Разговор со корисник:Amacos
Добредојде! --Boyan 09:15, 4 Јуни 2006 (UTC)
Благодарам!
[уреди извор]Се надевам дека не направив некоја грешка, ако има поправете. Не знам дали имате направено стандардизација на термини кои ќе се користат во македонската верзија на Википедија. На пример: "Линкови" или "Врски" итн.; дали називите (кога се работи за категорија или наслов) ќе се пишуваат во членувана или нечленувана форма (на пр. "Македонците во Албанија" или "Македонци во Албанија" итн.
Amacos 17:51, 4 Јуни 2006 (UTC)
- Литературно треба да стои врски - јас така и форсирам во преводот на софтверот. Сепак, некои корисници користат линкови, што е прилично одомаќено. За категориите не сме се договориле до сега, ама сега е право време да се договориме :) --Милош 23:37, 4 Јуни 2006 (UTC)
- Мислам дека мора да се направи договор за членувана или нечленувана форма и да се постави како правило на одредено место на почетната страна или слично оти може да дојде до дуплирање на одредени статии. Вакво нешто постои на албанската верзија каде им се потенцира на корисниците сите наслови да бидат во членувана форма, бидејќи и во алб. јаз. постои член (т.е. падеж... да не навлегувам поподробно). Поздрав, Amacos
- Главно користиме нечленувани наслови, освен ако членот е нераздвоен дел од името (како на пример, име на книга). Сакам нешто да те прашам - дали си ти човекот со кој зборевме за проблемот на Албанската Википедија, во врска со името на нашиот народ? Патем, добредојде на Википедија на македонски, се надевам дека ќе имаме успешна соработка! --FlavrSavr 03:10, 5 Јуни 2006 (UTC)
- Мислам дека мора да се направи договор за членувана или нечленувана форма и да се постави како правило на одредено место на почетната страна или слично оти може да дојде до дуплирање на одредени статии. Вакво нешто постои на албанската верзија каде им се потенцира на корисниците сите наслови да бидат во членувана форма, бидејќи и во алб. јаз. постои член (т.е. падеж... да не навлегувам поподробно). Поздрав, Amacos
П.С. Можеш да оставаш потпис со испишување на --~~~~ или со копчето за потпис над кутијата за уредување. Поздрав. --FlavrSavr 03:10, 5 Јуни 2006 (UTC)
- Добредојде и од мене! Се надевам на плодородна соработка! За вашата дилема: јас, да речеме, секогаш користам нечленувани категории и наслови (освен ако не е специјален назив, како што спомена колегата FlavrSavr). Интерфејсот е во голем дел стандардизиран, а следи и уште едно прашање - дали интерфејсот да му се обраѓа на поединечен корисник во еднина (со „ти“) или пак на корисници во множина (со „вие“). Кога тоа ќе го решиме, и плус некои преводи, претпоставувам дека 99% од интерфејсот ќе биде во униформен стил. Истото ќе следи и на сите сродни проекти кои досега ги немаме отворено. Во една статија редовно се вели „Врски“, а никако „Линкови“ (барем немам видено) а и тоа е добро зошто мораме да македонизираме во најголема можна мера. Наједноставно решение на тоа прашање е да ги погледнеш поквалитетните статии, и таму мислам дека многу работи ќе ти се разјаснат.
- Бидејќи знаеш албански, сакам да те запрашам: при додавањето на албанското име на градот на статијата „Охрид“ употребив македонско-албански речник кој ми го посочи името Ohrit. Но од друга страна гледам дека албанците вон Албанија (западна Мак., Косово и сл.) употребуваат Ohri. Сега незнам дали првото е литературно, а второто е гегски или пак нешто трето? Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 07:25, 5 Јуни 2006 (UTC)
- Заборавив да напоменам дека член се користи и во категоризации од типот на „Теми во математиката“ бидејќи математиката е една и едиствена наука, и затоа би се пишувала со одреден член. На друг случај неможам да се сетам. --Б. Јанкулоскиразговор 07:33, 5 Јуни 2006 (UTC)
- FlavrSavr :: Да, јас сум истиот со кој разговаравте за проблемот со називите на албанската верзија, само што сега сум зачленет и се трудам да се вклопам во "шемата" :)
- Б. Јанкулоски :: Во алб.јаз. и личните и географските имиња подлежат на членување. Нечленуваното име на градот Охрид е Ohër. Неговата членувана форма во номинатив е Ohri (Ohri ështe një qytet - Охрид е град); во генитив/датив е Ohrit (Kryetari i Ohrit - Градоначалникот на Охрид); во акузатив е Ohrin (Në Ohrin e bukur - Во убавиот Охрид). Во твојот случај можеш да ги употребиш двете форми во номинатив, нечленувана и членувана (Ohër и Ohri) или само членуваната Ohri. Така практикуваат и тие кога вршат транскрипција од алб. на анг.
