Разговор со корисник:Brainmachine/Архива 7

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија



Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 7


Ај ако сакаш деактивирај го тоа одвратно прозорче што се појавува за образложение кога зачувуваш статија? Многу кочи при работа а и не е потребно зошто образложението зависи од самиот корисник. Поздрав -- MacedonianBoy  Oui? 20:29, 1 јануари 2009 (UTC)

Најпрво, Среќна 2009 :) Прозорчето нема да го деактивирам бидејќи е поставено со добра причина: да им стекне навика на корисниците да даваат опис на секоја промена што ја прават. Ова е корисно од 2 причини: за прегледност на историјата на промени на една страница и за полесно набљудување на скорешните промени. Ги погледнав твоите кориснички придонеси и видов дека наместо опис, додаваш само едно „+“ за да не ти се појавува прозорчето. Те молам, опишувај ги кратко и ефективно твоите промени во иднина. Спореди ги моите кориснички придонеси. Поздрав, Brainmachinewtf? 23:59, 1 јануари 2009 (UTC)
Среќна нова и тебе и се најдобро. Можам да ставам, реферати и без тоа прозорче. Можеш да го тргнеш зошто никој не пишува опис сите ставаат да, =, + и слично.-- MacedonianBoy  Oui? 17:05, 2 јануари 2009 (UTC)
Благодарам за кодов, ми ги скрати маките. Thanks и поздрав -- MacedonianBoy  Oui? 17:12, 2 јануари 2009 (UTC)

Може ли...[уреди извор]

Здраво,

Дали е можно менијата кои се наоѓаат при врвот на „Википедија:Портал“, „Википедија:Селска чешма“, „Википедија:Вовед“ и сл. да се променат (односно да се направат со помали букви)? ...оти зафаќаат голем дел од екранот. Кај мене на 15,5″ екран скоро половината од екранот е зафатен со тие менија!

Ми се чини дека би било позгодно да се буквите со големина како менито што се наоѓа (при врвот) на [Скорешни промени].

Поздрав,

Wikimk (разговор) 13:10, 6 јануари 2009 (UTC)

Da ne zaboravi nesto ovde: [1]. Prviot paragraf ne se prikazuva. Wikimk (разговор) 13:35, 6 јануари 2009 (UTC)

Да фала за ова што ми кажа![уреди извор]

Еј Зоки сакав да те прашам баш и вчера забележив! Што е тоа со сликите ново не можат на стар начин да се подигнуваат ми вика у Вики ризница да отворам акаунт! --Макс(разговор) 13:22, 7 јануари 2009 (UTC)

Ако подигнуваш слободни слики (слики кои ти си ги создал), пожелно е (но не е задолжително) да ги подигнеш во ризницата. Можеш и овде да ги подигнеш. Тоа е за слободни слики. А за неслободни слики (на пример плакатот од некој филм, логото на некоја компанија и сл.), ќе кликнеш на врската „неслободно дело“ и внимателно ќе си ги читаш упатствата кои ќе ти кажат како да ја подигнеш правилно сликата. Сѐ е таму објаснето. Вака е направено за сите корисници лесно да се снаоѓаат, процесот им е сега полуавтоматски. --Brainmachinewtf? 17:02, 7 јануари 2009 (UTC)

Брзо бришење[уреди извор]

Така е според англиската... Значи треба да се категоризире во Православни цркви по земја или на англиски Category:Eastern Orthodox church bodies and patriarchates. Ќе видам шо можам да направам малку се збркано, но ќе решам се. Ако сакаш избриши ја ако не почекај но сепак оваа категорија на англиската вики не постои--Астрион (разговор) 17:19, 7 јануари 2009 (UTC)

Ај ќе почекам, нема да ја избришиме, да видиме како ќе испадне работата. --Brainmachinewtf? 17:21, 7 јануари 2009 (UTC)

