Разговор со корисник:Darkomk

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добредојде!

Здраво, Darkomk, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде! --Brainmachinewtf? 16:22, 15 ноември 2008 (UTC)

Воведен дел на статиите[уреди извор]

Здраво, Darkomk. Особено ми е мило што започнавте да придонесувате во проектот Википедија на македонски јазик. Но, сепак сакам малце да Ви појаснам дека сите статии коишто се уредуваат на Википедија мора да содржат воведен дел, па макар и една реченица да е. Ова го забележав во статијата Национални паркови која не содржи воведен дел. Но, другиот проблем во оваа статија е што таа има несоодветен наслов во поглед на содржината. Во неа пишува само за националните паркови во Македонија, а тоа во насловот не е наведено. Затоа најдобро би било статијата да гласи „Национални паркови во Република Македонија“, како што е и најчестиот назив во некои учебници или енциклопедии. Статија со наслов „Национални паркови“ не може да има на Википедија, бидејќи насловот е искажан во множина, па најсоодветно би било „Национален парк“. Поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:39, 17 ноември 2008 (UTC)

Избрана слика на денот[уреди извор]

Со оглед на вашиот пројавен интерес за подигнување на слики и предлагање за избрани, би ви посочил да ја имате во предвид актуелната инцијатива за Слика на денот на википедија на македонски јазик.--brest (разговор) 19:41, 18 ноември 2008 (UTC)

Здраво, се надоврзувам на горенаведеното. :) Имено до сега ние ги биравме избраните слики кои ги стававме во рубриката „Избрана слика на седмицата“. Меѓутоа, следејќи го овој предлог, од сега сликата ќе се менува секој ден и тоа ќе биде избрана слика на денот на Викимедија Ризницата. Твоите слики ќе можеш да ги подигнуваш таму, со што ќе бидат достапни за сите јазични изданија на Википедија, како и за сите сестрински проекти на Викимедија Фондацијата. Потоа можеш да ги номинираш сопствените слики за избрани слики овде, но имај во предвид дека критериумите се доста високи таму. Инаку, браво во секој случај за сликите, доста ни се потребни за илустрација на статии за Македонија. --Brainmachinewtf? 20:42, 19 ноември 2008 (UTC)

Иницијатива за квалитетни статии[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Darkomk!
Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 10:34, 13 декември 2008 (UTC)

Инцијатива 25.000[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Darkomk!
Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 10:34, 13 декември 2008 (UTC)