--Amacos 10:43, 5 Јуни 2006 (UTC)
- Во ред, во ред, вклопи се прво, па после ќе гледаме да средиме тоа на албанската и бугарската Википедија... Патем, имам впечаток, дека Majahm не ме разбра што точно барам. Тоа што ни би било од огромна помош е официјален документ на албанската влада со кој тие нè нарекуваат Македонци. Ако можеш побарај таков на интернет. Исто така, бидејќи јас не ги знам албанските термини (членувани и нечленувани), може ли да направиш едно мало истражување на Гугл кој термин е покористен во албанскиот јазик: Македонци или Славомакедонци? Тоа со Голо Брдо ќе гледам уште денес или утре да го средам. Исто така, деновиве конечно ќе треба да почнам со враќање на статиите за Гоце Делчев и другите македонски револуционери во англиската Википедија во некоја прифатлива неутрална верзија - тоа би подразбирало прилично цитирање извори, па се подготвувам... Поздрав. --FlavrSavr 17:51, 5 Јуни 2006 (UTC)
Разговор
[уреди извор]Здраво. Се отвори една дискусија на Разговор:Самуилово царство. Мислам дека ќе те интересира. Поздрав, Boyan 10:15, 5 Јуни 2006 (UTC)
За шаблони и слики
[уреди извор]Да, текст и шаблони од англиската Википедија сигурно можат да се земат (под таква лиценца се издадени). Исто се однесува и за сликите, со тоа што треба да провериш првин дали сликата навистина е издадена под слободна лиценца, односно дали авторот ја дал во јавниот домен. --FlavrSavr 00:05, 7 Јуни 2006 (UTC)
Ми искрсна дополнителна работа во врска со преводот на интерфејсот на Вики, така што нема да можам да се вклучам во решавање на спорот со Голо Брдо во бг.вики, сега за сега... Во меѓувреме дали провери кој е покористен назив за Македонците во албанскиот јазик? --FlavrSavr 00:05, 7 Јуни 2006 (UTC)
- OK. Фала за одговорот. Малку се зафатив со други работи. Проанализирав нешто на алб. верзија, но ќе ми треба поддршка за таму, грците се длабоко инфилтрирани и таму. За официјалниот назив уште немам конкретни сознанија. Ќе биде наскоро. --Amacos 00:17, 7 Јуни 2006 (UTC)
Не мислам да попуштам така лесно во врска со спорот околу Голо Брдо. Јасно е дека сега се прават на Тошо, ама искрено, здосадено ми е од тоа само тие да мрчат за тоа колку сме ние пристрасни во мк.вики. Патем, еден мој пријател од англиската Википедија ја виде таа статија и се изгази од смеење :). Во временски поглед сум катастрофа, и како што поминува нешто повеќе од една година од моето ангажирање во Википедија, се депримирам што како што поминува животов имам сè помалку и помалку време за овде. Во спротивно, немаше да се случува ова што се случува на англиската Википедија во врска со нашите револуционери како на пример Гоце Делчев... тоа што се случува таму е навистина форсирање на екстремен бугарски национализам, а јас едноставно немам во моментов време сам да се борам со сите тие комбинации Телекс - ФанкиФлај - Авг... За албанската Википедија, ќе гледам да ти помогнам колку можам, ама од администраторите таму практично не знам никого... Поздрав. --FlavrSavr 21:47, 13 Јуни 2006 (UTC)
Фала
[уреди извор]Фала за помошта. Инаку, ќе се придржувам до правилото на три враќања, па доколку продолжи ќе го блокирам ;-). Boyan 21:45, 8 Јуни 2006 (UTC)
Ej
[уреди извор]За Теле Икс :)... извини, не бев на Вики деновиве, испити... ќе видиме што може да се направи на албанската Википедија, за жал до крајов на месецов нема да имам слободно време, а верувај ми, овие расправии земаат и по цели денови. Во меѓувреме добро би било да ми оставиш e-mail, или ако не ти се остава јавно, напиши ми e-mail на slobodanjakoski(на)yahoo.com. Поздрав! --FlavrSavr 01:53, 21 Јуни 2006 (UTC)
Грб
[уреди извор]Грб со лавови - добре дошел у дома
