Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/2010/2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Архива/2008  · Архива/2009/1  · Архива/2009/2  · Архива/2009/3  · Архива/2010/1  · Архива/2010/2  · Архива/2011/1  · Архива/2011/2  · Архива/2012

Избрана статија[уреди извор]

?!iNkubusse A? 04:00, 29 јуни 2010 (CEST)

P.S.iNkubusse A? 04:03, 29 јуни 2010 (CEST)
--Brainmachine (разговор) 04:10, 29 јуни 2010 (CEST)
Статијата доби еден глас, што според последните усвоени измени е доволно, па поради тоа што немаше друга необјавена избрана статија, морав да ја објавам истата. Знам дека е катстрофа, но немам време како пред неколку недели постојано да ги надгледувам и средувам статиите. Затоа и повикав на помош од другите. Од друга страна, откако ги усвоивме измените, помислив дека многу полесно ќе оди целата работа, но забележливо е дека нема никаков ефект. Последно нешто што сега може да направиме е да го смениме начинот на објкавување на статиит на главната страница, односно да може повторно да ставаме веќе избрани статии. Со тоа мислам дека нема да има притисок дека за една недела мора да има нова избрана статија и јасно ќе се подобри квалитетот на избраните статии. Мора конечно да започнеме и со одземање на статусот на избрани статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:51, 29 јуни 2010 (CEST)
Кирил, некои од условите едноставно не чинат. Прочитај го пак делот што го напишал Brainmachine за нашиот начин на гласање. Не се решаваат работите на Википедија со *гласање*. Тоа значи дека ако предложам ѓубре страница и некој заебант гласа за неа, а другите не ја ни приметат, таа страница станува избрана. Или ако предложам ѓубре статија и 15 корисници гласаат „за“ без аргументи, а 5 гласат „против“ со одлични непобивливи аргументи, пак ќе стане избрана. Тоа не е дефиниција за консензус. Ова е консензус, и кажува дека сме се договориле статијата да не биде избрана за сега. Инаку не се согласувам дека нема други страници што можеме да ги ставиме на главна. Имено, има. —iNkubusse A? 19:28, 29 јуни 2010 (CEST)
И јас го подржувам тој став дека работите треба да се решаваат со дискусија, а не со гласање. Само најмногу ме загрижува што има дискусија, постојано нешто се критикува, а дури има и најави за средување на статиите и никој ништо не прави. Сега за сгеа, статиите ги избираме со гласање со просто мнозинство. Ако, барем еден од коментарите кои беа наведени беше глас „против“ статијата немаше да биде избрана. Мене исто така не ми се допаѓа тоа што постојано нешто се усвојува со „ЗА“, „ЗА“, „ЗА“,...,„ЗА“, без и да се прочита содржината на предлогот. Ако има некои други статии коишто би можеле да бидат избрани, нека ги предложи некој. Не е мој начинот на избор на статии и не царувам со нивното објавување, туку само технички ја извршувам работата. Во последно време имам премалку време да се посветам целосно на средување на кандидати за избрани статии, па побарав помош од други ккорисници. Би можеле да промениме некои работи:
  1. конечно да воведеме одземање на статусот на некои статии (за ова веќе имаме разговарано и предлогот е усвоен);
  2. повеќе да не објавуваме нови избрани статии, туку да ги распоредиме оние коишто се избрани и да ги објавуваме по некоја симболика на различни датуми.
Последното одлично функционира на Википедија на српски јазик. Нема потреба да се брза и вештачки да се зголемува бројот на избрани статии, ако временскиот период е прекраток за да се подготви статија со таков квалитет. Од друга страна, Википедија на хрватски страда со истиот проблем како и ние. Избрана статија секоја недела со недоволен квалитет. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:00, 29 јуни 2010 (CEST)
Можеби треба да го зголемиме периодот на ставање нова статија на Главна? Пример две недели или нешто така?
Инаку, за Личен сметач ти замерувам што ја стави на главна бидејќи се договоривме да не ја ставаме. Знам дека имаше еден глас „за“, ама беше прилично неважечки, зашто очигледно гласачот воопшто не ја прочитал дискусијата, туку само мојот коментар во Воздржани. А кога веќе си бил решен да ја ставиш на главна, си можел барем да го пишеш тоа некаде. Јас мислев дека дискусијата за таа статија е завршена (бидејќи се договоривме и завршивме со неа), инаку ќе гласав против (и да знаев дека 1:0 во гласови значи ставање на Главна). —iNkubusse A? 21:29, 29 јуни 2010 (CEST)
Како што реков. Само технички ја извршувам работата. Досега гласањето беше единствен прифатен критериум за избор на избрани статии. Се надевам дека отсега па во иднина нема да биде така. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:30, 29 јуни 2010 (CEST)
Одговарај тука, ја следам страницата (во секој случај, на едно место нека тече разговорот). Реков „периодот на ставање нова статија на Главна“ баш заради тоа; не зборев за „избрани статии“ како „квалитетни статии“. Значи, статијата што е на Главна да се менува на малку повеќе од недела дена, зашто не произведуваме многу квалитетни статии. Инаку дефинитивно треба да имаме една категорија со одлични статии (и добри) и од таму да бираме за на Главна. Дефинитивно. —iNkubusse A? 22:57, 29 јуни 2010 (CEST)
Одлично. Мислам фиксен период не е баш најсоодветно решение, туку подобро би било да се ориентираме по датуми (историски настани, датуми на раѓање или смрт, тековни настани итн.), а доколку нема во блиска иднина некоја симболика со некоја избрана статија, тогаш да објавиме некоја квалитетна статија за подолг временски период (една или две недели). Со ова временскиот период нема никакво влијание. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:05, 29 јуни 2010 (CEST)
Ок, ама не знам дали ќе имаме добра статија дури и кога би имало симболика. :) Мислам, ако на пример му е роденден на Исак Њутн, не можеме само да опнеме статија за Исак Њутн ако е за никаде статијата. —iNkubusse A? 23:43, 29 јуни 2010 (CEST)
Па симболиката ќе ја бараме во избраните статии. Ако нема, ќе ставаме некоја друга избрана статија.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:48, 29 јуни 2010 (CEST)
Епа ај да почнеме да го правиме тој систем. —iNkubusse A? 23:57, 29 јуни 2010 (CEST)

