Разговор со корисник:INkubusse/Архива 7

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната страница за разговор.
Архива 7


Павел Шатев[уреди извор]

Те молам, како админстратор да се намесиш во спорот за непостоечкиот весник "Свободна Македония издавуван во София" во статиjата за Павел Шатев. Видувам дека корисникот Raso_mk е добар поет, но не се сообразува со правилата на википедиjа. Уредуването е чиста пропаганда и jавна лага. Поздрав! --Стан 19:41, 7 јуни 2008 (UTC)

не си разбрал добро. Статијата се вика свободна македонија, а весникот не се сеќавам во моментот. ама извор ќе следи--Raso mk 19:44, 7 јуни 2008 (UTC) Р.Ѕ. Вопреки тоа е референца, и извор не треба
Не можам да се наместам никако, ама мислам дека кажав убаво на страницата за разговор. Ако постои весникот - ќе стои цитатот; ако не постои весникот - не може да стои цитат од непостоечки весник, нормално. Е сега, ако нема ни трага од весникот, нормално дека земаме дека не постои. Како што кажа Рашо, ќе го каже името на весникот, па ќе се провери работата. Ако не може да го најде, тогаш мислам дека е многу јасно, а и на Рашо му е јасно дека не би било во ред. --iNkubusse A? 23:46, 7 јуни 2008 (UTC)

Администрација[уреди извор]

Се согласувам да преведувам службени страници, но треба некако да се усогласиме со терминологијата што ја употребуваме, т.е. да бидеме доследни. --Б. Јанкулоскиразговор 22:06, 7 јуни 2008 (UTC)

Токму тоа ми беше поентата со Корисник:INkubusse/Администрација. Таму се сите категории од категоријата „Администрација“, односно нивните имиња. Прво нив треба да ги преведеме, а за тоа да биде заедничка работа, ја составив табелата. --iNkubusse A? 23:33, 7 јуни 2008 (UTC)

62.162.167.192[уреди извор]

Здраво iNkubusse! Мило ми е што има администратори на македонската верзија на Википедија кои се грижат за правописот. За жал, навистина се реткост луѓето кои се грижат за правописот. Иако не сум стручно лице за македонски литературен јазик, сепак барем можам да препознаам дека зборови како „доле“, „бутка“, „подршка“ наместо „поддршка“, „пето“ наместо „петто“, „земал“ наместо „зел“ итн. не се литературни. Затоа, секаде каде што сум 100% сигурен дека има погрешни зборови, ќе ги поправам. Во моментот немам доволно време да се регистрирам, но за кратко време ќе се регистрирам и ќе се трудам да придонесам, ако ништо друго, барем во овој дел од македонската Википедија.

Поздрав! (коментар од 62.162.167.192 02:04, 9 јуни 2008 (UTC))

Има повеќе луѓе овде кои се грижат, а грешките се направени или заради лапсуз или од незнаење, ама сите се грижиме! :) Веќе те поканив да ни се придружиш, а сега те очекувам (и се надевам да те видам!). Кога ќе имаш малку повеќе време и ќе бидеш регистриран, те молам прати ми една порака со новото корисничко име, за да можам да те препознаам и да ти помогнам. Патем, потписот на крајот од пораките се прави со внесување четири тилди ( ~~~~ ). Поздрав! --iNkubusse A? 15:09, 9 јуни 2008 (UTC)

Слики без наведен извор[уреди извор]

Еј! Наидов на некои слики каде има лиценца (ставиле шаблонче), но нема наведен извор. Бидејќи немаше соодветен шаблон, го создадов {{немаизвор}} и го репам на сите слики без наведен извор на тој начин што прво го известувам корисникот кој ја подигнал сликата да наведе извор, ако не сите имаат рок од седум дена и после бришење. Ок ли е тоа? --Brainmachinewtf? 20:10, 9 јуни 2008 (UTC)

АПДЕЈТ: Аааааааааааа!! Сите слики се без извори!!!! Паника!! Паника!!! Леле, ги маркирав тие што ги маркирав, а потоа, кликнам на слика, нема извор! кликам на 4та, нема извор!!, кликам на 5та нема извор!!! Аман! --Brainmachinewtf? 21:39, 9 јуни 2008 (UTC)
Yes check.svgОк Примено, така ќе работам. Се согласувам за тоа од каде да се почне. Инаку сега сум зафатен малце со Евтини приказни, ако ја завршам оваа недела, планирам да ја предложам за избрана статија. Многу добро оди сега за сега. Заклучив дека Википедија не се уредува ако си ненаспиен или ненајаден, можеш да добиеш непотребни напади на паника :D --Brainmachinewtf? 17:12, 10 јуни 2008 (UTC)

Здраво!

