат да примаат параметри, преку оваа права вертикална линија - | -(не знам како се вика симболот) . Пример - {{име на шаблон|пар1|пар2}} или пак друга варијанта е {{Фуд_резултат|домаќин=Манчестер|гостин=Челзи|дом=2|гос=0}} (како на пр. овој шаблон дава некоја си мини-табелка со резултат помеѓу 2 екипи.) Шаблоните се прават и зачуваат исто како и страници. Само тоа се прави во именскиот простор шаблон, што значи страниците кои се шаблони имаат префикс шаблон, пример: Шаблон:Фуд_резултат. Важно е дека шаблоните се осетливи на мала/голема буква, па затоа кога ќе ги повикуваш, внимавај да не бидат со различни букви од името на шаблонот. Шаблон:Стефан и Шаблон:СТЕФАН не е исто.
Сега ќе те воведам во процедурата на правење шаблони. Ќе го земеме шаблонот {{Фуд_резултат}}, целта ни е да прикажува инфокутија со некоја сликичка, името на домаќинот и гостинот и нивниот резултат од мечот. Бидејќи можеш да пишуваш за многу, многу мечови, а глупо е да ја правиш табелката со сликичката (која си е постојана) секој пат, а кога променливи се само имињата на екипите и вредноста на постигнатите голови, оваа работа е печена за шаблон, кој ќе прима параметри. Најпрво, одиш во лентата за пребарување и внесуваш Шаблон:Фуд_резултат. Гледаш дека нема шаблон со исто име, па кликаш на Нема статија со наслов „Шаблон:Фуд_резултат“. Можете да ја креирате оваа статија. Ти се отвара нова, бланко страница каде сега ќе го напишеме кодот на табелата.

Податотека:Фудбалски Куп на Македонија.gifФудбалски меч

Домаќин: Манчестер
Гостин: Челзи
Резултат: 3:4


Вака изгледа табелата која сакаме да ја направиме шаблон.
Нејзиниот код е:

{| class="wikitable" style="width: 20em; text-align: left; font-size: 90%;" cellspacing="2"
! style="font-size: 110%; text-align: center;" colspan="2" | 
[[Слика:Фудбалски Куп на Македонија.gif|30п]]''Фудбалски меч''
|-
|-
! Домаќин:
| Манчестер
|-
! Гостин:
| Челзи
|-
! Резултат:
| 3:4
|-
|}

Сега овој код треба да го прилагодиме во шаблон, така што наместо Манчестер, Челзи и 3:4 ќе има променливи, со што ќе можеме да направиме извештај за било кои две екипи и за било кој резултат, преку параметрите кои ги кажуваме кога го повикуваме шаблонот. Ова го правиме со т.н. парсер функции. Ова е малку посложено, затоа не е лесно да се прави шаблон со променливи. Јас само те наведувам на начинот на кој функционираат овие работи, ако имаш намера да правиш ваков потфат, прашај за помош од некои од поискусните уредувачи и истражувај, оди по страници за помош и на википедии на други јазици, гледај „под хаубата“ на шаблоните за да видиш како функционираат. Како што вели Морфеус од Матрикс, „I can only show you the door, Neo.(јас само можам да ти ја покажам вратата, демек ти си тој кој треба да влезеш) Инаку повеќето шаблони само ги приспособуваме на македонски од англиската википедија, бидејќи нема потреба да измислуваме нешто што веќе го има. Претпоставувам дека сакаш да направиш шаблон за табела со резултати, па затоа се интересираш за ова. Но, да се навратам на шаблончето. Кодот на шаблонот би бил овој:

{| class="wikitable" style="width: 20em; text-align: left; font-size: 90%;" cellspacing="2"
! style="font-size: 110%; text-align: center;" colspan="2" | 
[[Слика:Фудбалски Куп на Македонија.gif|30п]]''Фудбалски меч''
|-
{{!}}-
{{#if:{{{домаќин|<noinclude>-</noinclude>}}} |
! Домаќин:
{{!}} {{{домаќин}}}
{{!}}-
}}
{{#if:{{{гостин|<noinclude>-</noinclude>}}} |
! Гостин:
{{!}} {{{гостин}}}
{{!}}-
}}
{{#if:{{{резултат|<noinclude>-</noinclude>}}} |
! Резултат:
{{!}} {{{резултат}}}
{{!}}-
}}
|}

И би го создал ова:

Податотека:Фудбалски Куп на Македонија.gifФудбалски меч

Домаќин: {{{домаќин}}}
Гостин: {{{гостин}}}
Резултат: {{{резултат}}}

Ги забележуваш if функциите и променливите {{{домаќин}}}, {{{гостин}}} и {{{резултат}}} во кодот. Ако го зачуваш овој шаблон и потоа сакаш да го повикаш, користиш:
{{Фуд_резултат|домаќин=Арсенал|гостин=Тотенхем|резултат=6:2}} и воала! Добиваш:

Податотека:Фудбалски Куп на Македонија.gifФудбалски меч

Домаќин: Арсенал
Гостин: Тотенхем
Резултат: 6:2

Се надевам дека помогнав нешто. Види уште и Help:Template на англиската википедија, таму има сѐ за шаблони. Поздрав и добро уредување, --Brainmachinewtf? 11:42, 7 јуни 2008 (UTC)

Те молам во иднина немој да ја ставаш ознаката {{Јд-јас}} на слики што очигледно се нечие авторско дело. За сликите што ги подигна вчера треба да се прецизира изворот, сопственикот на авторските права, како и лиценцата што ни дозволува да ги користиме. Во спротивно, истите мора да се избришат за седум дена од подигнувањето. Јас радо би ти помогнал, но немам никаква трага од каде се и кој ги фотографирал. Ако не можеш да ги наведеш овие информации, Википедија не смее да ги користи тие слики, што и не е некој голем минус за статијата. Тука сум за секаква помош. --iNkubusse A? 23:54, 7 јуни 2008 (UTC)

Во ред, средив за лиценцата и ги поставив потребните шаблони, но сепак треба да се наведе изворот и авторот. Веројатно знаеш од каде си ги земал сликите. :) Те молам додај ги тие информации на следниве слики: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15. --iNkubusse A? 02:06, 8 јуни 2008 (UTC)


Употребата на бои на Википедија[уреди извор]

Здраво! Гледам дека добро напредува статијата 1930 ФИФА Светско Првенство. Јас не ги забележав сликите на кои си им ставал погрешни лиценци, те молам, немој такво нешто да ти се повтори, бидејќи и така имаме еден куп нелиценцирани слики, та и тие фалат. Типците од Викимедија фондацијата има да ни го затворат проектот еден ден, па ќе се виде и википедија и статии и слики. Затоа, те молам, внимателно при подигањето слики; ако не си сигурен за лиценцата, прашај некој поискусен уредувач, како што е iNkubusse.
Инаку ти се обраќам за табелите употребени во статијата, те молам, ограничи ја употребата на бои. Тоа произлегува од фактот дека Википедија е наменета за сите, па дури и луѓе со слепило за бои/далтонизам, кои имаат потешкотии при читањето текст кој не е во адекватен контраст со текстот. Затоа употребувај во иднина поблаги бои, не толку жестоки. Види го ова, од англиската википедија, за употребата на бои - Wikipedia:Colours. --Brainmachinewtf? 12:06, 8 јуни 2008 (UTC)

Избрана статија наглавната страна[уреди извор]

Имате дадено коментар за избрана статија Разговор:Главна страница / избрана статија / 2008#Црвен Крст и Црвена Полумесечина, но страницата веќе е избрана. Вашиот предлог треба да го дадете на стандардизиран начин, т.е. покрај насловот на страницата 1930 ФИФА Светско Првенство, треба да дадете и предлог за делот кој ќе оди на главната страница. --brest 19:56, 8 јуни 2008 (UTC)

Што се тоа ВикиПроекти[уреди извор]

ВикиПроект е колекција на страни посветени на менаџментот на определена тема или семесјтво на теми во рамките на Википедија; и, истовремено, група на уредувачи кои ги користат тие страни да соработуваат на енциклопедиска содржина. Тоа не е место каде директно се пишуваат статии, туку ресурс кој помага при организацијата на пишување и уредување на статии. На македонската Википедија постојат следниве ВикиПроекти - ВикиПроект Јазик, ВикиПроект Филм и ВикиПроект Археомак 2.0. Разгледај ги нивните страници за да видиш што тие опфаќаат и ако покажеш интерес, слободно зачлени се, има упатства како да се направи тоа на соодветните страни. Сега нема ВикиПроект Спорт или фудбал, ако покажеш доволна иницијатива и собереш заинтересирани уредувачи, слободно можеш да го започнеш тој проект. Поздрав, --Brainmachinewtf? 21:03, 8 јуни 2008 (UTC)

За видео и за лиценцирани слики[уреди извор]