Кирил, внимавај кога архивираш, секогаш оставај ги дискусиите кои се уште свежи, како оваа. Јас, инаку, завршив со Википедија:Рецензија и сега сме целосно подготвени (порано не бевме) за номинирање, дискутирање и архивирање на рецензии. Имате ли некои идеи како ова да го вклопиме во „системот“? За сега дали може да се согласиме со следново: нерецензирани статии да не можат да се предложат за избрани? --Brainmachine (разговор) 23:31, 30 јуни 2010 (CEST)

Не знам зошто ти претставува проблем да отвориш ново заглавје без претходна содржина? Претходните разговори не треба да имаат врска со новите, па мислам дека ни естетски нема потреба. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:49, 30 јуни 2010 (CEST)
Мислам дека Brainmachine се надоврзуваше на претходниот разговор. Инаку, Кирил, види Помош:Архивирање на страница за разговор#Кутија за архиви. ;) —iNkubusse A? 01:27, 1 јули 2010 (CEST)
Мислам дека разговорот за избраните статии беше завршен, бидејќи скоро еден ден никој ништо не одговори. Инаку по мој вкус подобро е архивите да бидат без кутија.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 11:58, 1 јули 2010 (CEST)
P.S.Не знам која му беше идејата на Brainmachine, но мислам дека е глупаво да зборуваме за тоа како се архивираат страници. Празна страницата за разговор не ја оставам по секое архивирање, туку овој пат не сакав уште веднаш страницата да биде преоптоварена со обемниот разговор околу избраните статии. Обично архивирам кога страницата ќе биде повеќе од 100KB. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:05, 1 јули 2010 (CEST)
Абе никој не те нападна :), твое си е како ќе одлучиш (како што и пишува во упатството), ама има некои општоприфатени смерници за архивирање. За начинот, шаблонот и слично апсолутно сеедно е, ама обично се остава последниот разговор на главната страница. Ако е сигурно завршен, пак е на тебе како ќе одлучиш, ама ако има било какви шанси да не е сигурно завршен, се смета непријатно да се отстранува и тој разговор. Само упатства. :)
Инаку, причината што ти пишувам сега: зошто твоите уредувања не се означуваат како автоматски прегледани, иако си автопатролер? —iNkubusse A? 19:22, 1 јули 2010 (CEST)
Сега го забележав тоа. Најверојатно станува збор за некој повремен проблем, кој би требало да се реши наскоро. Ти ја јавува ли можноста за проверка на моите уредувања и ти ја јавува ли алатката да претвориш обичен корисник во автопатролер? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:43, 1 јули 2010 (CEST)
Не е никаков проблем бидејќи ако статијата претходно воопшто не е проверена, а Кирил ја уредил и не кликнал најдолу тогаш и неговото уредување е непратролирано. За разлика од тоа, ако статијата била претходно барем еднаш проверена, да речеме од мене, и Кирил ако иредил тогаш неговото уредување е патролирано. Поз--Никола Стоіаноски 19:50, 1 јули 2010 (CEST)
Ахааа, стварно е така, сега проверив. Фала, Никола. :) Мислам дека немаше ова да го откријам барем уште некоја недела. И мислам дека е паметно што така го направиле. Да се знае кога некоја статија ни еднаш не била „официјално проверена“. —iNkubusse A? 11:50, 2 јули 2010 (CEST)
Па ти кажав кога го замолуваше Бојан, така мислам. Поз--Никола Стоіаноски 12:49, 2 јули 2010 (CEST)

Албанска википедија[уреди извор]

Повторно има проблем со „пријателчињата“ од албанската википедија. Како што видов повторно ја преименуваат секоја статија поврзана со Македонија и на нашата држава повторно ја нарекуваат ФИРОМ. Инаку јазикот исто така уште е славо-македонски, што значи дека нивната википедија е една бледа копија на грчката би рекол xD. Како и да е мора да превземеме нешто, затоа што вака повеќе не оди. Ако вака продолжат, Косово на МК вики ќе биде само регион! Поздрав Tомица1111 (разговор) 12:23, 6 јули 2010 (CEST)1111tomicaTомица1111 (разговор) 12:23, 6 јули 2010 (CEST)

Корисникот кој постојано ги прави измените е Irvi Hyka. Добро е да побараме од него детално објаснување. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:24, 6 јули 2010 (CEST)

Црвена[уреди извор]

Да, ама барем некој ја чита. За разлика од црната. —iNkubusse A? 14:31, 9 јули 2010 (CEST)

Тоа дали некој ја чита е друго прашање, коешто мислам дека сега не може да се одговори. Светло-црвената боја воопшто не се читаше. Можеби посоодветно е да биде темно црвена, што привлекува внимание и може да се чита. И исто така подобро е да биде текстот задебелен, наместо закосен. Закосениот дополнително го отежнува читањето.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:54, 9 јули 2010 (CEST)

