Разговор со корисник:Brainmachine/Архива 8

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето



Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната страница за разговор.
Архива 8


Технократска тортура...[уреди извор]

Мислам дека погрешно ја разбра мојата порака на Селска чешма (со оглед на тоа што коментарот свој го испрати како коментар на мојата порака). Јас сум за да остане коментирањето од причини кои ги наведов во пораката таму. Делот што ми попречи е што предизборието почнува да им удира во глава на луѓето, па се користи речник кој не ни е својствен нам на Википедија. Поздрав, Wikimk (разговор) 17:08, 8 февруари 2009 (UTC)

Ок е, те разбрав што сакаше да кажеш и не одговорив само на тебе, туку на сите, а само ја индентирав дискусијата на секого надесно. Накратко само реков дека може да остане прозорчето, а ако треба да се промени, дадов и алтернатива. Поздрав --Brainmachinewtf? 17:28, 8 февруари 2009 (UTC)

Сликата за Билјанини извори[уреди извор]

Ај фино обласни му на тој од англиската дека сликата за Билјани избори има авторски права и не треба да се користи за други статии освен за истоимената, што и така е. --MacedonianBoy 23:10, 8 февруари 2009 (UTC)

Абре човече сликата е под фер употреба гледаш или не?--MacedonianBoy 23:13, 8 февруари 2009 (UTC)
MB, не можеш да ја користиш сликата под тврдење за фер употреба! Таа илустрира објект за кој е разумно можно да се најде слободна датотека која ќе ги пружи истите информации — секој може да го слика и да го објави под слободна лиценца — тогаш тврдењето за фер употреба паѓа во вода. Те молам, не ги ревертирај ознаките што ќе ги прави. --Brainmachinewtf?
Epa odi i slikaj ja.--MacedonianBoy 23:20, 8 февруари 2009 (UTC)
Не се лути, туку те молам прочитај ја страницата en:Wikipedia:Non-free content за причините поради кои се невалидни сликите. Концептите од овој принцип важат за сите проекти, оти се базирани врз законот на Флорида за фер употреба — законите кои технички важат за сите Википедија проекти, вклучувајќи го и нашиот (серверите на Викимедија таму се сместени). Накратко: кога сликата е лесно заменлива, не важи никакво тврдење за фер употреба. Требаше да го научиш ова до сега! И да, ќе се најде некој што евентуално ќе го слика објектот, само треба малку трпение. --Brainmachinewtf? 23:25, 8 февруари 2009 (UTC)
Ама не е финтата дека на ФПС му е гајле дека сликите биле или не слободни, туку сака намерно да не следи мене и рашо па не може како тука па удира по слики. Лесно му попушташ и ти, на пример, можеше да речеш нека седи сликата тука додека не се најде нова. Ако тој се залага за чисти Википедиии, може да оди на албанската Википедија па да види каква катастрофа е таму, тука е супер.--MacedonianBoy 23:30, 8 февруари 2009 (UTC)
Не верувам дека ФПС има нешто лично против Рашо или тебе, затоа немој да се вознемируваш. Јас верувам дека тој сака да помогне со сликите и ја ценам неговата помош, оти и јас сакам да го расчистам овој проект од такви нерегуларности. Инаку, слободно посочи му за проблемите на албанската Википедија за да може и таму да им помогне, ама повторно, не сфаќај ништо како лично. --Brainmachinewtf? 23:36, 8 февруари 2009 (UTC)
Верувај бе брат, верувај. Не сум јас џабе баниран на 6 месеци од неговата страна. За ништо. За коментар на мк вики, јас сум баниран на 6 месеци на ен вики. Дај ми логика. --Р ашоAero-stub img.svg 23:39, 8 февруари 2009 (UTC) Р.Ѕ. И толку за него. Schluss damit
Аман бе? Како е тоа можно, од коментар овде, да бидеш блокиран ен вики 6 месеца? Што беше коментарот, а што неговото објаснување за блокот? --Brainmachinewtf? 23:43, 8 февруари 2009 (UTC)
Радо би на оваа тема, но приватно на скајп или мсн (тука има шпиони). Ај бидејќи е касно утре ќе ти кажам. Само ќе речам зошто не сум блокиран на другите проекти, зошто само на англиската? Која е логиката? позз--Р ашоAero-stub img.svg 23:50, 8 февруари 2009 (UTC)

