Разговор со корисник:AjaxMk

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добродојде Ajax! Направив неколку измени на статијата за Пиринска Македонија, вглавном козметички. Дадов линкови на други вики статии на други јазици. Можда има и категорија за Македонија и македоска историја: ѕирни на другите статии од македонска историја, можда во edit кодот ќе најдеш ознаки за категории и аку мислиш да се од корист, стави ги (cut'n'paste)! Ајде напиши сега нешто за себе во својот User page, да те запознаеме! Уште еднаш, големо добродојде и само напред! Поздрав, --SkiSki 08:27, 2 Jun 2005 (UTC)

Здраво.Добро е тоа што си ја поправил странката за Пиринска Македонија, бидејќи јас се уште не ги знам сите функции за редактирање на википедија. Всушност имам и едно прашање како се клаваат слики, тоа може да го видиш на дискусијата за Миладиновци.Ако ми одговориш ќе ти бидам многу заблагодарен.Поздрави.--Ajax 08:48, 2 Jun 2005 (UTC)

Прво оди овде: http://mk.wikipedia.org/wiki/Special:Upload
Под Filename: со Browse најди го фајлот
Во Summary: дај наслов и краток опис на сликата
На сликите кои ги качуваш мораш:
1.Ти да имаш авторско право и качувањето подразбира дека за нив пристануваш да користиш GNU FDL (значи слободна) лиценца , или
2.Тие да се од сајт кој е под GNU FDL (значи слободна) лиценца (во принцип веќина на англиската википедиа), или
3.Тие да се од сајт под Creative Commons лиценца, или
4.Тие да се од медиум (книга, сајт итн.) кој е под заштита на авторски права со тоа што нивната употреба представува „праведна употреба“.
5.Во случај на 3. и 4. треба да го дадеш изворот (книгата, часописот или адресата на сајтот) и името авторот на сликата и аку е под Creative Commons лиценца, тоа да го напоменеш.
6.Во случај на 3. или 4., овоа под 5. треба да го внесеш во Summary:
Кликни во □ I affirm that the copyright holder...
Онда кликин Upload file
На статијат од википедиа сликата, аку та се вика нпр. File.jpg, ќе ја внесеш со оваа порака:
[[Image:File.jpg|thumb|120px|right|Ептен краток опис + за случај 3. или 4. име на авторот и/или урл адресата]]
120px е ширината на приказот во пиксели, независно од големината на оригиналот - можеш да ставиш било која цифра, нпр. 80px; со |right| (или |left|) можеш да ја лоцираш кај сакаш.
Поздрав и добра забава! --SkiSki 16:42, 2 Jun 2005 (UTC)

Здраво[уреди извор]

Со мало задоцнување, би сакал да ти кажам здраво! Продолжи да пишуваш на македонската википедија! Јас бев зафатен со колоквиуми минатата недела, а сега работам на превод на интерфејсот на македонски, па за некое време (кога ќе го пуштат од горе главните) ќе имаме целосно македонска енциклопедија. Поздрав. --FlavrSavr 09:37, 3 Jun 2005 (UTC)

Здраво.И јас со задоцнивање ти одговарам :) Сакам да те прашам односно еден проблем на статиите за Филологија - направив неколку статии за индо-европските јазици,словенските итн.Но кога правам врска со категорија и пишувам Индо-европски јазик не може да оди на статијата,а отвора нов прозорец,како да не постои ваква статија ? Ќе те замолам за помош - ако грешам некаде да ми кажеш во што,или ако не да го поправиш.--Ajax 19:22, 8 Jun 2005 (UTC)