Веќе ако настојуваш забелешката да биде во црвена боја, тогаш најсоодветно е да биде со задебелени букви. Така мислам дека подобро ќе се чита.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:59, 9 јули 2010 (CEST)

Не настојувам ништо и причините во тој шаблон треба да си бидат со обични црни букви. Тоа таму го пишав со црвени зашто статијата е многу спорна. Чиста промоција е, ама ај, нејќев да бидам нападен. Се надевав некој друг администратор ќе има поцврсти ставови и одлуки. —iNkubusse A? 20:25, 9 јули 2010 (CEST)
Не се замарај со ситници.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 13:30, 10 јули 2010 (CEST)

Готово[уреди извор]

ВП:РИС и {{рис}}. --Brainmachine (разговор) 17:21, 9 јули 2010 (CEST)

Одлично.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:31, 10 јули 2010 (CEST)

Избрани статии[уреди извор]

Здраво Кирил. Имам една идеја за побрзо избирање статии и тоа е следново: да рецензираме статии кои се во оваа листа и нив ќе ги избираме (јас веќе го практикувам тоа - рецензирам и предлагам). Нови статии кои се прават нека се проверуваат и нека им се става шаблон добра статија и нив ќе ги гласаме за избрана откако ќе го испразниме списокот со стари статии од инкубаторот. Да го потрошиме веќе еднаш него. Би те замолил, бидејќи следната недела не сум дома, ако можеш да провериш големи статии за правописни грешки од списокот кој ти го посочив погоре и да ги предложиш за гласање. Имаме избрани за до 8 август. Значи ако можеш провери колку можеш статии за правописни грешки од тој список (големи статии) и стави ги за гласање и јас така правам. Поз--Никола Стоіаноски 15:52, 27 јули 2010 (CEST)

Јас мака мачам со избрани статии за порталите. Планирам да средам статии за до нова година, па после ќе седнам ќе средувам. Ако има нешто од овие статии, секако дека ќе се предложи за избрана статија. Инаку и јас планирав да започнеме вакво нешто. Добро би било кога ќе дојдеме до бројка над 200 избрани статии (некои од старите ќе бидат ревидирани и повеќе нема да бидат избрани, па овие не ги вклучувам), по што би можеле да работиме на принципот на објавување на статии кои веќе биле објавени или кои имаат врска со датумот. Впрочем, така функционираат сите останати.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:00, 27 јули 2010 (CEST)

Шаблон:Илинденско востание[уреди извор]

Го видов... Многу е добар... Сите важни работи се таму... Браво... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 16:04, 27 јули 2010 (CEST)

имам уште малку да ја допишам статијата за Илинденско востание... од таму може да сечеме и да префрламе во шаблонот... поздрдав--Еден Македонец ? (разговор) 16:08, 27 јули 2010 (CEST)

Категории/интервики[уреди извор]

Кирил ако видиш некатегоризирани статии/статии без интервики (како оваа) од нови корисници, не заборавај да ги средиш на лице место, а ако имаш време и да му покажеш на корисникот како тоа се прави. --Brainmachine (разговор) 17:07, 28 јули 2010 (CEST)

Ѕверови[уреди извор]

Што е работава, што направив? -- Бојан имаш за кажување? 17:22, 28 јули 2010 (CEST)

Извини, случајно беше. По грешка имам кликнато на функцијата „врати“.:) Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:27, 28 јули 2010 (CEST)

Вики средба[уреди извор]

Би сакал да присуствувам ама нема да бидам во Скопје... благодарам за поканат... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 23:10, 28 јули 2010 (CEST)

Подобар почетен курс[уреди извор]

Ќе го биде ли ова: Википедија:Почетен курс (Уредување)? --Brainmachine (разговор) 09:53, 8 август 2010 (CEST)

ПС: Мислам дека стариот ВП:Вовед за ништо не служеше. Тој беше само збирка од врски (истиот е на еден куп јазични изданија). Си зедов слобода и целосно го променив за да биде поинформативен и да го покани читателот да учествува (вовед 1, вовед 2, вовед 3). --Brainmachine (разговор) 09:58, 8 август 2010 (CEST)

Благодарам for your support![уреди извор]

Здраво!, well I'm really impressed by the wonderful collective spirit, swiftness you all act and efficience! I guess this is a really great Wikipedia where people work really well together! I just wanted to express my gratitude to all of you and especially congratulate Brainmachine who alleviated me a lot of work looking for all of you. Благодарам for your support! I'm sure you have a great country at least at heart if not in space! I wish all the best to you, your Wikipedia and your language and also a wonderful, pleasant and sunny summer. If you ever need something from me (or our Association) about Catalan, Occitan or whatever just let me know, I'll be real glad to help! Take care my friend! Capsot (разговор) 15:38, 11 август 2010 (CEST) By the way, your national flag is really nice!