Здраво и за многу години празникот. Со оглед на тоа што се занимаваш со бришење и проверки те молам провери дали се во ред copyright 'работите' за банерите кои пред некој ден ги направив. Благодара. Поздрав, Wikimk (разговор) 17:38, 7 јануари 2009 (UTC)

Blagodaram. Pozdrav, Wikimk (разговор) 17:55, 7 јануари 2009 (UTC)

Според англиската верзија би требало да биде ова: Category:Eastern Orthodox church buildings, ок сега за сега нека остане--Астрион (разговор) 17:43, 7 јануари 2009 (UTC)

Здраво, Е ова последново со „Karl Sagan“ не сум сигурен дека ти е добро?! Поздрав, Wikimk (разговор) 23:19, 8 јануари 2009 (UTC)

Треба да претпоставиме дека доаѓаат секакви луѓе да пребаруваат на Википедија. Ако на некој, по некоја случајност му светне дека така се пишува неговото име и го побара како Karl Sagan, вака ќе му излезе правилната страница. Тоа беше единствената девијација на која можев да се сетам. Нема воопшто да смета пренасочувањето. --Brainmachinewtf? 23:24, 8 јануари 2009 (UTC)
Да во право си. Освен што тоа што го имав на ум беше дека од еден во др. јазик кој користи латиница (мислам дека српскиот е исклучок) обично вакви работи не се прават. Поздрав, Wikimk (разговор) 23:28, 8 јануари 2009 (UTC)
Уште една молба плиз. Во табелата десно во статијата за Саган има некои работи кои не се пополнети како што треба (датум на раѓање и сл.). Ако можеш те молам коригисај го тоа. Јас немам толку искуство. Благодарам. Поздрав, Wikimk (разговор) 23:31, 8 јануари 2009 (UTC)
Brainmachine, многу сум сакал да ги гледам документарците со Карл Саган, да не ме сфатиш погрешно, а и мотивацијата на нови корисници не е лоша работа, ама: те молам гледај во "дали сте знаеле?" да ставаш посодржајни статии, особено ако се поврзани и со плави линкови со некои други, а не како оваа сега... Вака испаѓа дека промовираме нешто за што и нема баш многу да се прочита, па испаѓа малце неиздржано... Има многу недовршени нови статии, ама нив обично ретко ги ставаме во "дали сте знаеле?" токму поради тоа. Поздрав, --Црноризец (разговор) 02:01, 9 јануари 2009 (UTC)

Неможам веќе полудев вака! :)[уреди извор]

Еј, Зоки морам да ти кажам нешто и да превземеме нешто во врска со тоа, бидејќи неможам повеќе вака. Вака значи, подолго време сум на Википедија и знаеш со што највеќе се мачам: ДА ПРЕВЕДАМ или ДА НЕ ПРЕВЕДАМ или пак НЕШТО ТРЕТО. Има милиони работи кои бараат превод или пак оставање на тие „работи“ во оригинална „состојба“, еве дел од тие работи:

  1. Видео игри: Симс 3 или The Sims 3, GTA или ГТА итн.
  2. Списанија: Пипл магазин или People Magazine или пак Списанието Луѓе а би можело да биде и Пипл (списание), а ако се споменува во статијата би стоело Пипл списанието, Hollywood Reporter или Холивуд репортер или пак Холивуд известувач итн.
  3. Компании: Варнер Брос. или Warner Bros., Apple или Епл итн.
  4. Филмски награди, организации и слично: SAG Awards (скаратено: „SAGA“) или САГ Награди или пак прво целосен превод:

Пр. SAGA - Screen Actors Guild Awards во превод Телевизиски (ова Screen незнам баш како би се превело) Глумци Здружение Награди (знам дека е глуп преведов ама не ме засега сега тоа како е преведно туку друго ми е поентата) што како скратенка би било ТГЗ Награди. Исто е и со здруженија или организации пример: УНИЦЕФ или UNICEF или тоа што сега го зборувам, го преведуваме тоа UNICEF на македонски и ја правиме кратенката: UNICEF - United Nations Children's Fund во превод Фондот за деца при Обединетите Нации - ФДОН или ФЗДПОН.