Ти одговарам за двете прашања:

  1. Секогаш кога подигаш вакви слики, за светски првенства, за Алберт Ајнштајн, за лубеници, за Марадона, буквално за било што, запамети дека мора да има таква слика на англиската википедија. Затоа немој да користиш Google:Images, на пример, за да бараш слики, туку едноставно најди ја соодветната слика на тие проекти. Види какова лиценца, извор и опис се користи таму и само прилагоди ги истите на македонски јазик. А за овие, веќе подигнати слики, само вака ќе направиш. Оди на оваа слика Слика:1930-1.jpg, кликај на уреди и види што е додавано. Додај извор (веб страната од каде си ја симнал сликата) и потоа истото го прави на сите слики. Копи/пасте лиценцата и описот. Менуваш некои работи во описот, соодветно на сликата, го додаваш изворот и готово.
  2. Ова е интересно прашање, за видео клиповите. Јас би те посоветувал, остави го тоа, нема да подигаме видео клипови на Википедија. Види ја следнава дискусија - meta:Video policy (англиски), а меѓу ретките статии на англиската википедија кои имаат видео е онаа за порнографија. Она што можеш да го направиш е да додадеш линк во ==Надворешни врски== до онаму каде што е видеото, на пример, YouTube и решен проблем. Кој сака да си го виде, ќе си кликне на линкот и ајт.

--Brainmachinewtf? 12:29, 11 јуни 2008 (UTC)

Нема потреба да подигнувате слики што веќе се подигнати на Ризницата - тие може да се користат од сите јазични изданија на Википедија и сите други проекти на Викимедија. Можете директно да ја користите сликата Image:1930 world cup.png (приметете дека табот „слика“ е со црвени букви: тоа значи дека сликата е во комонс). Исто така, кога зачувувате слики од англиската Википедија (само оние коишто не се на комонс), прво кликнувајте на сликата додека таа не се појави во целосна големина. Така, сликата нема да го има префиксот „800px-“. --iNkubusse A? 20:35, 11 јуни 2008 (UTC)

re:Избрана статија[уреди извор]

Договорено, од сѐ срце ќе ти помогнам. Како што кажа brest, темата е убава, но на статијата ѝ е потребно „брусење“. Ајде, поздрав. Ќе те информирам сега наскоро. --Brainmachinewtf? 12:51, 15 јуни 2008 (UTC)

Шаблон:Фс x[уреди извор]

Те молам користи ги овие шаблони за да правиш табели со фудбалски состави. Не е баш едноставно да се разберат, ама откако ги разбереш, многу се лесни за користење. Види Јувентус#Моментални играчи за пример. Стисни на „уреди“ и разгледај го кодот. Во основа, вака работат тие шаблони:

{{Фс старт}} <!-- Со ова се почнува табелата -->
{{Фс играч|бр=БРОЈ|pos=ПОЗИЦИЈА|нац=ДРЖАВА|име=ИМЕ}} <!-- Вакво се става за секој играч -->
{{Фс средина}} <!-- Ова се става за да се раздели на две колони -->
{{Фс играч|бр=БРОЈ|pos=ПОЗИЦИЈА|нац=ДРЖАВА|име=ИМЕ}}
{{Фс крај}} <!-- Со ова се завршува табелата -->

Еве еден пример за Јувентус (само 4 играчи ќе ставам). Код:

{{Фс старт}}
{{Фс играч|бр=1|pos=GK|нац=Италија|име=[[Џанлуиџи Буфон]]}}
{{Фс играч|бр=2|pos=DF|нац=Италија|име=[[Алесандро Бириндели]]}}
{{Фс средина}}
{{Фс играч|бр=17|pos=FW|нац=Франција|име=[[Давид Трезеге]]}}
{{Фс играч|бр=20|pos=FW|нац=Италија|име=[[Рафаеле Паладино]]}}
{{Фс крај}}

Резултат:

Бр. Позиција Играч
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} ГМ {{{name}}}
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} ОД {{{name}}}
Бр. Позиција Играч
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} НП {{{name}}}
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} НП {{{name}}}

Ако сѐ уште не можеш да се снајдеш, прашај ме. --iNkubusse A? 13:00, 15 јуни 2008 (UTC)