Ацтеки и Инки[уреди извор]

Освен ако некои естетски работи сум пропуштил, двете статии се супер и опфаќаат сè. Ацтечките месеци ги транскрибирав и за Инките дека е мала статијата не би рекол, супер е - опфаќа сè и истата е како англиската. Ако фали нешто ќе додадам секако тоа јас и го правам еден куп статии за Инките имам направено и ако има потреба ќе вметнеме во самата статија. Но јас мислам нема потреба бидејќи си има шаблон каде се наведени главните статии и категорија која е мошне добро средена. За Ацтеките немам коментар, ми се допаѓа статијата. Поздрав и сè најдобро--Никола Стоіаноски 14:24, 18 август 2010 (CEST)

И мене ми се допаѓаат статиите, но веќе се договоривме да бидеме построги во избирањето на статии. Исто така, добро ќе биде доколку статиите бидат раздвоени на главната страница, со отприлика еден месец, во кој ќе објавиме некои други статии (веќе избрани), бидејќи предметот на содржината е ист.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:23, 18 август 2010 (CEST)
Добро, јас ги ставив за гласање па нема врска кога ќе бидат објавени. Инаку проблем е што во моментов немаме нова избрана статија. Последна е Базилика Свети Петар, а Ацтеките и Инките завршуваат со гласање дури во вторник. Но мислам не е проблем, до недела нека трае гласањето па една ќе ставиме за избрана и веднаш да се кандидира нова статија ако не сакаме да имаме Ацтеки и Инки едно по друго. Поз--Никола Стоіаноски 18:28, 18 август 2010 (CEST)
Да, но веќе се договоривме да не брзаме со нови избрани статии, туку да се сконцентрираме и на старите. Не е некое назадување ако објавуваме други избрани статии, кои веќе биле објавени.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:02, 18 август 2010 (CEST)

Macedonians (ethnic group)[уреди извор]

Моменталното име на статијата Македонци на англиската википедија е Macedonians (ethnic group) што според мене е доста добро компромисно решение. Но пред неко време на страницата за разговор еден грк отворил расправа тоа да се промени во Macedonians (modern ethnic group) или Macedonians (South Slavs) што и двете се апсурдни. Ќе те замолам да гласаш за против промена на името на статијата и ако си во можност да известиш се повеќе македонски корисници да се изјасната исто. Поздрав Tомица1111 (разговор) 11:54, 30 август 2010 (CEST)1111tomica

Ре: Белешки[уреди извор]

Благодарам Кирил. Поздрав. -- Бојан имаш за кажување? 20:27, 5 септември 2010 (CEST)

Избрана[уреди извор]

Здраво Кирил. Бидејќи јас сега не можам да седам подолго на Википедија (ми се спие :)) ако можеш вечерва кандидирај ја Шаховска олимпијада за избрана, за да ја гласаме за следната седмица, а јас ќе кандидирам уште две ако успеам да ги средам и дополнам следните денови. Поз--Никола Стоіаноски 00:34, 29 септември 2010 (CEST)

Нема проблем. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:48, 29 септември 2010 (CEST)

2010[уреди извор]

Hello Kiril, I think it should read Марио Варгас Љоса, with an i in the first name? Greetings, Aspiriniks (разговор) 20:20, 7 октомври 2010 (CEST)

You're right. Thanks.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:42, 8 октомври 2010 (CEST)

Московски уметнички театар[уреди извор]

Кирил зошто ја одобри статијата Московски уметнички театар кога пишува дека е под промена? Сепак, повторно проверија. Stefan Milosevski (разговор) 18:12, 9 октомври 2010 (CEST)

Здраво. Направив неколку измени во статијата, откако забележав дека може да се поправат. Забележав дека ти си го отстранил шаблонот „во изработка“ во меѓувреме, па бидејќи моето уредување беше последно, практично го одобрив моето уредување. Не се секирај, прво ја прочитав статијата, па ги направив измените, што значи дека истата е проверена. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:17, 9 октомври 2010 (CEST)

Се извинувам ако те вознемирив. Поздрав и пријатан работа. Stefan Milosevski (разговор) 18:19, 9 октомври 2010 (CEST)

Уживај. Ако имаш уште нешто слободно пиши ми. Затоа и се страниците за разговор.Face-smile.svg--Kiril Simeonovski (разговор) 18:21, 9 октомври 2010 (CEST)

Template:Infobox military structure[уреди извор]

Кирил ако можеш направи го шаблонов Template:Infobox military structure и Template:Infobox military structure/doc зашто ми треба а јаз не знам да правам шаблони. Поздрав. Stefan Milosevski (разговор) 18:31, 9 октомври 2010 (CEST)

Нема проблем. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:35, 9 октомври 2010 (CEST)
Повторно извини ако те вознемирувам. Stefan Milosevski (разговор) 18:36, 9 октомври 2010 (CEST)

Фала премногу![уреди извор]

Утрово кога ја видов номинацијата на Стефан си реков дека би требало и јас да се пријавам ама ко што секогаш и за администратор викам уште ми е рано, викам и за ова сега-за сега нема потреба. И еве! Фала многу, секако дека прифаќам! :) --Макс(разговор) 17:38, 10 октомври 2010 (CEST)

Да, штотуку ги одговарав :) Фала, за се уште еднаш и голем поздрав! --Макс(разговор) 19:06, 10 октомври 2010 (CEST)

Статии за години[уреди извор]

Полека полека ќе се заврши, не мора да брзаме. Битно полека да се пополнуваат, а времето е ирелевантно. Колку што ќе можам ќе помагам и за овие статии. Поз--Никола Стоіаноски 11:50, 12 октомври 2010 (CEST)

дали би можел да ми дадеш објаснување како се пополнува и како се работи во смисла дали има некој рок до кога треба да се пополнат... поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 13:16, 12 октомври 2010 (CEST)

добро... ќе видам па ќе размислам... поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 20:05, 12 октомври 2010 (CEST)

