Разговор со корисник:Тиверополник/Архива 8

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Здраво. Нема проблем, но најпрво да ја предложам статијата за избрана.:) Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:12, 12 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Е веќе отиде.:) Но, мислам дека е добро да наведеш во дискусија дека има уште за средување, така што останатите да гласаат откако ќе биде готова. Нема ни јас да гласам, иако ја прочитав и мислам дека содржината е доста добро составена.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:16, 12 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Направив неколку измени, коишто повеќе наликуваат на имиња во духот на рускиот јазик, но мислам дека се прифатени и кај нас. На крајот на краиштата, градот на македонски се транскрибира „Киев“, идентично како и на руски, а не „Киив“. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:21, 12 октомври 2011 (CEST)[одговори]

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Црква „Св. Андреја“ (Киев), која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 14 октомври 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 02:32, 15 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година[уреди извор]

Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 15:11, 19 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Сполај ти[уреди извор]

Да, ми помогна, благодарам многу. Нов сум овде како член и многу работи ми се нејасни, па користам зачувани шаблони од типот: каде менувам само име, наслов и евентуално големина. И тука сум грешел цело време, во форматот. Ми спаси време, а и нерви, бога ми. Сполај ти уште еднаш и секое добро. Carl Sagan (разговор) 00:35, 24 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Награда за неуморност
За напорната работа и трудот што го вложуваш Stefanilievski123 (разговор) 01:38, 29 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Награда за неуморност
Награда за вашата неуморна работа во создавањето на нови содржини на википедија brest (разговор) 11:47, 29 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Награда за неуморност
Ова е признание за трудот кој го вложуваш на проектов и за богатството од содржини со кои ја имаш подобрено енциклопедијата. Секоја чест и само напред! Сите сме ти благодарни. Поздрав. Brainmachine (разговор) 01:05, 1 ноември 2011 (CET)[одговори]

За старанність![уреди извор]

Украинска награда
За неуморната работа на најразлични статии поврзани со убавата Украина. Молодець! Б. Јанкулоски (разговор) 13:51, 1 ноември 2011 (CET)[одговори]

Користење на Ѝ[уреди извор]

Здраво! Забележав дека во статиите користиш „и“ со надреден знак (ѝ) на непотребни места, како на пример во реченици од типот:

Дагестанската инвазија, исто така позната ѝ како Дагестанската војна...

Со надреден знак се обележува кратката заменска форма од „нејзе ѝ“. За набрзина да провериш дали треба некаде да се искористи ваквото бележење, само додади ја долгата заменска форма - нејзе - и види дали има смисла. На пример:

Отидов во град и ѝ купив подарок.
Отидов во град и нејзе ѝ купив подарок.

Во примерот со Дагестанската војна, она што го обележуваш со надреден знак е обичниот сврзник „и“. Целата финта со „ѝ“ е да се разликува заменската форма од сврзникот (како во претходните две реченици кои ги дадов како пример). Те молам, поправи го ова ако го имаш на други статии. Поздрав, Brainmachine (разговор) 21:56, 2 ноември 2011 (CET)[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Бранител на викито
Поздрав... Јоханес Климакус (разговор) 06:52, 4 ноември 2011 (CET)[одговори]

Инфокутија за избори[уреди извор]

Здраво. Направив колку можев и сега во статијата за изборите во Русија не се јавува проблемот. Проблемот бил во тоа што кога има шаблон со тројни загради („{{{}}}“), потребно е да додаваш долна црта („_“) при одвојувањето на зборовите. Исто така, поправив и во статијата, каде што кај годината за следните избори треба да стои само годината. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:43, 5 ноември 2011 (CET)[одговори]

Статијата Киев, која Вие ја проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Бесланска заложничка криза[уреди извор]

Статијата Бесланска заложничка криза, која Вие ја создадовте, проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Вака има двоен ефект.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 23:06, 13 ноември 2011 (CET)[одговори]

Љубомир Цуцуловски[уреди извор]

