Разговор со корисник:Retrohead/Архива 2017

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 3


СИЕ Пролет 2016[уреди извор]

Здраво, веќе неколку недели трае меѓународниот натпревар „СИЕ Пролет 2016“, во кој земјите од Средна и Источна Европа пишуваат едни за други. Доколку сакаш да се вклучиш во овој интересен натпревар, впиши го твоето корисничко име во списокот и можеш да одбереш една од многуте статии во издвоените списоци по земја. Натпреварот трае до 31 мај, а за првите тројца ќе бидат обезбедени материјали/книги/енциклопедии. Доколку имате некои прашања, контактирајте го корисникот Ehrlich91. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:05, 25 април 2016 (CEST)[одговори]

Re>Локални избори 2005[уреди извор]

Се сетив кога ја средував статијата и јас имав двоумење, но според мене најдобро би било доколку во референца се наведе ова што го пишуваш, односно дека ВМРО-ДПМНЕ има освоено 17 градоначалници но ги има подржано независните кандидати во Скопје, Ѓорче Петров, Кичево, и Зелениково, а иста референца може да се направи и за СДСМ околу тоа колку тие сметаат дека освоиле и колку всушност освоиле. Неможам да најдам официјален податок за тоа кој колку освоил...--Тиверополник 23:12, 21 јуни 2016 (CEST)

Оноре де Балзак[уреди извор]

Статијата Оноре де Балзак, која Вие ја проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа Игор!--Kiril Simeonovski (разговор) 19:11, 24 јануари 2017 (CET)[одговори]

Адреса[уреди извор]

Здраво Retrohead, мојата емајл адреса е tiveropolnik_mk@yahoo.com. Поздрав--Тиверополник 10:14, 31 јануари 2017 (CET)

Ивана Туфегџиќ[уреди извор]

Нема проблема, превео сам. ;) Lackope (разговор) 16:57, 25 февруари 2017 (CET)[одговори]

Населени места во Егејска Македонија[уреди извор]

Ок, но сега ме мрзи, ќе ставам по крајот на натпреварот....--Тиверополник (разговор) 22:06, 17 март 2017 (CET)[одговори]

Не ти трае срцето :) Фала на помошта, во следните ќе надополнувам. Поздрав
Ок Готово--Тиверополник (разговор) 12:56, 6 април 2017 (CEST)[одговори]

Награда од уредувачки натпревар[уреди извор]

Здраво Retrohead, дали некако може да се исконтактираме? да ми оставиш телефонски број или мејл адреса? Поздрав. Иван Ж (разговор) 10:52, 21 март 2017 (CET)[одговори]

Здраво Иван, мејлот ми е igor.dimov@ymail.com тел. 077 826 149. Најубаво прати смс или мејл, бидејќи не го носам телефонот на факултет. Поздрав.--Retrohead (разговор) 11:00, 21 март 2017 (CET)[одговори]

Николаj Носков[уреди извор]

Здраво Драга Retrohead! Можете да се направи напис во вашиот македонски јазик член на рускиот пејач Николај Носков и вашиот пејачка Елена Велевска? Ако се направи овие написи, тогаш ќе биде многу благодарен за вас! Ти благодарам! --92.100.19.122 (разговор) 11:24, 25 март 2017 (CET)[одговори]

Ок Готово Не знам како Русин слушнал за Елена Велевска, но како и да е. двете статии се направени. Поздрав.--Retrohead (разговор) 13:13, 25 март 2017 (CET)[одговори]

Jорданчо Василковски[уреди извор]

Драга Retrohead! Можете да се направи напис во вашиот македонски јазик член на вашиот композитор Jорданчо Василковски — Оцко? Ако се направи овие написи, тогаш ќе биде многу благодарен за вас! Ти благодарам! --178.71.173.61 (разговор) 15:45, 10 април 2017 (CEST)[одговори]

Н Несработено Извини, но нема многу податоци на интернет за него.--Retrohead (разговор) 19:24, 10 април 2017 (CEST)[одговори]

