Разговор со корисник:Abnormalcy333

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте!

Здраво, DD1997DD, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте!--Kiril Simeonovski (разговор) 17:31, 23 мај 2020 (CEST)[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Награда за активизам
Оваа награда ја доделувам за зголемената активност во збогатувањето на Википедија на македонски јазик со квалитетни содржини во последно време. Kiril Simeonovski (разговор) 13:33, 27 јуни 2020 (CEST)[одговори]
Ти благодарам @Kiril Simeonovski:, се надевам дека ќе имам доволно време за и во иднина да продолжам да придонесувам на Википедија. DD1997DD (разговор) 19:04, 30 јуни 2020 (CEST)[одговори]

Кампања на меѓународно ниво за вметнување на фотографии/слики во статиите на кои им недостигаат[уреди извор]

Почитуван DD1997DD.

Сакам да ве известам за кампањата на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во википедиските статии на кои им недостигаат наречена „Статии без илустрација“ или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP). Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации, кои веќе постојат на Ризницата, и да се вметнат во соодветните статии на Википедија. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“. Кампањата трае од 1 јули од 31 август 2020 година и има награден фонд од 1.000 евра (1 награда – ваучер од вредност од 12 илјади денари и 8 награди – ваучери од вредност од 6 илјади денари).

Дополнително, може да се освои и една од меѓународните награди бидејќи учесникот паралелно учествува на домашната и меѓународната кампања. Наградниот фонд на меѓународната кампања е: прва награда ваучер од 500 долари (САД); втора награда 400 долари; трета награда 300 долари. Како дополнителни награди се: награда за учесник кој поставил најголем број звучни илустрации во статии 200 долари; награда за учесник кој поставил најголем број на видео илустрации во стати 200 долари; награда за учесник кој е нов на Википедија и поставил најголем број на илустрации во статии 200 долари.

Учесникот за да влезе во кругот на добитниците треба да закачи илустрации на најмалку 100 статии.

Страница за кампањата која претставува и прирачник како се учествува.

Доколку учествувате, среќно!

Dandarmkd (разговор) 13:31, 30 јуни 2020 (CEST)[одговори]