Разговор со корисник:M4r51n/Архива

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојде!

Здраво, M4r51n, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на страниците за разговор со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Никола Стоіаноски 13:56, 11 јули 2012 (CEST)

Наградени сте![уреди извор]

Real Life Barnstar.jpg Награда за активизам
Награда и за Вашата желба за активно уредување на Википедија. :) Kiril Simeonovski (разговор) 19:02, 12 јули 2012 (CEST)

Куратица[уреди извор]

Здраво. Ја откажав твојата промена во однос на официјалната веб страна на село Куратица поради тоа што истата е сè уште во изработка. Доколку се сетиш, промени ја кога ќе биде готова. Поздрав Kekev (разговор) 20:02, 12 јули 2012 (CEST)

Ohridnews[уреди извор]

Здраво. Ја мислев дека ги прифаќам промените направени со создавањето на страницата, но во меѓувреме си ги избришал и испадна тоа да го прифатам. Ако си одлучил да ја избришеш страницата нека остане вака, доколку е моја грешка - пиши ми. Kekev (разговор) 18:33, 13 јули 2012 (CEST)

Бидејќи беше страницата празна ја избришав целосно. Ако ви треба создадете ја повторно. Се најдобро.--Никола Стоіаноски 18:34, 13 јули 2012 (CEST)

Пишав на кекев да ја избрише се извинувам ја направив но несакав да има лични податоци :) M4r51n (разговор) 18:36, 13 јули 2012 (CEST)

Уредувач[уреди извор]

Незнам. Јас статусот на уредувач го добив без кандидатура. Прашај некој кој може да ти го додели тој статус. Поздрав :) Kekev (разговор) 18:54, 13 јули 2012 (CEST)

Се извинувам што ви се мешам во разговорот, но мислам дека можам да дадам одговор на ова прашање. На Википедија на македонски јазик, како и на останатите јазични изданија, постојат групи на корисници со различни уредувачки права. Така, откако корисникот ќе се пријави на проектот започнува како обичен корисник, чијшто уредувања треба да бидат одобрени од другите корисници. Идејата зад ваквото нешто е јасна, бидејќи има нови корисници коишто постојано вандализираат страници, па заштитна мерка е нивните уредувања да треба да бидат одобрени од страна на нивните корисници. Кога ќе помине одреден временски период и заедницата ќе се стекне со доверба во новопријавениот корисник на проект, тој автоматски, без никаква кандидатура, се унапредува во „уредувач“. Со тоа, неговите уредувања ќе бидат автоматски потврдени и нема повеќе да има потреба некој друг корисник да го прави тоа. Понатаму, постои група на оценувачи, во која припаѓаат сите корисници коишто имаат права да одобруваат туѓи уредвања, т.е. уредувања на новопријавените корисници. Следната група со поголеми права е групата на администратори. Во оваа група членуваат корисници коишто имаат големо искуство со работата на Википедија и во кои заедницата не само што има стекнато голема доверба, туку и ги смета за трудољубиви, дружељубиви, креативни и иновативни. Посебните права коишто ги имаат овие корисници се, исто така, на некој начин поодговорни и вклучуваат заштитување на страници, бришење на страници и блокирање на други корисници. Последната група на корисници, кои поседуваат најмногу права, е групата на бирократи. Тоа се корисници, коишто покрај претходно наведените права, го имаат уште и правото да унапредуваат други корисници во администратори или бирократи (во „уредувач“ или „оценувач“ може да унапредуваат и администраторите). Најголем број од корисниците се во групата на уредувачи и за ваквото унапредување не е потребна никаква кандидатура, а за вклучувањето во сите останати групи е потребно создавање на кандидатура, во која ќе бидат образложени причините поради коишто корисникот сака да се стекне со дополнителните права. Секоја група корисници на повисоко ниво ги псоедува правата од групата на пониско ниво. Така на пример, бирократот е истворемено и уредувач, оценувач и администратор. Можно е да се прескокне некое ниво на скалата на унапредување, но се препорачува тоа да не се прави. Важно е да се напомене дека унапредувањето во група со поголеми права не значи никаков престиж, никаква моќ, ниту пак дека корисниците имаат дадено поголем придонес во уредувањето од некои други корисници. Всушност, со стекнувањето на овие права, корисниците се обврзуваат секојдневно да ги извршуваат задачите со новостекнатите права. Има корисници кои долго време придонесуваат на Википедија, но сè уште не се администратори, што се должи и на фактот што времето повеќе го посветуваат на уредувањето наместо на администраторските задачи. Исто така, стекнатите права не траат зсекогаш и лесно може да се случи некој администратор или бирократ доколку ги злоупотребува правата или ги користи своите права да ги омаловажува другите корисници да ги загуби овие права. Се надевам дека одговорот е доволно исцрпен. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:23, 13 јули 2012 (CEST)

