Разговор со корисник:Brainmachine/Архива 5

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија



Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 5


Потпис[уреди извор]

Бравос бе човек! Сега многу полесно ќе биде да се оди од една страна за разговор до друга. Како си го сторил? И што се случи со тоа со анонимците и создавање статии? Балканец What man, what? 01:17, 17 септември 2008 (UTC)

Фала :) За потписот направив промена во МедијаВики:Signature. Инаку, за анонимците промената се прави во датотеката под име LocalSettings.php со додавање на еден краток php код. Администраторите немаат достапност до таа датотека, најверојатно ќе мора да бараме помош од техничари (developers) на Мета. Поздрав, Brainmachinewtf? 13:31, 17 септември 2008 (UTC)

Зоки, види го [[1]]. Знам дека е многу напредно за нас кои не сме ни почнале, но сепак мислам дека може да се реализира. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:40, 17 септември 2008 (UTC)

Далеку сме од ВикиВести, Кириле. :) Ни требаат уредувачи за таков зафат. Знам, свесен сум за тоа што ми го праќаш. Најпрвин да ја средиме енциклопедијата, тоа е приоритетно. --Brainmachinewtf? 20:47, 17 септември 2008 (UTC)

Здраво! Имам една жалба до тебе. Имено Корицникот Личката на соодветнатра статија има направено намерен вандализам и потсмев и ширење на бугарска пропаганда. Јас ја преведов мислата на Чеков на македонски јазик додека тој ја става двојно истата мисла и на македонски и на бугарски јазик и како најнавредливо за мене е тоа што ми го користи моето име и авторитет за потсмев ставајќи го како извор. Ова мислам заслужува блокирање Види тука. Благодарам -- MacedonianBoy  Oui? 20:07, 17 септември 2008 (UTC)

Не ја преведе туку пренапиша така да нема ништо обшто со цитатот. Е те ова е вандализм.--Li4kata (разговор) 20:12, 17 септември 2008 (UTC)
Јас два пати ја преведував а ти и Потпоручник ја бришевте. Сакавте на бугарски да биде и затоа двојно стави а ко демек јас сум ставал извори. Потсмев не подмирувам.-- MacedonianBoy  Oui? 20:14, 17 септември 2008 (UTC)
Јас го отстранив неговото уредување, треба да стои само на македонски. Должен сум најпрвин да го предупредам, а потоа ако нема разбирање, тогаш дури можам да блокирам корисници. Патем, фала за потписот, сега е ок. --Brainmachinewtf? 20:16, 17 септември 2008 (UTC) (edit conflict) Li4kata, еве овде ти велам, не ги ставај цитатите во оригинал, нема потреба од тоа. 20:16, 17 септември 2008 (UTC)
Не ме интересира мене дали биле он сака да бидат на македонски или бугарски. Тој мене ми го користеше името мое за потсмев и тоа на секоја Википедија е казниво.-- MacedonianBoy  Oui? 20:18, 17 септември 2008 (UTC)
За овоj "превод" иде реч [2]?! За овој дело човек се вика - ЛАЖЕЦ.--Li4kata (разговор) 20:22, 17 септември 2008 (UTC)
Тоа е чиста поправка. Испуштена е буква зошто независната реченица треба да биде негативна за да има сврзник АМА па потоа зависна реченица. Македонски јазик дечки....ако не знаете не пишувајте тука.-- MacedonianBoy  Oui? 20:24, 17 септември 2008 (UTC)
Зоки ја отидов на пензија. Ова стана катастрофа. Додека не го решиш она створение јас не придонесувам. Мизерно--Raso mk (разговор) 20:27, 17 септември 2008 (UTC)
Немој, Рашо. Што ќе правиме без тебе? :D Аман бе луѓе, нели гледате Лига на шампиони? --Brainmachinewtf? 20:29, 17 септември 2008 (UTC)
Јас сум по кошарката и ракометот. Ќе гледам во сабота во Борис Трајковски. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 20:31, 17 септември 2008 (UTC)
Шампионите се на македонска википедија. --Raso mk (разговор) 20:32, 17 септември 2008 (UTC) Р.Ѕ. Ли4ката е злато во споредба со ттој другиот. Преиспитај