Конвенции за именување.[уреди извор]

Зоки те молам види го ова , мораме да одлучиме веќе, не оди вака работата, мораме. Те молам види го ова и редовно прегледувај го, навистина те молам мораме да се усогласиме веќе еднаш. --Макс(разговор) 14:03, 9 февруари 2009 (UTC) [1]


етничка Македонија[уреди извор]

  • Добредојде. Sorry, ne govorite makedonski. I think I cannot edit articles with my user name. Is there anything blocking me? Thanks. Also, there seem to be link boxes missing from my communications column on my user page.
  • I find no trace of a block. The block(?)may have happened after I changed the introduction of the article Егејска Македонија to a previous edit that had been agreed by Macedonian editors. My reason is that all other languages of Wikipedia (including until recently Macedonian Wiki) had the same introduction mentioning it was 'Greek Macedonia'. The current article mentions 'етничка Македонија' and no Greek Macedonia, and when you click on the link, it sends you to the Македонија.
  • The article Македонија is about the region. On the first line it states that of the population, “од кои 26,56% се етнички Македонци)[1][2][3].” However, these links do not seem to support this statistic.
  • I hope that ‘Greek’ and ‘Makedonce’ editors could benefit eachother, but Macedonian Wiki seems to be dominated to a larger extent by misguided nationalist that Greek Wiki (yes, I have also tried to correct some Greek Wikipedia, but never met with any blocks). Do you think people can work together across wiki-languages? If you think my edits or comment are wrong, please let me know. Or you can contact me on English wikipedia [2]. Fala. Politis (разговор) 16:15, 12 февруари 2009 (UTC)
Your good faith can be seen here.--MacedonianBoy 16:21, 12 февруари 2009 (UTC)

Interesting. Look forward to your comment Brainmachine. Fala. Politis (разговор) 16:39, 12 февруари 2009 (UTC)

Шо да прајме сеа, да пробме да работаме со чоекот или да си играме мајтап? :D Балканец What man, what? 09:20, 13 февруари 2009 (UTC)
First of all, sorry for the late reply. I should indicate to a procrastinator boiler plate somewhere on this page :)
  • Polis, as far as I can see, nothing is blocking you from editing. You might want to try to log out/log in and then bypass your browser cache. If there still seems to be a problem, report the bug at Wikimedia's bugzilla;
  • We will try to rewrite the introductory of Егејска Македонија so that it is less ambiguous;
  • About the demographics in Macedonia (Македонија), I can't seem to find any rellevant online sources for the percentage of any of the ethnic groups that populate the region; not here nor on any other language edition. That's quite a bummer :( Any suggestions?
  • I agree, we should spread wiki-love and cooperate cross projects!
  • User_talk:Local_hero#Good_News_for_your_CV hereThat is just wrong. If you really stand on these arguments, you are, in fact, diminishing our very language, ergo disrespecting and denying our very existence. I consider it an insult. So much for wiki love, huh? But hey, let's be civil, mature and responsible and assume good faith :) --Brainmachinewtf? 19:01, 16 февруари 2009 (UTC)

Ре: За б-то[уреди извор]

Јазикот не ми е струка, ама ситничарењето ми е секојдневије. :-) Поздрав, Wikimk (разговор) 21:12, 16 февруари 2009 (UTC)

И јас исто, а за јазикот може и овде многу да се научи. Поздрав, Wikimk (разговор) 21:18, 16 февруари 2009 (UTC)

Не сум ги извадил.[уреди извор]