  1. Градови и слично: North Shore (место во Сиднеј) е сега ова би било Норт Шор така но ова може да биде и Северниот Брег или пак Северниот брег (ако се мисли навистина на поимот брег).

Имам и други вакви слични проблеми но и ова се доволно :). Сакам да ти кажам дека ако направиме прирачник за вакви работи, квалитетот на нашава Википедија ќе се зголеми за 20%, а тоа е многу (според мои пресметки). Тоа е одлично бидејќи не само што би им помогнало и на новите корисници туку би помогнало и на нас, бидејќи и да си администратор на Википедијава не значи дека знаеш многу за правописот (ако оваа проблематика воопшто спаѓа во правописот, ме разбираш што сакам да кажам :)). Што значи дека и на најискусните Википедијанци би им помогнало ова. Не си свесен само колку би ни помогнало. Ова може да се постави и на Селската чешма или пак да се праша Бојан, тој ми помогна со преводот на училишта, факултети и сл. Можам и него да го прашам за ова но сепак мислам дека треба тебе да те прашам прво.

Пример како што тој ми објасни логично е да имињата на компаниите да останат во оригинална форма, но јас гледам дека корисници поискусни од мене имињата на компаниите ги преведувал а истото е и на телевизија таму само ставаат наводници и не ги преведуваат, извини лошо се изразувам не ги преведуваат туку ги трансктибираат (транс... како и да се вика) на наш јазик. Но за нив заклучив дека несакаат да се „мачат“ и само така и ги оставаат исто е и кога користат само горни наводници а тоа е бидејќи користат англиска подршка + македонски фонт а не македонска поддршка + одреден фонт. Значи ме разбра што сакав да те прашам! Сум барал за овие работи и на интернет и насекаде но никаде нема. Ќе почекам колку и да треба се додека не го најдеш одговорот само те молам одговори ми. Поздрав!!!

P.S. Ако може одговорот на мојата корисничка страна. Фала! --Макс(разговор) 13:49, 19 јануари 2009 (UTC)

За бришење[уреди извор]

Здраво, Неодамна слушнав дека Институтот за хемија e одговорен за публикување на околу 30% од сите научни резултати кои научници од Македонија ги имаат објавено во меѓународни научни списанија. Затоа на страницата на Институтот ги додадов имињата на повеќето од тие кои може да се најдат на нивната www страница. Се понадевав дека некој ќе додаде повеќе податоци на тие статии.
Ако сметаш дека наведената статија е за бришење тогаш избриши ги сите статии за вработените на Институтот за хемија.
Поздрав, Wikimk (разговор) 20:07, 20 јануари 2009 (UTC) надворешен линк

Мој предлог, ако не те мрзи Wikimk, шкртни по некоја реченица, па тогаш веќе тие статии ќе личат на статии... --Виолетова разговор 20:21, 20 јануари 2009 (UTC)
Ако Brainmachine и другите администратори ми дадат време ќе се потрудам да ги средам сите. На Нивната интернет страница има доста работи, па ќе може да се додаде по некоја информација за сите. Поздрав, Wikimk (разговор) 20:33, 20 јануари 2009 (UTC)

Разочарување[уреди извор]

Последниве два дена само 200 уредувања дневно имаме. Катастрофа. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:12, 21 јануари 2009 (UTC)

Ајде, ајде, главата горе, ќе дојдат поплодни денови :) --Brainmachinewtf? 23:47, 21 јануари 2009 (UTC)

Минато време[уреди извор]

Користи минато време за личности кои повеќе не се живи. Проблемот е што во македонскиот јазик има и минато определено и минато неопределено време. За личности кои починале пред стотици години е јасно дека треба да се употребува минато неопределено, бидејќи не си бил сведок на неговиот живот. проблемот постои за личностите кои починаа/починале во скоро време. јас знам дека Семјуел Бекет починал пред да се родам, значи не сумбил сведок на неговиот живот, па затоа употребив минато неопределено време. Можеш и ти да се водиш по таа логика, и покрај тоа што сепак е дискутабилна. Но, сепак употребата на сегашно време е погрешна. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:27, 22 јануари 2009 (UTC)