Галатасарај[уреди извор]

Здраво. Со цел да се подобри поврзаноста ан различните јазични изданија на Википедија, неопходно е да се додадат интервики на крајот од секоја статија. Тоа се, всушност, врските кон другите јазици кои се појавуваат на левиот дел од секоја статија. На пример, интервикито кон статијата на англиски јазик во статијата Галатасараиј гласи [[en:Galatasaray S.K.]]. Ова е потребно да се прави со сите новоуредени статии, а потребно е да се додаде и врска кон македонски во статијата на Википедја на англиски јазик. Користењето на некои друго јазично издание на Википедија како директен извор на содржината е дозволено само на овој начин, што значи дека не смее истото да се додава во горниот дел од статијата или да се користи како навод. Мислам дека концептот на статијата е добар, но содржината е некако неразбирлива и треба да се поправи. Инаку, гледам дека има многу голем потенцијал во Вас и на добар пат сте да прераснете во одличен уредувач. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:39, 14 јули 2012 (CEST)

Гледам дека веќе си го годал на Википедија на англиски, па претпоставувам дека ти е јасно за во иднина. Што се однесува до статијата, мислам дека има некои зборови коишто не се целосно разбирливи за македнскиот читател. Така на пример, „мулти клубови“ би можело да се замени со „клубови во повеќе спортови“ и сл. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:08, 14 јули 2012 (CEST)

Лланфаирпвллгвунгуллгогеричвурндробвллллантисилиогогогоч[уреди извор]

Здраво. Ја забележав оваа статија и ми се чини дека има грешка во насловот. Ако немаш ништо против да ја преименуваме или да ја ставиме за бришење? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:25, 14 јули 2012 (CEST)

Интервики[уреди извор]

Видов дека си пишал, па да ти одговорам веднаш. Можеш, само мораш да запазиш да го додадеш интервикито en:Име на статијата бидејќи истото го нема на англиската статија. Тоа се додава над интервикито „es:“. Поздрав Kekev (разговор) 21:22, 14 јули 2012 (CEST)

Ситни совети[уреди извор]

Здраво M4r51n. Гледам дека си доста активен на македонската википедија. Тоа е во ред, само така продолжи. Сега сакам да ти дадам некои добронамерен совет:

  • Во најголем број од статиите, инфокутиите се ставаат на почетокот од статијата. Инфокутиите исто така во најголем дел се копираат од англиската википедија и се пастираат на нашата. (Види промени кај твојата статија Петр Чех).

Доколу имаш било какви прашања слободно пиши ми. Поздрав--Тиверополник (разговор) 00:29, 15 јули 2012 (CEST) Фала за наградата, но во моментот не ја заслужувам бидејќи ногу не сум активен на википедија. Но сепак ќе си ја ставам на мојата корисничка страна. Поздрав--Тиверополник (разговор) 00:33, 15 јули 2012 (CEST)

Значи, доколку пишуваш за некој фудбалер, инфокутијата ја копираш од англиската вики и додаваш 3. Пример: {{Infobox football biography 3...--Тиверополник (разговор) 00:55, 15 јули 2012 (CEST) Се зависи од самата статија. Ова со додавањето на (3) на крајот од инфокутијата беше само за фудбалерите. Тоа не се однесува на пример за кошаркари или некои музичари и слично.

Нема да имаш бидејќи википедија е слободна википедија заедно со нејзините содржини. Колку за информација, на Ризницата на Викимедија се наоѓаат сите слики кои се користат на википедија. Таму има опција доколку имаш некое твое дело, исто така да го подигнеш за да биде искористено на некоја статија. --Тиверополник (разговор) 01:17, 15 јули 2012 (CEST)

Интервики[уреди извор]

Здраво. Да, всушност врските е најлесно да се додаваат со копирање. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:40, 15 јули 2012 (CEST)

