Разговор со корисник:Виктор Јованоски/Архива III

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Григор Куркчиев и останатите генерали[уреди извор]

Викторе, си го тргнал шаблонот за бришење од таа статија. Како прво, шаблонот беше ставен бидејќи Григор Кюркчиев на македонски не се предава како Григор Куркчиев туку како Григор Ќуркчиев. Но, исто така, во последниве неколку дена беа креирани десетици статии од корисникот Охрид со по две-три реченици за некакви си "бугарски генерали" од Македонија. Треба поангажирано да разгледате какви статии и за кого креираат посетителите од Бугарија. Прагот на толеранција ви е премногу висок. На бугарската Википедија тешко дека ќе напишеш статија за некоја македонска личност. Мене ми ја иабришаа статијата за Кимет Фетаху без никакво образложение. А, да не зборуваме што сѐ пишуваат за Македонците и Македонија во статиите поврзани со нас. Поздрав и размислете што правите, вие администраторите! Малку ни беа бугарската и англиската Википедија пишувани од Бугари и преполни со антимакедонска пропаганда, па сега и на македонската верзија треба да го дозволиме истото?! --Amacos 19:45, 28 септември 2007 (UTC)

Најпрво благодарам за исцрпниот одговор. Свесен сум за работите за коишто пишуваш и во целост се согласувам. Но, сепак мислам дека треба да постои некаков реципроцитет. Имам чувство дека Бугарите чувствуваат лабавост на македонската Википедија и сите статии поврзани со Македонија се обидуваат да ги уредуваат според бугарската гледна точка. Целта ми беше да поттикнам на поголема будност, особено од страна на администраторите кога се работи за статии поврзани со и околу Македонија. Бугарите употребуваат тактика на добар и лош полицаец. Едни пишуваат екстремни работи, а другите демек сакаат да неутрализираат. Колку и да се правиме наивни, факт е дека од бугарска страна, бугарската, како и англиската Википедија (а верувам и на македонската) уредуваат "професионални" пропагандисти коишто дежураат по 24 часа на ден, особено на англиската Википедија. Тоа не може да е дело на поединец. Мора да постои некоја организираност и координираност. Претпазливост и помал степен на толеранција мора да има. Во спротивно ќе направат takeover и на македонското вики. Укажувањата ми беа добронамерни. Поздрав, --Amacos 08:06, 29 септември 2007 (UTC)

Веројатно знаеш[уреди извор]

Викторе, веројатно си заприметил дека се води препукување на страницата за разговор на статијата за Бугарските владетели. Статијата беше предложена за бришење и тоа ја почна лавината секакви коментари, дури и (за жал) простотилаци. Те молам да погледнеш што се случува таму... Лично, не ми смета да (по)стои статијава сѐ додека не се присвојуваат владетели на македонските Словени. Поздрав! --Филип што бе?

Во континуитет ги вандализира статиите поврзани со Македонците. Последниот чин е на статијата Македонци каде што ги менува податоците коишто веќе еден од македонските уредувачи ги аргументира ставајќи неутрални извори. Те молам заштити ја страницата или предупреди го StanProg, а поради прекршување на правилото за правење повеќе од 3 измени и тоа класично вандализирање треба да биде и блокиран. Се сомневам дека е клон на Охрид - стилот на уредување на корисничките страници како и јазикот на којшто пишуваат укажува на тоа. Поздрав, --Amacos 23:45, 29 септември 2007 (UTC)

Види го "броjот на македонците во странство" во статиjaта Македонци! Дека е Бугариjа? :) Ова ли е неутрална гледна точка? :) Види и ова [1] --StanProg 00:09, 30 септември 2007 (UTC)

Кое да види? Англиската верзија која што деноноќно ја уредуваат платени бугарски и грчки пропагандисти како тебе? Значи тоа ви била целта, демек прво ќе си изнапишете статии на англиската верзија како што и одговара на вашата пропаганда и после ќе ја покажувате англиската верзија како "неутрална". Многу памет сте наследиле од тој Аспарух. --Amacos 00:16, 30 септември 2007 (UTC)

Види дека "Бројот на Македонците во етничка Македонија:" за "Пиринска Македонија" са пишувани податоците за ЦЕЛА Бугариjа од източникот! А "Бројот на Македонците во странство:" нема Бугариja! Пиринска Македонија не е исто со Бугариjа :) --StanProg 00:26, 30 септември 2007 (UTC)

Додадена е и Бугарија. Со тоа барањето е задоволено.