Ок, ситна грешка од моја страна, но всушност ова и често се среќава и во стручни литератури. Ете во моментов имам еден прирачник пред мене кадешто во биографијата за Бекет пишува „тој е раскажувач, критичар...“. Можеби и тоа ме наведе така да напишам. Сепак најсоодветно е минато време. Поздрав, Brainmachinewtf? 00:45, 22 јануари 2009 (UTC)

Прашање[уреди извор]

Здраво, Машин. Сакав да те прашам за ова подигнувањево на слики. Кога подигнуваме слики, тие директно се подигнуваат во Ризница? И која е целта на ваквото подигнување на слики? Пред некој ден подигнав слика и малку чудно ми дојде па чекав да те опитам. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 00:34, 22 јануари 2009 (UTC)

Сликите не се подигнуваат во Ризницата, тие уште се подигнуваат овде (локално) - само направив да имаме формулар кој личи на оној на ризницата. Поентата на сето ова е да се олесни целиот процес на подигање на слики за дури и најнеискусните уредувачи. Сега со секој формулар има посебно детално упатство како тој да се потполни и има разлика меѓу подигањето на слободни и неслободни слики. Кога се подигнуваат и користат неслободни слики, ретко кој корисник го потполнува шаблонот за објаснување за праведна употреба (покрај шаблонот за описот на сликата). Сега на овој начин, кликаш на „неслободно дело“, шаблоните автоматски ти се впишуваат во полето за уредување и ти е објаснето што и како треба да се потполни. Мислам дека вака сега делумно ќе се намалат недоразбирањата околу подигнувањето на слики. Поздрав, Brainmachinewtf? 00:42, 22 јануари 2009 (UTC)
А дали постои можност да се подигнуваат сликите директно во ризницата? Пред некој ден гледав статистики на Википедиите и шпанската Википедија нема ниту една слика на локално ниво туку сите се во ризницата. Мислам ова е корисно да се примени и тука бидејќи имаме и слики што воопшто не се користат. Поз-- MacedonianBoy  Oui? 00:46, 22 јануари 2009 (UTC)
Не може скроз директно да се подига во Ризницата, т.е. треба најпрво да отидеш на Ризницата, па таму да подигаш. Само што во Ризницата се дозволени исклучиво слободни слики - сликите кои се промотивни материјали, заштитни знакови, корици од книги, филмски плакати, DVD омоти - сѐ што не е слободно, мора да се подигне локално. Токму во овој нов формулар кај нас на прво место е истакнато: „Подигнувате слободни слики? Подигнете ги во Ризницата“ и можеме само да се надеваме дека корисниците ќе го почитуваат тоа. Во Ризницата по основно (default) формуларот е на англиски, а може да биде и на македонски. Само треба некој да се зафати со работа и да го преведе тој формулар (и едно купче системски пораки). Не знам кога, но јас најверојатно ќе се зафатам со таа должност и ќе се обидам да го преведам. --Brainmachinewtf? 00:53, 22 јануари 2009 (UTC)

За шаблонот[уреди извор]

Немав поим дека постои! :-) Супер, ептен напреднала Википедијава откога не сум активен. Сега сум на распуст од работа, како што гледате нешто поактивен сум, а исто така би сакал да предложам една викисредба на почетокот на февруари. --FlavrSavr (разговор) 15:18, 22 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 2009-година на астрономијата[уреди извор]

(pretty table goes here) ВикиПроектот Астрономски објекти. --Kiril Simeonovski (разговор) 13:56, 23 јануари 2009 (UTC)

За статиите[уреди извор]