Почитуван Тиверполник,

Ви се обраќам како на администратор на македионската верзија на Википедија. Во одредницата за Љубомир Цуцуловски (на македонски јазик) во делот Надворешно врски мислам дека се вметнати работи кои само го девалвираат дигнитетот на Википедија. Во тој дел се поставени врски кои претставуваат нечии блогови, преписки, лични проценки итн. Во овој контекст, помеѓу другите, каратеристични се надворешните врски насловени „Моралниот хипокритизам на марксијанинот Цуцуловски“, во кој неовластено се изнесува приватна електронска преписка или надворешната врска„Филозофот и Мара (втор дел)“. Наедно, сметам дека мора да се води нешто поголема грижа околу македонската лексика: терминот филозофија и понатаму си е филозофија, а не како што понекогаш се пишува како Философија.

Сметам дека како администратор на македонската верзија на Википедија моите забелешки нема да ги сфатите како злонамерни и дека ќе превземете мерки со кои би се задржало достоинството на сè повеќе респектибилната и користена Викепедија.

Искрени поздрави, Проф. Љубомир Цуцуловски. Електронска пошта: cuculovski@t-home.mk

Љубомир Цуцуловски[уреди извор]

Почитуван Тиверполник,

Ви се обраќам како на администратор на македионската верзија на Википедија. Во одредницата за Љубомир Цуцуловски (на македонски јазик) во делот Надворешно врски мислам дека се вметнати работи кои само го девалвираат дигнитетот на Википедија. Во тој дел се поставени врски кои претставуваат нечии блогови, преписки, лични проценки итн. Во овој контекст, помеѓу другите, каратеристични се надворешните врски насловени „Моралниот хипокритизам на марксијанинот Цуцуловски“, во кој неовластено се изнесува приватна електронска преписка или надворешната врска„Филозофот и Мара (втор дел)“. Наедно, сметам дека мора да се води нешто поголема грижа околу македонската лексика: терминот филозофија и понатаму си е филозофија, а не како што понекогаш се пишува како Философија.

Сметам дека како администратор на македонската верзија на Википедија моите забелешки нема да ги сфатите како злонамерни и дека ќе превземете мерки со кои би се задржало достоинството на сè повеќе респектибилната и користена Викепедија.

Искрени поздрави,

77.28.14.69 (разговор) 11:10, 14 ноември 2011 (CET)Проф. Љубомир Цуцуловски.[одговори]

Електронска пошта: cuculovski@t-home.mk

Френдли[уреди извор]

Здрраво Тивер. Извини, но морам да го искоментирам ова твое мислење (морам тука, зошто на чешмата е оф топик). Незнам зошто толку кукање по тие т.н. бугарски корисници, кога википедија аир невиде од нив. Јасно ко ден е дека се платеници, и дека нивните уредувања тука се поврзани со ширење на пропаганда и омраза. И да те поправам, не се сите корисници од истокот „набркани“. Се сеќавам дека имаше неколку што пишуваа за кучиња и сл. и никој со нив немал проблем, а нити тие имале со нас. Проблемот е во армијата на платеници. И најважното....Зошто не се обидеш да влезеш во некакво пријателско уредување на нивната википедија и да придонесеш за статии за Македонија (знам дека имаат повеќе од нас)? Или зошто никој од нас тука не се обиде да влезе во дискусија за статијата за македонски јазик на таа квази википедија? Незнам дали си запознаен, но статијата за нашиот јазик на таа вики не се вика Македонски јазик, туку некаква јазична норма. Ајде сега пријателски кон пријателите и да промениме нешто. Поздрав--Р ашо 11:48, 20 ноември 2011 (CET) Р.Ѕ. извини вака, но некаде морав да пишам[одговори]