За категориите - кликни на црвената категорија кога ќе ја создадеш, и ќе ти се отвори прозорец како за непостоечка статија. Во прозорецот напиши ја главната категорија (осигурај се дека таква категорија веќе е создадена) - на пр. во Индо-европски јазици категоријата додај ја категоријата [[category:Филологија]] или [[category:Светски Јазици]] - откако ќе го направиш ова Индо-европски јазици автоматски ќе се прикаже како подкатегорија на Филологија/Светски Јазици, а истовремено, во категоријата Индо-европски јазици ќе се прикажат азбучно сите оние статии на кои си им ја додал категоријата. Како да направиш целосно нова категорија што нема да биде подкатегорија, ни мене сеуште не ми е јасно. За листа на постоечки категории - можеш да видиш на Special:Categories, можеш да ги направиш и црвените категории постоечки на начинот што ти го објаснив. Јас не сум голем фан на категориите - ако си забележал, статиите не се прикажуваат баш по азбучен ред - буквата Ј, е пред А - тоа е проблем со Unicode што го користи Википедија, и навистина незнам како да се реши (и српската Википедија го има истиот проблем). Може е подобро да ги ставиме мануелно направените листи во преден план? Незнам.
Инаку, забележав дека имаш грешки во преводот на некои од јазиците - на пример, не е Арменски, туку Ерменски, а освен тоа мислам дека е подобро статиите за групите јазици да одат како Романска јазична група, а не како Романски јазици - на македонски првата помисла ми е на јазици што се зборуваат во Романија - во англискиот јазик имаш фина дистинкција меѓу Romance languages и Romanian language. Пред да почнеш да креираш категории, би те советувал да провериш во некоја наша книга за точното име на јазиците, како и за тоа како поточно се класифицирани јазиците - во учебникот за Граматика во средно, на пример Индоевропските јазици (без цртичка) претставуваат јазично семејство, додека словенските, индиските, романските јазици итн. се Словенска јазична група, Индиска јазична група, итн. Поздрав. --FlavrSavr 20:00, 8 Jun 2005 (UTC)
Благодарам за исцрпливиот одговор.Инаку знам дека не е Арменски,туку Ерменски, ама не сум догледал.Се уште го учам македонскиот јазик.Јас сум од бугарија, но македонец, знаеш не има и овде :))) Пак благодарам за советите и кога можеш ѕирнувај тоа што сум го пишал за вакви досадни грешки.Поздрав --Ajax 20:23, 8 Jun 2005 (UTC)

Добредојде назад[уреди извор]

Ajax, Македонец од Бугарија. Еден од моите најомилени Википедијци. :) Добредојде назад! --FlavrSavr 03:19, 23 август 2006 (UTC)

Ми е задовоство да бидам овде.Поздрави --Ajax 16:34, 23 август 2006 (UTC)

==Епа ако си од Бугарија не значи дека треба да користиш бугарски букви, океј? Ако веќе не сакаш да додадеш македонски распоред на копчиња на тастатура, имаш долу алатник. Поздрав.

guitardemon666 муабет guitardemon666

Ајакс МАКЕДОНЕЦ од Пиринска Македонија! Добредојде назад брате МАКЕДОНЕЦ! - Македонец 11:17, 30 декември 2006 (UTC)

Не мислев да бидам груб (видов дека звучи ова грубо), ама како и да е, не користи бугарски букви, ок?

guitardemon666 муабет guitardemon666

Користам македонска азбука од Flex Type,бидејќи ги немам буквите на клавиатура. Се извинувам за грешки и ќе бидам внимателен.--Ajax 15:33, 30 декември 2006 (UTC)


Географска терминологија за селата и областите во Егејска Македонија[уреди извор]

Здраво Ајах. Забележав дека работиш на статиите за селата и областите во Егејска Македонија. Одлично. Тука ќе треба доста помош. Имам еден предлог: наместо да ја пренесуваме грчката, да усвоиме наша терминологија: на пример периферија на македонски е покраина, префектура е околија, а ном е (како што ти веќе си го усвоил) општина. --Filip M 11:55, 12 март 2007 (UTC)

Да,предлогот важи.Поздрави.--Ajax 19:26, 13 март 2007 (UTC)
Одлично. Во следните неколку дена ќе почнам да ги уредувам селата од Егејска Македонија. Морам да забележам дека одлично пишуваш македонски. Само напред. --Filip M 21:02, 23 март 2007 (UTC)

Одговор[уреди извор]

