Разговор со корисник:Mile km

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добредојде!

Здраво, Mile km, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде! --Brainmachinewtf? 12:39, 5 октомври 2008 (UTC)

Благодарам.--Mile km (разговор) 19:10, 7 февруари 2009 (UTC)

Здраво...[уреди извор]

од мене. Што се однесува за ваквите теми, за политичари и историски личности, тука е малку сензитивна тема но нема голем проблем со политичарите. Најчесто, на македонската Википедија се прават статии за политичари што се широко познати во Македонија и што се активни во јавниот сектор. Можеби ова придонесува за промоција на некоја политичка сила или политички активист, но според правилата на Википедија такви статии што се однесуваат за широко познати личности се прифатливи. За да се избега од тн промоција на политичарот или партијата, користиме Неутрална Гледна Точка, што воедно е принцип за неутрално претставување на работите. Ако мислиш дека некоја статија има премногу пропаганда или промовирање, слободно менувај и направи што повеќе неутрална. Ова е отворена енциклопедија и слободно земи си активно учество. Биди поздравен и се најдобро.--MacedonianBoy 19:21, 7 февруари 2009 (UTC)

Мало прашање: Навистина не разбираш македонски, ако е така да боруваме на англиски :). Поздрав--MacedonianBoy 19:37, 7 февруари 2009 (UTC)
Грешка, извини, секако дека разбирам.--Mile km (разговор) 20:00, 7 февруари 2009 (UTC)

Мали совети[уреди извор]

Те молам види ја оваа статија за тоа што не е Википедија. Ова ти го велам најдругарски, бидејќи може да имаш проблеми со останатите корисници и администратори, ќе ти зборат за твоето однесување и ќе те обвинат за форумџија. Со добри пристојни дискусии, се постигнува се.--MacedonianBoy 20:43, 7 февруари 2009 (UTC)

Па таму никаде не пишува дека мора да ја имаа оваа заебанција, јас поведов петиција на селскиот бунар, брат повели дади подршка.--Mile km (разговор) 20:54, 7 февруари 2009 (UTC)


Коце Трајановски[уреди извор]

Очигледно ова не е твојот блог па да тресеш зелени како овој коментар. Несолените дискусии не се толерираат и прво би бил задоволен ако земеш една статија да напишеш, а не да шеташ од разговор на разговор и да форумизираш статии. А коментарите од типот фаци и краци за корисници се надевам ќе треба да се санкционира. Уште еднаш ти наведувам ова не е блог и држи си го јазикот во устата. Тука има сериозни корисници кои години од животот посветиле за википедија да стане тоа што е сега.--Р ашо 20:58, 7 февруари 2009 (UTC)

Плус ти као нов корисник немаш право на гласање. Колку и да сум против тоа, тоа ти е--Р ашо 20:59, 7 февруари 2009 (UTC)
Секоја чест, скидам капу. Коментарот беше само против бирократијата, ништо лично. Планирам да пишувам тука мен. А имам право да пишувам?--Mile km (разговор) 21:03, 7 февруари 2009 (UTC)
Тука нема никаква бирократија. Сите се еднакви. Само некој може да те банира, а некој не. Тоа е разликата. А коментари (навреди) за личности не се толерираат. И да. Ај напиши за селото од кое доваѓаш.--Р ашо 21:06, 7 февруари 2009 (UTC)
Потруди се да ја прочиташ референцата односно линкот и може ќе скопчаш дека на тој веб сајт пишува се. Ама баш се.--Р ашо 21:13, 7 февруари 2009 (UTC)

Па врската води до ДПМНЕ, тоа те прашувам, колку е релевантна? Брат јас сум светски шетан човек, шутка, топана, дури во германија сум бил, ееј :)--Mile km (разговор) 21:17, 7 февруари 2009 (UTC)

Секоја надворешна врска е релевантна освен блогови и форуми. Плус негледам зошто тие од Дпмне би пишувале невистини за своите членови.--Р ашо 21:20, 7 февруари 2009 (UTC) Р.Ѕ. Gypsy Magic :)

Ок ако ти така велиш, имаш поголемо искуство тука.--Mile km (разговор) 21:30, 7 февруари 2009 (UTC)

Предлог[уреди извор]

Ај види ја статијава за Индија. Празна е. Арно ама на твојот блог има доволно текст за оваа земја. А бидејќи текстовите ти се со слободна лиценца (а се надевам ти си авторот) можеш слободно тука да го распоредиш. Ова би било еден добат почеток за тебе. Што велиш?--Р ашо 22:06, 7 февруари 2009 (UTC)

Е добро друже, ама не сум уште навикнат да пишувам во енциклопедиски стил, повеќе ми лежи блогерскиот стил. Ај ќе биде и тоа еден убав сончев ден, се надевам. Ако можеш нешто да искористиш од таму слободно земај, иначе се што е таму е поткрепено со факти (врски до весници,...).--mile km (разговор) 15:18, 27 февруари 2009 (UTC)