Те молам да ми помогнеш околу линковите. Имено, кај статијата Милан Младеновиќ, линкот Екатерина Велика не води кон статијата која ја започнав вчера. Се обидов на неколку начини но за жал не ми успева. (коментар од Andreina 19:41, 10 јуни 2008 (UTC))

Жалба[уреди извор]

Здраво! Овој корисник Αύγουστος ми досаѓа некое време и вреѓа постојано и мислам дека е време да го блокираш пак. Го знам кој е од Англиската Википедија е и верувај секогаш е блокиран со над 48 часа но и таму не му иде паметот. Блокирајк го зошто тука е само да ми ваѓа живци мене а по некогаш и на Рашо. Има кошмари он мене и сега само вреѓа ама треба да превземеш нешто, тие зборови негови не се поднесуваат. Види на негова страна за разговор те молам. Поздрав--MacedonianBoy 22:15, 10 јуни 2008 (UTC)

Благодарам[уреди извор]

За ЕКВ. (коментар од Andreina 18:31, 11 јуни 2008)

За мене[уреди извор]

Глаголите кои се однесуваат на мене нека завршуваат на А, согласно мојот род. Инаку благодарам за помошта (ти реков дека на почетокот ќе ми треба време да се снајдам тука). Имам навика да ги ставам наводниците горе бидејќи во Word пишувам многу често на латинично писмо (италиј. јазик) каде што наводниците се ставаат горе. Ќе внимавам тука правилно да бидат внесени. Слободно укажувај ми кога имам грешки или неправилности. ПоздравAndreina 20:24, 11 јуни 2008 (UTC)

User pages[уреди извор]

Hello. Thank you for your translation of my userpage. I wouldn't really mind it, if only it hadn't brought about other edits of an IP. I am not able evaluate the changes made to your translation but I am especially worried of this altering the meaning of my own words in Bulgarian (наемам - заемам). This is why I prefer to revert it to my last edit. If your community is so allergic to Bulgarian, I can leave an English translation, but I am not really happy to have my userpage editted by everybody :-) . No bad feelings. Spiritia 18:04, 12 јуни 2008 (UTC)

Thanks for your note and explanations. You may think of it as of overreaction, but the truth is that in my community it's very rare when legitimate edits on others' userpages need to be done, and in general these are regarded as vandalism and reverted.
I decided to unify the text with the texts of the majority of my other user pages across wikimedia. This required some changes, and in the meanwhile I understood you've updated the transl. Thanks for notifying me.
About наемам/заемам. Their meaning (lend/borrow/rent/lease) may widely vary among the contexts and in general they are antonyms and even заемам may mean exactly opposite things, depending on the surrounding words. When used with се (наемам се / заемам се) they are also different in sense: заемам се means "undertake, involve in an enterprise", while наемам се is more or less dare to, risk doing smth. There is a semantic difference and the change made by the IP was really inappropriate. In the first moment when I saw the BG text, before I realized that it was altered by someone else, I thought "oh my god, how could I write this piece of folly..." :-)
About the images. Good that I have come across the right person, you. So far I have not had problems that require your help, but I will have you in mind. The situation in which a Commons sysop may need local sysop's help is the following: Locally uploaded images are constantly transfered to Wikimedia Commons, with incomplete, incorrect or otherwise suspicious licensing/author information. Original upload logs are often forgotten. Very often the local copies are deleted by local sysops who do not compare the information, do not correct it, if needed, and after deletion it gets inaccessible to regular users. Sometimes I discover discrepancies or incompletenesses but I am unable to verify the information by myself so I need to contact a local sysop. This is a very common problem on English Wikipedia, for instance. So, your help may be required to copy/paste original upload log of a deleted file and/or original content its deleted description page. I will contact you if needed. On the other hand, you may also need specific sysop help on Commons, feel free to contact me.
Regards, Spiritia 07:26, 13 јуни 2008 (UTC)
About icons: I have consulted a colleague who graduated theology, and I know for sure that Orthodox Christian church rejects the concept of authorship over icons or any other forms of religious art. (Not sure what is the Catholic point of view, but I suppose the same.) Icon painters are considered to get their inspiration directly from God and while drawing, they are only divine tools; i.e. if any authorship has to be attributed it would be the Holy Spirit itself, not to the painters :-) Hence, the proper license for photos of icons is commons:Template:PD-art.
The same license also holds for:
  • any piece art whose author is known and who has died at least 70 years ago, or
  • any anonymous piece art which date of creation is known and a reasonable suggestion can be made that 70+ years have passed since author's death. Of course, cases of anonymous artworks should be handled with special care even if the date of creation is ~ 100-120 years ago.
About automatically generated lists, here you are several tools:
You may also check the Special:SpecialPages, bg:Помощ:Външни инструменти, en:Wikipedia:Tools and meta:Toolserver/TStoc for other useful ideas. :-) Spiritia 09:28, 13 јуни 2008 (UTC)