Ти престани со лагите, jас сум много против пропагандата. Види мегународните саjтови - целиот свет ли е под пропаганда?--Svik 22:03, 22 март 2007 (UTC)
Не ми објаснувај што е лага.Нели ве знам - за вас јас ни не постојам, па еве ме тука.Те гледам како бришеш секаде што е македонско и пишуваш бугарско.Па да појдам јас вака на БГ Википедија, како ќе биде ?--Ajax 22:10, 22 март 2007 (UTC)
Не е верно дека бришам секаде што е македонско и пишувам бугарско - само дека тоа е вистина. Jас уважавам македонците, имам многу приятели од Македониja - и во Македониja, и кои живеат веке во Бугариjа. Jас самиот имам корени от Тетово и роднини там. Пак пишеш лаги, друже --Svik 22:26, 22 март 2007 (UTC)
Конкретно на страницата за градот Гоце Делчев седеше текст „Денешното име го добил според најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Во градот и неговата околина живее и бројно македонско население, па затоа и обласниот комитет на ОМО Илинден - Пирин од Гоце Делчев е еден од најбројните и најактвините.“ Ти го промени на „Денешното име го добил според револуционерот Гоце Делчев (во Бугариjа почитуван како еден од најголемите револуционери во историјата на бугарскиот народ).“Демек ти ја избриша информацијата дека Гоце Делчев е најголем македонски револуционер.Со тоа направи директен обид за пропаганда,презентирајќи единствено бугарскиот став!Друго - ја избриша информацијата за ОМО-Илинден-Пирин.Разбирам дека не ви се допаѓа вистината.Но таа е дека во самиот град организацијата има повеќе од 400 членови,а во околината повеќе од 1100,што е голем дел од сите нејзини членови.Исто така двајца од нејзините 4 копретседатели се од истата околина.Тоа е факт и твојот антимакедонски однос не е доволна причина да не биде презентиран на МК Википедија!О.К.?Трето-кога градот го добил името македонското малцинство беше признаено во Бугарија,иако без права.Тоа е факт и ти не можеш да го сокриеш.Така што биди повнимателен со личните напади!--Ajax 09:43, 24 март 2007 (UTC)

Туѓа куќа ?[уреди извор]

"Престани со пропагандата.За тоа ли си дошол овде ,во туѓа куќа ?--Ajax 21:56, 22 март 2007 (UTC) "

Ти братче май не си нещо наясно с нещата. Македонската Уикипедия не е Уикипедията на македонците, както английскта Уикипедия не е на англичаните. Това е просто версия на съотвения език, и затова е open source, за да може да се допълва от ВСЕКИ, който знае съответния език. Чел ли си заглавната страница въобще?

"Добредојдовте на сајтот на слободната енциклопедија на македонски јазик. Википедија е повеќејазичен проект на креирање на потполна и точна слободна енциклопедија. Секој посетител може да додава и менува статии."

Вземи си изясни понятията най-напред и тогава обяснявай кой къде може да пише. Елемаг 14:16, 23 март 2007 (UTC)

Jaс пак не гледам дека вие го ЗНАЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ јазик, напротив цело време пишувате на вашиот јазик. - Македонец 15:35, 23 март 2007 (UTC)

Македонец, многу луѓе не го знаат добре англискиот ама сепак пишуват на англиската википедиа. Не знам што сакаш да кажеш? Дали имаш 20 години ти? Како ти гледам страницата со сите овие знамена и МАКЕДОНЕЦ, МАКЕДОНЕЦ, МАКЕДОНЕЦ мај не си многу голем или просто не си добре со главата. Јас да ти кажам чел сум многу книги за генетика и од мене да знаеш чистокрвни народи нема, ни у Европа, ни у светот. Ајде со здраве. 00:30, 24 март 2007 (UTC)

Елемаг, добредојдени сте да уредувате на македонската википедија, но подобро е да се држите на страна од „чувствителните“ теми. Ајах е сосема во право, тоа што ги пишувате има вкус на „научна“ пропаганда и сигурно нема да биде толерирано. Ние имавме неколку дуели, ако добро ме служи памтењето околу бугарскиот јазик и околу името на Пиринска Македонија. Некако се оправивме, но не без последици. Се’ повеќе се сомневам дека имате искрена намера да придонесувате во македонската википедија. --Filip M 21:05, 23 март 2007 (UTC)