Супер. Јас за тоа планирав да покренам и иницијатива. Види иницијатива 500 (избрани) статии овде. Ќе направиме една листа и ќе ја поделиме по теми. Секој што ќе прошири некоја статија или ќе уреди нова долга статија ќе ја запишува таму. Целта ќе биде да се соберат 500 статии. Не смее да се ставаат избрани статии или квалитетни статии кои од порано биле. Ќе ги бришеме од листата. Таа листа после ќе биде корисна за полесен избор на избрани содржини, а ќе изгледа како архивата на избрани статии на главната страница. Е сега, размислував сите статии во таа листа да бидат обележани со некој шаблон, па си мислев тоа да биде шаблонот за квалитет на статии. Имаме два такви, покрај за избрана: шаблон за статии од А класа и шаблон за добри статии. Но, сепак немам утврденио дали добрите статии ќе бидат поквалитетни од статиите од А класа, па затоа се двоумам кој шаблон да го ставиме, а критериумите за добра статија се послаби од оние за избрана, па не би можело директно од листата да се избираат статии, па затоа треба да размислам. Но, сепак до тогаш имаме кратко време за размислување. Иницијативата ќе биде покрената, кога ботот ќе започне да ги уредува над 17.000-те статии, а целта ќе биде да се одржува солидно процентуално учество на квалитетните статии во вкупниот број на статии. Моментно имаме над 23.500 статии, а околу 350 квалитетни статии, меѓу многу биле избрани на Главната страница или на страницата на некој од порталите. Тоа е 1.5% од вкупниот број на статии. Со покренатата иницијатива се планира бројот да порасне за 500, во однос на бројот на статии кои ќе порасне за над 17.000. Тоа се скоро 3%, што е многу подобро. Мислам дека кога и ботот би уредувал многу статии, повеќе нема да има желба да се уредуваат многу нови статии за кратко време (сѐ додека ботот не ги уреди сите, а тоа не е така краток период), па така многу би се насочиле кон подобрување на квалитетот на статиите, а за тоа ќе има уште неколку иницијативи кои и служаѕт на иницијативата за 500 (избрани) статии (на пр. Иницијатива за државите во светот и сл. види:Википедија:Иницијативи/2009). А, доколку и понатаму се има желба да порасне бројот на статии, се надевам дека тое ќе биде со уредување на нови квалитетни статии, како што и впрочем се прави во изборот на статиите на Главната страница во последните неколку месеци, со неколку исклучоци. Така мислам дека за краток временски период ќе успеме да ја зголемиме продуктивноста на уредувачите, а голем дел отпаѓа и на работата на ботот, а исто така тоа ќе предизвика зголемен број на статии и зголемен број на квалитетни и ин формативни статии. Со тоа мислам дека ќе добиеме еден солиден извор на енциклопедиски податоци на македонски јазик. Ова вака може изгледа многу едноставно, а јас ќе се потрудам да стане, но сепак бара многу работа. Поздрав и пиши ако имаш коментари.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:19, 23 јануари 2009 (UTC)

Јас и за тоа не ги пуштам иницијативите, туку една по една ги пуштам. Сега чекам да биде завршена иницијатива за градови во Македонија, за да може да пуштам нова. Така мислам дека е најдобро да играме. Е сега, иницијативата за квалитетни статии, како и иницијативата за одржување на порталите која планирам да ја покренам се трајни иницијативи и никогаш нема да бидат завршени, бидејќи целта важи за неодреден период од иднината, а не нешто да се постигне. Иницијативата за 2009-година на астрономијата што ја подигнав денес ќе биде завршена со завршувањето на годината и е сигурно една од најдолгите привремени статии. Само , не знам дали шаблонот Ок да го искористиме за веќе извршените иницијативи. Што мислиш?--Kiril Simeonovski (разговор) 19:53, 23 јануари 2009 (UTC)

Кај си бе :)[уреди извор]

Фала Богу му текна на некој да ме тргне од листата на активни администратори. Поздрав. :) --iNkubusse A? 14:18, 24 јануари 2009 (UTC)