Кирил, здраво како си? Само да те известам дека директно нема да учествувам во пополнувањето на т.н. празни статии, но преку додавање на биографските статии на шаблонио за раѓање и смрт, планирам кога ќе завршам (во ова има бајаги работа), да ги додадам на датите, соодветно, за Родени или Починати. Поздрав и мислам дека идејата ми е добра.--Тиверополник (разговор) 16:36, 15 октомври 2010 (CEST)
Ок. Нема проблем. Впрочем, кога ќе бидат готови овие статии, ќе се оди на уредување на статиите за години.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:22, 15 октомври 2010 (CEST)
Лично немам искуство со Бот-услугите. Доколку би поднел барање, што следува понатаму и како одат работите. Како што гледам, од десетина само еден е реализиран а останатите се во тек. Лично не ми е тешко, ова би го направил за период од месец време. Чекам твое мислење--Тиверополник (разговор) 18:03, 15 октомври 2010 (CEST)
Фала Кирил, ќе си ја пробам среќата. Поздрав и пријатна работа--Тиверополник (разговор) 19:55, 15 октомври 2010 (CEST)

Избрани[уреди извор]

Здраво Кирил. Нема пропуст, туку фали една (или две) избрани статии. За тие една/ две седмици, се користеа статии од 2009 година. Види тука и ќе забележиш дека Египетска митологија и Станислав Лем се стари. Не сме избрале нови статии за овие две седмици и редоследот се поремети, ама води се според последната избрана (Камбоџа) таа ти кажува која седмица сме. --Никола Стоіаноски 21:25, 15 октомври 2010 (CEST)

Да, лесно е тоа. Таа седмица пренасочува до таа старата. Може да се пронајде соодветно и лесно. Ќе ги средиме, прво да ги елиминираме овие пренасочувачките.--Никола Стоіаноски 21:40, 15 октомври 2010 (CEST)
А да, знам дека некаде ја видов и таа. Ај да пресметам колку седмици имаме до сега и колку ни фалат. Сега значи три стари се појавиле на главната. --Никола Стоіаноски 21:43, 15 октомври 2010 (CEST)

Оценувач[уреди извор]

Кирил зошто се уште не сум оценувач, а гласањето заврши успешно??? Stefan Milosevski (разговор) 22:39, 16 октомври 2010 (CEST)

Ревизија[уреди извор]

Морам една забелешка да дадам за ревизијата. Ова на македонската Википедија не функционира зошто немаме корисници. Мој предлог е да се ревизира статија без формалностите сега што се пропишани (без отворање нова страница за ревизија), туку статијата која се планира да се кандидра да се ревизија, па се става шаблон добра статија и се кандидира. Јас вака правам и мислам е успешно. Не треба многу бирократија, формалности и слично. Едноставно немаме луѓе за тоа. поздрав --Никола Стоіаноски 00:15, 21 октомври 2010 (CEST)

Моментно ја изработувам главната страница за ревизија, а кутијата можам да ја отстранам, па ревизијата да ја вршиме со дискусија на самата страница. Инаку, ќе има посебен шаблон за „поранешна избрана статија“, кој ќе се разликува од шаблонот за „добра статија“. Потребна е и категорија за поранешни избрани статии, страници за истата намена и шаблон. Сепак, ако се јави потребата за ревизија во посебни страници, слично како за избрани, ќе мора да се интервенира. Искрено се надевам дека ќе оди многу лесно, но има премногу избрани статии кои не исполнуваат голем дел од критериумите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:21, 21 октомври 2010 (CEST)
Значи вака, ако некој сака да кандидира статија, ќе треба да се рецензира (најлесно е на самата статија, без никави дополнителни страници), па потоа става шаблон за добра статија и се кандидира. Ова е најлесно и мислам на ова зборуваше. А тоа за поранешни статии со шаблон е новина? Тука ќе бидат статии на кои им биле одземени статусите на избрани? Ако е така, да одиме една по една и да им ги одземеме. За разлика од рецензијата каде нема потреба од посебни страници, тука за секое одземање мора да има посебна страница за архивирање за да може да се стави понатака шаблон на страницата за разговор на избраната дека повеќе не е, односно е поранешна избрана. --Никола Стоіаноски 00:25, 21 октомври 2010 (CEST)
Целата работа би требало да оди исто како за избрана статија, што значи би требало да има посебни страници. Мене само ме загрижува, што ако се појави интерес за рецензија на статијата за време на ревизијата. Така, сите статии би биле рецензирани, а сите ревизии неуспешни, односно целиот процес би бил излишен. Но, за жал немаме луѓе, кои постојано ќе го работат ова, па затоа има потреба од ревизија. Најдобро е прво да се остават статии за рецензија, па доколку по неколку дена не се рецензирани, да се стават на гласање. Друга, поусовршена можност е целиот процес на ревизија да се претвори во барање за рецензија, па на посебни страници да се дискутираат недостатоците на избраните статии. Сепак, има потреба од проширување на статии, што официјално е го опфаќа рецензијата, па потребата од ревизија и одделна дискусија за секоја статија е неопходна.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:36, 21 октомври 2010 (CEST)

Ги разгледав избраните статии и мој впечаток е дека само заради недостигот од наводи и други видови извори, како и недостигот на содржина за одделни теми, уште од почеток ќе има околу 20 статии за рецензија. Јас, ќе ги предложам, но колку проширувањето е рецензија не знам. Уште помалку, колку ќе биде потребно истите да се средат. Целта на ревизијата е како избрани статии да останат само оние кои навистина заслужуваат. Моментно има над 200 избрани статии, што реално е надувана бројка. Со ревизијата овој број ќе се намали и со активна работа околу избирањето на нови избрани статии се надевам дека ќе се дојде до 365 статии и повеќе, што би ни овозможило да размислуваме за воведување на дневна статија на главната страница.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:44, 21 октомври 2010 (CEST)