За корисника Рашо[уреди извор]

Корисника Рашо МК во "моjот разговор" напиша "Татарче едно, јас во Германија сум дипломиран економист и во УО на мк друштво, а дедоти што го продал газот за два лева и пребегал во бугарија покажува само какви наследници оставил. Без корен. продадени души. Госпот ќе ве сотре--Raso mk (разговор) 20:24, 17 септември 2008 (UTC)". Барам неколкудневен БАН за корисника или да ми се извини на страницата! Подпоручикъ (разговор) 20:36, 17 септември 2008 (UTC)


Тоа е рекција на предходно напишаниуот текст::::
Ставаш за смях, ти си абсолютен македонист - необразован расист. Нито българите са татари, нито македонците са учили някой на нещо. Аз татарин не съм, защото също съм македонец, приятелите ми също са такива, приятелката ми също е Егейска македонка. Роднините и които днес са в Гърция и приятелите и от Егея също са македонци. Искаш или не, твоите права се изчерпват с модераторството в МК У. Ти си инфантил, който смята, че може да променя историята както му е угодно. И не за друго, а защото не можеш да приемеш истината. Страх те е да си отвориш очите, да прочетеш някоя книга и да се образоваш поне отмалко. Да разбереш, че в училище си заблуждаван до голяма степен. Тук не цялата вина е твоя, голяма част за това има несъществуващото македонско общество и държава, които потдържат лъжите. Но ти- заради мързел, глупост и едната омраза- не смееш да прогледнеш по далеч от носа си. И да ти в Македония ще си поредният селски гъзар и пич македонист. Но в Германия и по целият останал свят ти ще си само едно нищо.

--Raso mk (разговор) 20:38, 17 септември 2008 (UTC)

Бре, откога Расо МК сборува бугарски.. :) Се види во право е се пак. И Расо и аз мора за казна да бидеме БАНирани. Подпоручикъ (разговор) 20:42, 17 септември 2008 (UTC)
^____^ Ок, оладете малце. Сте го погрешиле местото. Постојат компјутерски програми за инстантно пренесување на пораки — IRC канали, skype, msgr ... таквото ниво на комуникација резервирајте го за вашата приватност, конектирајте се и испцувајте се како луѓе. Барам од вас двајцата да ги избришете тие постови и да не постирате такво нешто во иднина. Нема никој да блокирам. --Brainmachinewtf? 20:45, 17 септември 2008 (UTC)
Дај бре мсн или скајп ЈУДО. Ова е моето последно тресење зелени за вечерва. Позз --Raso mk (разговор) 20:47, 17 септември 2008 (UTC)
Ете така ве сакам! :D --Brainmachinewtf? 20:48, 17 септември 2008 (UTC)
Сакам да прашам што значи ЈУДО и во каква смисла ja употребува Расо МК, зашто не сум добре запознат со трациите и културата на лугето од Македониja. Дали Расо сборува за Јуда Искариотски? Ако да, не е ли тоа пореден навред срешту мен? И не видим што можам да си кажам со тебе Расо во МСН и скајп, е jaвно дека сакаш да ми навредуваш со пцувки. Подпоручикъ (разговор) 20:57, 17 септември 2008 (UTC)
Не ме знаеш мене. Јас сум многу културно и воспитано момче. Пробај и ќе се увериш. Впрочем сакав само малку да поразговараме за историја, без навреди. PEACE--Raso mk (разговор) 20:59, 17 септември 2008 (UTC)
:D, покажи ми, пиши на скаjп Datigotura / oва ми е ника, не е навреда ;) /. P.S. Нели немаше повеке да пишеш? ;) Подпоручикъ (разговор) 21:22, 17 септември 2008 (UTC)
Комуницирајте на своите страници за разговор де, AUS! --Brainmachinewtf? 21:27, 17 септември 2008 (UTC)

Заштита[уреди извор]