Глумец или актер[уреди извор]

Во суштина не постои разлика меѓу двата збора, дури и овде на македонскава Википедија се даваат како можни и двата термини(мо статијата Глумец). Мене лично некако помакедонски ми звучи зборот актер што не значи дека сосем го ислучувам од употреба другиот. Напротив, во неформален разговор го употребувам тој збор. Во секој случај мислам дека не е никаков проблем што така сум го преведувала. Поздрав. Andreina 18:06, 13 јуни 2008 (UTC)

Прашање[уреди извор]

Дали воопшто ги блокира грците на разговорот на Августос? И ако не како може да се дозволи такво сељачко зборење и да не се блокирани? Те молам реагирај иритира таков разговор. Поздрав--MacedonianBoy 18:14, 13 јуни 2008 (UTC)

Еве го пак коњот.....пак вандализира. На англиската е баниран па овде се истура од нервоза. тој корисник е болен од грчки простотилок. --MacedonianBoy 18:20, 13 јуни 2008 (UTC)
Блокирај го за секогаш, не се секирај него не му иде памет. Милион пати е блокиран на англиската.
Ок, нема проблем.--MacedonianBoy 18:30, 13 јуни 2008 (UTC)

Барање за администраторски статус[уреди извор]

Администратору,ве молам одговорете на следново прашање: Кога ќе се соберат корисници кои ќе гласаат на барањето за администраторски статус дали влегувам или не во листата на администратори??? Затоа што нема никој кој ја посетил страната!

Filip 18:43, 13 јуни 2008 (UTC)

Извинете, но не ви го разбирам прашањето. Можеби прашувате како се станува администратор. Пред сѐ, не постои точно прецизиран критериум за постанување администратор, но општо важи дека: администраторите се барем 3 години (искусни) членови на Википедија кои темелно ги познаваат нејзините правила и напатствија. Исто, како непишано правило важи и да имаат голем број на измени (edit counts), барем повеќе од 5000, што кажува за нивното искуство на Википедија. За да се стане администратор мора да се постигне консензус во заедницата, што не е исто и многу се разликува од гласање. Да не објаснувам дополнително, ако сакате да допринесувате на Википедија - повелете. Инаку, не можете да знаете дали некој ја посетил страницата, но ќе ви кажам, ја посетив, нормално, уште кога беше направена. Како едно од „правилата“ на Википедија стои дека администратор може уште веднаш да го повлече барањето ако е неосновано или направено по грешка. Видете Википедија:Водич за барања за администраторски статус за повеќе информации (коишто не ви се потребни).

Прашање[уреди извор]

Дали можам и јас да бидам или да побарам администраторски статус? :) Поздрав--MacedonianBoy 20:03, 13 јуни 2008 (UTC)

Бидејќи Википедија е отворен проект, секој може да побара администраторски статус, па дури и анонимен корисник. :) Само треба да се направи номинација со два-три клика. Исто така, теоретски, секој може да стане администратор, но не би ти препорачал да се замараш со тие работи, бидејќи администраторскиот статус е нешто сосема друго од она што обично го мислат луѓето. Администраторите имаат апсолутно исти права како и останатите корисници и смеат да ги прават истите работи како и другите. На пример, и јас и ти можеме да блокираме некого, само ако блокирањето е основано. Значи, сѐ што треба да направиш, е да ми укажеш на корисник што сметаш дека треба да биде блокиран, и ако навистина треба да биде (според правилата на Википедија), јас - како алатка на заедницата - ќе го блокирам. Инаку, има навистина многу работи што не ги познаваш, особено технички, и пријателски ти кажувам: не ти треба да губиш време со тоа. Прочитај го ова ако сакаш. Можеби и на шега си ме прашал, но сепак сметам дека треба детално да ти одговорам. Ти си навистина вреден уредувач кај нас и те поддржувам да продолжиш активно да придонесуваш, како и до сега. Поздрав. --iNkubusse A? 03:37, 14 јуни 2008 (UTC)