Супер е што ќе започнеме со разгледување на избраните. Мое мислење е да се одземе статус на избрана на секоја статија која е под 30 или 40 кб, нема извори и не ја опфаќа темата целосно. Убаво е што ми посочи некои статии, но мој предлог е да одиме по ред за сите избрани и тие што треба да се разгледаат да се стават во список за полесна работа. Мене ми е оваа новина супер. Поз--Никола Стоіаноски 11:53, 21 октомври 2010 (CEST)
ОК, јас ќе ги разгледам сите избрани статии од 2009 и 2010 и тие кои мислам не ги исполнуваат стандардите ќе ги ставам во специјална листа. Потоа ако сакаш ти (или кој било друг) нека ги прочешла пак па ќе почнеме со отворање засебни страници за секоја статија. Сега нешто ќе почнам. --Никола Стоіаноски 18:09, 21 октомври 2010 (CEST)
Полесно е да ги ставиме сите статии кои мислиме не ги исполнуваат критериумите во еден список, таков направив, бидејќи така подоцна ќе ни биде полсено при одземање или не на статусот. Табелата ја направив со три елементи и е едноставна. А дали ќе направиш Категорија:Ревизија на избрани статии за да ја ставиме кај сите страници за ревизија?--Никола Стоіаноски 18:25, 21 октомври 2010 (CEST)
Да, таа забелешка за годината ќе важи кога ќе дискутираме за посочената статија. Значи ако се кандидира некоја избрана за ревизија, а е мала и неможе повеќе да се зголемува, тогаш ова ќе се земе предвид. Инаку види го списокот, и провери по мене пак за секоја година да не сум заборавил некоја лоша избрана да ја ставам во списокот.--Никола Стоіаноски 20:23, 21 октомври 2010 (CEST)
Што се однесува за тоа, јас имам два предлога.
  1. Да се направи шаблон кој ќе се става на страната за разговор на поранешната избрана статија каде ќе вели дека „оваа статија е поранешна избрана статија на Википедија на македонски јазик“, каде ќе има врска до гласањето за уназадувањето. И мислам ова е доволно.
  2. Да се направи шаблон каде ќе има напишано „оваа статија се појавила на Главната страница во периодот од XX.XX.XXX до YY.YY.YYYY“ со врска до страницата за гласање за избрана. Овој шаблон се додава и кај поранешните и кај сегашните избрани. На ен Вики го има овој.

Ако некоја статија е добра, а поради извори или големина била уназадена, може да се рецензира и да се стави шаблон Добра статија. Без соодветни критериуми не смееме да ставаме шаблон за Добра статија. Уште едно нешто, неповрзано со ова. Нели кога една статија ќе биде избрана кај нас се става шаблонот {{Link FA|mk}} на ен Вики (и кај нас за други јазици). Е има еден шаблон и викиврска која кај нас ја нема, а таа е {{Link GA|mk}} кој кажува на останатите јазици дека таа статија е добра на мк Вики. На ен Вики ставав за една или две добри мк статии, види en:Latvian language. --Никола Стоіаноски 20:50, 21 октомври 2010 (CEST)

Тоа со шаблонот за поранешн избрана, секако дека ќе се реализира.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:55, 21 октомври 2010 (CEST)
Јас веќе предложив пет статии за одземање на правата. Разгледај.--Никола Стоіаноски 21:08, 21 октомври 2010 (CEST)

Проект за нови корисници[уреди извор]

ОК мене ми се допаѓа оваа идеја и мислам е корисна. Значи треба да се направат награди и истите да се рангираат. После да се објасни што можат да бидат на Википедија и да ставиме врска до Почетниот курс. Мој предлог е на тој проект да ги наредиме сите најискусни корисници за да новите корисници можат да ги контактираат за одредени проблеми. Исто така не е лошо до секој искусен корисник да пишеме за што е најкомпетентен за полесно саоѓање од страна на новите корисници. Поз--Никола Стоіаноски 21:07, 26 октомври 2010 (CEST)

Fundraising 2010_Translation & Localization[уреди извор]

Wikimedia Foundation RGB logo with text.svg
Greetings Kiril, my name is Sam and I am working for the Wikimedia Foundation during the 2010 Fundraiser as the liaison between the Macedonian community and the Foundation. This year's fundraiser is intended to be a collaborative and global effort; we recognize that banner messages that perform well in the United States don't necessarily translate well, or appeal to international audiences. I'm contacting you as I am currently looking for translators who are willing to contribute to this project, helping to translate and localize messages and suggesting messages that would appeal to Macedonian readers on the Fundraising Meta Page. Please let me know if you'd be interested in helping with this project, and add your feedback to the proposed messages as well! I look forward to working with you during this year's fundraiser. Schapman

Малку помош![уреди извор]

Фала за честитките (со мало задоцнување, не бев активен неколку денови)! Вака, пребарав доста на нашава Википедија и нема некои помошни страници за оценувачи. Од тоа што можев да видам - сфатив дека можностите ми се целосно исти! Само стискам доле дали е одобрена статијата. Тоа можев да го правам и пред да станам оценувач! Што е разликата? Исто така ако страницата е целосно вандализирана што треба да стиснам? Несоодветна? Исто така еве денес гледам си направил ти лично промена на некоја статија и пишува дека треба да се прегледа. Ми нема логика нели ако си администратор, автопотврден корисник или оценувач страната што ја уредуваш автоматски се смета за прегледана. Ништо не сфаќам. Ги мешам и поимите оценувач и патролер? Исто така некој нерегистриран уредувач ќе направи промена и промената се прикажува директно. Нели по табот читај е оригиналната верзија? И за крај ако некој отвори статија која сметам дека треба да се избрише да поставам само шаблон или да го избришам текстот?