Благодарам на наградата! Се трудам што е можно повеќе да ги покријам основните согласки и самогласки, кои секогаш се наведуваат во статиите за јазиците (кои ми се страст). Гледам дека си доста активен и затоа би ти препорачал да ме прашуваш за сè што не ти е јасно, па и тоа да се ситници. Секако, администраторството ќе дојде по некое време, и тоа сигурно. Баш ми е мило што има некој посветен на административниот дел и средувањето. Тоа е реткост. Највеќето од нас (администраторите) се занимаваме со тоа, но многу ќе биде поделотворно доколку некој има око и мерак за такви работи, па да ни ги посочува, а ние да соработуваме и да се здружуваме кога ќе треба нешто групно да се средува (а такви работи има доста). Треба да напоменам дека е од суштинско значење да се употребуваат што помалку интернационализми (речникот е основно средство за ова) бидејќи сме енциклопедија на даден јазик (не велам дека го имам забележано тоа, туку кажувам секому онака, превентивно). Сметам дека упатствата за работење со разни нешта на викито не ни се доволно добри, па затоа поставувај колку сакаш прашања, и сите ние со задовллство ќе ти ги одговориме. Поздрав и продолжи така Б. Јанкулоски (разговор) 06:31, 16 јули 2012 (CEST)

Блоагодарам и воведница[уреди извор]

Благодарам на наградата! Се трудам што е можно повеќе да ги покријам основните согласки и самогласки, кои секогаш се наведуваат во статиите за јазиците (кои ми се страст). Гледам дека си доста активен и затоа би ти препорачал да ме прашуваш за сè што не ти е јасно, па и тоа да се ситници. Секако, администраторството ќе дојде по некое време, и тоа сигурно. Баш ми е мило што има некој посветен на административниот дел и средувањето. Тоа е реткост. Највеќето од нас (администраторите) се занимаваме со тоа, но многу ќе биде поделотворно доколку некој има око и мерак за такви работи, па да ни ги посочува, а ние да соработуваме и да се здружуваме кога ќе треба нешто групно да се средува (а такви работи има доста). Треба да напоменам дека е од суштинско значење да се употребуваат што помалку интернационализми (речникот е основно средство за ова) бидејќи сме енциклопедија на даден јазик (не велам дека го имам забележано тоа, туку кажувам секому онака, превентивно). Сметам дека упатствата за работење со разни нешта на викито не ни се доволно добри, па затоа поставувај колку сакаш прашања, и сите ние со задовллство ќе ти ги одговориме. Поздрав и продолжи така. Б. Јанкулоски (разговор) 06:31, 16 јули 2012 (CEST)

Јубилејна согласка[уреди извор]

Здраво. Вашиот глас за статијата „Слеана согласка“ при изборот на јубилејна статија морав да го отстранам какое неважечки, поради тоа што гласањето веќе изврши. Тоа може да се забележи од зелената боја на позадината на страницата. Во секој случај, ве повикувам да гласате при изборот на следната јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:46, 16 јули 2012 (CEST)

Поправки[уреди извор]

Здраво. Би те замолил да оставаш простор после секоја точка и запирка, а и да ја користиш глаголската л-форма во статиите, за да можеме јас, и останатите, само да ги прифаќаме твоите промени без да ги средуваме. Икану, одлична работа во повеќето области кои ги имаш опфатено при уредувањата. Поздрав, продолжи со исто темпо :) Kekev (разговор) 01:56, 17 јули 2012 (CEST)

Поточно после секој интерпункциски знак: точка, запирка, извичник, прашалник, ... се остава едно празно место.--brest (разговор) 07:44, 17 јули 2012 (CEST)

Така почнав :) можете да видите од моите нови статии денеска поз! M4r51n (разговор) 12:17, 17 јули 2012 (CEST)

Уредувач[уреди извор]

Здраво. Поради корисните придонеси веќе некое време решив да Ви доделам уредвачки права. Тоа значи дека сите Ваши уредувања отсега ќе бидат автоматски проверени. Се надевам дека ќе продолжите со активното уредување и корисните придонеси и понатаму и нема да ја изгубите довербата кај другите корисници. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:22, 19 јули 2012 (CEST)

Копче „Преглед“ и опис на промените[уреди извор]

Здраво! Во твоите уредувања корисно е да се научиш на две работи:

  1. Наместо да правиш повеќе мали измени и да стискаш „Зачувај“, прави ги измените и стискај на „Преглед“, кое се наоѓа веднаш до „Зачувај“. Ова копче дава преглед на изгледот на изменетата страница и овозможува да ги пронајдеш евентуалните грешки што си ги направил. Прегледот спречува создавање на преголем број на верзии на една страница создадени со поправање на грешки. Преголемиот број на верзии ја пренатрупува историјата на страницата како и скорешните промени и е доста непрактично. Откако ќе завршиш со сите промени на таа статија и кога ќе бидеш задоволен со нивниот изглед, дури тогаш стисни „Зачувај“.
  2. Сепак, пред да кликнеш на „Зачувај“, треба да ги опишеш промените што си ги направил во полето „Oпис (Накратко опишете ги промените што ги направивте)“. На пример, ако си дополнил некој пасус, пишуваш „дополнување“, ако поправаш нешто, пишуваш „ситна поправка“ итн.