СИЕ Пролет[уреди извор]

Здраво Игор, морав вака да ја изразам мојата благодарност за помошта со забелешките кај секој од натпреварувачите во СИЕ Пролет. Особено потегот со знамињата, одлична идеја :) --Ehrlich91 (разговор) 18:35, 19 април 2017 (CEST)[одговори]

Преслава и Андреа[уреди извор]

Драга Retrohead! Можете да се направи напис во вашиот македонски јазик член на бугарска пеjачка Андреа. Ако се направи овие написи, тогаш ќе биде многу благодарен за вас! Ти благодарам! --178.71.223.54 (разговор) 17:49, 27 април 2017 (CEST)[одговори]

Постои статија Vader со пренасочување Vader (музичка група), така да нема потреба од бришење на разговорот, туку само тргнување на шаблонот што си го поставил за брзо бришење--Тиверополник (разговор) 00:11, 23 април 2017 (CEST)[одговори]

Претседател на Собрание[уреди извор]

Retrohead а да почекаме официјализирање на изборот пред да направиме уредувачка војна? - Поздрав - Виолетова (разговор) 13:34, 29 април 2017 (CEST)[одговори]

Веќе е официјален. На англиската Википедија го обновиле податокот. Утре Џафери има прва работна средба на новата функција.--Retrohead (разговор) 14:48, 29 април 2017 (CEST)[одговори]
На официјалната страница на Собранието не е. На тоа мислам кога велам „официјализирање на изборот“. А за англиската Википедија, и таму, како и кај нас, податокот е изменет без поткрепа од страницата на Собранието како извор. Мој предлог е да се почека некој ден додека да биде објавено на страницата на Собрание, а потоа ако некој го менува податокот, ќе се смета за вандализам. Поздрав - Виолетова (разговор) 15:31, 29 април 2017 (CEST)[одговори]
Ако сакаш избриши го или скриј го. Но да пишува дека довчерашниот „претседавач“ Вељаноски е претседател на Собрнието е неточно.--Retrohead (разговор) 15:45, 29 април 2017 (CEST)[одговори]
Не бришам јас ништо, мислам дека се разбираме за тоа што значи официјален податок. Поздрав - Виолетова (разговор) 15:59, 29 април 2017 (CEST)[одговори]
Секако, поздрав и до Вас.--Retrohead (разговор) 16:03, 29 април 2017 (CEST)[одговори]

Тролуваш[уреди извор]

Ако не престанеш со своето тролување ќе побарам да те казнат... Меѓу другото... статиите не ти се умерени, односно две или повеќе гледишта, со други зборови правиш класична пропаганда...--Еден Македонец (разговор) 19:01, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Сите гледишта се застапени. Ова е пример за пропаганда.--Retrohead (разговор) 19:03, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Упад во собрание... демек платформата била само за унапредување на албанскиот јазик... треба да ги кажеш сите гледишта, на сите чинители...--Еден Македонец (разговор) 19:06, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Имам десетина FA тука и на англиската вики, знам како се пишуваат статии. Твоето политичко мислење задржи си го за себе.--Retrohead (разговор) 19:07, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

не твоето да си го задржиш за себе... википедија нема место за политика... Кога се создава статија таа во најмала рака треба да одразува повеќе гледишта, односно користење на извори кои меѓусебе си противречат... На тој начине нема да има само едно гледиште... Ако се презентира само едно гледиште ст6анува збор за класична пропагнада. Било која статија може во помала или поголема мера да тежнее кон едно гледиште, меѓутоа тввојата статија за Упад во Собранието на Македонија (2017) е едно страна. На пример во мојата статија Тиранска платформа (2017) пишува дека таа е Платформата е контраверзна, има ставови дека е дело албанскиот премиер Еди Рама [5], оттука се толкува како вмешување на албнската влада во внатрешните работи на Република Македонија, од друга страна се истакнува дека таа е е мит креиран од македонските политичари... и двете гледишта ги има... --Еден Македонец (разговор) 19:13, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Тоа дека е „контраверзна“ не е неутрално, остави на читателот да се заклучи дека е „контроверзна“. Инаку имаш многу печатни грешки во таа статија. Ќе ја поправам кога ќе имам време.--Retrohead (разговор) 19:15, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Пак се вадиш... --Еден Македонец (разговор) 19:18, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Ич не се вадам, ти пишуваш неквалитетни и нечитливи статии, кое јас на добра волја сакам да ги подобрам.--Retrohead (разговор) 19:20, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