Здраво Brainmachine, доколку веќе толку се занимававте за Михаил Чехов, би сакал и статијата ФК Тиверија да биде привремено заштитена. Поздрав--Астрион (разговор) 14:55, 19 септември 2008 (UTC) А со тоа и на Киро Глигоров

Ах, ах, ах (читај по обратен редослед)... Очигледно, со насилство никаде не се оди... Ме изнасмеа, Brainmachine. Патем, да не го гледаше филмот? Поздрав, --Виктор Јованоски (разговор) 22:50, 20 септември 2008 (UTC)

Нели документите требаше да останат?--Raso mk (разговор) 08:20, 24 септември 2008 (UTC)

Заборавив, многу механичка работа е ова. Ќе се обидам да ги вратам. --Brainmachinewtf? 08:22, 24 септември 2008 (UTC)
ОК. BTW кај си бе, се изгуби?--Raso mk (разговор) 08:23, 24 септември 2008 (UTC)
Така нешто, изгубен сум во последно време irl. :S Ај, ќе се оправам. Планирам да го средам во иднина формуларот за подигање, тоа ќе биде забавно.. :( --Brainmachinewtf? 08:27, 24 септември 2008 (UTC)
Ги вратив: Слика:Dekalracija za nezavisnost.jpg, Слика:Dekalracija za nezavisnost2.jpg. Во јавен домен се оти не се подлежни на заштита, ставај ги во статии слободно. --Brainmachinewtf? 08:33, 24 септември 2008 (UTC)

Само неш[уреди извор]

Дај бриши ја побрзо, зошто ми ја расипува таа која исто така се вика на комонс. Оваа е дупла и веќе ставив иста таква од комонс. Позззззз--Raso mk (разговор) 21:17, 27 септември 2008 (UTC)

Ок Готово --Brainmachinewtf? 22:51, 27 септември 2008 (UTC)

Не се сеќавам. Можно е да сум јас, а може и не. Во секој случај, не успеав да го најдам изворот на сликата, но доколку сум ја подигнал јас (што не сум сигурен), сигурно сум увидел дека е слободна, но не сум ја поставил врската за извор, што впрочем воопшто не беше практика во тоа време. --Б. Јанкулоскиразговор 21:29, 27 септември 2008 (UTC)

Ок Ок, благодарам. За жал ќе мора и на Ризницата да се избрише. --Brainmachinewtf? 22:51, 27 септември 2008 (UTC)

Бот статус[уреди извор]

Брејнмашин, па незнам дали да му доделам бот статус. Сепак, тој корисник нема поднесено барање за бот статус. Boyan (разговор) 20:52, 28 септември 2008 (UTC)

Ако може да го одклјучеш шаболнот {Македонци}? Сакам нешто да вметнам во него. Поздрав.--Makedonij (разговор) 13:26, 1 октомври 2008 (UTC)

Кажете што сакате да вметнете и јас ќе го сторам тоа за Вас. :) --Brainmachinewtf? 18:04, 1 октомври 2008 (UTC)

Naselenost: Albanija, Bugarija, Srbija, Grcija, Diaspora. Blagodaram--Makedonij (разговор) 05:04, 2 октомври 2008 (UTC)

Ок Готово — {{Македонци}} (разлика меѓу верзии) — Само 1 забелешка, наместо „Населеност“, ставив „Распространетост“. --Brainmachinewtf? 12:49, 2 октомври 2008 (UTC)

Лиценци[уреди извор]

Мило ми е што некој почнал да ги средува авторските права на сликите! Јас одамна не сум активен, ама гледам дека се функционира ОК, чинам... :-) За тие двете слики, ги собрав навремето од македонски владини сајтови, и сеуште не ми е јасен статусот нивен, дали е како во САД, во јавна сопственост стануваат (што би било логично), или има некаков копирајт (што би било буљашки). Поздрав и само напред. --FlavrSavr (разговор) 16:15, 1 октомври 2008 (UTC)

Ок е (за двете сликите) :P и благодарам за поддршката :) --Brainmachinewtf? 18:04, 1 октомври 2008 (UTC)

Портали[уреди извор]

Како што посочив конкретно за порталот технологија а и за другите добро би било да може да се пристапи кон нив од главната страница, а и за порталот технологија веќе месеци го има истиот изглед добро би му дошла промена. Може да го уредам или бара некој администраторски статус и слично? Инаку сте супер алал да ви е

--DJ LoPaTa (разговор) 16:26, 1 октомври 2008 (UTC)

Ок Готово + Ви одговорив на Вашата страница за разговор.