Ако почнеш да ги применуваш овие две едноставни работи, многу ќе го подобриш квалитетот на твојата работа. Поздрав и продолжи со работата! --Brainmachine (разговор) 15:31, 19 јули 2012 (CEST) Здраво BrainMachine обично секогаш кликам преглед... се извинувам за пренатрупувањето а и описот по некогаш заборавам да го ставам а го ставав хаха :) поздрав ќе ги применувам овие совети M4r51n (разговор) 17:06, 19 јули 2012 (CEST)

Мал нуркач[уреди извор]

Yes check.svgОк Готово--Тиверополник (разговор) 21:46, 21 јули 2012 (CEST)

Совет[уреди извор]

Здраво M4r51n, како си? Гледам дека си автоматски проверувач на статиите, кое значи дека треба да имаш и поголема одговорност:

  • Веќе кога правиш нова статија, потруди се истата да ја категоризираш со најмалку една постоечка категорија. Доколку истата ја нема, започни да создаваш и категории. Како пример ја зимам статијата Гиза. Значи направи категорија Гиза, но пожелно е на истата категорија да додадеш интервики, онака како што праваш кај статиите.
  • Доколку не ти пречи, на секоја нова страница за разговор стави го шаблонот СЗР.
  • И бидејќи правиш мали статии односно т.н. никулци, на секоја статија вметнувај го соодветниот шаблон за никулец. Доколку истиот не постои, можеш да го направиш. Египет-никулец ти е соодветен шаблон за статијата Гиза, но доколку сакаш можеш на пример да создадеш никулец за египетски градови.

Значи сите овие почетни совети ти ги кажувам се со цел да влезеш повеќе во материјата на википедија и истите совети сметам дека нема да ти претставуваат проблем да ги спроведуваш. Доколку тие потребна било каква помош, слободно пиши ми. Поздрав--Тиверополник (разговор) 21:57, 21 јули 2012 (CEST)

СЗР не е ништо страшно, едноставно по секоја создадена статија, во нејзината страна за разговор го ставаш шаблонот Шаблон:.СЗР., без двете точки- и толку. Види го ова, оди на уреди и погледни го шаблонот.

Што се однесува до категоризацијата, ништо страшно и овде. Пример ја земав статијата за Гиза. Од англиската википедија гледаш како е категоризирана. Истото го правиш и на нашата википедија. Значи прво додаваш Категорија:Гиза. За да ја создадеш категоријата Гиза, повторно одиш на англиската верзија и претискаш edit па ги копираш врските од другите википедии и повторно додаваш на нашата. Значи copy од англиската/paste на нашата, исто како што додаваш интервики при статиите, и + додаваш en:Category:Giza на македонската википедија односно mk:Категорија:Гиза на англиската. Еве следи ме како ќе ја категоризирам сега статијата за Тони Џа однодно Категорија:Тајландски глумци--Тиверополник (разговор) 23:01, 21 јули 2012 (CEST)

+ не заборавај Категорија:Градови во Египет, значи нашата категоризација--Тиверополник (разговор) 23:06, 21 јули 2012 (CEST)

Вики средба[уреди извор]

Може да учествувате on-line следејќи го овој линк http://etherpad.wikimedia.org/WMMK20120724 --brest (разговор) 20:23, 24 јули 2012 (CEST)

Потпишувај се на страници за разговор[уреди извор]

Здраво! Кога пишуваш пораки на Википедија:Огласна табла за администратори, Википедија:Селска чешма, страници за разговор на статии, страници за разговор на корисници (како оваа) и на сите други места каде што се води дискусија, на крајот од пораката мора да се потпишеш. Ставањето на потпис е со пишување на четири тилди, ете вака: ~~~~ и тоа автоматски ќе го даде твојот потпис и датумот и времето кога е напишана пораката, ете вака: Brainmachine (разговор) 01:59, 26 јули 2012 (CEST)