Виктор, твоите размислувања се исправни. Но, за жал таквите практики се применуваат само на македонската википедија. Погледни ја статијата којашто ти ја споменуваш за Гоце Делчев. На македонската вики е претставено и бугарското гледиште без притоа да се дава објаснување зошто и како Бугарите се во заблуда. За истата статија на бугарската вики точно е дека го вметнале и македонското гледиште, но повторно провокативно сакајќи да ја објаснат "заблудата" на Македонците. Она што ти сакаш да го постигнеш е во ред, но за жал од другата страна нема таков однос. Тоа што на македонската вики се применува НТГ, пропагандистите од другата страна единствено го разбираат како подаден прст за да ти ја земат целата рака. Колку и да се убедуваме дека не е така, сепак е така. За да биде лицемерието поголемо истите ликови коишто пропагираат овде прават невидени антимакедонски пропаганди на англиската вики. --Amacos 01:38, 30 септември 2007 (UTC)

Не, ова веќе не е нормално, ова ги преминува сите граници. Прво, убеден сум дека е сокпапетер, второ, погледни му ја корисничката страница! Не може да биде понавредлива, ова е лудило. Меѓутоа, најважно е неговото постојано вандализирање, а притоа, не ги ни објаснува своите постапки. Те молам да преземеш нешто посериозно Викторе!
П.С. Погледни ја бугарската статијата за Цар Самуил и убаво анализирај го делот Теории на Македонизмот. Прво, воочи го насловот на заглавието (МАКЕДОНИЗАМ!), а потоа читај како ја објаснуваат гледната точка на Македонизмот! Па таму нема ни трунка НГТ, ни трага од такво нешто нема, напротив, убаво објаснуваат зошто е апсурдна таа теорија на некои српски научници, „които в стремежа си да омаловажат българското историческо присъствие в някои части на Балканския полуостров проблематизират българския характер на ръководената от цар Самуил държава“. И понатаму има уште многу текст којшто го наведува читателот на СЀ освен на НГТ. Те молам прочитај, верувам дека ќе ја сфатиш суштината. А поентата ми е да ти ја покажам разликата помеѓу нашата НГТ (застапена секаде) и нивната „НГТ“. Ми се лоши! Поздрав и уште еднаш те молам да размислиш за ова :) Поречанец A? 10:02, 30 септември 2007 (UTC)
Се разбираме колку-толку, ама главната поента не ја постигнав. Најважното ми беше тоа што тие ја споменуваат „нашата“ гледна точка, но таа е ѕверски испревртена и пристрастно отфрлена како глупав српски обид за омаловажување на бугарите. Дури и не е спомната Македонија и Македонците како посебен народ кој ја застапува таа гледна точка, туку ѝ е дадено име „македонистка“ (се надевам знаеш што значи македонизъм во Бугарија. Тоа не е НГТ, и не само што не е, туку е чисто пропагирање на нивната ГТ и отфрлување на „македонистката“. Целта на секцијата за „нашата“ НГТ е за да им објасни на читателите дека таа е апсурден српски обид за омаловажување на бугарското историско сеприсуство! <-- добра НГТ! ;) Се надевам ме сфаќаш што сакам да кажам. Поречанец A? 12:46, 30 септември 2007 (UTC)

Корисникот Македонија Бугарин ли е? На статијата за Македонци имаше ставено еден куп слики на личности од цел свет коишто на еден или друг начин се поврзани со Македонија и постојано го менува поимот етничко знаме со национално знаме, како и етничка Македонија со историска Македонија. Тукушто забележав дека има креирано статија Свети Димитрија Солунски каде што ставил само една единствена реченица - "Роден е вo Солун през 3 век." на бугарски јазик. Мислам дека корисничкото име "Македонец" како и неговата корисничка страница се една голема фарса и шега со македонското име. Насетувам дека целта му е да изменува во статиите поврзани со Македонија и да ги доведе до тој степен и да наликува дека Македонците и Сталин го сметаат за Македонец (позната бугарска шега, т.е. провокација). Поздрав, --Amacos 07:02, 30 септември 2007 (UTC)