кои статии?--Еден Македонец (разговор) 19:21, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Таа што ја линкуваше во претходниот пост.--Retrohead (разговор) 19:22, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

таа ја пишував на брзина... инаку на википедија имам 40 000 уредувања и повеќето статии се избрани --Еден Македонец (разговор) 19:26, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Во ред, ќе ги поправам печатните грешки кои и ги имаш и за 10 минути кажи дали е почитлива.--Retrohead (разговор) 19:27, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Инаку коментарот на огласна табла ти беше навистина неумесен. Веројатно ти бил во афект.--Retrohead (разговор) 19:28, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

абе мешате политика на википедија... --Еден Македонец (разговор) 19:29, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Retrohead твоите коментари стануваат неумесни, полека со обвинувањата - Виолетова (разговор) 19:43, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
  • Ова:
Ич не се вадам, ти пишуваш неквалитетни и нечитливи статии, кое јас на добра волја сакам да ги подобрам

е дрско безобразно и навредливо. Да не беше корисникот Македонците немаше што квалитетно да прочитаат за МРО и војводите. Да се смиреше малце? Гледам не си упатен многу многу со Вики-заедницата.--Никола Стоіаноски 19:50, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Станува збор за конкретна статија.--Retrohead (разговор) 19:51, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Како и да е, не е вкусно да се каже тоа, особено за корисник кој нашол време да пише огромен број статии. И јас на пример имам никулци, на пример за Монголија. Да внимаваме како се однесуваме, важи за сите, немаме огромен број на членови во оваа наша „голема“ Вики-заедница.--Никола Стоіаноски 19:54, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Почит за неговиот труд и извини од моја страна ако го дискредитирав неговиот труд. Дискусијата започна со тоа што јас бев обвинет за тролување за Филип Петровски иако се работи за конкретен спор во кој тој не е упатен.--Retrohead (разговор) 19:57, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Разбирам, знам како се чувствуваш. Let's calm all down :D .--Никола Стоіаноски 20:01, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Оспореност[уреди извор]

Здраво. Гледајќи ги оспорувањата на содржините, како администратор ставив ознака за оспореност на Упад во Собранието на Македонија (2017) и За заедничка Македонија и ги заштитив истите од уредување (по стандардна постапка) додека не се дојде до консензус за нивните содржини. Сите работи во врска со тоа треба да се дискутираат на страниците и да се постигне согласност во врска со НГТ, правилна застапеност на гледиштата и неизоставување. Ние сме енциклопедисти и не заземаме страни, туку во интерес на енциклопедијата мораме да разликуваме што е строго официјално, а што не, што е нечие мислење а што непобитен факт. Значи, како што реков, сите дискусии мора да се одвиваат на тамошните разговорни страници, па кога ќе се постигне согласност, тогаш да објавиме како што треба. Наше е да пренесеме што секој од чинителите рекол и направил, а не да тераме наратив. Да повторам, не станува збор на согласност на мислења, туку едноставно спроведување на споменатата чиста фактографичност од разни страни што ја налага енциклопедијата, особено кај вака чувствителни теми. Поздрав Б. Јанкулоски (разговор) 13:48, 6 мај 2017 (CEST)[одговори]