Филипе, што е тоа „научна пропаганда„ ќе можеш ли ми разјасниш? Јас ќе ти кажам - пропагандата може да биде два вида - вистинска и лажовна. Ако е лажовна тогава не може да биде научна, ако не е лажовна значи е научна, тоест вистинска. А вистината и уште повеќе науката борават со факти. Значи ние пропагандираме вистината. Дека е проблемот тука? Не сакате да ја знаат македонците вистината? Ето тука е проблемот. Цензура правите вие. Ама времето на цензурата мина отдамна, ако не од Википедија македонците вистината од друго место ќе ја научат. Самуил и Јован Владислав се бугари и се били царе на државата Бугарија, а не на некое царство без име. Това е вистината. А вие сте жалки! Елемаг 00:20, 24 март 2007 (UTC)
Во куќава се зборува МАКЕДОНСКИ.Затоа таа е МАКЕДОНСКА а не бугарска.Но Википедија не е и на Бугарите,за да мислиш дека секаде треба да пишува тоа што ти сакаш.Ќе повторам,македонската википедија е за луѓето што зборуваат македонски,а тоа се Македонците.И твојата намера да читаат само бугарски ставови нема да успее.А кога ќе зборуваш за факти добро е да ги кажеш сите,а не делумно - Самоил и неговиот род се со докажано Ерменско потекло.Има само двајца хроничари кои зборуваат за нивното потекло - Скилица,кој само пишува дека Никола бил бугарски комит,но не зборува за нивното етничко потекло,и Стефан Таронски,кој дирекно пишува дека тие се Ерменци.Зошто ги забораваш тие факти ?Ете,неколку редови погоре си ги прогласил за бугари - тоа во однос со историските факти или како резултат од бугарскиот образовен систем и неговата пропаганда? Твојата пропаганда,која крие факти каква е според твојот критериум ? И накрај, гледам навредувања,што зборува дека си нервозен.Чувај си ги нервите, уште многу има да те/ве нервираме ... --Ajax 10:11, 24 март 2007 (UTC)

Oooo, Ajax ами аз ги знам тези факти и нямам НИЩО против да се напишат само че напишете и другите. Ама нещете, нещете, страх ви е!!Елемаг 01:44, 25 март 2007 (UTC)

E така е брат Ајакс сосема си во право, бидејќи во „куќава“ се зборува на МАКЕДОНСКИ значи е МАКЕДОНСКА, да се зборуваше на бугарски ќе беше бугарска! А ти непотпишан бугарин, јас веројатно најдобро си ги знам корените и потеклото па затоа можам слободно да се наречам ЧИСТОКРВЕН МАКЕДОНЕЦ!!! - Македонец 12:25, 24 март 2007 (UTC)

Елемаг, на македонската википедија покрај македонското, речиси редовно е презентирано и бугарското гледиште. На бугарската википедија, од друга страна, нема ни трага ни помен дека македонкото гледиште за одредени прашања е поинакво. Погледни ја статијата за Гоце Делчев на пример, на македонскта википедија, постои подсекција каде што се обработува бугарското гледиште за Гоце Делчев. На бугарската нема ни една јота дека во Македонија Гоце Делчев се слави како македонски револуционер. Затоа, ако се стремите накај неутралност и разбирање, прво изметете си го сопствениот двор. --Filip M 14:49, 24 март 2007 (UTC)

Категоризација на села во Егејска Македонија[уреди извор]

Никулците за селата во Егејска Македонија категоризирајги само во категорија: Села во Егејска Македонија, не и Категорија: Села во Македонија, бидејќи Категорија: Села во Македонија е надкатегорија на Категорија: Села во Егејска Македонија.--brest 19:28, 22 февруари 2008 (UTC)

Важи. --Ajax 19:30, 22 февруари 2008 (UTC)

Не беше посочен извор за Слика:Molba ot chento.jpg[уреди извор]

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Molba ot chento.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 20:57, 17 јули 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 20:57, 17 јули 2008 (UTC)

Иницијатива 22,222[уреди извор]

Иницијатива 22.222
         Здраво, AjaxMk!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Статии за mk.wikisource.org[уреди извор]

Овие статии:

и сличните на нив кои ги имате креирано во последно време со статии за mk.wikisource.org. Иако се од важност сепак не може да останат на mk.wikipedia.org, предлагам истите да бидат преместени на викиизвор, бидејќи тука најверојатно ќе бидат избришани. Техниката на работа на викиизвор е потполно иста со техниката на работа на википедија, така да не треба да преставува никаков проблем нивното префрлање. --brest (разговор) 15:31, 29 ноември 2008 (UTC)