Amacos, айде земи измисли некоя нова дума че от това - пропаганда, пропаганда, взе да ми писва. Не знам къде я видя пропагандата тоя път. Снимките ги направих с еднакъв размер. И вземи също разбери че Википедия не е нито моя, нито твоя, още по-малко на Македонците. Всеки има право да пише на нея.Елемаг 15:57, 2 април 2007 (UTC)
Oва е македонската верзија на Википедија наменета за Македонците, па според тоа таа Е МАКЕДОНСКА и тука се изнесуваат македонските официјални ставови исто така како што на бугарската верзија се изнесуваат бугарските официјални ставови и се она што е против тоа се брише. Дури не се дозволува пишување статии за одредени македонски историски настани и личности поврзани со антиката или сегашноста, а на македонската википедија ти и неколку други пропагандисти не само што слободно си пишувате за што и да посакате, туку се дрзнувате и да ги исменувате настаните поврзани со Македонците и ги произнесувате вашите "официјални" бугарски ставови. Снимките беа со ист размер, но ти ги измени. Со моите измени сега се сите слики пак со ист размер, 270. Претходно сите беа 200. Доволно ли се големи сега?! Ако човек ви даде еден прст вие сакате да му ја земете цела рака. --Amacos 16:11, 2 април 2007 (UTC)
- "Официалните версии" в България са официални в ЦЕЛИЯ СВЯТ!!! Никой не споменава македонци преди началото на 20 век. За античните мамекдонци никой не говори след завладяването им от римляните. Само вие ги направихте славяни и не знам още какви. Целият свят знае че античните са били гърци, само вие имате друга версия!!! Земи си отвори очите малко, прочети малко книги, купи от Амазон. Не знам къде живееш, ако си в Македония само кажи и коя книга искаш и ще ти я пратя! Време е да се образовате малко, като земете да пишете смислени работи тогава ще пишете на Българската Википедия. 19:52, 2 април 2007 (UTC)
- Елемаг, со тоа ти покажа дека на бугарската вики има двојни стандарди. Вие тука сакате да пишувате што ќе ви падне на ум, а ние најпрво требало да се образуваме според бугарските историски читања (читај: бугарската пропаганда) па после ќе сме можеле да пишуваме на bg.wikipedia.org. Јас само се прашувам како после едни вакви изјави и јавни омаловажувања на Македонците се уште не ве блокираат тебе и сличните на тебе пропагандисти. --Amacos 20:46, 2 април 2007 (UTC)
Много ти се иска да ме блокират, нали? Злобар такъв! Ти първи ми вандализира страницата, а сега след като ти е разкрита идентичноста се насра!Елемаг 20:08, 3 април 2007 (UTC)
- Жално е што самиот си се ставаш во проблеми. Самиот си си ја вандализирал твојата страница, а моето име го вмешуваш без потреба и за да покажеш дека си вандал си ја вандализирал и мојата лична страница. Такво нешто не е дозволено. Тоа заслужува блокирање. И не знам како си ми ја открил "идентичноста", кога јас не живеам во Бугарија :) --Amacos 21:30, 3 април 2007 (UTC)
- Amacos, Елемаг не ме е разбрал, помислил е дека ти си вандалот на неговата страница, смекчи агресиjата. Википедиja е полезна кога има разбирателство, бугарите и македонците са много разделени и затова нема диалог - само обиди, а и во Бугариjа и во Македониjа има умни и добри хора, те зуслужуват да общуват. Никоj бугарин нема да седне да прави пропаганда тука. Не е това местото за пропаганда (даже во бугарските универзитети, каде студират хилади македонци, никоj не им прави пропаганда). Просто много бугари, като мене, имат произход от Македониjа и затова пишуват на македонската википедиjа. --Svik 18:33, 4 април 2007 (UTC)
- Само да ти кажам дека со благи зборови нема да ни затвориш очите.Иако велиш дека не правите пропаганда,во цело време само тоа правите.--Ajax 22:07, 4 април 2007 (UTC)