Placebo[уреди извор]

Ете, ја започнав статијата --> Placebo :) --Brainmachinewtf? 23:53, 13 јуни 2008 (UTC)

Еее, фала Богу се најде некој! :) Ај аирлија нека е, ќе ти помагам деновиве. ;) --iNkubusse A? 03:37, 14 јуни 2008 (UTC)

Направив нова статија:Најголемата жаба и ако можеш да ми помогнеш:-) --Filip 08:52, 14 јуни 2008 (UTC)

Blok[уреди извор]

Ќе ти додевам ама коњов АВГ пак навредува со сахарски глупости. Еве ја едната ИП адреса 212.200.172.199 и неговата со која е регистриран. Значи ако можеш блокирај ја оваа ИП адреса погоре и ИП адресата со која е регистриран коњов. Поздрав --MacedonianBoy 22:16, 14 јуни 2008 (UTC)

По можност бесконечен.--Raso mk 22:34, 14 јуни 2008 (UTC)
Види, Рашо, ако е до мене, јас би му забранил општ пристап до Википедија, ама не е. Не е до никого, всушност. Дечкото има динамична IP адреса и му се менува прилично често. Никако не може да се блокира на повеќе од еден ден. Ако неговата сегашна IP адреса се блокира на два дена, утре некој друг ќе биде блокиран недолжно, а тој ќе продолжи да вандализира. Според мене, најдобриот начин да се отарасиме од него е да го игнорираме, сите, целосно. Ги набљудувам вашите страници, па ако напише нешто, ќе го блокирам. Ако вандализира на друго место, само дајте линк (надворешен, со токму тоа уредување). Сепак, не сум тука 24/7 и може малку да задоцнам, извините во тој случај. И уште нешто: ве молам не го нарекувајте „коњ“... Од други причини... :D --iNkubusse A? 06:01, 15 јуни 2008 (UTC)

Овој навистина ли е Авг од англиската? Оти тогаш „коњ“ е премногу пријателски. Можеби ни треба en:WP:AIV или en:WP:AN тука, за да не ти досадуваме секогаш :D. Балканец What man, what? 09:53, 15 јуни 2008 (UTC)

Не знам бе луѓе, не го знам јас овој. Знам еден AVG од англиската, ама тој знае англиски, веројатно не е тој. Инаку, уште еднаш да кажам: кога и да се појави, известете ме веднаш или известете го моментално најактивниот администратор ако не сум уредувал во последните 30 минути. --iNkubusse A? 09:59, 15 јуни 2008 (UTC)
Па затоа мислам Администраторски noticeboard ќе биде добра идеа. Балканец What man, what? 10:24, 15 јуни 2008 (UTC)
Дефинитивно. Сум размислувал, ама никогаш не сум се решил да го направам. Ок, ќе направиме едно такво деновиве. ;) --iNkubusse A? 10:31, 15 јуни 2008 (UTC)

>Ej ej ej, AVG od angilskata e sto posto. I vo pravo e Balkanec, konj e mal zbor za nego. Ološ ne viden --MacedonianBoy 11:08, 15 јуни 2008 (UTC)

Вака, ова го тврдам: ако мислите на en:User:Avg, AVG многу добро зборува англиски. Нашиот вандал зборува само почетнички. Во случај да е истиот корисник, тогаш се работи за еден тежок meat puppeteer. Што и не е многу за чудење!! Имаше „еден“ бугарски корисник кој еден ден знаеше совршено англиски и зборуваше на прилично уметничко ниво, а друг ден немаше врска. Можеби некои од вас го препознаваат... :) Во секој случај, вандал си е вандал. --iNkubusse A? 11:16, 15 јуни 2008 (UTC)

>E taka e. Pozdrav --MacedonianBoy 11:21, 15 јуни 2008 (UTC)

Admin baraj[уреди извор]