Едно си баба знае, едно си баба бае.. --Подпоручикъ (разговор) 07:42, 21 ноември 2011 (CET)[одговори]
Здраво Рашо. Едноставно мојот став за било која тема е дека ни треба дискусија со факти. Незнам колку бугарските корисници се платеници, и колку е тоа во ред ако се такви, но од таа страна ништо неможеме да направиме бидејќи и еден наш корисник рече јавно дека е платеник, па никому ништо. Мене одамна ми е смачено да дискутирам околу ова, бидејќи не сум експерт во овие работи а јас самиот си знам кој сум и што сум, но на википедија треба да се однесуваме пристојно, а од двете страни имаше разни безобразни дискусии кои беа надвор од пинципите на викито. На нивната википедија нема да уредувам, бидејќи несакам да го губам времето на било која друга википедија, и бидејќи сметам дека ќе сум покорисен на нашата википедија. Мораме да се сложиме дека секој си има слаби страни. Јас ја сакам историјата, но неможам да дискутирам на теми кои детално се разработуваат на страниците за разговор или на самите статии, бидејќи не сум запознаен и немам никакви докази. Ние не треба да патиме од тоа како ќе не нарекуваат Бугарите или Грците. Тоа е познато низ вековната историја на Балканот, и кој како сака нека ја толкува. Грешката ни беше тоа што дозволивме да избегаат, а тие доволно придонесуваа на нашата вики, и повторно повторувам, без разлика на фактите какви беа нивните или нашите. На нас ни е потребен стручен кадар од повеќе области. Мислам дека разбираш што сакам да кажам. Поздрав--Тиверополник (разговор) 13:52, 20 ноември 2011 (CET)[одговори]
Да, имаш право кога велиш дека покорисен си тука. Се сложувам, и мислам дека и тие корисници се покорисни на нивната матична вики. Гротото од нив (мислам да тие кои уредуваат/ле тука) немаат акаунт на бг вики, што не значи дека се само заинтересирани на оваа вики, туку тоа се лажни сметки и мачкање на очи. А, да и нашиот „платеник“ (кој никогаш јавно не кажа дека е тоа, туку погрешно беше сфатен и реченицата беше извадена од контекст) придонесува на својата матична вики за теми од својата кауза, а не на туѓи википедии за теми од туѓи истории. Сметам дека разговоров не не води никаде. Затоа сакам да ти понудам нешто. Проектот што го започнав со археолошките теми неможам да го реализирам во наредниот период (пензиониран сум привремено), па сметав дали би се нафатил да ги напишеш сите струмички архео-локалитети? Ако имаш интерес, јас ќе ти ги пратам материјалите по мејл.--Р ашо 22:57, 20 ноември 2011 (CET) Р. Ѕ. води го разговоров тука, бидејќи мојата страна е „во пензија“[одговори]

Ок, Рашо друг пат ќе дискутираме. Во моментот започнал еден мој проект, мо можеш да ми ги испратиш твоите материјали, па да видам како ќе оди ова. Поздрав--Тиверополник (разговор) 23:03, 20 ноември 2011 (CET)[одговори]

Ајде очекувај ги, па ако треба ќе дискутираме на мејл. Позз--Р ашо 23:09, 20 ноември 2011 (CET)[одговори]

Археологически термини[уреди извор]

Здравей, Тиверополник. Списах в БГ:У Списък на археологическите обекти в Гостиварско, Република Македония по Список на археолошки локалитети во Гостиварско от МК:У. Дали можеш да ми помогнеш, тъй като не разбрах смисълът на термините "утврдување" и "осамен наод"? Благодаря предварително. --Подпоручикъ (разговор) 18:13, 22 ноември 2011 (CET)[одговори]