- Svik, ти еден од нив си?! Затоа ли на твојата лична страница на бугарската Вики си напишал "За този уикипедианец "македонският език" е роден, защото е диалект на българския" и "Да говорим правилно: Дядо пие прясно мляко.,а не: Дедо пие пресно млеко." и си го линкувал поимот македонски език кон бугарски јазик!? И штом Елемаг не разбрал добро треба да ми се извини за вандализирањето на мојата страница и вмешувањето на мојот ник во нечесни игри, а не да изигрува детектив заедно со тебе и да ми ја разоткрива "идентичноста". --Amacos 00:45, 5 април 2007 (UTC)
Поздрав
[уреди извор]Добредојде назад, брате! Твојата поддршка за одбрана на македонските национални позиции ќе ни биде многу потребна. Сликата на корисничката страница ти е многу добра! Поздрав, да живее МАКЕДОНИЈА!!! - Македонец 20:23, 4 септември 2007 (UTC)
Брате, што се однесува до мене, јас сум за тоа македонската википедија да биде уредена од типот на бугарската, т.е. да има црвена линија за уредувањето на статиите од особена важност за македонскиот национален идентитет. Овие денови таму постојано во статијата за Македонци, додавам Категорија:Славјански народи и тие упорно ја бришат? Како да се сфати ова? Мое вандализирање, штом тие толку ревносно го отстрануваат категоризирањето на Македонците во групата на словенски народи? Не, не тоа е жесток национал-шовинизам од највисоко ниво, кој е застапен кај секој член на википедија таму. Па затоа јас би порачал до нашите администратори, кои играјќи чесно и според правилата (застапување на НГТ т.е. БГТ за статиите со најголема важност за македонскиот идентитет), кои се злоупотребувани од страна на разноразните бугарски пропагандисти и националисти тука, да повлечат црвена линија на толеранција кон бугарите и секој од нив кој ќе се осмели да почне да уредува статии или да стави на неговата корисничка страница содржини навредливи за сите МАКЕДОНЦИ, ВЕДНАШ ДА БИДЕ БЛОКИРАН!!! И ТОА ТРАЈНО!!! Поздрав, МАКЕДОНИЈА на МАКЕДОНЦИТЕ!!! - Македонец 18:21, 26 септември 2007 (UTC)
Бугарски владетели
[уреди извор]Потполно те поддржувам, и сметам дека има уште некои сосема непотребни статии поврзани со Бугарија и Бугарите, кои се всушност излив на бугарската пропаганда и шовинизам, како статијата за Организацијата за заштита на бугарските човекови права во Грција, која може веднаш да биде избришана, заедно со уште неколку други статии. Поздрав! МАКЕДОНИЈА на МАКЕДОНЦИТЕ!!! - МАКЕДОНЦИ ЗАСЕКОГАШ! 17:30, 28 септември 2007 (UTC)
Бугарски генерали
[уреди извор]Здраво Amacos.
Најпрво извини што го избришав шаблонот за бришење без да те известам - забележав дека ти си го поставил и се обидов (во полза на твоето барање) да ги разгледам сите статии за бугарските офицери напишани од Охрид и потоа да те известам за промените. Но изумив. Добро што си ми оставил коментар на страницата, зашто сосема ќе заборавев. Сега нема зошто да ти објаснувам детално, зашто претпоставувам дека веќе си видел.
Се согласувам со тоа дека прагот на толеранција ни е висок, но искрено не можам да најдам причина зашто да не биде така - статиите за бугарските генерали се буквално онакви какви што ги опиша - две-три реченици за некои-само-во-Бугарија-познати-личности. Но, пред се и над се, тие се статии. Тоа не може да се порекне. Гледано од моја страна, нема никаква причина зошто да бидат избришани. Причината која ти ја нудиш - ние не можеме да пишуваме статии за Македонци на бугарската, а тие можат да пишуваат за личности од бугарската историја на македонската википедија - не е воопшто убедителна: ако бугарската википедија не ја почитува неутралната гледна точка нема зошто ние да го правиме истото. Зашто тогаш - што не прави поразлични од нив?