Зоки, не сум ги извадил незнам што е проблемот. Тие уште си се таму. Гледај јас во описот сум пишал, Шаблон:КатРаспределба, вадење на категории И ИНТЕРВИКИ. Значи не дека сум ги извадил интервиките туку јас ги ставив. И не ме оптужувај кога не си проверил прво. Значи моја грешка во описот, требало шаблон, вадење на категории и ставање на интервикија ама јас грешно сум пишал. Навистина не те разбирам што сакаш да кажеш? Едноставно само сакам да станеме поорганизирани и ако ме прашуваш зошто сум ги извадил сите статии од категоријата исто така не те разбирам. Погледни ја американската категорија en:Category:American television series. Навистина не те разбирам. Не сфаќам што е поентата на тоа што си ми го пишал. Грешка поврзана со овие работи е категоријата Категорија:Американски ТВ серии. Таа категорија ја направи МБ и тоа без никаква причина (не ова оптужба кон МБ или навреда). Навистина не разбирам. Имавме недоразбирање со Брест дека на доста статии сум ги оставил без категории, но јас направив други категории и ги „спасив“ сите страни. И значи разберете сите таа категорија не треба да биде полна со статии туку само со подкатегории. Се надевам само дека ме разбираш и ако е во друго проблемот слободно кажи ми. Мислам не е ништо ова против тебе туку само ме изненади дека си помислил дека јас би оставил категорија или што и да е без интервики. Највеќе од се мразам кога ќе видам нешто без интервики. Се надевам дека ме сфаќаш и поздрав! --Макс(разговор) 07:40, 17 февруари 2009 (UTC)

Целосно си во право. До крајов на неделава ќе ја средам целата категорија. --Макс(разговор) 07:58, 18 февруари 2009 (UTC)

Провери[уреди извор]

Ја подигнав оваа слика и мислам дека лиценцата одговара. Кажи ми ако се е во ред, па продолжам ова да го правам на Заедницата?--Р ашоAero-stub img.svg 21:33, 17 февруари 2009 (UTC)

Во лиценцата за оваа слика се вели:
  • Без адаптирани дела. Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.
  • Некомерцијално. Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели.
Википедија прифаќа само дела кои можат слободно да се менуваат и кои можат да се искористат и за комерцијални и за некомерцијални цели (en:WP:IUP). Затоа слики лиценцирани со оваа лиценца не може да се употребуваат - ќе мора да ја избришам. Поздрав, Brainmachinewtf? 17:28, 18 февруари 2009 (UTC)
Штета, мислев дека целиот сајт да го искористам. Но сепак ќе им пишам мејл да ми дадат некавна дозвола. Позз--Р ашоAero-stub img.svg 18:08, 18 февруари 2009 (UTC)

Нови хоризонти :)[уреди извор]

Мислам дека има многу нови корисници кои се регистрираат (е сега дали мислат дека мора за да читаат, или едноставно од ќеф), а од нив 0,01% навистина започнале да уредуваат. Е сега тебе како Brainmachine ти се обраќам дали можеш да смислиш нешто што би ги мотивирало повеќе да се наоѓа на главната страница, или дали би можеле да им оставаме по нешто во шаблонот за добредојде. На пример дел кој би велел: можете да ја уредите и страницата за вашата најомилена глумица или вашиот омилен фудбалер, или нешто од таков тип што би им се видело интересно. Е сега ако е академски граѓанин тоа е друга работа, тогаш сам ќе се заинтересира не му треба ваков мотив (по моја логика). Јас почнав нешто со технички работи да се занимавам на Википедија, се надевам ќе ги бидне нешто од измените. Планирам да направам нешто и со избирањето на избраните статии (страницата за разговор), и со нивното брендирање, бидејќи имаме избрани статии кои се премали и недоволно квалитетни за да имаат златна ѕвезда. На англиската веќе избраните може да ја загубат ѕвездата, па да останат само добри статии или просечни, и да биде наведено само дека некогаш била избрана. Исто така добро е да се наведе и кога била избрана статијата на шаблонот. Инаку сега видов дека ова е како да ти давам отчет, но едноставно ми текна да побарам помош за идеите, ништо друго :)

P.S. Мислам дека ова со „администратор“ во потписот ми е добра идеја (го копирав од meta) бидејќи така им е полесно на новите корисници да се ориентираат. Мислам дека би требало сите да имаме такво. Додуша на ниедна Википедија немам видено, само на meta. Може на другите проекти имаат така нешто. -- -{админинстратор}- Ambox question.svg гитардемон 01:24, 19 февруари 2009 (UTC)

