Разговор со корисник:Виолетова/Архива1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Не беше посочен извор за Слика:Blog-zapisi.jpg[уреди извор]

Ambox warning blue.svg

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Blog-zapisi.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 10:47, 8 јули 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 10:47, 8 јули 2008 (UTC) Brainmachinewtf? 10:47, 8 јули 2008 (UTC)

Re:блог-записи[уреди извор]

Здраво! Ова е одговор на овој Ваш пост. Сте напишале на вистинската страница за разговор, а бидејќи не знаете да ги средите сликите, овде сум да Ви помогнам. Најпрвин, за потфатот кој се обидувате да го направите со статии за сите книги, внимавајте да не ја искористите Википедија за промоција, тука само за информативни цели на значајни работи, па затоа внимавајте на стилот - тој да биде со информативен тон. За секоја статија која ќе ја напишете мора да наведете извор - на пример вебсајт од Вашата издавачка куќа каде се истакнува дека таквото дело навистина постои, или пак статија во некој значаен весник. Бидејќи секој може да ја уредува Википедија, мора да внимаваме на веродостојноста на материјалот. Јас ќе ја средам статијата Блог-записи, но ќе бидат потребни уште информации и навистина би ми помогнало ако ми наведете некој извор за изданието (вебсајт или нешто сл.). Исто така, внимавајте самите писатели да не ги пишуваат своите статии, бидејќи тоа претставува конфликт на интереси и се нарушува неутралноста на Википедија. Бидејќи сте Вие издавачот (барем претпоставувам) и тоа не е баш најдобро, но сепак, подобро од авторите сами да пишуваат. Инаку, да скратам малку:

  • На сликата ќе ставам ознака дека е Ваше дело, дека Вие сте ја сликале. Претпоставувам дека е ок тоа, и ќе ја ставам сликата во јавен домен за слободно користење. Ако сликате некоја слика сами, и сакате да ја подигнете, во делот Опис кога ќе подигнувате слика внесете:
{{Слика-инфо
| Опис         = (опис на сликата)
| Извор        = Сопствено дело
| Датум        = ~~~~~
| Автор        = ~~~
| Дозвола      = {{Јд-јас}}
}}
  • Ако подигнувате слика со насловната корица од книга, користете:
{{Објаснување за неслободна употреба
| Description       = (опис на сликата)
| Source            = (извор на сликата)
| Article           = (име на статијата)
| Portion           = Целата корица на книгата
| Low_resolution    = Да
| Purpose           = Да ја илустрира статијата за дадената книга
| Replaceability    = Не е заменлива, освен ако постои слободен дериват на уметноста искористена на корицата.
| other_information = '''Лиценца'''{{Неслободна корица на книга}}
}}
  • Наведувајте извори на дното на секоја статија што ќе ја напишете, на пример:
==Извори==
* [http://www.nekojsiwebsajt.com/kniga_taa_i_taa (Краток опис)]
* Утрински Весник, ден тај и тај, број тај и тај. 

И за крај, контактирајте ме за било што, веќе еднаш се снајдовте. Поздрав, Brainmachinewtf? 15:29, 15 јули 2008 (UTC)


Браво за наведените извори во Блог записи, така правете за сите статии. Ветувам дека ќе Ви ги средам статиите (само не можам денес). --Brainmachinewtf? 15:55, 15 јули 2008 (UTC)

Изданието Блог-записи[уреди извор]

Вака, ја средив статијата Блог записи и ги средив и сите статии за посебните книги. Го направив овој шаблон за на крајот од секоја статија:

Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник  • Мртвите херои на нашата иднина  • No friends no family  • Авгански дневници  • Последниот македонски хакер  • Патот на душите  • Светлата страна на готиката  • Мисли на празно срце  • Пуфлините коцкички  • Не е сè како што изгледа  • Од CABARET до OZ  • Анти-блог за Филип Петровски  • Мајмунска стапица  • Кога нема ништо  •


Со него и полесно ќе можете да ги потполните останатите статии, само клик на црвениот линк и готово. Инаку, кога ќе ги пишувате статиите, работете по аналогија на статиите кои јас ги средив, значи гледајте како е направено во овие статии - Мртвите херои на нашата иднина, Анти-блог за Филип Петровски итн. и ќе Ви стане јасно како да ги средите и другите, само ќе ги менувате информациите.

Сакам да Ви се обратам за создавањето на викиврски (врски до други статии на Википедија). Вие правите ваква викиврска - [[http://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија Википедија]] што резултира со ова: [Википедија], односно меѓу 2 загради го копирате URL-то на статијата го додавате нејзиниот наслов. Нема потреба од тоа! Само ставете го насловот на статијата меѓу две загради, ете вака [[Википедија]], и ќе го добиете ова: Википедија. Исто така, кога ќе напишете нешто на нечија страница за разговор, на крајот за потпис внесете само четири тилди, ете вака: ~~~~ и тоа автоматски Ви го создава потписот.

За повеќе инфо обратете се до почетниот курс, таму е сѐ објаснето за викиврски, надворешни врски и за страници за разговор. Поздрав, Brainmachinewtf? 12:14, 17 јули 2008 (UTC)

За статиите поврзани со книги[уреди извор]

Здраво. Навистина сум импресиониран од Вашите уредувања на статии поврзани со книги, а особено од стилот на кј го правите тоа. Но, мислам дека би било подобро доколку ја употребите инфокутијата книга:

{{Инфокутија Книга
| name          = Наслов што стои над инфокутијата
| title_orig    = оригинален наслов
| translator    = Преведувач
| image         = слика
| image_caption = опис на слика
| author        = писател
| illustrator   = илустратор на сликите во книгата
| cover_artist  = илустратор на кориците
| country       = земја на потекло
| language      = јазик
| series        = серијал
| subject       = тема
| genre         = жанр
| publisher     = издавач
| pub_date      = дата на издавање
| media_type    = медијум
| pages         = страници
| isbn          = ISBN
| preceded_by   = претходна книга
| followed_by   = следна книга
}}


Поздрав.--Kiril Simeonovski 22:26, 4 септември 2008 (UTC)