Здраво!Администратору,направив нова корисничка сметка и добро се запознав со Wikipedia затоа што кога бев со корисничко име Admin baraj се упропастив.Сега се од почеток направив а незнам како да ја избришам старата корисничка сметка.Ако можеш избриши ја... Поздрав, Filip88 10:04, 15 јуни 2008 (UTC)

Здраво адмнистратору!Се однесува за пораката која ми стигна пред малку време дека не смеам да пресонализирам страници од главниот именски простор и страници за разговор од главниот именски простор.Кога го направив тоа? Поздрав, Filip88 14:10, 15 јуни 2008 (UTC)

Шаблон:Инфокутија за село во Република Македонија[уреди извор]

Еј господине администраторе :-D дали е можно, односно дали шаблонот има можност во него да се стави слика. Поентата ми е, бидејќи шаблонот репрезентира села, добро би било во него на почетокот, или на крајот да има слика од селото...итн--Raso mk 19:52, 15 јуни 2008 (UTC)

Хм, добра идеја. Зошто да не?! Име - Слика - Локација - Информации. Оваа инфокутија ми е на ту-ду листа одаааамна, за нигде сум! И сега пак, сега фудбалот да заврши, па полагам информатика утре, па после тоа философија... Ама шаблонот мора да се среди, катастрофа е. Користејќи мета-шаблони ќе го средиме, не мора да биде така со плејн хтмл. Само малку да се ослободам... --iNkubusse A? 19:57, 15 јуни 2008 (UTC)
Ок, ајде крши нога, па ќе се среди се.--Raso mk 20:06, 15 јуни 2008 (UTC) Р.Ѕ. Чешка водииииииииииии
Хехехеее, каков натпревар, најдобар до сега на европсково! ТУРЦИЈАА!! :D

Горанци[уреди извор]

Забележав дека Горанци пренасочува кон македонци муслимани (што е апсолутно коректно), но бидејќи сакав да направам посебна статија за нив мислам дека треба да прашам. Имам доста податоци за нив и сметам дека тие неколку групи на македонски муслимани имаат посебни етнолошки карактеристики. Дали сметаш дека треба да се направи посебна статија или во самиот текст на македонски муслимани да се напише нешто.--Raso mk 20:43, 15 јуни 2008 (UTC)

By the way Raso, would it be a problem if you stopped calling us [tatars]? It's really unpleasant, like if someone started calling you a Gipsy or a Bulgarian. --Laveol 21:03, 15 јуни 2008 (UTC)
Другарче, како прво имам своја страна за разговор, а како второ само потенцирав дека гораните не се татари, што значи дека јас не сум спомнал никакви бугари, па за да ги споредам со нив. Татарите се конститутивен народ во Татарстан и Русија. Можеби требаше да речам индијанц или сл.--Raso mk 21:11, 15 јуни 2008 (UTC)
Ние не сме глупави, разбираме от намеци...– Biohazard orange.svg Tourbillon 21:12, 15 јуни 2008 (UTC)
Од каде??? (одговори те молам)--Raso mk 21:21, 15 јуни 2008 (UTC)
And what it offencive there? If we name someone Frenchman so then is not offencive, right? Stop complaining to everything. Your claiming that there is no Macedonian language is more paintful. Regards and pls stop keep talking on same subject all the time.--MacedonianBoy 22:24, 15 јуни 2008 (UTC)

Ок, со ред:

  • Рашо, ако имаш доста голем (и поддржан од доверливи извори) текст за Горанците, пожелно е да напишеш статија за нив, но само како дел од темата Македонци-муслимани. Значи, статијата да почнува со нешто како „Горанци е назив за муслиманското население од таму-и-таму што се изјаснува како тоа-и-тоа...“ Се разбира, на главната статија за Македонци-муслимани треба да има дел за Горанците, којшто дава краток преглед на темата и го насочува читателот кон главната статија со {{Главна}}. Но ако нема толку многу текст, попаметно би било само да се интегрира во статијата Македонци-муслимани.
  • Laveol, man, please... I think you're far more advanced and you know that such comments on my talk page, which don't concern me in any way, are really unpleasant and even disturbing to me. You could also make your point at Raso mk's talk page. Now, if you're trying to tell me that you find Raso mk's statement offensive, you should've just put it that way. Here, I'm asking everyone to stay civilized and continue editing in a polite manner.
  • Tourbillon, contrary to your persuasion, I have never heard the word "намеци" in my whole life, nor do I have the slightest idea about its meaning. My advice is that you start using English in talk pages. That way, your utterly unconstructive remarks should be more likely to be paid attention.
  • Уште еднаш: дечки, ве молам, ако сакате да си разговарате, користете ја страницата за разговор на оној кому му се обраќате. Фала ви. --iNkubusse A? 17:17, 16 јуни 2008 (UTC)