Кроули[уреди извор]

не ми е завршена статијата за Кроули, ќе ги ставам на крај референците. се изморив за вечерва. провери ги статиите за Лемурија и Блаватска, тие ми се готови Поздрав, --виолетова 23:55, 02 октомври 2008


Здраво Зоки. Имам една идеја.. всушност повеќе е прашање од типот „еј, може ли вака?“ :))

Пролетоска беше организирана кампања: Мојата кирилица - додека пишувам кирилица постојам. Една од главните цели на проектот беше да се создаде фонт кој во сите облици (обичен, италик, болд) правилно ќе ги претставува буквите од македонската азбука. За таа цел беше изработен фонт кој може да се најде тука. Карактеристика на овој фонт е што, пред сѐ кога е италикот во прашање, правилно претставува некои букви кои во македонската азбука се поразлични од оние знаци кај uncode фонтовите (кои пак се правени по урнек на руската кирилица). Разликите (и не само тие) се подробно објаснети тука. Сега главното: дали ќе може ние на Википедија на македонски да го направиме тој фонт „основен“. Знам дека ова е прилично голем чекор во однос на структурата и, веројатно, изгледот на енциклопедијава, но сепак мислам дека би требало да продискутираме на оваа тема, имено, зошто не би користеле наше правилно писмо (во сите облици) на Википедија на наш јазик :))). Поздрав! --Фичо (разговор) 17:07, 3 октомври 2008 (UTC)

Го прочитав pdf-от и ми се допаѓа идејата. :D Не знам моментално како ќе го реализираме, ќе треба малце истражување. Мислам дека треба и да го покажеме ова и на другите, да видиме што ќе кажат. :) --Brainmachinewtf? 23:18, 3 октомври 2008 (UTC)


Кроули е готов[уреди извор]

готова е статијата за Алистер Кроули, провери дали е сè во ред таму. сега ја работам за О.Т.О. п.с. името на тој таен ред се користи и во Македонија во оригинал, или како кратенка ОТО... да не се збуни некој зошто е по латински :) Поздрав, --виолетова 10:07, 04 октомври 2008

готова статија[уреди извор]

И статијата за О.Т.О. е готова. Имам едно прашање за статијата за Блаватска зошто не се појавува на google? Дури ни после 7-8 страница ја нема...
Поздрав, --виолетова 00:27, 06 октомври 2008

Ок, ќе ја проверам. Инаку, на Google му е потребно време да ги индексира промените на страниците. Обидете се повторно по некој ден, ќе видите дека ќе се појави. Поздрав, Brainmachinewtf? 22:37, 5 октомври 2008 (UTC)

Сликиве ме уништија[уреди извор]

Ај види што е работата со оваа слика, па и оваа!!! Зашто не се гледаат или само кај мене е проблемот? --Raso mk (разговор) 14:09, 6 октомври 2008 (UTC)

Сега се е ок. Само избриши ја таа втората .ПНГ. --Raso mk (разговор) 14:25, 6 октомври 2008 (UTC)

Интересни шаблони за лиценци[уреди извор]

Ај види го овој Шаблон за лиценца, кој се користи тука!!!! На некој начин личи на нашиот, само со среден начин за употреба. Што мислиш?--Raso mk (разговор) 10:37, 12 октомври 2008 (UTC)

Е, ова е навистина интересно. Јас поставив прашање на англиското media copyright questions и сега чекам одговор. Знам дека е погрешно! Само барам потврда. --Brainmachinewtf? 12:08, 12 октомври 2008 (UTC)

Благодарам[уреди извор]

Баш убавко од твоја страна :) --Виолетова 19:30 12 октомври 2008

Ми треба помош[уреди извор]

