Разговор со корисник:Мила

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

--

Народна банка на Бугарија[уреди извор]

Историја[уреди извор]

Централната банка на Бугарија е изградена и функционира врз основа на законот за Бугарска народна банка. Таа е една од најстарите национални институции, создадена непосредно по создавањето на Бугарската држава, 25 јануари 1879 година, и многу наскоро започнала да игра важна улога во економскиот преродба на земјата, претворајќи се во ’рбетот на финансискиот систем. Идејата да се создаде музејска збирка на Народната банка се јавува на крајот на 20-тите години на ХХ век. За првпат, иако делумно, таа се одвива во 1969 година, кога за кратко време во готовинскиот салон е претставена изложба на банкноти и монети . По 1991 година започнале подготовките на постојана изложеност која се претставувала на пошироката јавност како нешто највредно од музејскиот фонд. Музејот на БНБ е отворен официјално на 25 јануари 1999 година во врска со прославата на 120-годишнината од основањето на банката. Постојаната изложба била структурирана во неколку секции. На површина од околу 300 квадратни метри таа го негувала богатството на античките и средновековните монети, откриени на територијата на Бугарија од V век п.н.е.. до денес; повеќегодишната работа на Министерството за финансии и на Народната банка по издавањето на монети за потребите на паричниот промет во земјата; историјата на емисијата на банкноти, изведена од БНБ по 1885 година . Експозицијата содржела околу илјада антички монети и монетовидни споменици кои убедливо ги илустрирале интензивните ковачки циркулации на Балканскиот полуостров - своевиден крстопат меѓу Истокот и Западот - во различни историски епохи. Посетителот имал можност да го следи развојот на кованицата во антиката - времето на грчката колонизација на Црноморското крајбрежје и на активните трговски односи меѓу колонистите и локалните тракиски племиња. Значително место (над 1300 експонати) било посветено на проблемот- емисијата во турбулентните векови на балканскиот век - гламурот на Византиската империја и подемот на Втората бугарска држава. За време на Првата бугарска држава бугарските владетели сеуште не сечеле сопствени парични знаци. За потребите на размената се употребувале главно византиски монети, а по битката кај Марко во 792 година Византија била принудена да плаќа данок на Бугарија во вид на златни и сребрени монети. Од времето на цар Борис ӀӀ (970-971 година) и Роман (977-991 година) се познати т.н. подржавни парички по примерот на византиските. Најраните бугарски монети, најверојатно се од времето на цар Петар (1186-1197 година), но неоспорен прв примерок на бугарската кованица е од царувањето на Иван Асен ӀӀ (1218-1241 година). Акцентот во изложеноста паѓал врз паричните знаци на Третата бугарска држава - Кнежеството Бугарија (1879-1908 година), Царство Бугарија (1908-1946 година), Народна република Бугарија (1846-1990 година) и Република Бугарија (по 1990 година ). Изложени се бугарските платежни средства, уметнички и работни проекти, како и примероци на банкноти и монети. Централната улога на Бугарската народна банка во специфичното производство на националните валути, во управувањето со паричниот промет, како и во уништувањето на искористени пари во оптек, прејудицирала единственост на оваа колекција, која можела да биде видена само во музејот на банката.


Монетарна политика[уреди извор]

Основна цел на банката е да ја одржува ценовната стабилност преку осигурување на стабилноста на националната парична единица.Тоа значи дека Централната банка на Бугарија води режим на стабилен девизен курс, односно применува стратегија на таргетирање на девизниот курс.Таа е единствениот емисионен институт во Бугарија и ја има клучната улога во водењето на бугарската економија. Народната банка на Бугарија ја регулира дејноста на другите банки за да ја одржи стабилноста на банкарскиот систем и да ги заштити депонентите. Од 1 јануари 2007 година ( Со приклучувањето на Бугарија кон Европската Унија), Народната банка на Бугарија учествува во Европскиот систем на централни банки.

Органи на управување[уреди извор]

Раководниот орган на БНБ е нејзиниот Управен одбор во состав: гувернер, тројца подуправители, раководни поединечните управувачи ("емисиона", "Банка" и "фискална услуги", "Банкарски надзор"), и уште тројца членови. Во Управниот одбор на Народната банка членуваат личности со високи професионални и морални квалитети. Гувернерот и тројцата подуправители на БНБ се избираат од Собранието, а другите тројца членови - од претседателот на Република Бугарија. Управниот одбор се состанува најмалку два пати месечно и дискутира и усвојува основни насоки за активност, ја одредува каматата, надоместоците и провизиите, кои се неопходни за работењето на банката, ги утврдува нормите на задолжителните минимални резерви кои банките треба да ги пласираат во БНБ, прифаќа решенија за издавање на банкноти и монети и за нивно повлекување од оптег, ги прифаќа извештаите на Народната банка и нејзиниот годишен буџет.