Шаблон ФС[уреди извор]

Еј INkubusse ми го прати оној предлог на мојата страница за разговор со шаблон ФС да го користам за составите што ми се пишани на Википедија или со најдобриот состав или пак двете аи и те молам среди само еден таков состав ( или повеќе ако сакаш ќе ти бидам повеќе благодарен ) за да видам пример и понатаки сите да ги направам така --Stefan40-3e3e 06:55, 16 јуни 2008 (UTC)

Мислам дека ти ја посочив статијата Јувентус, односно делот за неговите играчи. Ако стиснеш на „уреди“, ќе видиш еден многу убав пример за користењето на тие шаблони. Исто така, се користат и на Арсенал ФК, Арсенал ЖФК, Челзи ФК и уште некои. Еве, стисни овде, овде или овде. Сите три се добри примери за користењето. Нека ти служат исто како да сум ги направил сега (бидејќи ме замоли да средам еден таков или повеќе :P).
Инаку, можеш најслободно да експериментираш на некоја твоја потстраница за експериментирање. Обично ги именуваме како „Песок“ (sandbox), но можеш како сакаш да ја именуваш. На пример, стисни на Корисник:Stefan40-3e3e/Песок и пишувај апсолутно што сакаш и колку ти душа сака! :) Слободно креирај ја, тоа е твоја лична страница за вежбање. --iNkubusse A? 17:17, 16 јуни 2008 (UTC)

Знамиња[уреди извор]

Аце, ај ако можеш види што се случило со знамињата - нешто ја разгледував статијава. Патем, мислам дека треба да се посочи на корисниците да се користат македонизираните шаблони за државите или, којзнае, ако има нешто ново (зашто одамна не сум бил) и нешто друго - само да биде едно, стандардизирано. Поздрав, --Виктор Јованоски 12:42, 16 јуни 2008 (UTC)

Сѐ е по старо со знамињата, но не се користат „македонизираните“ шаблони. Веројатно затоа што при преведување од англиска статија, се користат шаблоните што ги користат на англиската. Нема ништо ново, но мојот став спрема ова е дека треба да биде само едно стандардизирано, а тоа треба да биде токму шаблонот {{flagicon}}/en:Template:Flagicon. Си има многу добра причина (што порано не ја знаев), а тоа е бидејќи користејќи само еден шаблон (којшто користи други), можеме да правиме знаменца од која држава сакаме. Така е многу полесно, а и се штеди многу, бидејќи нема потреба од посебен шаблон за знаменце за секоја држава. Сепак, му треба многу средување и на тој шаблон (кај нас, нормално), како и општите шаблони за државите. --iNkubusse A? 17:17, 16 јуни 2008 (UTC)
Не ѕнам дали си ме сфатил - ако ја погледнеш статијата и отидеш долу кај табелите ќе видиш дека недостасуваат половина и повеќе знамиња. Во секој случај - ако имаш време види што е. Ако не - од утре вечер почнувам и јас да се вклучувам на Википедија, така што ќе проверам јас. Па се гледаме почесто од утре, така да речам, --Виктор Јованоски 19:49, 17 јуни 2008 (UTC)
Да, да, те сфатив, но шаблонот {{flagicon}} си е истиот, а проблемот е на друго место. Имено, тој шаблон ги користи општите шаблони за податоци за држави, односно оние со префикс Шаблон:Country data. Само го зема знаменцето од шаблонот за државата и го поставува, на начин условен од внесените параметри. Проблемот на статијата е што за многу држави ги нема шаблоните Country data. Пр. Шаблон:Country data Австрија, Шаблон:Country data Венецуела итн. Треба за сите држави да има таков шаблон, како на пример Шаблон:Country data Германија, Шаблон:Country data Франција итн. --iNkubusse A? 10:51, 18 јуни 2008 (UTC)

Горанци[уреди извор]

Што мислиш за статијата за горанците сега? Мислам уште многу да пишувам. --Raso mk 16:59, 17 јуни 2008 (UTC)