Ја средив статијата Абракадабра, ама кај две фусноти (1. и 5.) се појавува некаков шаблон, од англиската верзија е останат, а ние го немаме... не знам како да го тргнам, да си остане како што треба. Ги тргнав големите загради кои означуваат шаблон, ама не знам дали е во ред вака ко што е сега :( --Виолетова 15:30 13 октомври 2008

За нашата мака[уреди извор]

Што направи со лиценците? Ги праша ли тие од мета? Многу???????????? --Raso mk (разговор) 21:30, 14 октомври 2008 (UTC)

Немаше одговор на англиското WP:MCQ, а сега ме препратија да го поставам прашањето до Мета. Ќе ги прашам утре. Без разлика, неправилно е таквото оправдување на сликите. И зошто мака? :D Ееее, ризницата е полна со слики. --Brainmachinewtf? 21:34, 14 октомври 2008 (UTC)
Да, полна е ама не со тие што ми требаат. Плус тоа размисли и за албанскиот шаблон. Да имаме и ние такво нешто, барем за „македонцките работи“, работи како македонска историја, етнографија и сл. Знаеш за што мислам нели?--Raso mk (разговор) 21:44, 14 октомври 2008 (UTC)

не ми се појавуваат сликите...[уреди извор]

ај те молам ѕирни каде грешам со сликите... на оваа статија Петте елементи (кинеска филозофија) --виолетова 22:25, 15 октомври 2008

Една работичка за тебе[уреди извор]

Ај ако сакаш погледни го шаблонов? Никако неможам да се снајдам да го преведам. Ако можеш пробај преведи го, важно ми е. Еве на пример тој се користи тука. Ова дефинитивно ми е најкомплицираниот шаблон до сега. Фала однапред--Raso mk (разговор) 19:29, 22 октомври 2008 (UTC) Аха да. И сликата не се појавува во шаблонот, така да таа за реката морав некако лаички да ја прилепам на шаблонот.

Chill out, boy! Јас прашав и сменив. Мислам дека ништо не направив на своја глава. Плус за блокирањето тешко малку, бидејќи во догледно време нема празници. :-D--Raso mk (разговор) 07:35, 23 октомври 2008 (UTC)
Aj стави го и ова. Не се користи толку ама нека го има. <s></s>--Raso mk (разговор) 10:18, 26 октомври 2008 (UTC)
Danke!--Raso mk (разговор) 10:25, 26 октомври 2008 (UTC)

Фала, многу е корисно тоа. Те молам види кај Бојан на разговор имам жалба пишано ама него го нема. Еден корисник заслужува блок за неговото однесување спрема мене, па разгледај. На страната за разговор кај Бојан е. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 10:19, 26 октомври 2008 (UTC)

Извести ме ако уште еднаш го повтори ова. --Brainmachinewtf? 10:40, 26 октомври 2008 (UTC)

Без лични напади?![уреди извор]

Brainmachine, MacedonianBоy ме нарече гъз, сори но аз съм нападнатия, а не мене ме очаква блокиране!?? Не бъди смешен и не ме дискриминирай, като толерираш изтъпленията на MacedonianBоy... --Пакко (разговор) 10:45, 26 октомври 2008 (UTC)

Здраво, Пакко. И двата ваши коментари се отстранети. Предупредувањето важи и за MacedonianBoy, но ти ме претекна. Јас воопшто не вршам дискриминација: MacedonianBoy беше вулгарен и го предупредив, ти направи личен напад, па и тебе те предупредив. Ве молам внимавајте. И овде ќе го напишам истото, останете кул кога уредувањето ќе се вжешти. Јас воопшто не сум „смешен“ и сум толерантен и кон двајцата. Поздрав, Brainmachinewtf? 10:57, 26 октомври 2008 (UTC)
Колку што знам јас, сите вие во Бугарија што се правите паметни, велите дека македонскиот јазик е бугарски. Ова е факт што го потврдува обратното. Немате вие поима од македонски јазик и не си разбрал ништо од таа реченица. Сироти!-- MacedonianBoy  Oui? 10:49, 26 октомври 2008 (UTC)

