Разговор со корисник:Doboli

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Библија[уреди извор]

Здраво, јас сакам да ве потсетам дека ова е енциклопедија, и дека вашите уредувања отстапуваат од енциклопедискиот стил на уредување. Голем дел од вашите уредувања на статијата за Библијата наликуваат како да се земени од час по веронаука, и веројатно побрзо или подоцна, некој Википедијанец ќе ја среди на енциклопедиски стил, па делови од вашите уредувања може да бидат отстранети. Конкретно за Содома и Гомора, кога ќе биде создадена статијата за тие два митски града, ќе бидат изнесени и обидите на археолозите и историчарите да ги лоцираат. За да нема недоразбирање, ви предлагам да го прочитате овој дел од почетниот курс за уредување на Википедија: Википедија:Почетен курс (Не заборавајте). Поздрав - Виолетова (разговор) 21:31, 19 септември 2020 (CEST)[одговори]

Здраво. Како нов член не сум го запазил енциклопедискиот стил и тоа е моја грешка, па поискусните Википедијанци можат да го средат тоа. Но, тоа што сум го објавил е вистинито и веродостојно. Личело како од час по веронаука? Па за да се покаже што Библијата поучува, мора да се наведе стих и да се објасни што стихот значи. Чим Библијата поучува дека Бог е троедин, дека автор на Словото е Самиот Бог, дека спасението е само преку Исус Христос, дека после смртта сите луѓе ќе застанат пред Божјиот суд, мора да се наведат стихови (цитати од самата Библија) и да се објаснат. Затоа ви личи како час по веронаука, ама нема друг начин да се пренесе значењето. На крајот од денот ова е Божји Збор и треба со огромна сериозност да го претставиме. Мора да се внимава што се објавува. Кој ќе го претстави лажно Божјото Слово ќе си ги сноси последиците - тоа е јасно објавено во Светото Писмо. Јас моето го направив, а вие што сте одговорни на Википедија на вас останува што ќе прифатите и како ќе го уредите. А за Содом и Гомора малку напишав како дополнување на археолошкиот дел, но штом сакате за тоа на посебна статија тогаш нека биде така. Но тие градови не спаѓаат во митска категорија. Тоа ние дали веруваме или не веруваме во нив, не ја менува реалноста дека постоеле и дека тоа што Бог го запишал во Своето Слово (Библијата) е вистинито. Ќе го завршам коментарот со стих од Сперџан: „Две грешки можат да бидат фатални во животот. Првата е, да веруваш во нешто што не е вистина. Втората е, да не веруваш во нешто што е вистина. Верата мора да се темели на вистината.“ Имајте убав ден, поздрав :) Doboli (разговор) 08:33, 20 септември 2020 (CEST)Doboli.[одговори]

Веќе гледам дека корисникот Виолетова ви укажала на вашето однесување. Статијата за Библија јас ја вратив на претходните уредувања, отстранувајќи ги цитатите. Википедија е енциклопедија, а очигледно вие не знаете што е енциклопедија и што е енциклопедиски стил. Ние тука пишуваме факти на едноставен начин што е разбирлив за секого, а воедно тоа е наведено во изводи. --Ehrlich91 (разговор) 21:59, 22 септември 2020 (CEST)[одговори]
Вие си знаете. Doboli (разговор) 07:34, 23 септември 2020 (CEST)[одговори]