Мислам дека ти ја посочив статијата Јувентус, односно делот за неговите играчи. Ако стиснеш на „уреди“, ќе видиш еден многу убав пример за користењето на тие шаблони. Исто така, се користат и на Арсенал ФК, Арсенал ЖФК, Челзи ФК и уште некои. Еве, стисни овде, овде или овде. Сите три се добри примери за користењето. Нека ти служат исто како да сум ги направил сега (бидејќи ме замоли да средам еден таков или повеќе :P).
Инаку, можеш најслободно да експериментираш на некоја твоја потстраница за експериментирање. Обично ги именуваме како „Песок“ (sandbox), но можеш како сакаш да ја именуваш. На пример, стисни на Корисник:Stefan40-3e3e/Песок и пишувај апсолутно што сакаш и колку ти душа сака! :) Слободно креирај ја, тоа е твоја лична страница за вежбање. --iNkubusse A? 17:19, 16 јуни 2008 (UTC)

Потстраници[уреди извор]

Приметив дека си правиш потстраници, па да ти кажам нешто и за нив. Нема нешто многу философија; едноставно, корисничките потстраници мора да изгледаат токму вака:

Корисник:ИМЕНАКОРИСНИК/ПОТСТРАНИЦА (обрни внимание на косата црта).

Тоа значи дека една твоја потстраница ќе биде:

Корисник:Stefan40-3e3e/Потстраница.

Пред „Корисник:“ не смее да има „Шаблон“ или нешто слично, без разлика што ти ќе ги користиш како шаблони. Значи, твоите досегашни потстраници треба да бидат именувани вака:

Те молам во иднина именувај ги така. Инаку, можеш слободно да ги користиш со {{ и }}, исто како да се шаблони. Ќе видиш, лесно е. ;) Исто така, ќе приметиш дека веднаш под насловот на потстраницата имаш линк до твојата главна страница. Таков линк имаат сите потстраници.

Си земав слобода да ги префрлам сите страници со неправилно име во страници со правилно име. Се погрижив да не настанат аномалии, но сепак, ако приметиш нешто лошо, те молам кажи ми. --iNkubusse A? 11:47, 17 јуни 2008 (UTC)

1930 ФИФА Светско до избрана статија[уреди извор]

За променливите, имаш овде ---> Помош:Како да уредам страница#Променливи.
За да ја направиме 1930 ФИФА Светско Првенство избрана, ти ги предлагам следниве постапки:

1. Листите на играчи на сите репрезентации да ги направиме со шаблонот кој го предлага iNkubusse, јас ќе ти покажам како се прави тоа, но пред така да ги средиме, да создадеме нова статија под име „Состави на 1930 ФИФА Светско Првенство“. Со тоа ќе ја намалиме големината на статијата и нема да личи на една голема листа. Притоа во главната статија, ќе си стои:
За листа на сите состави кои се појавија во финалниот турнир, видете Состави на 1930 ФИФА Светско Првенство. И кој сака да ги види составите ќе си кликне и ќе си види.
2. Да ставиме текст во статијата, бидејќи има мн. малку. Една избрана статија треба да има малце подолг вовед и да е поголема и поинформативна во целина. Еве ја истата статија, на хрватски и на англиски јазик. Од таму ќе го земеме текстот. Притоа, во текстот ако видеш вакви ознаки <ref name="FIFAhistory">[http://www.fifa.com/en/history/history/0,1283,4,00.html Where it all began] FIFA official website. Retrieved on [[April 10]] [[2006]].</ref>, значи било што со ознака <ref>, не гo отстранувај. Ископирај го тоа целото, а другиот текст (не оној внатре во <ref>, зборувам општо за другиот текст од типот „Светското првенство се одржало дрн дрн дрн“) само преведи го на македонски. Тоа се референците за изворот кои се потребни за да се докаже веродостојноста на информацијата која ја прикажуваме.
3. На сите слики што се во галеријата, да им го најдеш изворот. Едноставно кликни на сликата, кликни уреди и само внеси го вебсајтот, на пример, Извор:www.sliki.com/1930/slika1 (сега зависно од сликата, ова е пример само :D ). АКО не можеш да го најдеш изворот, остави ги тие слики, ќе најдеме нови и овој пат ќе ги подигнеме со лиценца и со познат извор.
4. Сите технички детали:
1. Да се елиминираат грешки во пишувањето.
2. Да се елиминираат правописни и граматички грешки.
3. --||-- логички грешки/нејасни реченици

Најважниот дел ќе биде втората точка, односно да има добар текст. Затоа ќе треба да преведуваш малце од тие две статии (хрватската и англиската). --Brainmachinewtf? 14:11, 16 јуни 2008 (UTC)

За статијата[уреди извор]