Сакам образложение ако може, за тагот што е поставен на статијата? Зошто да се брише? Има и други микронации на нашава Википедија што воопшто не се важни па не се бришат. Не гледам потреба од бришење. -- MacedonianBoy  Oui? 18:29, 27 октомври 2008 (UTC)

Ќе го префрлам овој разговор на страницата за разговор на статијата. --Brainmachinewtf? 18:52, 27 октомври 2008 (UTC)

Здраво! Ве, известувам дека на македонски јазик започнува со работа ВикиПроектот Рецензија. Доколку сте заинтересирани слободно може да станете член од овој проект. Исто така сакам да истакнам дека квалитетот на работата на Википедија на македонски јазик може многу да се подобри со членувањето во различните ВикиПроекти и следењето на начелата и критериумите пропишани во нив. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:54, 28 октомври 2008 (UTC)

П.С.ОкГотов е проектот. Да се фаќаме на работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:05, 28 октомври 2008 (UTC)


Блокирање[уреди извор]

Ај уште еднаш да прашам: кој ми ги блокира "на денешен ден" и "дали сте знаеле" на гл. стр. кога и онака речиси само јас ги уредував?!? --Црноризец (разговор) 02:35, 28 октомври 2008 (UTC)

Јас бев тоа, привремено ја вклучив каскадната заштита на главната страница, но гледам дека нема потреба. Сега е назад на старото, пак може да се уредуваат. Се извинувам за непријатностите.  :( --Brainmachinewtf? 14:09, 28 октомври 2008 (UTC)

Сликата[уреди извор]

Сликата ја вратив бидејќи кога ја подигнав веќе беа посочени и изворот и лиценцата за употреба и сите детали. Впрочем ја симнав од англиската википедија (каде што се користи под истата лиценца) и ја подигнав на нашата википедија, што значи нема шанса да прекршува авторски права. Поздрав.

Значи не е сликата таа што ги прекршува авторските права и затоа да биде избришана, туку нејзината употреба во мојот потпис, што не значи дека била за бришење. Сте можеле да ме предупредите. Како и да е, благодарам на забелешката. Не ја бришете сликата ќе треба за статијата.

P.S. ја најдов и во корисничка кутија на англиската википедија.


гитардэмон говори со мной 14:57, 28 октомври 2008 (UTC)

Слики за старомакедонска азбука[уреди извор]

Можеш да ги бришеш сликите што се од сајтот превземени зошто јас вчера направив свои и ги подигнав на Википедија. Мислам дека тие се сега ок и можат да се користат. Што мислиш за тоа? И исто така, за НПОВ, има секција во статијата каде вели дека ова е една теорија и дека во светот е прифатена вака и вака. Мислам фер е.-- MacedonianBoy  Oui? 08:57, 1 ноември 2008 (UTC)

Ок е, сега се добри сликите, а старите ги избришав. Јас го преработив целосно воведот и јасно прецизирав дека ова е една хипотеза и дека има воспоставено сосема друг став во светот. Мислам дека е ок сега, само треба дозвола од авторите за објавување на текстот под ГЛСД-компактибилна лиценца.

Помагај[уреди извор]

Некој го пренасочувал шаблонот:инфокутија села у македонија и сите села се „усрани“. Неможам да се снајдам. Види ти!--Raso mk (разговор) 21:06, 2 ноември 2008 (UTC)

Што не е во ред? Мене ми изгледа сѐ ок, арно се трансклудира шаблонот. Де прати врска до статија на село каде што има проблем шаблонот. --Brainmachinewtf? 21:12, 2 ноември 2008 (UTC)
Еве на пр. Теново. Нема шаблон и изгледа вака:

Теново е село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово. 1.redirect Шаблон:Инфокутија село во Република Македонија