Еј, здраво. Најпрво за начинот на избирање на избрани статии, брендирањето и губењето на статусот на избрана — тоа се сѐ работи кои ме боцкаат во очи и кои би сакал да ги промениме во некоја поефективна форма, па затоа ми е мило што не сум сам :) Најпрво ја преименував целата страница за предлози со помалку криптичен наслов (сега е ВП:КИС; мораме да се ослободиме од сите Главна страница/X страници), а би било убаво до предложените статии да стои само врска — да не го копираме целиот вовед. Ова го велам оти страницата постојано се натрупува и тешко се вклучува, а никој не ја архивира. Кој го интересира, ќе кликне на линкот и ќе ја прегледа статијата, па ќе се врати назад и ќе даде мислење. За привлечувањето на корисници: мора првин да создадеме еден солиден водич за тоа како да се создаде статија (нешто вакво, а не вакво) и до нив да води пораката која ќе им ја препорачуваме на сите — да почнат да пишуваат нешто. И сега вака да размислиме: многу корисници се регистрираат, но малкумина уредуваат. Заедничко за сите нив е тоа што на сите им се појавува системската порака МедијаВики:Welcomecreation кога прв пат ќе се регистрираат. Овде можеби е згодно да напишеме некоја впечатлива порака (Сакате да напишете нешто ново?(омилен глумец/фудбалер?) Научете [[како]]!) или нешто слично. Ако не им го привлечеме вниманието, ќе одиме со драстични мерки (Напишете нешто ново! Кликнете [[овде]]!! (кликни бре!)). Искрено, никој ништо не чита, па затоа нема да ме зачуди и ако второво не даде резултат :) За главната страница, мислам дека веќе имаме добра порака за сите нови корисници, нешто што многу други википедии немаат: кратко објаснување што е тоа Википедија и „Сакате да помогнете? Започнете со нашиот вовед!“. Ова е сосема доволно за секој кој е барем малку љубопитен да дознае каква е таа енциклопедија која секој ја пишува и како и тој може да помогне. Повторно, никој ништо не чита. За ова со потписите како од мета, не знам колку е потребно, но мислам дека е ок. Затоа сакам да видам што ќе кажат другите корисници. Кога сме веќе кај тоа, треба да ја подобриме меѓусебната комуникација, а единствен начин за ова е користење на irc каналот #wikipedia-mk на Freenode серверот. Едноставно да дадеме врска за преземање на XChat програмот — клиент за ирцање кој е бесплатен и кој го има за сите платформи. Понатаму секој пат кога ќе се вклучуваме на Википедија да се поврземе и на irc. Еден sitenotice да ги известиме сите корисници за ова и толку! Инаку јас ова мислам дека е приоритетно да се сработи сега за сега. Поздрав, ќе останеме во контакт. --Brainmachinewtf? 18:52, 20 февруари 2009 (UTC)
Јас реков дека се нафаќам да преведам било што од англиската на нашата, било тоа за првата статија, било за цела процедура за избирање статии. Но ме плаши тоа што сме копија на англиската википедија, жими главната страница што ни е поинаква :) Додуша јас го преведов шаблонот за избирање на админи, и можам да кажам дека само ние и англиската имаме такво чудо, што ме прави горд (некој вика дека е џабе работа, глупави прашања, но јас мислам дека се ок). А ако станува збор да измислам сам нешто, или да измислиме сите сами нешто интересно, сака повеќе работа, а кој да се нафати, затоа и сè преведуваме од англиската. А за irc, не ирцам но ок не е проблем xchat си оди по дифолт со линукс, но дали го има и за Mac, бидејќи 99% од времето сум на лаптопот а не на десктопот. Но ќе се снајдам, има други клиенти, но xchat ми е омилен. И за to-do листата, ќе помогнам јас што можам, но имам нешто проблеми со очите од ветровитото време, па уште на компјутер да седам и крај за мене... А да, и друго нешто, му пишав на Бојан (си мислев да не е само за бирократи достапно, бидејќи никаде не можев да го најдам како се прави) пред многу време но не ми одговори за ова:

Мала идеја[уреди извор]

Пред некое време си го сменав јазикот на интерфејсот на википедија на руски, и приметив дека при уредувањето на страниците горе опциите што се нудат на пример 'замастено', 'закосено', a и за внатрешна врска си имаат слика која што е буква на кирилица, а не како кај нас на латиница. Мислам дека само бирократите може да го менуваат тоа, или пак може и обичните админи ама не знам како. Ајде ако не ти е тешко да ја промениш таа B со З (за замастено) и I со З (за закосено) и тоа Ab сo Аб пошто мислам дека е добро да биде и тоа на кирилица. Извини ако те мачам, ама гледам дека ти си најактивен бирократ во последно време, па така решив тебе да те замолам. Мислам дека не е толку голема промена да треба да се прашуваат и другите корисници, но ако сметаш дека би требало, нема проблем.

