Разговор со корисник:MrBones

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Почетен курс за Википедија



Добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!

Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките.


Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:


Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето Button sig.png од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).

Сопствената корисничка страница (наслов: "Корисник:Ваше корисничко име") можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.


Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!

Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.

Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.


If you do not speak, understand or write Macedonian, please visit our Village Pump for non-Macedonian speakers if you have any suggestions or comments.


Поздрав, --MacedonianBoy 23:53, 28 март 2009 (UTC)

Commons Delinker[уреди извор]

Здраво. Таа корисничка сметка каде си пишал е сметка на бот, не е обичен корисник. Обрати се на други лица зошто нема да добиеш одговор таму. Поздрав--MacedonianBoy 09:06, 29 март 2009 (UTC)

Ааааа, фала многу, хех, а дали знаеш зашто некој ја избришал сликата што ја ставив? --MrBones (разговор) 09:57, 29 март 2009 (UTC)

За сликите[уреди извор]

Здраво и на јпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси на Википедија на македонски јазик досега. Сликите претставуваат проблем и отсекогашпретставувале. Работата е што при нивното подигнување мора да изберете лиценца и притоа да внимавате да ја изберете вистинската. Може да подигнувате неслободни слики од нет, но мора да го пополните целиот образец при подигнувањето (автор, извор, дата и причина или довола за фер употреба). Commons Delinker е бот на Мета којшто работи на отстранување на неправилно подигнатите слики, па затоа трудете се да ги искористите и внесете сите информации што ги имате а сликата при нејзиното подигнување. Внимавајте добро на лиценците и немојте да ставате погрешна лиценца. Можеби и тоа е причината зошто Вашите слики биле избришани. Поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:35, 29 март 2009 (UTC)

За сликите 2.0[уреди извор]

Здраво :) Би сакал јас да се обидам да ти објаснам какво е користењето на слики на проектите на Викимедија Фондацијата и зошто твојата слика била избришана. Како што знаеш — целата содржина на Википедија — и текстот и сликите — е слободна — секој може да ги поправа, менува, презема, размножува и користи за било какви комерцијални или некомерцијални цели. Затоа се наметнува потребата: Википедија и нејзините корисници мора да знаат што имаат дозвола да прават со едно дело. Поседувачот на авторските права на едно дело (најчесто авторот на делото) обично не дава дозвола за неговото дело да биде променето или редистрибуирано, па Википедија и нејзините корисници мора да се сигурни дека имаат експлицитна дозвола да го прават тоа. На Википедија се користат само слободни слики. Кога подигнуваш слика, првин се запрашуваш, дали може да постои слободна верзија на оваа слика? На пример, слика на мачка. Секој може да земе фотоапарат, да пронајде мачка и да ја фотографира и потоа да ја објави сликата во јавен домен. Не може да земе слика на мачка што ја сликал некој друг и ја објавил на некој вебсајт и да ја подигне, бидејќи таа слика е под авторски права и е заменлива. Значи на Википедија мора само слободни слики? Не е точно, можна е употреба на неслободни слики ако тие се незаменливи (не можеме да создадеме слободна верзија). На пример, скриншот од некој филм (целиот филм, како едно дело, е подложен на авторски права) или логото на некоја организација или бренд (како заштитени трговски марки во сопственост на тие организации/производители). За тие слики мора да се направи и детален опис во кој се појаснува фер употребата за статија, но тоа се посебни случаи. Доколку не си забележал, најголемиот дел од мрежните места на своето дно имаат ознака ©. Ако си подигнал слика која си ја нашол на некое такво мрежно место — таа ќе биде избришана. Затоа подигнувај слики чиј автор си ти. Ако си подигнал слика, а притоа не си искажал што дозвола имаат википедијанците да прават со тоа дело — ќе биде избришана од горенаведените причини. Најдобар совет што можам да ти го дадам при подигањето слики: детално читај ги упатствата кои се наведени на страниците за подигнување. Кратко ќе трае, а ќе ти заштеди многу маки и дилеми :) Воопшто не е тешко и воопшто не се проблематични сликите, само напред и добредојде на овој проект! ;) Ако ти треба помош, слободно обрати се. Brainmachinewtf? 15:40, 29 март 2009 (UTC) PS. Ова го заборавив — Commons Delinker не ги брише сликите. Сликите ги бришат луѓе-администратори кои ќе оценат дека со сликата се кршат, или можеби се кршат нечии авторски права. Commons Delinker е (ро)бот кој само ги отстранува веќе избришаните слики (кои не се појавуваат) од статиите. Brainmachinewtf? 15:40, 29 март 2009 (UTC)

За имињата[уреди извор]

  • Felipe Mattioni - бразилец - Фелипе Матиони
  • Matteo Darmian - италијанец - Матео Дармиан
  • Tabaré Viudez - уругваец - Табаре Виудез