Сум заборавил ништо страшно :) M4r51n (разговор) 02:13, 26 јули 2012 (CEST)

Години во музиката[уреди извор]

Здраво. Гледам дека си започнал со пополнување на годините во музиката, што е навистина многу корисна и потребна работа. Сепак, сакам да ти напоменам дека на Википедија на македонски јазик статиите главно се однесуваат на години, а не на декади, како што е случајот со Википедија на англиски јазик. Исто така, внимавај на неколку правописни и граматички правила во македонскиот јазик. Придавките секогаш се пишуваат со мала буква, без оглед на тоа дали станува збор за географски поими или не („македонски“ наместо „Македонски“, „италијански“ наместо „Италијански“). Пред годините секогаш треба да стои предлог („роден во 1950“ наместо „роден 1950“). На крајот од секое набројување се додава „;“, а доколку е последно во редот, тогаш се додава интерпункцискиот знак „.“. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:10, 2 август 2012 (CEST)

Потврдено :) M4r51n (разговор) 16:18, 2 август 2012 (CEST)

И уште нешто. Месеците ги пишуваме со мала буква. Освен тоа, на Википедија постои и ВикиПроект Години во кој можеш да се зачлениш и каде што може да прочиташ повеќе околу средувањето на ваквите статии. Поздрав и пријатна работа.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 16:41, 2 август 2012 (CEST)

Благодарам[уреди извор]

Благодарам за наградата. Баш ми е драго што се цени трудот при средување. Не е од интерес како статиите, но е мошне значаен за организираноста на нашите категории и нашата што поголема присутност во јазичните врски на категориите од другите јазици. Б. Јанкулоски (разговор) 03:19, 12 август 2012 (CEST)

ВикиПроект: Филм[уреди извор]

Со задоволство ве известуваме дека ВикиПроектот:Филм е реактивиран и поради покажан интерес ве покануваме да се придружите. Оставете го вашиот коментар на почетната дискусија на страницата за разговор и запознајте се со сите новости читајќи ја новата проектна страница. Огромен поздрав и очекуваме ваше учество. --Макс(разговор) 17:43, 12 август 2012 (CEST)

Германски општини[уреди извор]

Здраво, не би сакал да ме сфатиш погрешно, но твоето уредување во статиите со германските општини/градови, во кои вметнуваш податоци (пред се од српската википедија) и слики, е навистина непотребно. Непотребно во смисла дека тие податоци и слики се веќе присутни во статијата, било во самиот текст, било во инфокутијата, која постои токму со таа намена, да се видат основните податоци, а не да ги изложуваме истите информации во текст подолу во статијата. Направените промени ги избришав и токму затоа ти пишувам да не губиш време со овие работи, кога има толку многу статии, кои треба да бидат напишани, нема потреба да губиме време со повторување на истите работи во еден текст. Сè најдобро и поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:01, 14 август 2012 (CEST)

Избор на јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:03, 29 август 2012 (CEST)

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:02, 18 септември 2012 (CEST)

Ре:Наградени сте[уреди извор]

Фала на наградата, поздрав--Тиверополник (разговор) 02:43, 20 јануари 2013 (CET)

Ништо страшно тоа се појавува кога некој друг пред тебе ќе зачува нешто од статијата. Поздрав и пријатна работа--Тиверополник (разговор) 16:11, 22 јануари 2013 (CET)

Наградени сте![уреди извор]

Real Life Barnstar.jpg Награда за активизам
Секоја чест за големата активност последниве неколку денови. Продолжи така и понатаму. :) Kiril Simeonovski (разговор) 16:11, 22 јануари 2013 (CET)

Честитки![уреди извор]

Честитки за стекнатите оценувачки права! Во секој момент некој од бирократите ќе те унапреди со тоа што ќе ти ги додели правата, иако е добро да ги потсетиш дека твојата кандидатура е успешна. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:56, 24 јануари 2013 (CET)

Ти благодарам :) --M4r51n (разговор) 21:59, 24 јануари 2013 (CET)

Шаблони за општина Битола[уреди извор]

Како можеме да креираме шаблон со листа од сите села во Општина Битола? Јас тоа не знам како се прави. Ќе можеш да ми помогнеш?

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво Мартин. Да ве известам дека денес избираме јубилејна статија. Вашиот глас можете слободно да го дадете овде.--Вик Ретлхед (разговор) 10:11, 2 февруари 2013 (CET)