П.С. Изгледа глупаво и двете да се истата буква т.е. З и З, но сепак така се заведени кај нас. На руската си се Ж и К. Можеби и кај нас правилните изрази се задебелен текст и курзив, соодветно. Ова замастен го немам сретнато досега. А курзив, сепак е малку странски. Ајде види, добро би било да се смени.

Овие се сликите, меѓутоа не знам како се пристапува до нив, и како може да се променат.

-{админинстратор}- Ambox question.svg гитардемон 20:04, 23 февруари 2009 (UTC)

Што се однесува до статијата МедијаВики:Welcomecreation, мислам дека е одлична и не треба ништо да менуваме. Проблемот е во шаблонот добредојде. Мислам дека има премалку понудени корисни страници. На пример, добро би било да има и статии на кои новите корисници би можеле слободно да ги постават своите прашања. Мислам дека почетниот курс е добар водич, но не заборавајте дека секој нов корисник би сакал да дознае многу работи за Википедија, а не само како да уредува. Има некои што активно уредуваат, а сè уште немаат предложено статија за избрана на главната страница поради тоа што не знаат што е тоа, а да не зборуваме за страниците на порталите кои не верувам дека ќе се одржуваат ако наскоро не покренеме иницијатива. Идејата на Guitardemon666, сите администратори да го потенцираме тоа дека сме администратори е добра, но работата е што многу нови корисници не знаат што е тоа администратор, а никој не им нуди страници или понудените страници не водат кон тоа што се администратори и која е нивната улога. Друг проблем до нас е тоа што страниците за идеи, новости, а и самата селска чешма до пред некое време беа целосно некоординирани и полни со глупости. Некои новости беа ставани во идеи и обратно. Тоа сигурно би ги збунило новите корисници, кои од страв нема да знаат каде нешто да предложат или прашаат. Во врска со привлекувањето на новите корисници, не мојте да го гледате порастот на бројот на корисници, кој сега веќе е над 9.000, туку гледајте во листата за да видите кои се навистина нови корисници, а кои се автоматски регистрирани, а отвориле унифицирана сметка. На една страна од 50 нови норисници, навистина нови се не повеќе од петмина. Не знам дали сте истражувале надвор од Википедија, што мислат Македонците за неа и што пишуваат за неа, но кога прочитав на неколку блогови дека Википедија не е најверодостоен извор и дека тоа се живи глупости, пониски и од еден блог навистина ми стана јасно. Главно оние кои се регистрираат, тоа го прават за да бидат секаде обележани, а уште пред да го направат тоа се цврсто уверени дека нема да уредуваат и ништо не може да ги натера. Реткост се вистинските уредувачи кои сакаат да помогнат. Немојте да си мислите дека ова е песимистичко размислување, но покрај работите кои ги наведов горе мора да го смениме и пристапот на привлекување на нови корисници. Тоа со омилениот глумец/фудбалер/пејач е добро, но нас повеќе би ни требале специјализанти за одредена област. Таму сме најслаби. Затоа планираме за Википедија да вршиме предавања во средните училишта, а во вид на плакати со разговори со професорите тоа да го спроведеме и на факултетите. Тоа полесно би се реализирало по основањето на фондацијата Викимедија. Работата е да ги научиме корисниците на интернет за потребата и придобивките од Википедија, нејзиното користење и уредување, а не само да ставиме текст што трепка и на којшто пишува „ако сакате да научите да уредувате, кликнете тука“ или нешто слично. Претпоставувам дека знаете за акцијата за воведување на уредувањето на Википедија како дел од формирањето на оценката по некои предмети на некои факултети како замена за семинарски труд или некои дополнителни активности. Тоа е идеја, со која мора да се запознаат сите професори на сите факултети и да се принудат тоа да им го предложат на студентите. Така мислам дека би можеле во одредени периоди да