Здраво Ајах,
И јас сакав да го напишам истово што го предложил Брест, со тоа што можеш да поставиш линкови до викиизвор од соодветните статии: нпр. од статијата АСНОМ, и сл. Поздрав, --Црноризец (разговор) 11:07, 30 ноември 2008 (UTC)
Како пример ја префрлив статијата s:Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно тело на демократска Македонија во викиизвор и направив соодветна интервики врска во статијата АСНОМ. Би замолил понатаму да се почитува овој начин на работа. Што се однесува до насловот на статиите, кои во ваквии случаи се прилично долги, би требало да се усвојат соодветни конвенции за именување. Претпоставувам дека сте запознати со водење на деловодни книги, ваквии и слични документи секогаш се заведуваат во архивата на субјектот кој ги води книгите со соодветен архивски број. Предлагам насловот на статијата да се состои од архивскиот број со префикс - кратенка за институцијата, во содржината на статијата да се наведе целосниот назив на документот. Доколку сте заинтересирани за оваа тема би сакал да продискутираме подетално.--brest (разговор) 11:31, 30 ноември 2008 (UTC)
Здраво момци,
Се сложувам со вашите предлози. И јас самиот мислев дека не се баш за тука документиве, ама некако wikibook не ми изгледаше погодна. Сега ќе поработам по нивното префрлање на wikisource. Односно насловот на статиите мислам дека навистина треба да бидат скратени, но исто така и да укажуваат на содржината на самиот документ. Тоа би овозможило полесно пронаоѓане на конкретен документ. Зошто ако имаме документи АСНОМ 001, АСНОМ 002 или АСНОМ 003, ќе биде тешко за некој пребарувач да пронајде тоа што го бара. Може би најдобра ќе биде комбинацијата меѓу архивски број и кратенка на самиот наслов. Сепак најважно е каква корист ќе има од такво именување на статиите.--Ajax (разговор) 21:54, 1 декември 2008 (UTC)

Јане Сандански[уреди извор]

Штотуку добив жалба за твоите уредувања на статијата Јане Сандански, каде барем три пати си враќал уредувања (поточно, врски до извори) без посебна дискусија со корисниците, и така предлагаат блок. Меѓутоа, јас не би избрзувал, од причина што знам дека надворешните врски кои бугарските корисници ги ставаат на ваквите статии знаат да бидат сомнителни или контроверзни. Не би навлегувал во тоа што и како мислам за таквата историографија. Едноставно би сакал да кажам дека е подобро да се отвори дискусија, отколку да се прави ова, бидејќи сепак е против основните правила на Википедија. Доколку вие двајца не можете да се разберете и мислиш дека само ќе се искарате без некој полезен резултат, во тој случај ставаме трибунал каде корисниците демократски ќе гласаат по вашите предлог-образложенија зошто нешто да стои или да не стои на македонската Википедија. --Б. Јанкулоскиразговор 20:18, 10 декември 2008 (UTC)

Од моето искуство со бугариштата знам дека до заедничко решение не може да дојде бидејќи не се способни да примаат мислењето на некој друг. Нивната намера е единствено да си ја тераат пропагандата. И тоа одлично се гледа низ целата Википедија. Какво е тоа „бугарско гледиште“ ? Дали значи дека цел свет треба да ги праша што мислаат тие, како тие толкуваат одредени историски настани и факти, тие ли се критериум за непристрасност, за информираност ? Кој им дава право на секоја статија за македонската историја, јазик и култура тие да се презентираат како да се самиот Господ Бог што гледа одгоре и ќе ни го покаже верниот правец ? Тоа е злоупотреба со слободата на Википедија. Јас ги знам нивните интимни намери а тие се да ја претворат Википедија на македонски во бугарска Википедија на македонски. Дискусија со нив е невозможна и најдобро ќе биде вие да одлучите како ќе се тера работата не само на статијава туку и на Википедија, бидејќи тој проблем го има секаде. Зошто не дојде некој србин да го презентира секаде српското гледиште ? Или некој шпанец, италијанец, кинез ... ? Се надевам дека ги разбравте моите мотиви.--Ajax (разговор) 20:56, 10 декември 2008 (UTC)


Браво! Потполно се согласувам со ова. Исто ко јас да сум го напишал. Едноставно не треба да има никакви бугарски гледишта на оваа википедија. --Raso mk (разговор) 21:05, 10 декември 2008 (UTC)