Со години регулирам вандализам ама сега според новиов систем ништо не ми е јасно. Те молам ако може да ми објасниш, навистина сум збунет. Барам помошни страни но нема, или пак нема конкретно тоа што го барам.

P.S. Само ова го најдов! :) Поздрав--Макс(разговор) 14:54, 28 октомври 2010 (CEST)

Добро, фала. Во главно, ми го одговори прашањето. Сфатив отприлика, ќе читам уште е најверојатно ќе сфатам се што барам. Уште еднаш фала и голем поздрав!

P.S. Зошто не ми се појавуваат известувања на врвот на статијата (моментално е за одземање на статусот „избрана“ статија). Ако се одјавам тие се тука, а инаку не. Најверојатно нешто сум стиснал, ама што? Фала однапред и уште еднаш поздрав. --Макс(разговор) 16:08, 28 октомври 2010 (CEST)

Добри статии[уреди извор]

Здраво Кирил, како е? Нешто мене не ми е јасно, до скоро шаблонот за добра статија функционираше одлично. Го ставаш шаблонот во статија, и статијата се појавува во инкубаторот. Сега не е така. Сто пати е подобро да се појават статиите во Инкубаторот за да знам кои се за дообработка за избрана. Поз--Никола Стоіаноски 14:27, 29 октомври 2010 (CEST)

ПС: Почнав да ја проверувам статијата Семејно насилство, ќе ја биде супер избрана статија. Само не знам дали ќе издржам со проверката, треба време и долга е многу :) --Никола Стоіаноски 14:28, 29 октомври 2010 (CEST)
Ќе помогнам околу средувањето на статијата колку можам. Деновиве немам многу време, а сум зафатен и околу преведувањето на статиите за новата акција на прибирање на средства, според која корисниците на сите јазични изданија ќе смислуваат и предложуваат банери и ќе ги поставуваат на страниците на нивните јазични изданија, со цел да привберат средства од државите од кои имаат најмногу посетители. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:36, 29 октомври 2010 (CEST)

Банери[уреди извор]

Да ти кажам искрено, не знам што е таа акција. Дали е некоја голема акција за собирање доброволни средства или? Не знам како би помогнал. Поз--Никола Стоіаноски 16:10, 1 ноември 2010 (CET)

Persondata[уреди извор]

Еве шаблон за кој разговаравме пред некој ден, Шаблон:Persondata. Фактички треба да го разработиме, да се вметне во секоја биографска статија а потоа врз основа на податоците содржани во него со бот може да се генерираат разни списоци: Владетели по години, писатели, уметници, спортисти, научници и сл. Треба да се доработи овој шаблон и да се вметнат параметрите кои се неопходни.--brest (разговор) 14:03, 2 ноември 2010 (CET)

Translation[уреди извор]

Dear Kiril, can you please help me with a small translation? In the article de:Lazar Mojsov I have a list of three of his books, and tried to translate the book titles into German, but in the third one, I don't unterstand the part: "средби, луѓе, настани" - can you translate this into English or German? And should it read "во соработка и конфронтација" or "во соработка о конфронтација" (if o: what does "vo ... o" mean? vo ... i I would understand as "in cooperation and confrontation")? Thank you! -- Aspiriniks (разговор) 21:09, 3 ноември 2010 (CET)

Hello Aspiriniks. The usage of "o" instead of "i" is wrong, since in Macedonian "i" („и“) means "and" (und) and there is no conjunction such as "o" („о“) in the language, nor as a correlative or coordinated conjunction. Hence, it should be "во соработка и конфронтација". The translation of the part "средби, луѓе, настани" into English would be "meetings, people, events" (probably Begegnungen, Leute, Ereignisse in German). I point out "meetings" as "rendezvous", because it is used formally. Best regards.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:19, 3 ноември 2010 (CET)
Vielen Dank! Gruß, Aspiriniks (разговор) 19:25, 4 ноември 2010 (CET)

Добри статии и избрани[уреди извор]

Кирил како е? Што бидна со шаблонот Добра статија? Зошто не се појавуваат статиите кои имаат статус на Добра во Инкубаторот? Каде да ги најдам за да кандидираме статија? Ај те молам, ама сварно да го направиш ако можеш, да кандидраш статија за гласање за избрана зошто имаме избрано за до 14 ноември, а еве кај е 14 ноември имајќи го фактот дека една статија се гласа 7 дена. Поз--Никола Стоіаноски 00:10, 4 ноември 2010 (CET)

Имаше грешка со категоријата и во инкубаторот, па затоа не ги јавувало, но го средив тоа. Инаку, околу избраните статии, добро ќе биде да се нафатиме, но деновиве немам многу време. Мој предлог е да се закрпи статијата „Семејно насилство“ и да се поправат врските и додадат слики во статијата „Евгеника“. Во инкубаторот гледам дека има добри статии, но веќе премногу е да избираме само историски и шаховски статии. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:22, 4 ноември 2010 (CET)
Аха, а јас не ги гледам статиите во Инкубаторот, не знам зошто. Инаку семејно насилство може да биде скоро готова, не ветувам, ама ќе пробам да ја направам. Ти среди ја другата. Поз--Никола Стоіаноски 00:32, 4 ноември 2010 (CET)