Утврдување или фортификација а на бугарски најверојатво е „укрепване“. Види en:Fortification, додека осамен наод е археолошки наод (артефакт) кој е пронајден (изолоран) од други наоди. Значе не е поврзан со нив. И ме изненади бре Радо, „с’штија език“, а толку туѓ.--Р ашо 18:53, 22 ноември 2011 (CET)[одговори]
Без да се заяждам, ще ти кажа, че някои други термини си ги превеждах през Google Translate от сръбски, понеже на македонски не ми ги превеждаше.. прави си сам сметката. Отделно в Списокот на Гостиварско има Фортификациjа, градиште и нямаше как да съм сигурен, че нямат различно значение. Благодаря за помощта! --Подпоручикъ 19:53, 22 ноември 2011 (CET)[одговори]
„Уште“ Т. Живков ве лаже дека македонскиот е српски? --Никола Стоіаноски 20:08, 22 ноември 2011 (CET)[одговори]
Луѓе, дај престанете ВЕ МОЛАМ. Залудно е веќе, верувајте. Не ли ви е доста од ова. Ние веруваме дека сме Македонци, тие веруваат дека сме Бугари, колку и да пишуваме ништо неможеме да направиме, затоа подобро да соработуваме оти едни на други неможеме да си докажеме бидејќи и двете истории ни се многу шупливи и бидејќи овие дискусии никогаш ќе немат крај. Несакам са наликувам на Нимиц или некој медијатор, но сакам да се размисли дека соработката повеќе би ни помогнала. Молам за разбирање--Тиверополник (разговор) 20:12, 22 ноември 2011 (CET)[одговори]
И јас тоа му го велам :) Живков не е актуелен веќе, па и политиката треба да се менува :) Мала шала...--Никола Стоіаноски 20:16, 22 ноември 2011 (CET)[одговори]

Macedonian archaeology Barnstar[уреди извор]

Археолошка награда
Алал ти вера. Ова беше многу брзо. Ако ја фати тактиката, би ти ги предложил гевгелиско или валандовско. Само изрази желба ;)--Р ашо 21:03, 23 ноември 2011 (CET)[одговори]
Да довршам со моите од Истанбул, па по ова можеби:( Поздрав, и фала ти. Дознав за мојот крај нешто повеќе--Тиверополник (разговор) 23:37, 23 ноември 2011 (CET)[одговори]
Важи. Ако имаш желба, само кажи :) --Р ашо 13:03, 24 ноември 2011 (CET)[одговори]

Технички подобрувања на Википедија на македонски јазик[уреди извор]

Здраво. На селската чешма предложив неколку технички подобрувања, кои мислам дека ќе го подобрат квалитетот на Википедија на македонски јазик. Мислам дека е многу важно, па затоа Ве повикувам на дискусија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:29, 10 декември 2011 (CET)[одговори]

Гласање за јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:16, 11 декември 2011 (CET)[одговори]

Црква Света Софија (Истанбул)[уреди извор]

Статијата Црква Света Софија (Истанбул), која Вие ја создадовте, проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Историја на Руската Федерација[уреди извор]

Статијата Историја на Руската Федерација, која Вие ја создадовте, проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Повторно две одеднаш. Секоја чест.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:59, 11 декември 2011 (CET)[одговори]

Бугари во Македонија[уреди извор]

Ако можите да видите што се случува со статијата Бугари во Македонија, затоа што гледам дека некој Бугарин Jingiby ги има избришано важните информации од статијата и става некој нелогични податоци за „Македонци кои сакале да се Бугари“.

--Romanski1996 (разговор) 12:04, 15 декември 2011 (CET)[одговори]

Седмична работа[уреди извор]

Здраво Тивер. Мислам дека помина доста долго време откако едногласно се согласивме за воведувањето на седмична работа на Википедија на македонски јазик, во чии рамки би се посветило внимание и на средувањето на содржините и оддржувањето на проектот (детали од дискусијата има овде). Добро би било ова да се воведе на почетокот од 2012, со што веќе уште од месец јануари би можеле да се нафатиме околу здружена работа на одделни, што знам дека заштедува и време и средства. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:30, 20 декември 2011 (CET)[одговори]

Благодарам на одговорот. Ќе го имам тоа предвид и се надевам дека што е можно побргу ќе се вратиш со твоите огромни придонеси. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:03, 20 декември 2011 (CET)[одговори]

Новак Ѓоковиќ/Novak Djokovic[уреди извор]

Molim vas da u cilju informisanosti i kvaliteta proverite i odobrite stranicu Новак Ѓоковиќ posto je poslednja provera od 15 septembra a na cekanju 7 promena, takodje molim sve administratore na Makedonskoj Vikipediji da se ukljuce u taj proces. Pozdrav iz Srbije za Makedonce i Makedoniju. Hvala. Blagodaram.