За статијата посветена на Григор Ќуркчиев постоеше неспорен повод да се избрише - еден предлог не беше граматички прецизно употребен и името не беше правилно транскрибирано. Ако тоа беше случај со некоја статија за англиски пилот воопшто немаше да биде проблем. Првиот поажурен корисник ќе ги поправеше грешките, ќе го избришеше шаблонот и никој немаше ништо да забележи. Дури и се сомневам дека воопшто ќе беше поставен шаблон за бришење. Нормално - Македонија, генерално гледано, нема проблем со Англија и тоа што се појавиле неколку грешки или реченици на англиски во некоја статија нема да се смета за некој проблем (Википедија има две-три статии кои речиси целосно се напишани на англиски и покрај тоа што рокот за бришење е веќе поминат, тие сѐ уште стојат.) Имајќи го во предвид ова, размислував некое време дали би било праведно да ја избришам статијата за Григор Ќуркчиев. Заклучив дека пред целта на постоењето на википедија и на било која друга енциклопедија што се стреми да биде приказ на целокупното човечко знаење тоа не би било во ред. Зашто, изземајќи ја неспорната причина за бришење (употребата на предлогот во наместо на во реченицата Роден во 24 Окт. 1865 година во Прилеп, Македонија и погрешната транскрипција) која лесно можеше да се анулира, останував на тоа дека статијата ќе ја избришам зашто е посветена на некој за мене непознат бугарски офицер. Затоа и се одлучив да ја поправам грешката и да го оставам текстот (заборавив да ја преместам страницата и да го сменам името, но гледам дека и тоа веќе е направено). Погледни ја споредбено статијата пред мојата интервенција и по неа (нормално, без транскрипцијата; мислам дека Pakko ја направил истата):
Пред:
- Григор Кюркчиев е бугарски генерал. Роден во 24 Окт. 1865 година во Прилеп, Македонија.
- Учествува во Прва балканска војна (1912-1913) и во Втора балканска воjна (1913).
Потоа:
Григор Ќуркчиев (буг. Григор Кюркчиев) (24 октомври 1865 - 16 април 1925) е бугарски генерал, учесник во Првата (1912-1913) и Втората балканска воjна (1913).
Веројатно забележа дека реченицата која ја содржеше граматичката грешка е исфрлена - не го направив тоа од причина што не можев да променам две букви, туку затоа што очигледно беше ставена да се асоцира на неговото македонско потекло (со алузија на неговото учество во војните на бугарска страна). Но, доколку статијата беше малку подолга и доколку покрај овој податок се содржеа и неколку други факти поврзани со животот на Ќуркчиев, јас бездруго ќе ја оставев и таа реченица.
Статијата за Григор Ќуркчиев не е единствената во која направив промени - истото го направив и со сите останати бугарски офицери: статиите посветени на нив ги средив така што да ги прикажат нивните дела, награди и заслуги, а не нивната национална припадност. Така некако пробав да ги задоволам двете страни. Претпоставувам дека не успеав да задоволам ниту една.
Но мора да се сложиме околу едно нешто - ниту една Википедија сосема не ја почитува неутралната гледна точка, зашто, како што можеш да прочиташ во оригиналната изјава за политиката на НГТ: Неутралната гледна точка настојува да ги прикаже идеите и фактите на таков начин што и поддржувачите и противниците би се сложиле со нив. Секако, 100% договор не е возможен, постојат идеолози во светот кои нема да се сложат со ниеден став освен насилно изјавување на нивната гледна точка. Јас ја разбирам твојата загриженост - навистина постојат доста статии чија цел е со пропаганден карактер. Сега разбери ја и ти мојата - податоците кои ги вметнуваат бугарските корисници најчесто се избришани бидејќи се навредливи за македонската историја. Колку и да ти звучи непатриотски - тоа не е праведно. Но ние сепак го правиме. И тоа од чисто патриотски причини. Гледано од космополитски, човечки и хуманистички аспект - без некоја особена причина.