Коментар на Селска чешма[уреди извор]

Здраво Кирил, Колку што можев да видам, ти си ми избришал еден коментар на Селска чешма. Тоа е непристојно, и те молам да не ти се повтори. Црноризец (разговор)

Ве молам посочете ми! Такво нешто не сум направил. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:48, 5 ноември 2010 (CET)

Минати избрани[уреди извор]

Здраво Кирил. Да ти кажам право на почетокот се мислев дали да ги оставаме или не, и се решив на отсранување поради една причина. Имено, кога ќе одиш на архивата за соодветната година, ако не ги бришев ќе ти се појавуваше текст дека таа статија била избрана. За да биде попрегледно и да се види кои се а кои не се веќе избрани се решив на тој начин. Значи дава прегледност на тој што ќе пребарува дека таа статија на тој ден била избрана и остранета на тој и тој датум. Мене ми седи ок, ако не е кажи како да средиме. Поздрав --Никола Стоіаноски 20:08, 8 ноември 2010 (CET)

Па добро тоа не е некој голем проблем. Ако има реакции, ќе отвориме дискусија и ако има потреба од враќање на малиот текст ќе го вратиме и ќе ја додадеме сегашната реченица на дното. Инаку, ја предложив летонски јазик за избрана, сега ќе ја предложам семејно насилство (при крај сум со рецензија) и предложив нови за ревизија. Провери ги ако сакаш. поз--Никола Стоіаноски 20:59, 8 ноември 2010 (CET)
Да, мислам дека е за оваа статија мислев Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка). поз--Никола Стоіаноски 21:12, 9 ноември 2010 (CET)
Нелоу Кирил. Ај ако сакаш види ги предложените статии за ревизија, па ако ти фаќа око. Инаку тука гласал некој нов корисник и не знам дали е валиден. Провери ти сепак. Поз--Никола Стоіаноски 15:37, 10 ноември 2010 (CET)

Благодарам за наградата... поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 19:57, 11 ноември 2010 (CET)

Кремљска награда[уреди извор]

Благодарам од се срце за наградата, чест ми е. Се надевам дека ќе продолжам(е) во постојано темпо и се надевам дека Вие заслужувате многу повеќе од мене. Подрав и пријатна работа--Тиверополник (разговор) 20:05, 15 ноември 2010 (CET)

Благодарам и мала помош[уреди извор]

Благодарам Кирил. Нов сум на Википедија и немам големи познавања, ама лека-полека учам. Во иднина ќе ставам се повеќе статии поврзани со економија, а можеби и со други теми. Кирил, би Ве замолил за мала помош. Јас ја создадов статијата за селото Мраморец (јас потекнувам оттаму) и не знам како да ги направам следниве промени: прво, веднаш на почетокот (од десно), на местото каде што пишува име, координати, поштенски број итн., кога ќе кликнам на уреди, никако не можам да видам каде треба да го ставам повикувачкиот број. Бројот е 046, така што ќе Ве молам да го додадете ова; второ, не знам како можам да додадам фотографии за Мраморец (го прочитав упатството, но многу ми изгледа компликувано или пак јас не се снаоѓам). На www.google.com најдов фотографии од селската црква, но не знам како да ги прикачам.

Уште еднаш Ви благодарам и Ве поздравувам ГП (разговор) 22:59, 4 декември 2010 (CET)

Избрани статии[уреди извор]

Здраво Кирил. Како е? Сакам да те прашам, дали имаш некоја добра, средена и голема статија за да ја кандидираме за избрана? Планирам да предложиме неколку, некои ќе седнам да ги средам деновиве, за да имаме за цел месец јануари. Истово му го пишав и на Тивер па мислам дека ќе кандидираме неколку за да си обезбедиме избрани. Поз--Никола Стоіаноски 20:24, 28 декември 2010 (CET)

ПС:Ако немаш, дај да седнеме и да средиме јас ти и Тивер по две добри статии и да ги кандидираме. --Никола Стоіаноски 20:25, 28 декември 2010 (CET)
ОК договорено. И јас после Нова година ќе имам повеќе време па се надевам ќе имаме продуктивна работа. --Никола Стоіаноски 00:00, 29 декември 2010 (CET)

Нешто[уреди извор]

Види, да не беше корисникот немаше да знам за квази наука, да не речам квази-лингвистика. :) --Никола Стоіаноски 16:48, 31 декември 2010 (CET)

Не знам што да ти одговорам. Би било престрого да се преземат некои екстремни мерки, па мислам дека со обична љубезна опомена би можело да се промени нешто. На крајот на краиштата станува збор за корисничка страница на која е дозволена одредена доза на слобода во изразувањето.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:03, 31 декември 2010 (CET)
Па нема што да се одговори на глупости, само ти го кажав за да се почудиш малку. Инаку веќе е опоменат, и мислам дека си грешка за слободата на објавување. Без разлика дали е корисничка страна или не, ако таа реченица се смета за навредлива за Викизаедницата (а знаеме дека е) и се смета за говор на омраза (а знаеме дека е), тогаш веднаш се реагира. На ен вики одма ќе ти го тргнат тоа без опомена, но ако инсистрираш може и блок да следи. Сум видел вакви ситуации. Поз--Никола Стоіаноски 17:07, 31 декември 2010 (CET)