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:03, 31 јануари 2012 (CET)[одговори]

Шаблон[уреди извор]

Здраво Тивер. Oвој шаблон погрешно излага низ статиите, наместо на крај, се појавува на почеток. Ако можеш премести го шаблонот на крај од текстот. Јас ги средив сличните вакви шаблони за Македонија и Србија. Ако имаш време се разбира, ако не јас ќе го средам штом најам време. Позз--Никола Стоіаноски 22:39, 3 февруари 2012 (CET)[одговори]

Покана за Вики средба[уреди извор]

На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 18:03, 1 март 2012 (CET)[одговори]

Резолуција на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање[уреди извор]

ИЗвини само да допишам нешто... поздрав--Јоханес Климакус (разговор) 18:06, 16 март 2012 (CET)[одговори]

Јубилејна статија (55.000)[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:18, 20 март 2012 (CET)[одговори]

Економија[уреди извор]

Здраво Тивер. Како си? Сакам да те известам дека ги заменив сите категории, во чијшто наслов се споменуваше поимот „економика“, со нови, во кој го искористив поимот „економија“. Впрочем, во нашата економска литература, не се прави суштинска разлика меѓу овие два поима, а многу почесто се употребува вториот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:29, 20 март 2012 (CET)[одговори]

ВикиПроект Одржување (ВП:ОД)[уреди извор]

(ова е известување за сите администратори и поактивни корисници)

Здраво! Јас ја собрав работата која што треба рутински да се врши за одржување на Википедија и ја поделив во 1)секојдневни, 2)неделни и 3)долгорочни задачи. На ВП:ОД има детален алгоритам којшто секој може да го следи ако сака да се приклучи во работата. Целта ми беше да воведам систематски начин на одржување кој ќе ни помогне правилно да ја фокусираме работата. Овде има врски до страници кои помагаат во одржувањето, плус некои корисни шаблони.

Исто така, за поискусните корисници, го создадов овој многу корисен шаблон: {{Вики-Одржување}} кој ги има собрано сите задачи, врски и шаблони на кратко. Тој шаблон можеш да го ставиш на твојата корисничка страница или некаде во корисничкиот простор за редовно да имаш пристап до овие задачи (види ја документацијата на шаблонот за параметрите).

Поздрав, и се надевам дека ова ќе ни користи и дека ќе ја олесни работата. --Brainmachine (разговор) 16:13, 1 април 2012 (CEST)[одговори]

56.000 статии[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:40, 5 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Бришење[уреди извор]

Зошто ја избриша страницата за халкбанк ? Па побарај на википедија, секоја светска банка има страница !




Gorgi.miteski (разговор) 08:55, 6 јули 2012 (CEST)[одговори]

Солидарност кон Википедија на руски јазик[уреди извор]

Здраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:59, 10 јули 2012 (CEST)[одговори]

Здраво. Моментално имам статус на уредувач на мк. вики. Сакам да те прашам дали можам да вметнувам шаблон СЗР во страниците за разговор каде истиот го нема? Поздрав Kekev (разговор) 00:30, 15 јули 2012 (CEST)[одговори]

баш за ова нешто ќе те прашував ама ете ми одговори... фала на советот иначе ќе го употребувам се надевам утре ќе преведам уште неколку статии и ќе ја ставам англиската кутија Поздрав :)

Наградени сте![уреди извор]

Награда за трудољубивост
:) ) M4r51n (разговор) 00:32, 15 јули 2012 (CEST)[одговори]

инфокутија[уреди извор]

Тиверполник дали можеш да ми дадеш линк од инфокутијата(најнова) на англиски? неможам да ја најдам.. Поздрав!

