Прејди на содржината

Разговор со корисник:Инквизитор771

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Додај тема
Од Википедија — слободната енциклопедија
Последен коментар: пред 5 месеци од Jtasevski123 на темата Викисредба (9 февруари 2026)

Добре дојде!

Здраво, Инквизитор771, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Andrew012p

Глаголска л-форма

[уреди извор]

Здраво, Инквизитор771. Те молам кога преведуваш, ставај го времето во ,,Глаголска л-форма". На пример, наместо ,,беше", правилно е ,,бил/ла/ло". Википедија на македонски јазик користи глаголска л-форма. Поздрав. --Andrew012p (разговор) 14:00, 29 јули 2024 (CEST)Одговори

Редни броеви

[уреди извор]

Здраво, редните броеви во македонскиот јазик се пишуваат со точка, а не со цртичка, па така ќе биде 43. претседател, а не 43-ти претседател или 43ти претседател. --Ehrlich91 (разговор) 14:39, 19 октомври 2024 (CEST)Одговори

фала што ми кажа Инквизитор771 (разговор) 15:48, 23 октомври 2024 (CEST)Одговори

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје

[уреди извор]

Здраво, во врска со вашето уредување на страницата на ова училиште, наставен кадар и други информации кои ги внесувате не се енциклопедиска содржина. Тоа се информации што училиштето може (веројатно и треба) да си ги постави на својата интернет страница, но енциклопедијата не е бесплатно место за поставување на било какви содржини и информации. Се надевам дека се разбираме. Струките, кадарот, директорот и управните одбори не се дел од информациите што треба да стојат овде. Доколку и на други статии за училишта се вметнати, ќе бидат избришани. Поздрав, Виолетова (разговор) 10:26, 10 јануари 2025 (CET)Одговори

Разбирам зошто не треба да биде наставниот кадар но зошто да не бидат основните струки на училиштето Инквизитор771 (разговор) 13:47, 10 јануари 2025 (CET)Одговори
Струките се основно нешто што го прави средно училиште и во други страници струките ги има не разбирам зошто тие мораат да бидат тргнати Инквизитор771 (разговор) 14:11, 10 јануари 2025 (CET)Одговори
@Инквизитор771 Да, во сегашниот облик може и ти ги прифатив промените за струки и смерови. Наградата беше избришана, бидејќи тука се зборува за добиени награди како училиште (Награда 13 Ноември, државни награди и сл.), а не поединечно. Ако ги сместуваме поединечните награди, повторно се јавува истиот проблем како наставниот кадар, односно прераснуваме во веб-страница за училиштето. --Ehrlich91 (разговор) 17:16, 10 јануари 2025 (CET)Одговори

Земете учество во уредувачкиот натпревар на тема „Хемиски елементи и изотопи“

[уреди извор]

Здраво Инквизитор771, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Хемиски елементи и изотопи“ и да создадеме повеќе статии за хемиските елементи и изотопи во периодот од 10 февруари до 9 март, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија! Jtasevski123 (разговор) 12:19, 18 февруари 2025 (CET)Одговори

Фала ти многу за поканата, стварно ја ценам! Сигурен сум дека натпреварот ќе биде интересен и корисен за Википедија. Сепак, јас нема да учествувам бидејќи хемијата не е баш моја област – повеќе ме влечат историјата, политиката и слични теми. Инквизитор771 (разговор) 17:06, 23 февруари 2025 (CET)Одговори

Земете учество во СИЕ Пролет 2025

[уреди извор]

Здраво Инквизитор771, те повикувам да се приклучиш на регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2025“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. Сметам дека ова повеќе би ви било според вашите интереси дека вклучува историја, политика и многу други теми! Jtasevski123 (разговор) 08:38, 1 април 2025 (CEST)Одговори

Земете учество во уредувачката седмица „Управување со отпад“

[уреди извор]

Здраво Инквизитор771, те повикувам да се приклучиш на уредувачката седмица на тема „Управување со отпад“, која ќе трае од 2 до 8 јуни 2025. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 09:55, 3 јуни 2025 (CEST)Одговори

Викисредба (30 јуни 2025)

[уреди извор]

Добар ден Инквизитор771, ве поканувам на четвртата викисредба од оваа тековна година што ќе се одржи на 30 јуни во „Daily Food & Wine“ во Скопје. Повеќе информации околу викисредбата имате на следната врска (исто така и местоположба на угостителскиот објект на Google Maps). Се надевам ќе ни ја збогатите средбата со вашето присуство. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 13:50, 27 јуни 2025 (CEST)Одговори