Монетарен совет[уреди извор]

Од 1997 година во земјата е регистриран монетарен совет - режим на монетарната политика, кој обезбедува ценовна стабилност преку обезбедување на одговорноста за постигнување на законска и практична независност на централната банка. Паричните обврски на БНБ ги вклучуваат сите издадени банкноти и монети во оптек, како и сите залихи на сметки во Народната банка, со исклучок на сметките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Карактеристика на бугарскиот монетарна совет е дека тој обезбедува покриеност на банкноти, монети и депозити (депозит на Владата и резервите на комерцијалните банки). Кон банката е формиран и силен систем за банкарско регулирање и надзор. Основното правило на овој режим е ограничување на износот на емисијата на резервни пари до овој на сопственост девизни резерви. Бугарската банка предвидува можност за финансирање на комерцијалните банки до износот на нето девизните резерви, но само при ликвидносен ризик за целиот финансиски систем и на почитувањето на строгите барања за видот и квалитетот на испораката на колатерал. БНБ не може под каква и да било форма да дава кредити на државата освен на сметка на купување на специјални права на влечење од ММФ. Не е дозволено вклучување во резервите на хартии од вредност издадени или гарантирани од државата. Тие можат да се користат само како залог против обезбедување на кредити во согласност со функцијата на кредитор во крајна инстанца.

Задачи и дејности[уреди извор]

Бугарската народна банка ја одржува стабилноста на националната парична единица со помош на:

  • полно покритие на паричните задолжувања на банката со високоликнидни валутни активи,
  • неограничен обем помеѓу бугарскиот лев и резервната валута на територијата при фиксиран девизен курс,
  • емисија на банкноти и монети.

Бугарската народна банка го регулира и го контролира банкарскиот систем со помош на:

  • строг и ефективен банкарски надзор,
  • функционирање како кредитор во крајна инстанца ( предвидено со закон) ,
  • содејствување во нормалното функционирање и развој на Финансиските пазари.

Банката го осигурува функционирањето и развојот на ефективни платежни системи. Таа ја исполнува улогата на фискален агент и депозитар на државата. Таа го има ексклузивното право да емитува монети и банкноти, кои законски служат како платежно средство. Банката е одговорна за печатењето на банкнотите и сечењето на монетите.Банката се грижи и за зајакнувањето на банкарскиот и финансискиот систем преку учеството во комитетите и работните групи на Европската Централна Банка и Европската комисија.Бугарската народна банка ги анализира процесите во бугарската економија и прави макроекомски прогнози.Банката публикува периодични изданија, работни материјали, каталози и научни трудови во кои ги презентира резултатите од својата дејност во областа на банкарските работи и макроекономијата. Банката ги извршува следниве дејности:

  • посветеност на интересите на општеството,
  • независност при формулирањето и спроведувањето на својата политика,
  • непристрасност при донесување решенија,
  • висока професионалност,
  • взаемно дејство и обем на информации со структурните сектори на банката,
  • хармонизација на законската уредба со задачите и дејностите во рамките на Европскиот систем на централни банки.

Меѓународни финансиски институции[уреди извор]

Бугарската народна банка придава големо значење на соработката со меѓународните финансиски институции, благодарение на што во изминатите години земјата постигна трајна макроекономска стабилизација. По приемот на Бугарија во Европската унија карактерот на соработката со овие институции се промени и од традиционалното поддршка на структурните реформи и развојот на конкурентен приватен сектор во земјата, преку различни механизми на финансирање и програми за давање техничка помош се насочи кон целосно учество во нивното управување и донесување на одлуки за проблемите на меѓународниот финансиски систем. Во согласност со Законот за Бугарската народна банка, Народната банка делува како фискален агент и депозитар на државата во меѓународните финансиски институции.

Учеството во Европската Централна банка[уреди извор]

Европскиот систем на централните банки е организација, основана со договорот за создавање на Европската Унија и уредена со Уставот на ЕСЦБ. Тој ги вклучува Европската централна банка и централните банки на сите држави- членки на Европската Унија. Од присоединувањето на Бугарија кон ЕУ, од јануари 2007 година, Бугарската народна банка е членка во Европскиот систем на централните банки, а управителот на Бугарската народна банка е член на генералниот совет на ЕЦБ. Банкарски експерти учествуваат во работата на комитетите и работните групи на ЕЦБ. Со членството во овој систем, се усложнуваат задачите кои стојат пред банката, и на тој начин се засилува нејзината улога во однос на осигурувањето на стабилна и предвилива економска и финансиска политика. Делот на Бугарската банка во капиталот на ЕЦБ изнесува 50.833 мил. евра, а внесениот капитал- 3.561 мил. евра. БНБ е во следниве структури и органи на Европската унија :

  • Европски совет за системски ризик (ЕССР) и Советодавниот технички комитет кон него - гувернерот на Народната банка учествува во состаноците на генералниот совет на ЕССР со право на глас;
  • Совет на ЕУ за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) - гувернерот на Народната банка учествува во неформалните седници на Советот ЕКОФИН;
  • Економски и финансиски комитет (ИФК) и неговите подструктури -
  • ИФК заменици,
  • ИФК Поткомитетот за прашањата на ММФ,
  • ИФК Поткомитетот за евро-монетите,
  • ИФК Поткомитетот за европски пазари на државни обврзници и записи;
  • Комитет за финансиски услуги (КФУ);
  • Европски банкарски комитет (НДА);
  • Европски банкарски орган (ЕБО) и неговите подструктури;
  • Европски комитет за финансиски конгломерати;
  • Комитет за спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот;
  • Работни групи до Канцеларијата за борба против измами (ОЛАФ): Експертската група за фалсификување на еврото и Експертската група за неистински евро-монетите;
  • Комитет за плаќањата;
  • Работна група за финансиски услуги;
  • Комитет за монетарна и финансиска статистика и статистика на платниот биланс;
  • Група на директори одговорни за односи со јавноста;
  • Група на шефовите за безбедност.


Наводи[уреди извор]

Предлошка:Http://www.bnb.bg/


Категорија:Монетарна економија