Корисникот Македонија ја тргнал заштитата поставена од тебе на статијата Македонци. Колку и да се правам наивен, 100% сум сигурен во моите сомнежи за него. Бугарската пропаганда и начинот на пропагирање ми се добро познати. Да не познавав Македонци од Америка можеби кор. Македонија ќе ме излажеше дека сборувал на егејски дијалект :) Со оглед на тоа што познавам токму Македонци од Америка со потекло од Егеј, многу добро знам како тие зборуваат и пишуваат македонски. Поздрав, --Amacos 19:12, 30 септември 2007 (UTC)

Па истото е напишано и на бугарската верзија, само малку во завиткана форма. --Amacos 19:49, 30 септември 2007 (UTC)

Мислев да направам некои ситни измени на шаблонот, ама видов дека е заштитен, па го направив тоа во песокот. Промените се следниве:

  • Кога не е наведена причина, се испишува: „Не беше наведена причина за бришење .“
    • По старо - ако е вклучено полето, но е празно, тогаш пишува: „Причината е: .“
    • ако не е вклучено полето: „Причината е: не беше наведена причина .“
  • Кога не се наведени денот и месецот на поставување на шаблонот, се испишува: Страницата е означена како потенцијална страница за бришење на непознат ден, непознат месец.
    • По старо - ако се вклучени полињата, но се празни, се ипсишува: „...на .“
      • Се обидов да направам автоматски да се испишува датумот на поставување со subst, но има некои проблеми, ќе го оставам за подоцна.

Речиси сум сигурен дека не ме разбираш ни 50% (толку добро знам да објаснувам), затоа оди на мојата корисничка страница, таму ги ставив сите три примери, мислам дека ќе ме сфатиш. Ако се увериш дека нема зло во новите промени, те молам обнови го шаблонот (само ископирај го кодот од {{Template sandbox}} во {{Бришење}}). Благодарам. Поречанец A? 13:05, 30 септември 2007 (UTC)

Ах, фала за довербата :) И ес визагз до ењеемс аз аот јатич онтарбо! Еј, погледни ја и статијата Исламски пост. Фала за сѐ. Поречанец A? 19:06, 30 септември 2007 (UTC)
Извини што те вознемирувам, ама ова е трет пат денес да ме насмееш (на глас) хахаха! Вистина добра забелешка од моја страна, нели? :D Браво што примети, јас веќе не гледа убаво, стар су... Биди здрав! Поречанец A? 22:31, 30 септември 2007 (UTC)

Вандализмот на StanProg[уреди извор]

Постојано вандализира и не ги почитува правилата на три промени. Исто така, ги негира и веќе установените термини коишто постојат во Македонија, како "етничка Македонија" и тн. и наместо сериозни пишува глупави и шегобијни изрази како "Симеонова Бугарија" означувајќи ја етничка Македонија. Мислам дека се работи за клон на некој друг корисник. Те молам предупреди го или блокирај го! Поздрав, --Amacos 14:14, 1 октомври 2007 (UTC)

Нема спорен параграф. Конкретни извори нема за целата статија, а истото го пишува и на бугарската верзија доколку си ја погледнал. Доколку бараме конкретни извори, тогаш ќе треба да се избрише целата статија бидејќи за ниту еден збор нема конкретен извор, како на македонската, така и на бугарската верзија. Edit-војните ги создаваат познатите пропагандисти, а попустливоста на администраторите само им помага во тоа. Не знам какво е вашето влијание, но само еден пример - статиите на албанската википедија за Македонија и за Македонците се ВЕЧНО заштитени и не може да се промени ниту една буква. Зошто мислите дека македонската википедија треба да биде поинаква од сите останати?! Поради тоа што сме ФИРОМ? Или можеби токму поради тоа и сме ФИРОМ. --Amacos 15:38, 1 октомври 2007 (UTC)

?Јазици?[уреди извор]