Статии без илустрација 2025

[уреди извор]

Добар ден Инквизитор771, ве повикувам да се приклучите на меѓународниот натпревар Статии без илустрација 2025, за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Натпреварот ќе трае од 1 јули сѐ до 31 август. Ако имате какви било прашања околу натпреварот можете да ме исконтактирате на мојата разговорна страница или пак на проектната страница за натпреварот. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 15:07, 1 јули 2025 (CEST)Одговори

Уредувачки маратон - Филм

[уреди извор]

Добар ден Инквизитор771, ве повикувам да се приклучите на уредувачкиот маратон на тема „Филм“ по повод меѓународната иницијатива ВикиГоСакаФилмот. Маратонот е еднодневен, со што само ќе се вреднуваат статии создадени на 18 август, при што треба да одберете од наведениот список и во опис да ставите #wikifilm. Една статија од новосоздадените ќе биде наградена со награда. Наградата ќе биде доделена јавно, во живо на Инстаграм, преку извлекување. Прочитајте ја проектната страница за маратонот и земете учество. Ако имате какви било прашања слободно можете да ги поставите во одговор тука или да ми пишете на мојата разговорна страница. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 11:03, 18 август 2025 (CEST)Одговори

Земете учество во уредувачкиот натпревар на тема „Европска книжевност“.

[уреди извор]

Здраво Инквизитор771, те повикувам да се приклучиш на уредувачкиот натпревар „Европска книжевност“ кој ќе се одржи во периодот од 13 септември до 12 октомври, со кој сакаме да подобриме и создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија! Jtasevski123 (разговор) 12:40, 11 септември 2025 (CEST)Одговори

Викисредба (23 септември 2025)

[уреди извор]

Добар ден Инквизитор771, ве поканувам на петата викисредба од оваа тековна година што ќе се одржи на 23 септември во „Daily Food & Wine“ во Скопје. Повеќе информации околу викисредбата имате на следната врска (исто така и местоположба на угостителскиот објект на Google Maps). Се надевам ќе ни ја збогатите средбата со вашето присуство. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 18:56, 21 септември 2025 (CEST)Одговори

Земете учество во уредувачката седмица „Риби“

[уреди извор]

Здраво Инквизитор771, те повикувам да се приклучиш на уредувачката седмица на тема „Риби“, која ќе трае од 21 до 27 ноември 2025. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме Википедија на македонски јазик. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 12:53, 19 ноември 2025 (CET)Одговори

Опомена

[уреди извор]

Здраво, забележував уредувања во главната статија за Бугарите во која користиш неенциклопедиски речник, што не смее да ти се повтори, бидејќи ако не се согласуваш со нешто, тогаш истото треба да го потврдиш со извори, а не самоиницијативно да пристапиш со промена и бришење на содржина. Си избришал факти како на пример дека има Бугари забележани со попис во Македонија. Јас како администратор сум реагирал најмногу на бугарски уредници кога тие го правеле тука со бришење и уредувања по нивно, а овие твои уредувања се во таа насока, па така сметај го ова како опомена и престани со ова. --Ehrlich91 (разговор) 19:04, 7 декември 2025 (CET)Одговори

Уредувачки денови и викенди 2026

[уреди извор]

Добар ден, започна предизвикот уредувачки денови и викенди за 2026 година. Ве поканувам да се приклучите на предизвикот, со тоа што од оваа година наградите ќе бидат на месечно ниво каде што треба да се исполнат следните услови:

  • Да се учествува во најмалку 10 изданија на уредувачките денови и/или викенди во текот на еден месец, и
  • Да се создадат или подобрат најмалку 25 статии од тековниот месец.

Ако имате какви било прашања слободно обратете ми се на мојата разговорна страница! Пријатен ден! Jtasevski123 (разговор) 12:08, 5 јануари 2026 (CET)Одговори

Викисредба (9 февруари 2026)

[уреди извор]

Добар ден Инквизитор771, ве поканувам на втората викисредба од оваа тековна година што ќе се одржи на 9 февруари во „Daily Food & Wine“ во Скопје. Повеќе информации околу викисредбата имате на следната врска (исто така и местоположба на угостителскиот објект на Google Maps). Се надевам ќе ни ја збогатите средбата со вашето присуство. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 09:40, 2 февруари 2026 (CET)Одговори