Разговор со корисник:Jovanoska Ivona

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Jovanoska Ivona, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Kolega2357-Bot (разговор) 22:46, 8 април 2013 (CEST)[одговори]

Статистичка популација[уреди извор]

Масовни појави имаме тогаш кога тие се појавуваат во огромен број на индивидуални случаи.Збирот на индивидуалните случаи(јавувања,манифестации)во статистиката се дефинира како статистичка маса,основна маса или популација. Статистичката маса може да се состои од голем број на предмети или битија(претпријатија,изградени станови,производи за исхрана,вработени работници,земјоделски површини,градско население и тн.),чии карактеристики се набљудуваат во дадениот момент како би се утврдила структурата по тие карактеристики. Таа може да е сочинета од голем број на настани(произвоство,извоз и увоз на стока,живородени,умрени,склучени бракови и тн.)чии карактеристики се набљудуваат во текот на времето онака како што тие се случуваат.Статистичките постапки се фокусираат на извлекување заклучоци за големи популации на единици преку користење на мали примероци од нив.Содржината и формирањето на статистичката маса се определени од природата на појавата,целта на истражувањето и од расположливите можности за набљудување.

Барања на статистичката популација[уреди извор]

За правилно дефинирање на статистичката маса мошне е важно да се познаваат барањата на статистичкото истражување кои обезбедуваат рамноправност и сигурност на заклучоците на дадената маса.Тие барања се хомогеност,сеопфатност и диференцираност. Статистичката маса е хомогена ако единиците кои ја конституираат масата се истородни и споредливи.На пример,студентите во нашата земја,иако се разликуваат по многу карактеристики(години на студирање,видот на факултетот,занимањето на родителите,националност и тн.),претствуваат статистичка маса,бидејќи им е заедничко тоа што тие се студенти.Меѓутоа редовните студенти на Економски факултет се похомогена маса,бидејќи покрај општите карактеристики кои ги имаат сите студенти,тие се редовни студенти и студираат економија.Кога единиците немаат ниту една заедничка карактеристика,тогаш тие не може да сочинуваат статистичка маса.Треба да се каже дека хомогеноста на статистичката маса треба да се сфати како релативна хомогеност.Така,на пример,пензионерите и учениците меѓусебе мошне се разликуваат,но и едните и другите го сочинуваат неактивното население и од тој аспект претставуваат статистичка маса. Принципот на сеопфатност бара масата да ја конституираат сите единици на кои се пројавува набљудуваниот белег. Едно од најважните својства на статистичката маса е диференцираноста на единиците според вредностите на белегот.Единиците на масата треба да се истородни,но тоа не значи и еднакви,туку истовремено различни по определени белези,односно издиференцирани по модалитети на заедничкиот белег.Така,на пример,жителите кои припаѓаат на масата селско население можат да се разликуваат по низа белези:пол,старост,занимање,брачна состојба,писменост,висина на приходите и сл.Затоа велиме дека оваа маса е диференцирана.Целта на статистичкото набљудување,всушност ,е испитување на диференцираноста на масата во поглед на некои особености и нивно квантитативно истражување.Масата мора да се дефинира за секое статистичко истражување.

Принципи за дефинирање на статистичката популација[уреди извор]

Принципите врз ознова на кои се врши дефинирање на масата се: принцип на суштинска(појмовна,содржинска),просторна и временска определеност. Принципот на суштинска определеност на статистичката маса бара определување на белезите кои мора да ги има секоја единица како би била вклучена во масата. Принципот на просторна определеност бара единиците кои ја сочинуваат масата да припаѓаат на определена територија,простор.Принципот може да не се почитува ако појавата има општ карактер односно нема просторна ограниченост. Принципот на временска определеност бара единиците кои ја конституираат масата да носат белег карактеристичен за дадениот момент на набљудување или за дадениот временски период.

Наводи[уреди извор]

Ристески Славе, Тевдовски Драган (2010): „Статистика за бизнис и економија“, четврто издание, Скопје: Економски факултет – Скопје. ISBN: 978-608-212-009-6