да не има некакви проблеми со авторски права ова она ако од англиска википедија стам слика на македонска? M4r51n (разговор) 01:11, 15 јули 2012 (CEST)[одговори]

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:03, 20 јули 2012 (CEST)[одговори]

Христијанство во Македонија[уреди извор]

Статијата Христијанство во Македонија, која Вие ја создадовте, проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 12:12, 20 јули 2012 (CEST)[одговори]

Здраво Тиверополник... Барав и за сзр и за правење категории од порано но неможам да се снајдам.. ако можеш да ми дадеш линк би ти бил благодарен Поз!

  • нова:

разбрав за разговор..

    • нова:

разбрав сега :)

Ал-Каеда[уреди извор]

Статијата Ал-Каеда, која Вие ја проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Секоја чест за статијата!--Kiril Simeonovski (разговор) 12:51, 27 јули 2012 (CEST)[одговори]

Мала помош...[уреди извор]

Имам забележано дека имаш пишувано доста статии од полето на историјата. И сакав да те прашам нешто. Дали постои некое место или нешто слично (на интернет или каде било) каде можам да проверам како одредена историска личност/настан е познат кај нас. На пример Anne Boleyn, по правило би било Ен Болен, но нејзината статија е именувана Ана Болејн. Презимето е можеби дискутабилно, но околку името е јасно дека е Ен, а не Ана. Исто и Елизабет, наместо Елизабета. Единствено што имам е правопис и страната тука за транскрибирање на имиња (што всушност е истото). Но знам дека транскрибирачка логика не важи кај историските имиња. Барем од тоа што имам видено. Дали можеш некако да ми помогнеш. Многу би ти бил благодарен...

Поздрав --Макс(разговор) 22:07, 12 август 2012 (CEST)[одговори]

О, супер тоа ми помогна. Само што тоа отвора доста голем проблем. Многу статии се испомешани. Баш примерот Катерина Арагонска. Јас упорно ја преведувам Кетрин од Арагон. Дали во тој случај Ен Болен, би била Ана Болена? И уште нешто - личности со пониски титули - како грофови и барони. Ако не ќе го прашам и Бјанкулоски. Фала однапред. --Макс(разговор) 22:27, 12 август 2012 (CEST)[одговори]

Категории[уреди извор]

Здраво Тивер. Мое мислење е дека би било добро да постојат и двете категории, иако тоа подразбира голема претпазливост околу категоризирањето на личностите. Потребно е да се напомене некаде дека станува збор за различни категории и да се укаже на начинот на нивната употреба. Што се однесува до твоето размуислување, мислам дека и во ред и се согласувам со тоа. Поимот „Чеси со македонско потекло“ треба да ги опфати оние лица коишто се родени и израснати во Чешка или имаат некое подалечно македонско потекло, додека „Македонци во Чешка“ е добро да ги опфати оние македнски државјани коишто се родени во Македонија, но се пресеиле и живеат во Чешка, како и оние кои етнички Македонци, кои ги поседуваат двете државјанства. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:15, 24 август 2012 (CEST)[одговори]

Политизирање на Википедија[уреди извор]

Здраво, Тивер. Не сакам многу да навлегувам и да те вознемирувам со објавената вест во којашто се споменува и Википедија на македонски јазик, но сметам дека, како активен корисник со огромен придонес кон Википедија, е потребно да учествуваш во дискусијата во однос на ова прашање и составувањето на официјалното соопштение. Некои од твоите забелешки во поглед на „прифаќањето“ на промените се веќе разјаснети на мејлинг-листата. Те охрабрувам да се зачлениш на администраторската мејлинг-листа, ако веќе го немаш сторено тоа и да ни се придружиш. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:30, 26 август 2012 (CEST)[одговори]

Избор на јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:03, 29 август 2012 (CEST)[одговори]