Разговор со корисник:Sabrije-semrane

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Sabrije-semrane, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Kolega2357-Bot (разговор) 13:51, 9 април 2013 (CEST)[одговори]

Тест на факторска реверзабилност[уреди извор]

Индексите претставуваат релативни броеви кои се добиваат со споредување на големината на појавата во еден наблудуван период (тековниот, индексираниот) период со нејзина големина во базичниот период. Ако индексите ги покажуваат релативните промени на само една појава се нарекуваат индивидуални индекси, а тие кои што ги покажуваат релативните промени на повеќе сродни појави се нарекуваат групни индекси. Со цел за полесно снаоѓање на она формула која најдобро одговара на смислата на пресметување на индексните бројки, се применува тестирање на доследноста и оправденоста на секој индекс посебно. Најчесто се применуваат: тестот на временска реверзабилност ,тестот на циркуларност тестот на циркуларност и тестот на факторска реверзабилност. За пресметка на индексите на квантум, индексот на цени и индексот на вредноста треба да располагаме со вредноста на базичната вредност на квантумот и цените исто така и тековните вредности на квантумот и цените. Индивидуалните и групните индекси треба да ги задоволат некои услови а една меѓу нив е и условот на факторска реверзабилност. Бидејќи количеството на стоката (q), помножено со цената (p) ја дава вредноста на стоката (pq), поради тоа и индексот на количеството (квантум) помножен со индексот на цени (со иста база, од ист временски период и исто покритие) треба да го даде индексот на вредноста.

Табела - задача




Од податоците на табелата индексот на квантум за 2007 во однос на 2006 земена како база за производот А изнесува:





а индексот на цени за истата година во иста база за производот А е:




Индексот на вредноста изнесува:






Истиот овој резултат со индексот на вредноста го добиваме со множење на индексот на количество со индексот на цени:




а тоа значи дека индивидуалните индекси ја задоволуваат факторската реверзабилност. Покрај индивидуалните индекси, ова барање го задоволува уште само Фишеровиот идеален индекс. Пондерираните групни индекси со пондери од базичниот и тековниот период покажуваат “пристрасност” на повисоко и на пониско и тоа во иста мерка.

Наводи[уреди извор]

1.Статистика за бизнис и економија трето издание,Скопје,2008 Д-р.Славе Ристески и М-р.Драган Тевдовски