Во ред, благодарам за конструктивниот пристап и ќе ми биде мило да ги разрешиме недоразбирањата преку дијалог. Веќе одговорив на соодветните страници за разговор.--Retrohead (разговор) 17:24, 6 мај 2017 (CEST)[одговори]

Благодарност[уреди извор]

Ви благодарам на честитките, мило ми е што ти се допаѓаат сликите. Продолжуваме заедно понатаму:) Поздрав--Тиверополник 12:21, 11 мај 2017 (CEST)

Е-пошта од мене[уреди извор]

Игор, дали го доби пишаното по е-пошта од мене? Чисто потврди ми дали си го добил тоа тогаш, за да знам да ти пишам таму уште еднаш нешто што мислам дека ќе биде соодветно и поделотворно за целава работа. --Б. Јанкулоски (разговор) 06:35, 13 мај 2017 (CEST)[одговори]

Не сум добил мејл од тебе. Најверојатно си ја згрешил адресата (igor.dimov@ymail.com) со точка помеѓу „igor“ и „dimov“ и „ymail“ (со y) не „gmail“, како што претпоставувам дека си ставил.--Retrohead (разговор) 08:43, 13 мај 2017 (CEST)[одговори]
Во случајов причината беше друга. Ние тука имаме начин на испраќање на е-пошта до корисникот без притоа да му се гледа адресата. Но очигледно немаш заведено е-пошта на профилот, па не прошло. Сега ќе ти пишам. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:02, 13 мај 2017 (CEST)[одговори]

Re:За биографиите[уреди извор]

Здраво и од мене. Што знам што да кажам за ова. Според мене факт е дека имаме неажурирани безброј статии, не само за македонските министри, туку и за европските политичари, да не зборам за спортистите (фудбалери кои поминале во друг клуб или ко колку натпревари одиграл). Мислам дека може и по „мојот начин“ односно „моментален министер“ бидејќи не правам голема разлика, но може да се проба и со твојот предлог. Според мене нема разлика бидејќи доколку некој го министер забравиме во иднина (како што и овие се заборавени), ефектот би бил ист кога во статијата ќе му пишува дека бил поставен во 2017 година, а не е ажурирана статијата дека повеќе не е министер во 2019 година, на пример. Можеби треба да ги прашаш и другите поискусни. Во секој случај се согласувам како и да е. Според мене треба да направиме селекција меѓу нас уредувачите, и од прилика секој од нас да има некој вид на обврска да ги ажурура податоците на статиите. На пример ти да си за политичари, јас да сум за спортисти, некој друг да е за други функции и слично. Тоа повторно би било како проект во кој ќе може секој да се пријави и да каже за што би сакал да има поголема одговорност, но за сето тоа треба да се прашат и останатите. Поздрав--Тиверополник 22:07, 29 мај 2017 (CEST)

Статијата Гомељ, која Вие ја создадовте и проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа Игор!--Kiril Simeonovski (разговор) 01:25, 6 јули 2017 (CEST)[одговори]

Заклучување[уреди извор]

Готово, но истата е заклучена за еден ден, доколку продолжи со исто темпо анонимниот корисник најпрвин ќе биде предупреден, а потоа (доколку продолжи) и блокиран. Поздрав

Награда од уредвачки натпревар[уреди извор]

Здраво Игор, сакам да те известам дека си добитник на втора награда на уредувачкиот натпревар за Африка. Наградата ќе можеш да ја подигнеш од утре во Сивус. Бидејќи ти го немам бројот, сменив апарат, пиши ми го на мејл: vanderzilson@gmail.com или јави ми се ако го чуваш мојот број за да се договориме околу примопредвање на наградата.(Иван Ж (разговор) 12:02, 30 август 2017 (CEST))[одговори]

Уредувачки Маратон[уреди извор]

Почитуван Дејан, Би сакале да ве поканиме на третиот Уредувачки маратон, организаран од страна на Споделено Знаење- Скопје.