Се извинувам за доцнењето на одговорот. Поздрав. -- Виолетова (разговор) 07:58, 30 март 2009 (UTC)

Еј здраво, нови пораки пишувај ми најдолу, инаку може да ги пропуштам. Еве го Италијанецот: Alberto Zaccheroni - Алберто Закерони. Поздрав --Виолетова (разговор) 12:36, 19 април 2009 (UTC)

И пак за имињата[уреди извор]

  • Wanderley Luxemburgo (бразилец) - Вандерлеј Луксембурго (или Лушембурго, тука не сум сигурна)
  • Rogério Ceni (бразилец) - Рожерио Сени
  • Jared Borgetti (мексиканец) - Харед Боргети (`Ј` на шпански се чита `х`)
  • Antonio Carbajal (мексиканец) - Антонио Карбахал
  • Lothar Matthäus (германец) Лотар Матеус - по принципот на Сигмунд Фројд (иако се чита Зигмунд)
  • Juninho Pernambucano (бразилец) - Жунињо Пернамбукано
  • Moacir Barbosa Nascimento (бразилец) - Моасир Барбоса Насименто

ете така :) --Виолетова (разговор) 13:20, 25 мај 2009 (UTC)

Милан[уреди извор]

Направени се некои измени во шаблонот за фудбалски клуб, со кои би требало да се надминати проблемите кои ги посочивте. Поздрав.--brest (разговор) 16:18, 1 јуни 2009 (UTC)

Имиња[уреди извор]

--Виолетова (разговор) 20:04, 14 јуни 2009 (UTC)

Викисредба, 20 јуни[уреди извор]

MrBones, вашите придонеси можеби на некој начин помогнаа да се подобри Википедија на македонски јазик. Ве информираме дека во сабота, 20 јуни, ќе се одржи викисредба на која е добредојдено вашето присуство. За повеќе детали околу терминот, локацијата и начинот на пријавување на викисредбата погледнете тука. Поздрав. --Brest-bot (разговор) 07:18, 16 јуни 2009 (UTC)

Уште имиња[уреди извор]

Поздрав :) --Виолетова (разговор) 22:58, 14 јули 2009 (UTC)

Една мала забелешка.[уреди извор]

Здраво, досега сум немал прилика да се преставам, јас сум Макс. Видов дел од твојата работа и морам да признаам дека е одлично за почетник. Во статијата за Алфред Едвардс направив неколку промени, чиста случајност. Не работам на таа тема, но сепак сум подолго овде и понекогаш имам чепнато статија од тој тип. Да речеме дека статијата ја гледам како нечија биографија (што и е), а не како статија за фудбалер. Затоа би требало да знаеш дека кога се зборува за некоја личност во статијата, во нејзиното прво споменување најчесто ја пишуваме со се име и презиме, а понатаму најчесто само презимето, бидејќи ова сепак е енциклопедија. Што се однесува до граматичкото време сигурно и други ти напоменале дека е погрешно. Треба да се разбере дека не сме ние сведок на настаните односно на работите што ги пишува во статијата, макар и да таа статија се работи за самите нас (кога би биле познати на пример). Што значи секогаш се пишува во минато време, се разбира и јас го имам овој проблем ако напишеме бил/а/о звучи како во античко време си бил некој си. А пак ако напишеме беше тогаш пак звучи како ние да сме сведок (тоа што го напоменав). Нема идеално, барем колку што јас знам. Затоа најубаво држи се до времето кое кажува дека не си сведок и бидејќи во овој случај личноста е почината ќе пишуваш во минато време. Исто така треба да запомниш дека ќе дојдеш до такви случаји што на јазикот од кој преведуваш (ако воопшто преведуваш) е напишано во минато време, ама кај нас би дошло во сегашно време.

И за крај исто така би ти напоменал дека врвот на инфокутијата каде се пишува името, треба да е на кирилица. Е сега знам дека би сакал да го има и на латиница истото и јас би го практикувал, но затоа треба да поразговараш со корисници кои работат на тоа поле и да донесете одлука дали името на латиница ќе биде во загради под кирлицата или пак закосено под кирилицата или пак само под кирилицата. Но веќе кога ќе се одлучите практикувајте го тоа на сите статии од тој тип. Благодарам ако издвои дел од времето да го прочиташ ова и се надевам дека ќе го сфатиш како добронамерна забелешка. :) --Макс(разговор) 17:25, 15 јули 2009 (UTC)