За да ти кажам колку може да помогне употребата на неутралната гледна точка и колку многу проблеми би можеле да се решат доколку, наместо агресивно и насилно бранење на сопствените ставови, учесниците во конфликтите од ваков тип, едноставно, ги прикажат и со факти поддржат и двата става, ќе го искористам Гоце Делчев - после илјадници параграфи разговори, дискусии, дебати и препирки, работата толку брзо се смири со вметнување на само една секција - Бугарите за Гоце Делчев на македонската, односно гледна точка во Република Македонија на бугарската википедија. И иако не е сосема постигната единствена неутрална гледна точка - во бугарската статија пишува дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, на македонската дека е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ - за прв пат, по толку долго време, можеме да речеме дека во некој важечки бугарски текст пишува дека Гоце Делчев можеби бил водач на македонско востание, исто како што Бугарите може да кажат дека во барем една секција посветена на Гоце Делчев во Македонија, не се негира сосема податокот дека Гоце Делчев можеби бил бугарин. Воопшто не е тука прашањето дали мене или тебе ни се допаѓа тоа: важно е да ги опфатиме сите гледишта. Ќе ти повторам: тоа што можеби на некои википедии се заборава оваа клучна парола на неутралната гледна точка, не е причина истото да се прави и на македонската.
На крајот на краиштата, делата зборуваат најмногу. Сигурно многу повеќе од националната припадност - луѓето се обидуваат да бидат запамтени по она што ќе го постигнат. Тажно е тоа што современиот свет (преполн со национализам и патриотизам) безмалку сосема го заборава тоа. Гете на едно место има напишано Патриотизмот ги уништува човекот и историјата. Според мене, воопшто не бил далеку од вистината: можам да ти набројам многу големи историски личности, кои токму поради меѓусебната нетрпеливост на балканските народи, неправилно се изгубени некаде на работ на километарски долгите препирки и дискусии за нивното потекло. Не зборувам за борци за национална слобода или народни херои. Зборувам за навистина големи луѓе. Кога во Хрватска или Србија би ги спомнал Иво Андриќ или Никола Тесла, прво на што ќе помисли твојот соговорник е нивната националност. А тоа што Андриќ е единствениот југословенски Нобелов лауреат во областа на литературата или тоа што Тесла е можеби најголемиот научник во историјата на човештвото - тоа е второстепено. Тоа што и двајцата сакале безусловно да му служат на Човештвото и Човекот - тоа е уште едно ниво подолу. Но можеби ништо од ова не беше важно ако немаше последици. Но има - Андриќ се повеќе се заборава, а Тесла сѐ уште нема добиено признание какво што заслужува. Една од причините е тоа што сите нации на земјината топка се трудат да ги збогатат своите истории. На секаков начин.
А историјата Amacos (ова сигурно не морам да ти го кажувам) е многу чудна наука - никогаш не можеш да бидеш сигурен дека ги поседуваш правилните податоци; неретко и самиот можеш да ги фалсификуваш. Јас се надевам дека Википедија може да го промени ова - на моменти можам дури и да забележам како тоа се случува пред мои очи.
Извини Amacos што ти напишав толку многу, но чувствував дека има некоја потреба да го направам тоа. И уште еднаш извини што благовремено не те информирав за направените промени во статиите кои ти предложи подетално да се разгледаат.
Поздрав, --Виктор Јованоски 23:23, 28 септември 2007 (UTC).