Е сега навистина збеснав! Се обидов да го прочитам разговорот за сликата Makedonski polk vo Ukraina (затоа што сум уверен дека пишува нешто подло, т.е. крајно саркастично и навредливо), ама НЕ УСПЕАВ, затоа што, очигледно, не сум го научил убаво македонскиот јазик... Или можеби не е на македонски... На што личи ова, секој како сака си пишува? Уф, стварно сум изнервиран, не чини тоа... Дај те молам преземи некоја мерка, ова ги преминува сите граници. Поздрав и фала однапред. Поречанец A? 20:50, 1 октомври 2007 (UTC)

Не, не реков да го блокираш. Блок без опомена е премногу. Ама, не знам дали си приметил, два-три пати случајно си направивме муабет на македонски меѓу нас (Македонците) на англиската Википедија, и тоа на нашите страници за разговор (кориснички) - веднаш стигна опомена и барање за превод. Се разбира, секогаш е најбрз господинот Неутрон, кој прво тужи дека зборуваме на странски јазик, а потоа преведува неточно. Односно, неприфатлив е разговор на странски јазик на страница за разговор за некоја статија или слика, ОСОБЕНО кога текстот не е со добра намера. Малку го разбрав, и можам да кажам дека поцрвенев од лутина. Неуморни се нашите источни соседи, ама барем нека ја вршат подлата пропаганда во согласност со правилата. За почеток, можеш да го избришеш разговорот и да ги бришеш сите разговори на странски јазик уредени од анонимци со ИП адреси, а корисниците кои ќе користат јазик што не го разбираме БАРЕМ 90%, треба да бидат предупредени. Колку што сум јас запознаен... Барем така прават на англиската... Се создава вистински неред овде. Немој да помислиш дека те обвинувам тебе хаха, ти (според мене) најдобро си ја вршиш работата овде и најактивен полицаец си, токму затоа ти се обраќам тебе, имам доверба во твојата справедливост :D Поречанец A? 21:37, 1 октомври 2007 (UTC)
Не знам за Филип (и другите), ама јас те разбирам. Но, види погоре. :D хехехе. Сега ќе те оставам на раат да ’рмбаш :) Поречанец A? 22:03, 1 октомври 2007 (UTC)

За Јосиф Бродски[уреди извор]

Еј Виктор, има една поема од Бродски, На смерт Жукова, која ми е омилена, ама, и покрај тоа што сум ја прочитал милион пати, мислам дека пропуштам некоја поента во стиховите. Него затупев и ја... сакав да те прашам да не знаеш каде може да најдам препев или превод на некој друг јазик, по можност македонски, српски, хрватски, па може и англиски? Ако знаеш, плс едно линкче :))))) Поздрав! --Филип што бе? 11:53, 1 октомври 2007 (СЕВ)

Фала за преводот и извини што вака доцна стига благодарноста :)))) Го видов уште вчера, ама во брзање, па изумив да кажам фала! (колку сум само безобразен ;) ) Благодарам уште еднаш! ПС ја прочита ли идејата на Ревизионист? Што мислиш за тоа? --Филип што бе? 23:57, 3 октомври 2007 (СЕВ)

Вандализам на StanProg 2 дел[уреди извор]

Како по обичај, познатите пропагандисти, преку ноќ сакаат да ги изменат сите статии на македонската верзија кои што имаат македонска гледна точка, наметнувајќи ја бугарската пропаганда. Споменатиот корисник се обидува да ги навдализира сите статии поврзани со села во Пиринска Македонија наметнувајќи други, без притоа да праша за согласност. Селата од Пиринска Македонија на македонската википедија се категоризирани во посебна категорија и статијата за Пиринска Македонија има посебна важност. Те молам, ти или другите администратори преземете нешто. Поздрав, --Amacos 01:22, 2 октомври 2007 (UTC)

Селата и градовите во Пиринска Македонија се административно в Бугарија. Затоа требе шаблон како за бугарско село/град. Исто имат категорија "Села во Пиринска Македонија" и "Села во Македонија". Тое не е и ли добро? --StanProg 09:41, 2 октомври 2007 (UTC)

Села во Пиринска Македонија[уреди извор]

Да промена шаблобнот за Пиринска Македонија дека е административно в Бугарија? Види шаблонот на англиската: [2] Да го ползваме овоj шаблон? --StanProg 11:05, 2 октомври 2007 (UTC)