Кога ќе кликнеш на уреди на статијата за Светското првенство, ќе видиш, ставив детални инструкции што треба да работиш. Ќе ти стане јасно кога ќе отвориш. ;) Ајде поздрав, треба да бегам.. --Brainmachinewtf? 19:04, 17 јуни 2008 (UTC)

Одлично сработено, сега треба убаво да ја прочешламе и да ѝ ги најдеме грешките. Јас ќе се погрижам за тоа и ќе те информирам ако треба нешто. --Brainmachinewtf? 12:26, 20 јуни 2008 (UTC)

Интерпункција и нешто друго[уреди извор]

Те молам секогаш оставај место по интерпункциски знаци (по точка, запирка, дветочки, триточки, точка-запирка итн итн, се остава место). Пр. „Хемиски елементи, формули и реакции“, наместо „Хемиски елементи,формули и реакции“.

Патем, да те прашам, текстот од Хемиски елементи,формули и реакции да не е од некој учебник? Оваа статија не треба да постои во оваа форма, туку треба да се подели на три статии: Хемиски елемент, Хемиска формула и Хемиска реакција. Види en:Chemical element, en:Chemical formula, en:Chemical reaction.

И уште нешто: Слика:Периоден систем.jpg беше избришана бидејќи постои слика: Periodic table.svg. --iNkubusse A? 14:41, 20 јуни 2008 (UTC)

Многу е очигледно дека Слика:Metali.jpg е скенирана од учебник или слична книга и подлежи на авторски права. Те молам немој да подигнуваш заштитени слики и да им ставаш несоодветни ознаки. Тоа е сериозно прекршување на правилата. Многу е подобро да најдеш слободна слика од Ризницата (провери на статиите на англиската Википедија) или воопшто да не ставиш слика на статијата на којашто работиш, отколку да правиш проблеми со слики. И онака ги имаме премногу, те молам немој. --iNkubusse A? 15:30, 20 јуни 2008 (UTC)

Види, не можеш само да пишеш {{ГЛСД}} и да завршиш со тоа. Финтата не е да се зезне системот. За секоја слика мораш да посочиш извор (и тоа веродостоен) и според тоа да се одреди лиценцата (зборувам за следниве слики: 1, 2, 3, 4, 5). Уште еднаш ти го давам мојот совет: прочачкај по англиските статии, тие обично користат слободни слики од Ризницата! Најверојатно ќе најдеш сосема соодветни слики, особено за оваа тема за којашто лесно се доаѓа до слободни слики. Патем, статијата на којашто работиш најверојатно ќе биде расцепкана на три дела, како што веќе ти кажав. --iNkubusse A? 21:45, 21 јуни 2008 (UTC)
Еј, ова е многу важно! Не подигнувај неслободни слики ако постои можност тие да се фотографираат слободни!. Пример: метал - железо. Можам ли да најдам железо, да го фотографирам и да го подигнам како мое дело, како слободно? Може? -Да! Значи, не смеам да скенирам од учебник кој е интелектуална сопственост на некои автори и да го подигнувам. Можам ли да најдам мачка, да ја сликам и да ја подигнам како мое дело, како слободно? Може? -Да! Значи, не смеам да ја земам сликата на мачката од вебсајтот на некој човек, бидејќи е негова сопственост (на сликата мислам, не на мачката). Конкретно за металите, еве ти ја категоријата од Заедничката ризница »»Хемиски елементи««. Овде барај слободни слики за сѐ што ти треба. --Brainmachinewtf? 13:01, 22 јуни 2008 (UTC)

Поздрав[уреди извор]

Поздрав колега... добро е да знаеш дека има колега наоколу :))) На ПМФ студираш? Толку од мене... за сеа? Поздрав! -- Ф и  л  и п   што бе? 14:16, 22 јуни 2008

Слика:Ma Lin from ITTF.jpg беше избришана бидејќи е заштитена (а немаше ни извор). За неа не важи „праведна употреба“ бидејќи е лесно заменлива, а всушност не ни имаше објаснување за неслободна употреба. --iNkubusse A? 20:47, 22 јуни 2008 (UTC)

Неслободните слики, покрај ознака дека се заштитени и дека тука се користат по правилото на „праведна употреба“, мора да содржат и објаснување за праведна употреба. Тоа важи за сите неслободни слики, а доколку нема објаснување за праведна употреба, сликите мора да се избришат. Прочитај овде повеќе, штета што сѐ уште го немаме преведено.