привлечем корисници, кои масовно би уредувале. А, размислете за тоа дека може да има и позитивен ефект врз самите студенти кои би стекнале уредувачко искуство и можеби би продолжиле да уредуваат понатаму. Не може да се очекува некој то не знае ни самиот зошто уредува да очекуваме да уредува на Википедија. Нев велам дека сме најдобри, но сметам ека сме една солидно организирана заедница која успева да ги поправа грешките и да ги надминува проблемите, но не е сè до нас. Не е во прашање наѓшиот облик. И да го направиме совршен, мислам дека потребно е субјективно да се ставиме во психата на оние кои се регистрираат и да се обидеме со нешто вистински да ги привлечеме. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:43, 23 февруари 2009 (UTC)
Гитар, не знам како да ги променам сликичките на копчињата, оти првите неколку копчиња се основни (по default). Знам како да додадам нови копчиња и како да ја сменам сликичката на оние по „#R“ (за пренасочување). Таа промена може да ја направи администратор - бирократите немаат некои поразлични технички способности (Специјални:ЛистаНаГрупниПрава). Но истражувам како е можно да се направи (претпоставувам со некој јава код ќе се среди).
Инаку, Кирил, во право си за целиот пристап. Треба да бидеме социјално поактивни и насекаде да ја шириме идејата за слободно знаење најпрвин, а потоа идејата за македонската Википедија. Ако ја анализираме демографијата на википедијанците, ќе забележиме дека најголемиот дел сме меѓу 16 и 35 години. Затоа средношколците и студентите особено треба да ни бидат целна група. Јас на пример, на школо се обидувам да начнам идеи од типот „информациите треба да бидат слободни“ и „не треба да човек да придонесува за себе си, туку за доброто на сите“ итн., а потоа суптилно вметнувам „Википедија“ во секоја трета реченица :D Ок, така ќе ги запознаеме потенцијалните корисници. Но, што правиме кога тие ќе дојдат овде, попатно со останатите случајни интернет-минувачи? Кирил е во право кога рече дека пред некое време и немаше организација на страниците за разговор - пред некое време не ни постоеше селска чешма! Затоа и дополнително треба да продолжиме со таа организација, оти и сега сме далеку од функционални, да бидеме искрени (како пример ќе наведам: имаме ли листа на шаблони? имаме ли листа на никулци? како ќе знаеме кои веќе постојат?)! Ајде, да почнеме со шаблоните за добредојде. Кои сè врски тие да ги содржат? Јас предлагам, за почеток: Википедија:Вашата прва статија (сè уште ненапишан водич за прво создавање статија), Википедија:Почетен курс, Википедија:Помошна табела, Википедија:Кој ја пишува Википедија, Википедија:Помош за нови уредувачи, Википедија:Прашања... Ок, надополнете? Еве и уште еден предлог, наместо да ставаме {{новкорисник}}, кратко да ги спомнеме корисничките кутии и вавилон. И мои 2 многу важни забелешки:
  • Шаблоните да бидат само на македонски! (никако овие двојазични шаблони, само да спомнеме една реченица на крајот од шаблонот на англиски како врска до Википедија:Селска чешма (Други јазици)) и
  • Шаблоните да се состојат само од текст, не од табела со убави боички и иконка за секоја врска. Ова ќе го спречи читателот да ја прочита вистинската порака која „Имате нови пораки“ лентата ќе му ја посочи.
--Brainmachinewtf? 07:57, 25 февруари 2009 (UTC)

Известување[уреди извор]

Да ве информираме дека на Facebook се формира група Wikimedia Macedonia. Доколку сакате да бидете дел од таа група слободно придружете се. Поздрав--MacedonianBoy 09:01, 20 февруари 2009 (UTC)

Те молам за мислење![уреди извор]

Ве замолувам да ја погледнете следнава дискусија и да го дадете своето мислење. --Макс(разговор) 14:57, 28 февруари 2009 (UTC)

Прашање[уреди извор]

Зошто го избриша па пак го врати мојот коментар? Чекав одговор а не бришење :) Поздрав--MacedonianBoy 22:36, 1 март 2009 (UTC)

