Разговор со корисник:Mikrosam Akademija 4

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Почетен курс за Википедија



Mikrosam Akademija 4, добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!

Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките 143.515 статии.


Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:


Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).

Сопствената корисничка страница (Корисник:Mikrosam Akademija 4) можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.


Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!

Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.

Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.


If you are not able to speak, understand or write Macedonian, please visit our Village Pump for non-Macedonian speakers if you have any suggestions or comments.


Поздрав, brest, 22:39, четврток, 24 април 2024

Викимедија Македонија[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:42, 4 август 2009 (UTC)

Забелешки![уреди извор]

Здраво Mikrosam Akademija 4, јас сум Макс. Прво сакам да кажам дека сите ние ја почитуваме и цениме твојата работа, секоја работа, на секој корисник, се разбира ако на тој начин придонесува на нашава Википедија. Но, сепак имам неколку забелешки, кои би сакал да ги погледенеш, мислев дека ти имам претходно оставено порака во врска со ова, но за жал сум те помешал со некои друг од поновите корисници. Вака, најпрвин би ти препорачал да ги прочиташ сите, ама БУКВАЛНО сите напатствија што ги имаме на оваа Википедија, односно има убаво образложено како се пишува една статија, како се именува таа и работите во неа, викифицирање на истата и сл. Што сакам да кажам е, дека ја ценам твојата работа, како и твоја страст и твоите придонеси, но исто така и ја почитувам оваа Википедија која заслужува добри и квалитетни статии, а за да успеам во целта да статиите бидат одлични морам да помогнам во обучувањето на новите корисници.

Што значи, за крај, ако не ти се читаат сите упатства и страници за помош, тогаш едноставно побарај помош од некој корисник кој може да ти помогне, потоа, види ги (иако се малку) квалитетните статии кои ги имаме и следи го нивниот пример за да и ти на тој начин обликуваш една статија. Конкретно ти се обраќам за статијата „Free software“, зашто, би те прашал отвораш статија со наслов на латиница. Ако станува збор за музичка група, некоја компанија, студио, песна и сл. тогаш да статијата треба да биде во оригинал! Но статија од ваков тип не треба. Но, без разлика тоа не е нешто толку страшно, едноставно не си ги прочитал конвенциите за именување. Тоа што го сметам за „пострашно“ е тоа што отвораш статија која веќе постои, зашто го правиш тоа? Тоа е знак на незаинтересираност, кој укажува дека не ти е грижа што и како е туку едноставно правиш како ти мислиш, и воопшто не си се помачил да побараш дали воопшто постои таа статија пред воопшто да ја отвориш. Се надевам дека ги добромерно ги сфаќаш забелешкиве, кои се само за доброто на Википедија.

П.С. Имаш ли некаква врска со корисникот Mikrosam Akademija 2? - Да се надоврзам, сега навистина сум збунет, кои се па Mikrosam Akademija 1 и Mikrosam Akademija 3? Само момент има и 5 и 6? Презбунет сум, ако знаеш одговори ми! :)

Здраво, не навлегов многу во содржината на овие две статии, ама забележав дека на англиската Вики има различни статии за овие работи. Доколку станува збор за иста работе ве молам да ми кажете дали сметате дали би било подобро од двете статии да се направи една. Благодарам за одговорот. Поздрав, --Wikimk (разговор) 12:58, 18 август 2009 (UTC)

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:57, 28 јули 2010 (CEST)[одговори]