Не е лошо за сега, само би ти препорачал да побараш некои извори за самоидентификувањето на Горанците. --iNkubusse A? 19:40, 17 јуни 2008 (UTC)

Images[уреди извор]

Hi INkubusse, just wanted to say thank you for taking the matter of the image deletions in hand. I know it's a lot of work and not of the nicest kind. Unfortunately I also found a few dodgy ones among your own older uploads (tagged a few today), so I'd recommend you also go through your own log and clean up any remaining mistaken uploads there. Thanks, Future Perfect at Sunrise 08:55, 18 јуни 2008 (UTC)

Sure, that's one of the priorities on my to-do list. I already tagged/deleted a few of them. Also, I hope I can rely on you in case of some more complex issues, in terms of guidance. Thanks in advance. --iNkubusse A? 10:32, 18 јуни 2008 (UTC)
Thanks for your hints about the tags. About the permissions, sure, if you can get permissions from the copyright holders, that would be the best thing. However, it's unfortunately necessary to be rather nitpicky about those, because the permissions must make sure the images are free not only for us to use, but also for others to re-use. It's not enough if those guys tell you: yes, you can use them on wikipedia. You must explicitly tell them about licenses such as GFDL or cc-by-sa, and ask them to release the image under one of those. If you get somebody's permission under those terms, you can document that by posting their e-mail (if they don't mind), or even better, forward their e-mail to "permissions at wikimedia dot org", then they get centrally registered.
By the way, I'm having trouble understanding some of the things Bjankuloski is doing with his new tags. He's re-tagged a number of images as "јавен домен бидејќи е државно дело" [1]. I'm confused, what's "државно дело", 'a national work' or something? That sounds fishy. I guess I'll need to have a word with him about that. These images were all previously uploaded on en-wiki by en:User:Macedonia, who said they were from sites like "exploremacedonia" and the like, so they'd evidently be copyrighted.
As you can see, I'm learning some Macedonian in the process :-) Future Perfect at Sunrise 17:32, 18 јуни 2008 (UTC)
Alright, I made contact with the guy at http://www.draslajca.freeservers.com/ (about this picture) and he just said that we have permission to use all the images from that site... as well as the ones at http://lokov.4t.com/ (of course I'm not quoting). But I did not know about the other things you told me in the previous message, so I guess I'll have to ask him to... Maybe send me another email stating that he releases the images under GFDL or the like? And then forward the mail to the address you gave me? I'm really unfamiliar with those procedures, so I'd be very grateful if you showed me how it works, because I'll need it for many other images as well.
And yes, "државно дело" means exactly 'a national work' (literally: 'a work of the state'). Nice going! :) I guess that means that works by the state (RoM) are in the public domain, but I'm far from sure. Well, it needs sourcing anyway. By the way, if you need any help regarding Macedonian, do ask me, I'm very eager to help people out with Macedonian! ;) --iNkubusse A? 12:15, 20 јуни 2008 (UTC)

Мала награда[уреди извор]

Tireless Contributor Barnstar.gif Награда за неуморниот уредувач
Јас, Brainmachine, ти ја доделувам оваа награда на тебе, iNkubusse, за континуираниот неуморлив труд вложен во македонската Википедија со кој значително се подобри нејзиниот квалитет, за неутралност, смиреност и мудрост во администрацијата и за големата драгоцена помош која ја даде на голем број на корисници. Ти си нашиот Џимбо! We love you, man! Brainmachinewtf? 22:27, 18 јуни 2008 (UTC)

Хехе, што ќе кажеш за новиот систем на барнстарчиња? Види го шаблонот {{Барнстар}} што го направив, со него многу лесно се создаваат вакви награди. И мислам дека во иднина треба и почесто да ги доделуваме, интересни се и ги стимулираат луѓето на работа. Тоа е една од наградите кои можеме да ги добиваме за вложениот труд - признавање од вики-заедницата, создавање на пријателства и ширење на вики-љубовта. Let's spread the Wiki-Love! --Brainmachinewtf? 22:27, 18 јуни 2008 (UTC)

Па, што да кажам... Ја модернизираш македонската Википедија биг тајм! :) Треба да го следиме светскиот тренд (мислам на en.wiki хаха). Патем, фала ти многу за „малата награда“, многу ми поласка текстот и го доживувам како признание дека трудот што (мислам дека) го правам навистина вродил! Фала ти многу. ;) --iNkubusse A? 12:15, 20 јуни 2008 (UTC)