Не верувам дека Македонија е Бугарин. Иако не ми се јасни некои негови измени, претпоставувам дека е Македонец од Бугарија. Погледни му ја страницата со придонеси и ќе забележиш дека ја има подигнато следнава слика [[Слика:Macedonian population.jpg]]. Поздрав, --Виктор Јованоски 12:15, 30 септември 2007 (UTC)
- Јас сум чисто Македонец от Америка. Сборувам скршени македонски (егејски дијалект), затоа мие поеке лесно по англиски. Немаме страна за св Димитрија, и јас го зел инфото от бугарскиот википедија, ама снам сега дека не требаше. Ќе го речам пак, јас сум 100% Македонец и ништо друго. не ме смети за бугарин или за друг нација. Македонија 14:44, 30 септември 2007 (UTC)
Amacos, ќе може ли да вметнеш некоја белешка за новововедениот параграф во статијата Машка гимназија "Св. Кирил и Методиј" во Солун? Да цитираш некоја книга или веб-страница? Зашто сигурен сум дека наскоро, во случај да не го направиш тоа, ќе избувне нова edit-војна? --Виктор Јованоски 19:38, 30 септември 2007 (UTC)
Amacos, do you speak English? Македонија 19:57, 30 септември 2007 (UTC)
- А за какво трябва да си говорим на английски? Може и на български. Така ще ме разбереш много по-добре, нали? :) --Amacos 20:01, 30 септември 2007 (UTC)
- ??? Македонија 20:08, 30 септември 2007 (UTC)
Нема потреба од прашалници и глумење на наивност. Јасен бев, а и твојата игра е јасна. --Amacos 20:09, 30 септември 2007 (UTC)
- I'm sorry but you have problems my friend, I told you I am no Bulgarian (if thats what you think, I couldn't quite understand you in your last couple responses). I am Macedonian, not gypsy, tartar, asian, greek, etc. You can believe what ever you want, but just to let you know, I have better things to do then pretending that i'm Macedonian and vandalize articles, and I feel sorry for those Bulgarians who are doing that. But i'm not one of them, you have the wrong person.Македонија 20:23, 30 септември 2007 (UTC)
Едно ти ветувам - ќе го следам секој твој напис и верувај ми играта којашто си ја испланирал нема да ти успее. И пишувај на македонски, макар и на "скршени" како што го нарекуваш ти. Стравот дека ако зборуваш на "скршени македонски" ќе се издадеш дека впрочем и не си Македонец те тера да зборуваш на англиски. Не е толку битно што упорно сакаш да нѐ излажеш. Жалното е што мислиш дека си нѐ излажал и си веруваш во тоа. Бугарската пропаганда и тактика ми е многу добро позната бидејќи сум многу добро запознат со неа. Sorry, но ќе треба да измислиш други финти. --Amacos 20:30, 30 септември 2007 (UTC)
Are you asking me how I found the article St. Dimitrija on the Bulgarian wikipedia? I looked for the Macedonian link (language links on the left side) on the St. Demetrieus English page but there wasn't any, so I clicked on the Bulgarian link. I was going to copy and paste the whole article but the Bulgarian article was too different then Macedonian that I couldn't even read it, so I just copied and pasted the first sentence. I thought that by starting the article with one sentence, other Macedonians might come in and write more. I never knew what "prez" means, I still don't know what it means, I just noticed that the Bulgarian sentence had "v" in it so I changed it to "vo". But then it turns out that my image with Sveti Dimitrija and the rest isn't even acceptable to you people (I don't know why, everyone in my picture were Macedonians like Alexander, Cleopatra, etc). Are you guys only accepting pictures of Macedonians after the 19th century? If so, you guys are all brainwashed in Greek and Bulgarian propaganda. You very well know that our history doesn't start at the 19th century, thats why we need Alexander in the article. P.S. could you stop writing in Bulgarian to me, and how would you know speak Bulgarian anyway? Македонија 20:56, 2 октомври 2007 (UTC) BTW, do you see the "Makedonci" info box on my userpage? Thats how it should be in the article too. Македонија 21:01, 2 октомври 2007 (UTC)
Машка гимназија "Св. Кирил и Методиј" во Солун
[уреди извор]Како што ти реков - веќе тече edit-војна на статијава. Затоа, тe молам, побарај цитат или ќе морам да го избришам последниот параграф. Сега за сега, статијата е заштитена од натамошни измени. Во случај некој да направи промена - ќе биде блокиран. --Виктор Јованоски 15:31, 1 октомври 2007 (UTC)
Латиница
[уреди извор]Да, веројатно е автоматски, но не е важно, чисто го тргнав и нема проблем. Не верувам дека ова ќе биде тормоз бидејќи и така скоро и да нема да постојат статии кои мораат да бидат главно на латиница (освен можеби медицински или ботанички статии со листи на латински). --Б. Јанкулоскиразговор 02:54, 2 октомври 2007 (UTC)