Еј, ај преведи ми, т.е. што е тоа податотека? --iNkubusse A? 14:20, 24 јануари 2009 (UTC)
Абре ти дека си :) Do something useful with your life, edit Wikipedia :D Демек, податок --> податотека (a.k.a. file), но не знам како да го сменам назад, изгледа ќе треба да контактирам со мета. --Brainmachinewtf? 16:22, 24 јануари 2009 (UTC)
Ми се допаѓа податотека, иако како збор првпат го сретнав овде! :) --FlavrSavr (разговор) 16:24, 24 јануари 2009 (UTC)
Ок, но скоро никој не го користи тој термин. А „датотека“ всушност е и правилно — постои `Речник на странски зборови во македонскиот јазик`, издание 2002 година, Скопје, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје. Внатре се вметнати и зборови од компјутерскиот јазик, делумно преземени од претходно издадениот `Речник на компјутерските термини`, на Боге Димитриевски. Боге го предложил терминот `податотека`, но бидејќи не се користи - во поновото издание стои само како напомена дека е предложено, а термините `датотека` и `фајл` дека се во употреба. Јазикот е жива материја, и не се подведува само на нормите, туку и на употребата на термините... тоа се случило во конкретниов случај со изразот `податотека`. --Brainmachinewtf? 16:33, 24 јануари 2009 (UTC)
Знам, знам... ние кога го преведувавме менито на мк.вики бевме во дилема кој збор да го користиме и на крај мислам дека се одлучивме за датотека. Штета што не постои некој пошироко прифатен консензус за тоа кои точно зборови ќе се користат за превод на англиските термини (пример, download - превземи, преземи, спушти?). FLOSS заедницата во Македонија користеше некаков заеднички стандард, меѓутоа мислам дека тој е напуштен, а сметките сериозно ги поматија и Microsoft, кои, како и во други сфери, решија да ги баталат сите стандарди и да направат некој сосема свој "ФИРОмакедонски" превод на Windows. --FlavrSavr (разговор) 16:43, 24 јануари 2009 (UTC)
А иначе, тоа што ме радуваат некои термини, не значи дека се залагам за нивна употреба! :-) На времето (леле ко 100 години да имам се осеќам), на пример, немавме соодветен превод за stub... Србите тогаш користеа патрљак (немам појма што значи), па на некој му текна да користиме патрлок (како демек, македонска верзија од зборот). Дури после година дена и повеќе некој предложи исклучително суптилен и македонски збор, никулец, кој што се разбира, го прифативме. Сепак, ми недостига патрлок како збор и често го употребувам на некој случаен другар: Кај си бе, патрлок ниеден?, после што, следат чудни погледи... ама тоа е тоа... :-) Поздрав. --FlavrSavr (разговор) 16:54, 24 јануари 2009 (UTC)
Хаха, ме насмеа, да бидеш википедијанец си има и свои последици :D --Brainmachinewtf? 17:13, 24 јануари 2009 (UTC)

Нејаснотии[уреди извор]

Здраво Администраторе. Би сакал да те прашам за некој нејасни работи околу уредувањето. 1. Велите дека е задолжително да се наведе изворот на текстот, што доколку се работи за знање стакнато на факултет, средно школо, па каков извор треба да се наведе (учебници, професор и сл.)? 2. Како да направам некоја статија која ја има на повеќе јазици, да направам лево од статијата да излегуваат другите јазици на кој е достапна иста содржина?