Еј, мило ми е што ја прифаќаш мојата забелешка. Вака што се однесува од името (оригинал или кирилица) добро е на Милан, како ти ќе одлучиш така. Единствено ти и корисникот Стефан сте заинтересирани за оваа тема највеќе затоа најубаво би било ако сè уште не си член на википроектот спорт сега стани и таму дискутирај за вакви работи со Стефан и други заинтересирани. Проектите на оваа Википедија не се толку активни да не речам воопшто, но сепак никој не ви брани вие двајца да разговарате и заедно да донесувате одлуки. Јас лично доработувам со корисникот Дав, со кој за се разговарам го имам неговиот мејл и дискутираме на МСН. Што значи секогаш би било добро да имаш соработник или партнер. Да се вратам на името :) оставам на тебе да одлучиш и според мене најубаво е ако стојат и двете нашето на кирилица, а под него оригиналот. Е сега можеш оригиналот како што е во статијата за Милан каде е само под кириличното или пак можеш под и плус закосено или пак во загради, а можеш и под него но со помал фонт, нешто што поретко се практикува. Исто така би те известил дека во тек е една расправа околу конвенциите за именување. Така што се уште немаме донесено конечна одлука дали во случајов фудбалските тимови да се во оригинал или пак на кирилца. Но, за сега прави си се во кирилица. Ако донесеме одлука да бидат во оригинал ќе те известам и тогаш ќе биде полесно единствено оригиналот ќе го пишуваш. Што се однесува до граматичкото време на пишување ќе ти наведам пример:
  • The club was founded in 1899 by... ќе биде преведено како Клубот е основан во 1899 од....
Како што гледаш од минато време was founded станува сегашно кај нас е основан. Тоа е тоа што треба да го запомниш. А што се однесува до бил и беше користи бил, односно тоа време, беше се користи почесто во цитати и сл. Значи пак ќе повторам ти не си сведок на настанот. Но, не се грижи не е воопшто грешно ако на некое место искористиш беше, бидејќи има случаи (да не те лажам не ми текнува да ти набројам) каде беше подобра варијанта. Имам навистина работа во моментов, но побрзав да ти одговорам бидејќи видов дека си ми пишал. Чим се осолобам ќе ти посочам и страници каде се е убаво објаснето или пак јас лично ќе ти објаснам. Ако имаш каков било друг проблем слободно прашај ме, ако ти треба да направам нешто во некоја статија што и да е само кажи, ако ти треба поправка на некој шаблон/инфокутија само кажи. Поздрав и мило ми е ако ти помогнав. --Макс(разговор) 19:45, 16 јули 2009 (UTC)
Извини, требаше и тоа да ти објаснам мислев дека знаеш. Еве го проектот, а ова е порталот. Во проектот сите заинтересирани корисници дискутираат за статите поврзани со спорт и какви промени треба да се извршат, а што се однесува до порталот во него истите тие корисници се договараат кои статии да бидат изложени во порталот, како најдобри. Како што гледаш имаш и суб-портали, тоа се портали кои спаѓаат во групата спорт. Имаш за фудбал, шах и сл. Пример за кошарка не е отворен можеш ти самиот да го отвориш. Е сега за да станеш член на проектот, следи ги овие упатства и ќе станеш корисник, и не зборавај на корисничката страна да си ставиш шаблонче дека си корисник се разбира ако сакаш. И потоа таму дискутирај тоа што сакаш во странта за разговор, ако ти дадат дозвола (поточно тоа се одвива по договор не е потребна дозвола ова е слободна енциклопедија) тогаш можеш сам да го уредиш цел проекти и да смениш цели и сл. Тоа е во главно сè. Ако треба уште нешто слободно прашај ме. И да не заборавам кога пишуваш нечија биографија на пример на фудбалер веднаш до името отвори заграда и стави го шаблонов: {{lang-en|името на фудбалерот во оригинал}} - овој шаблон конкретно се користи ако името е англиски, а ако е друго, пример италијанско, користи друг шаблон, еве ти ја. Поздрав!--Макс(разговор) 11:45, 17 јули 2009 (UTC)

Викимедија Македонија[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:42, 3 август 2009 (UTC)

За придонесите во полето на спортот.[уреди извор]

Barnstar-goldrun7.png Награди за рецензија на статии
Јас, SmartM&M, Ви доделувам вам, MrBones, награда за Вашите придонеси во полето на спортот, и Вашата посветеност и пристрасност кон истите. Само напред!--Макс(разговор) 15:59, 9 август 2009 (UTC)

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:04, 24 август 2009 (UTC)

10 години Википедија[уреди извор]

10yrs-oldbazaar-skopje-mk.png       Здраво, MrBones!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:34, 13 јануари 2011 (CET)

Пума[уреди извор]

Cscr-featured.svg Статијата Пума, која Вие ја проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа! Се надевам дека наскоро повторно ќе се вратите со обемните придонеси на Википедија на македонски јазик. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:09, 13 ноември 2011 (CET)