Иницијатива за квалитетни статии[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, AjaxMk!
Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 02:09, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива 25.000[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, AjaxMk!
Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 02:09, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива за градови во Македонија[уреди извор]

Иницијатива за градови во Македонија
         Здраво, AjaxMk!
Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 20:44, 30 декември 2008 (UTC)

Здраво[уреди извор]

Здраво! Како е? Секоја чест за твоите уредувања но сакам да те посоветувам за 3RR правилото. Биди внимателен да не го прекршиш па да го искористат против тебе. Поздрав и сѐ нјдобро.-- MacedonianBoy  Oui? 00:14, 9 јануари 2009 (UTC)

Здраво.Благодарам за советот.Ќе внимавам.Поздрави.--Ajax (разговор) 00:38, 10 јануари 2009 (UTC)


Иницијатива 2009-година на астрономијата[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, AjaxMk!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:23, 23 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии[уреди извор]

Иницијатива 500 (избрани) статии
         Здраво, AjaxMk!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:01, 1 февруари 2009 (UTC)

Известување[уреди извор]

Да ве информираме дека на Facebook се формира група Wikimedia Macedonia. Доколку сакате да бидете дел од таа група слободно придружете се. Поздрав--MacedonianBoy 09:02, 20 февруари 2009 (UTC)

За селата[уреди извор]

Веројатно ги правиш овие со бот, но и да не ги правиш, да ти кажам дека се викаат префектури, а не околии. Така би било добро да ги именуваш Префектура Лерин, а не Oколија Лерин. Исто така во делот за името користи го шаблонот {{lang-gr}} за грчки за да има врска до грчкиот јазик, и ставај ги имињата на грчки во курзив. Тоа е техничкиот дел од мене, макаршто мислам дека би требало да се користи инфокутијата грчки села а не оваа, бидејќи оваа не е убава и е направена само со иредентистички цели. -{админинстратор}- гитардемон 22:48, 23 април 2009 (UTC)

Оваа кутија се користи секаде и во Егејска и во Пиринска Македонија. Нека седи оваа кутија. Поздрав--MacedonianBoy 22:52, 23 април 2009 (UTC)
Барем да се разубави малку. Ај нема врска за кутијата, здравје тоа е што е, иако има кутија за грчки села (многу поубава патем), нека седи. Туку за другото јас се траштам, за тоа што го наведов (врските и сл.), барем да се среди и тоа естетски малку. -{админинстратор}- гитардемон 23:42, 23 април 2009 (UTC)
Пред некое време се договоривме со корисникот Filip M да ги преведеме префектура, периферија и ном, ама сега навистина не знам што е подобро. Може би треба да ги оставиме во оригинал како се на грчки. Но пак категоријата се вика Села во Околија Костур. Инаку техничкиот дел ќе се среди, и без друго сега статиите се само празни шаблони, што ќе се полнат со содржина. Ajax (разговор) 00:58, 24 април 2009 (UTC)
Дем и ном се бугарски верзии, но со оглед на тоа што периферија и префектура постојат како зборови во нашиот јазик, така може и да останат (веќе има статии за повеќето). А што се однесува до δήμοςите, тие си се општини, и како такви се веќе преведени (има поголем број на статии и за нив). Нема смисла сега да ги пренасочуваме сите, штом на англиската си се викаат перифериј и префектура (ова е νομός), тогаш зошто да не и тука. Можеле да бидат Nomos, но се префектури и таму. -{админинстратор}- гитардемон 01:14, 24 април 2009 (UTC)

Предлог за преведување на референци[уреди извор]

Видете ја дискусијата за предлогот за преведување на референците (не сите, видете за повеќе детали во излагањето на селската чешма) на македонски јазик, поткрепена со примери. Можете да дадете свој предлог и да придонесете кон развивањето на дискусијата. -{админинстратор}- гитардемон 23:34, 23 април 2009 (UTC)

Викимедија Македонија[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:47, 15 август 2009 (UTC)