Тоа е сега за сега, се надевам на брз одговор и што подолга соработка. Пријатен ден. Поздрав, Томе. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од Tome Piperevaliev (разговорпридонеси) 07:38, 25 јануари 2009

За медузата[уреди извор]

Вака, тоа е бинарно име на организмот, за кое нема македонско име. Бинарната номенклатура на организмите е универзална - сите организми се именуваат и пишуваат на латински јазик (е сега, во секоја земја одреден организам - растение или животно - си има народно име). Според ова, името на статијата треба да е на латински, исто како што тоа треба да биде и на главната страница. Поздрав, Boyan (разговор) 11:53, 29 јануари 2009 (UTC)

Hello Brainmachine,
please see Разговор_за_МедијаВики:Sitenotice#Page_rendering_bug. --- Best regards, Melancholie (разговор) 02:07, 30 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии[уреди извор]

Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! --Kiril Simeonovski (разговор) 00:38, 1 февруари 2009 (UTC)

This user few time vandalizes the articles of Божидар Димитров (claiming that he's gypsy) and Красимир Каракачанов, categorizing him as a vlakh. I already reverted the vandalization 2 times, and I'm not suppose to do it anymore. NikolaP (разговор) 14:02, 2 февруари 2009 (UTC)

На вистинско место[уреди извор]

Здраво БМ,
Те молам провери дали оваа стаија примарни извори на информации (која во основа е исто што и оваа статија Primary sources) се наоѓа на вистинското место.
Благодарам.
Поздрав, Wikimk (разговор)

Мислиш дали е насловот добар? Или...? --Brainmachinewtf? 16:23, 2 февруари 2009 (UTC)
Насловот е според македонската терминологија. Повеќе мислев на категоризација. Поздрав, Wikimk (разговор) 16:29, 2 февруари 2009 (UTC)
Може да биде вака категоризирано: Категорија:Историографија, Категорија:Информациска наука и Категорија:Истражување (втората сега ќе ја создадам). --Brainmachinewtf? 16:59, 2 февруари 2009 (UTC)
Не сум сигурен за историографијата, оти овие работи се горе-долу стандардни за сите науки (технчки, природни, општествени). Туку помислив да не треба нешто слично да има помеѓу статиите од типот на ВП:ЦИТ. Ако нема потреба од такво нешто тогаш сам ќе ги поврзам. Поздрав, Wikimk (разговор) 17:19, 2 февруари 2009 (UTC)
Не би требало да има сличности, оти овие се енциклопедиски статии, а ВП:ЦИТ е проектна статија (значи не може да има исти категории, појаснувања на врв, обраќања до корисници и сл.), ако на тоа мислиш. А за историографија, па и во статијата мислам дека се спомнува веднаш како „Во историографијата примарен извор или оригинален извор претставува документ, запис...“, па нема да штети ако стои и во таа категорија. А за сите науки, затоа е пак категоријата истражување, па мислам дека е покриено. --Brainmachinewtf? 19:29, 2 февруари 2009 (UTC)

Зошто тортура?[уреди извор]

Macedonian boy ми кажа дека ти си одговорен за тортурата околу описите под прозорецот за уредување. Ако може да се отстрани оваа тортура, нема смисла, посебно во разговорите.--Mile km (разговор) 20:31, 7 февруари 2009 (UTC)

Fair-use Images[уреди извор]

Ова го копирав од страната на Инкубус заради тоа што тој не е многу активен, и веројатно ти разбираш за што се зборува. Балканец What man, what? 01:48, 8 февруари 2009 (UTC)

Hi, what's the recommended way of tagging illegitimate fair-use claims on images, such as replaceable ones? There still seem to be gaps in the template system, right? I'm afraid I have a few problem cases to tag again. Future Perfect at Sunrise (разговор) 10:18, 7 февруари 2009 (UTC)

  • {{subst:зфу}} for tagging fair-use, but replaceable images;
  • Also responded here.
--Brainmachinewtf? 18:30, 8 февруари 2009 (UTC)
Thanks, I'll tag a few. While we're at it, could you take care of Податотека:Hermes od Celopek Tetovo.jpg? I tagged it as unsourced, but the uploader (Raso mk) reverted me and doesn't seem interested in cleaning up the situation or discussing it. Before I start edit-warring over a tag, perhaps you could have a look? thanks -- Future Perfect at Sunrise (разговор) 22:56, 8 февруари 2009 (UTC)