Уредувачки маратон „Бразил“, кој ќе се одржи во изложбениот салон „Јавна соба“
Уредувачки маратон „Бразил“, кој ќе се одржи во изложбениот салон „Јавна соба“

Во рамките на заедничкиот проект помеѓу Викимедија Бразил и Споделено Знаење- Викимедија Македонија во чии рамки се одржува изложбата на фотографии насловена: „Бразил низ фотографии пред очите на Македонската јавност“, на 14 октомври (сабота) 2017 година ќе се одржи третиот уредувачки маратон во просториите на изложбениот салон „Јавна Соба“ во Скопје со почеток од 10:00 часот. Темата ќе гласи „Бразил“, каде што би се опфатиле теми од географијата, историјата, спортот, културата, економијата и други области, а истиот ќе трае околу четири часа.

Поздрав (Иван Ж (разговор) 10:58, 10 октомври 2017 (CEST))[одговори]

Проверка на страниците[уреди извор]

Игор, кога проверуваш и одобруваш статии, тоа треба да го правиш на вистинскиот начин. За да не објаснувам, како може статијава Елмедин Адеми, а ова не е прв пат, да видам како е одобрена од твоја страна, иако статијата не ги задоволува основните стандарди, најпрвин за да постои, потоа со неразбирлив текст, исполнета со грешки. Во ваков случај, статијата најмалку требало да се обележи со шаблон за внимание, а јас сметам дека не треба ни да постои. Би те замолил за твое поголемо внимание во иднина. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:53, 11 октомври 2017 (CEST)[одговори]

Во ред, прифаќам, следниот пат ќе обрнам повеќе внимание. Поздрав.--Retrohead (разговор) 17:14, 12 октомври 2017 (CEST)[одговори]

драги Retrohead! може ли да најдете постер на филмот Херој (филм од 1983)? Ти благодарам! --188.170.73.38 (разговор) 12:10, 27 октомври 2017 (CEST)[одговори]

Уредувачки викенд „Градоначалници во Македонија (2017-2021)“[уреди извор]

Здраво Игор. Сакам да те известам дека закажав уредувачки викенд на тема „Градоначалници во Македонија (2017-2021)“ којшто ќе се одржи во периодот од 2-3 декември 2017 година. Се надевам дека дотогаш ќе бидат објавени биографиите на голем број градоначалници и со тоа ќе имаме доволно материјали за уредување. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:49, 15 ноември 2017 (CET)[одговори]

Фала што го прифативте предлогот Кирил. Направив мини список од 10 поприоритетни статии за поголемите градови чии градоначалници немаат статии, па се надевам дека ќе има интерес од останатите уредници. Поздрав.--Retrohead (разговор) 15:27, 16 ноември 2017 (CET)[одговори]
Здраво Игор. Списокот е одличен. Со оглед на тоа што од досегашното искуство два дена се релативно долг период за уредување, а и не верувам дека би имале на располагање многу биографски информации за градоначалниците, јас би одел со проширување на списокот. :) Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:33, 16 ноември 2017 (CET)[одговори]

Здраво Игор. Успеав да направам 10 збирки од по 5 статии за уредување, во кои ги вклучив градоначалниците на 10-те градски општини во склоп на Град Скопје, на 34-те урбани општини и на Општина Дојран (иако се води како рурална општина, Дојран е историски град и се вбројува меѓу триесет и петте града според последниот успешно спроведен попис во 2002 година). Можам да заклучам дека за овие градоначалници имаме 11 постоечки статии, од кои некои се и во добра состојба. Ќе те замолам ако може да провериш и да одлучиш дали и кои статии да бидат отстранети и заменети со нови или да останат за дополнување и подобрување. Јас во меѓувреме ќе објавам јавно соопштение. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:18, 1 декември 2017 (CET)[одговори]

Супер се, јас се пријавив за две групи, па се надевам дека ќе има интерес.--Retrohead (разговор) 14:53, 2 декември 2017 (CET)[одговори]

Уредувачки натпревар за вулкани[уреди извор]

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)[одговори]