Други две важни работи во врска со праведната употреба, се:

  • праведната употреба не важи доколку сликите може да се заменат со слободни слики (односно со незаштитени слики што би можеле да вршат слична функција);
  • за секоја употреба на неслободната слика - мора да стои посебно објаснување за неслободна употреба. Тоа значи дека за секоја статија или шаблон што ја користи, треба да има посебен шаблон на страницата за опис на сликата. Сепак, тоа не важи за кориснички кутии, бидејќи праведната употреба воопшто не важи за нив (нажалост). --iNkubusse A? 15:10, 23 јуни 2008 (UTC)

Коментар[уреди извор]

Стефан добро е што си се потрудил да уредуваш статии поврзани со шахот, те поддржувам и јас во слободно време многу играм шах, но во статијата Шаховски финти си дал пример во којшто црната дама (кралица) може да се спаси и да ја острани матната закана, давајќи шах на е4, а потоа покривакќи на g6. Ако сакаш можам тоа да го поправам за тебе, а и јас размислував да запошнам да уредувам нови статии во врска со шахот. Поздрав. --Корисник:Kiril Simeonovski 10:45, 24 јуни 2008 (UTC)

За одбројувачот[уреди извор]

Еве ти го кодот за месеци, денови и часови:
Уште {{#expr: 7 - {{CURRENTMONTH}} }} месец{{#ifexpr: (7 - {{CURRENTMONTH}}) <> 1 |и}}, {{#expr: {{Days in month}} - {{CURRENTDAY}} + 8 }} ден{{#ifexpr: (({{Days in month}} - {{CURRENTDAY}} + 8) <> 1) and (({{Days in month}} - {{CURRENTDAY}} + 8) <> 21) |а}} и {{#expr: 24 - {{CURRENTHOUR}} - 2 }} час{{#ifexpr: ((24 - ({{CURRENTHOUR}} + 2)) <> 1) and ((24 - ({{CURRENTHOUR}} + 2)) <> 21)|а}}.

--Brainmachinewtf? 20:05, 2 јули 2008 (UTC)


Здраво, Stefan40-3e3e. Јас само да ти укажам на постоењето на шаблонов и можноста истиот да се употреби и за група (како на пример овде). Патем, одлична работа вршиш. Само продолжи така. (И особено ми се допаѓа твоето мото). Поздрав, --Виктор Јованоски 13:09, 6 јули 2008 (UTC)

Архивирање на страница за разговор[уреди извор]

Прочитај ја документацијата за шаблонот {{Архиви}}, мислам дека е добра. Ако не, прочитај ја и на англиски. Ако сакаш да ги користиш стандардните вредности (default), читај внимателно:
{{Разговор-архива}}
{{Архива-нав|1}};
{{Архиви|[[/Архива 1]]}}.
Ако сакаш да ги именуваш логовите со други имиња (на пример, „Разговор со корисник:Stefan40-3e3e/април 2008“), тогаш ќе треба да внесеш поинакви вредности за параметрите на шаблонот {{Архиви}}:
наместо {{Архиви|[[/Архива 1]]}}, треба да внесеш
{{Архиви|[[/април 2008]]}}.

Ако сакаш јас ќе ти ја архивирам сегашната страница, ама мислам дека ќе се снајдеш и сам. За следниот лог што сакаш да го архивираш, направи го истото, само со името „Разговор со корисник:Stefan40-3e3e/Архива 2“, а на актуелната страница за разговор, додај врска до /Архива 2 вака:

{{Архиви|[[/Архива 1]]<br />[[/Архива 2]]}}.
Ако не објаснив добро или сакаш јас да ти ја архивирам, слободно кажи ми. --Brainmachinewtf? 22:46, 6 јули 2008 (UTC)

Ботови[уреди извор]

Што се тоа ботови? Зошто некои уредувачи ги пишува вака : “некое име“ и на крајот пишува БОТ. Што е всушност тоа, дали тоа е некој посебна група на уредувачи или нешто слично ? --Stefan40-3e3e WTF here!! 12:26, 7 јули 2008 (UTC)

Toa се компијутери автоматски работат програмирани се. Сеа неможат да пишуваат статии ама можат да додадат потпис пример вака сеа јас тебе ти објаснувам ама не оставам потпис и сеа некој бот ќе земе ќе ми види ај пи адреса и ќе ме пише такви некои ситници праат. Јас толку знам еве Брејнмашин нека ти каже поубаво. Позз до двајцата. --Макс(разговор) 14:15, 7 јули 2008 (UTC)