И на стотина други е така. Ја нема инфокутија од страна туку седиј некоја реченица со редирект. --Raso mk (разговор) 21:20, 2 ноември 2008 (UTC)
Сега ок ли е? --Brainmachinewtf? 21:51, 2 ноември 2008 (UTC)
Не е. Види Коњари, Милетино и мн. други. Јас незнам тој Були што направи прееска. --Raso mk (разговор) 21:57, 2 ноември 2008 (UTC)
Испробај го ова за да видиш што е работата: отвори ја статијата Милетино, кликни уреди, смени нешто (додај коментар на пример <!---->) и кликни Зачувај. --Brainmachinewtf? 22:10, 2 ноември 2008 (UTC)
Ете ставив слика и успева. Но тука збориме за стотици села. Па кој ќе коментира на секое село. хехе. Нема ли друг начин да си се врати се по старо?--Raso mk (разговор) 22:15, 2 ноември 2008 (UTC)
Можеби сами ќе се поправат евентуално по некоја недела или две, а ако не, ќе мора да се направи било каква измена за да биде ок (да дојдат на врвот на job quene-от на серверот). --Brainmachinewtf? 22:18, 2 ноември 2008 (UTC)
Тоа сакав баш да те прашам. Наиме во последно време сум забележал дека википедијава ни е некако спора. На пример порано ако подигав некоја нова верзија на слика, истата веднаш се покажуваше во статијата, а сега после неколку часа. Или ако се смени некој шаблон му треба со часови за во статиите каде што се користи да го добие новиот лик. Чудно нели?--Raso mk (разговор) 22:22, 2 ноември 2008 (UTC)
Прочитај mw:Manual:Job queue, таму е објаснето зошто ова се случува. Не е чудно, само ќе му треба време на серверот да ги направи промените на сите страници (може по некоја недела). --Brainmachinewtf? 22:30, 2 ноември 2008 (UTC)
ОК. Јасно ми е. Ај кога го разврзамве муабетов, што е со шаблончето за слики? Тоа за мк авторски права?--Raso mk (разговор) 22:33, 2 ноември 2008 (UTC)
Го номинираа за бришење и го избришаа. И тоа со право, не важи за Википедија тој закон. Еве ја дискусијата — en:Wikipedia:Templates for deletion/Log/2008 October 19. Ќе треба и тука да го избришеме, заедно со сликите. --Brainmachinewtf? 22:49, 2 ноември 2008 (UTC)


Ама не е ли исто како тој албанскиот, или тој на САД, британскиот, бразилците имаат таков, филипинците, па дури и полјаците. Колку што го читав нашиот закон, во него експлицитно се наведува дека дело од културното мк наследство во никој случај не може да биде предмет на автроски права и дека сите дела од култура и сл. се слободни?--Raso mk (разговор) 23:09, 2 ноември 2008 (UTC)
Хмм... ќе треба да го разгледам законот. Имаш ли линк? --Brainmachinewtf? 23:17, 2 ноември 2008 (UTC)
Еве членови од 31 до 42.--Raso mk (разговор) 23:20, 2 ноември 2008 (UTC)
Ок, еве ја конечната одлука. Законот за авторското право овозможува слободно користење на дела за стекнување информации од општо значење. Тоа е ок. Од друга страна, Викимедија Фондацијата, правниот сопственик на сите јазични изданија на Википедија, како и сите сестрински проекти, дозволува содржина која е исклучиво слободна за било каква модификација, која слободно може да копира и употребува за било каква комерцијална/некомерцијална цел. Член 34 од законот оди спротивно од овој принцип на Фондацијата, што значи не можеме да го искористиме ова. Велиш за шаблоните во САД, ВБ, Филипини итн. Тоа се специфични шаблони — на пример во САД материјалите од владата се во јавен домен. Или пак сликите направени пред 1924 се во јавен домен. Кај нас немаме такви исклучоци (барем јас не знам за такви) и затоа немаме такви шаблони. Во случај некоја слика да е навистина тешко достапна и заменлива, а е есенцијална за илустрација на статијата, едноставно мора да се подигне неслободна и да се искористи, но тоа мора да се направи со детално објаснување за праведна употреба во кое ќе се наведе зошто се користи ова дело, во која статија и под какви услови. --Brainmachinewtf? 23:27, 3 ноември 2008 (UTC)