Ненамерно беше, најверојатно несакајќи кликнав на „Врати“, а не ни забележав. Потоа забележав и го вратив. Се извинувам :S Brainmachinewtf? 22:45, 1 март 2009 (UTC)
Нема гајле. Се е ок. Поз--MacedonianBoy 22:47, 1 март 2009 (UTC)

Молба[уреди извор]

Ај ако сакаш премести ја Северна Кореја во Народна Демократска Република Кореја, кај мене ми покажува техничка грешка. --MacedonianBoy 23:16, 1 март 2009 (UTC)

Yes check.svgОк Готово --Brainmachinewtf? 23:19, 1 март 2009 (UTC)

Одг.:Кумановски Астро-Клуб[уреди извор]

Во ред е. Меѓутоа, навистина многу се мали шансите корисникот да ја усклади статијата со правилата на Вики. Boyan (разговор) 21:43, 3 март 2009 (UTC)

Komentar[уреди извор]

Морам да искоментирам, зошто тоа е дел од правилата. Имено, пред да се блокира некој корисник, треба најпрво да се опомене па ако и понатака продолжи тогаш ќе го блокираме. Зошто не е тоа направено на страната на Ајакс, можеби имал уредувачка војна но опомена треба да се даде па да се блокира. Поздрав--MacedonianBoy 22:00, 3 март 2009 (UTC)

Самата цел на целото предупредување е: 1) да се спречи дисруптивното уредување на проектот на еден цивилизиран начин; 2) да се извести корисникот дека начинот на кој постапува ќе му донесе блокирање. Ajax веќе одамна одмина 3 враќања - тој 5 пати ја врати страницата - и нема да има корист од предупредување (en:Template:Uw-3rr) за да спречи евентуално кобно трето враќање. Моја забелешка: недостигот на конкретни правила овде доста ја усложнува целата процедура - кога и како да се блокира, колку долго, како да се предупредува (ние немаме шаблони) и како да се врши жалба за блок. Додека ги немаме овие работи, ќе имаме вакви нејаснотии. :S --Brainmachinewtf? 09:29, 4 март 2009 (UTC)

Deletion reminder[уреди извор]

Hello Brainmachine, sorry to keep bothering you, but I notice that quite a number of the images I tagged as deletion candidates over a month ago are still there. Do you think I could expect some action being taken by someone any time soon? Cheers, -- Future Perfect at Sunrise (разговор) 08:31, 13 март 2009 (UTC)

Yes check.svgОк They are deleted, sorry for the small delay. Brainmachinewtf? 11:48, 13 март 2009 (UTC)
Thanks, Smile-tpvgames.gif Благодарам! -- Future Perfect at Sunrise (разговор) 19:33, 13 март 2009 (UTC)

Плацебо ефект[уреди извор]

Па добро, не е лошо што ја започна статијата :) Мене сè нешто друго ми го одвлекува вниманието, ама ќе ја довршам таа статија некој ден. Поздрав --Виолетова (разговор) 22:34, 18 март 2009 (UTC)

Ок, ама и јас ќе помогнам, оти ме интересира темата :) --Brainmachinewtf? 22:35, 18 март 2009 (UTC)

Избришана галерија[уреди извор]

Колку ли си само брз не ми остави време да ги подигнам сликите за да ја довршам галеријата, немаше ли попаметна работа. EfkoMKD (разговор) 01:10, 19 март 2009 (UTC)

И ако не си знаел во кирилицата левиот наводник (“) е горе а десниот („) доле. Направи го ова на насловт на мојата статија.

Известување[уреди извор]

Видете ја последната секција за марионетство. Ви благодарам.--MacedonianBoy 14:45, 21 март 2009 (UTC)

Избрани статии во посебни страници[уреди извор]

Сакам да Ве известам дека гласањето за преместување на содржината од страницата Википедија:Кандидати за избрана статија во посебни страници, што треба да продолжи и во иднина заврши со 4 гласа За , ниту еден воздржан и ниту еден против. Веќе е направен првобитниот изглед на страницата Википедија:Канидати за избрана статија, а предложена е и првата статија во новиот формат. Ќе Ве замолам активно да се вклучите во уредување на вакви страници за сите останати избрани статии. поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:59, 30 март 2009 (UTC)