Се надевам дека ја прочитавте оваа порака. Секоја подршка ни е добредојдена. Се надеваме дека промоцијата на Википедија на македнски ќе биде многу поголема по основањето на оваа организација, а со тоа и местото на македонскиот јазик во светски рамки ќе биде подобрено.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:16, 16 август 2009 (UTC)
Здраво. Ја прочитав пораката, па сакав да прашам, кога се обидов да се логирам со моето име и лозинка, се јави натпис дека лозинката ми е погрешна. Обидов нова регистрација, но системот јави дека веќе има таков користник. Дали можеш да ми кажеш како да се логирам, зошто не ми ја прима лозинката. Инаку ќе се придружам, се разбира.--Ajax (разговор) 22:55, 16 август 2009 (UTC)
А да пробате да се логирате на кирилица, бидејќи и ние ги имаме истите букви. Мислам дека така ќе може.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:11, 16 август 2009 (UTC)

Кандидат за избрана статија[уреди извор]

Здраво. Имаме нов кандидат за избрана статија. Вашето мислење во врска со оваа статија, може да го дадете овде. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:39, 26 септември 2009 (UTC)

Тодор С.[уреди извор]

Ај види ја оваа статија дали наводите се наводи или би требало да се негови дела во посебна секција. --Никола Стоіаноски 22:12, 19 март 2010 (UTC)

Податотеката ја имате подигнато, но не е искористена на ниту една страница. Доколку не планирате да ја искористите тогаш може да ја подигнете на заедничката ризница или да ја предложите за бришење.

100 редакции на ден[уреди извор]

A што ако правам по 100 редакции на ден...--Еден Македонец ? (разговор) 22:32, 31 август 2010 (CEST)[одговори]

Мене лично ми е тешко да ги следам промените во историјата на статиите со толку промени на една запирка или буква. А функцијата „Преглед“ е токму за да нема многу ситни промени --Ajax (разговор) 23:17, 31 август 2010 (CEST)[одговори]

Што да ги следиш промените на статијата... таа беше со пет реда пред да ја дополнам... Функцијата Преглед ја користам повеќе од порано... ама треба да имаш разбирање дека користам различна литература пишана или електронска од која треба да направам целина и тоа ми одзема време, не притискам зачувај на точки или запирки туку го зачувувам текстот и потоа го пречитувам за да видам дали сум препуштил нешто и тогаш се случува да видам дека фали запирка или точка и поправам... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 23:27, 31 август 2010 (CEST)[одговори]

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:30, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]

10 години Википедија[уреди извор]

      Здраво, AjaxMk!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:19, 13 јануари 2011 (CET)[одговори]

Македонски глас[уреди извор]

Хелоу. Како е? Сакам да те прашам нешто околу весникот Македонски глас, можеби повеќе знаеш од мене за тој весник. Дали весникот се издава само на бугарски јазик или е двојазичен, бугарски и македонски? Поз--Никола Стоіаноски 11:36, 4 февруари 2011 (CET)[одговори]

Здраво. Весникот е двојазичен, на македонски и бугарски.--Ajax (разговор) 20:10, 4 февруари 2011 (CET)[одговори]

Уредувач[уреди извор]

Здраво Ајакс, како си? Сакам да те информирам дека поради твоите солидни и конструктивни уредувања, ти ги дадов правата на уредувач, па така сега секое твое уредување ќе биде автоматски означено. Позз--Никола Стоіаноски 17:06, 19 ноември 2011 (CET)[одговори]

Фала, арен сум. Се надевам оти ќе имам повеќе време да пишувам на МкВикипедија и благодарам за довербата. Поздрави--Ajax (разговор) 20:48, 20 ноември 2011 (CET)[одговори]

Вашата сметка ќе биде преименувана[уреди извор]

04:41, 18 март 2015 (CET)

Направено е преименување[уреди извор]

22:46, 21 април 2015 (CEST)

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“[уреди извор]

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија[уреди извор]

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)[одговори]

Уредувачки натпревар за вулкани[уреди извор]

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:10, 4 декември 2017 (CET)[одговори]

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има[уреди извор]

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)[одговори]

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018[уреди извор]

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:13, 19 март 2018 (CET)[одговори]

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија[уреди извор]

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)[одговори]

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019[уреди извор]

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

Да ги средиме статиите за државите во светот[уреди извор]

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)[одговори]

Нов уредувачки натпревар[уреди извор]

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)[одговори]

Ракомет[уреди извор]

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)[одговори]

Земи учество во СИЕ Пролет 2021[уреди извор]

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)[одговори]