Друго, нема шаблон в англиската википедиjа дека за населено место нема името државата во коjа се наога тоа населено место. Гледав и не видов.--StanProg 11:47, 2 октомври 2007 (UTC)
Да речеме види го овој - административен поим, не исторско-географски. Ако ке биде како Infobox London Borough требе да биде "Благоевградска област". Се согласуваш? London Borough е официjлното име, исто како "Благоевградска област". Во официjални документи е "Благоевградска област". Се соглсасувам со тебе, но да биде официалниот поим во целиот свет "Благоевградска област", не исторско-географски. --StanProg 13:40, 2 октомври 2007 (UTC)
Тоа Денес се наоѓа во: или Денешна локација: го нема никаде во нормалните википедии. Тоа е страница на административно населено место, со кмет, со област, со обштина, со држава. Каде се наога исторско-географски требе да се пише во "Географиja и местоположба" и "Историja". Се согласуваш? --StanProg 13:44, 2 октомври 2007 (UTC)

Лиценци[уреди извор]

Здраво Викторе, како си? Те молам кажи ми под која лиценца да ги лиценцирам овие слики што ги ставив на комон, зашто ако не ставам добра лиценца, ќе бидат избришани. Те молам помогни ми зоштѕо немам нерви да се расправам сам со ова. Потребно е итно да се реагира затоа што има еден корисник со име ForeignerFromTheEast кој секојдневно влегува и го вандализира шаблонот за лиценца кој го ставам. Еве ја мојата гласерија на Комонс Поздрав. Revizionist 14:32, 02 октомври 2007 (UTC)

Виктор, ти благодарам за одговорот. Навистина ова со лиценците е незгодна работа. Како што гледаш иако се трудам и оделувам многу време на скенирање и фотографирање, и пак неможам сето сам да го изведам. Ми треба помош. Предлагам јас ти и Филип да се сретнеме во Пијаца и да разговараме за неколку работи што се од суштинско значење. Пиши ми те молам на revizionist@gmail.com Поздрав. Revizionist 18:30, 03 октомври 2007 (UTC)
Од она што можев да видам, Georgi Pulevski.JPG, Deportation Macedonian Jews.jpg, Begalci.jpg, Nof 7.jpg и Nof 4.jpg би требало без проблем да стојат во јавен домен. За скенираните слики од македонски ора, не сум сигурен. Од каде ги имаш преземено? --Милош 17:56, 3 октомври 2007 (UTC)

Многу ми е жал што те замарам пак, знам дека си многу зафатен, ама ако имаш време, те молам погрижи се шаблонот {{Корица на книга}} да си го добие местото во менито за бирање лиценца. Кога подигнуваме слики, има мени со лиценци, ги има за албум, за филм, но ја нема оваа (а важна е). Би можел и некои други битни лиценци да додадеш, ако имаш време :) Благодарам. Поречанец A? 23:32, 3 октомври 2007 (UTC)

Да не почнувам ново заглавие, сакав само да те прашам дали имаме некој шаблон за транскрипција од латиница, сличен на оној за превод. Мислам, шаблон што вели „ова е напишано со латинично писмо, треба да се препише во кирилично, ако не, ќе се избише до тогаш и тогаш...“? Ако немаме, мислиш ли дека има потреба? Ако мислиш, да направам ли пример? Те молам кажи ми што мислиш. Поречанец A? 15:51, 4 октомври 2007 (UTC)
Ах, колку е измешана оваа Википедија... Треба човек да седне и цел месец само да категоризира работи, што има, што нема, што е што... Погледни го разговоров од пред година и пол. Ама ништо не е решено, само има еден шаблон, {{Латиница}} којшто ги собира статиите на латиница во една категорија, којашто е, се разбира, празна. Србите имаат еден бот (Милибот) којшто може да ги претстави страниците од кирилица во латиница и обратно, но не знам дали би нѝ користел нам толку сложен бот. Има еден онлајн конвертер, и има мали недостатоци (голем недостаток му е што не е поврзан со Википедија), но мислам дека би нѝ вршел работа, бидејќи нема толку голем број на статии напишани на латиница. Буквите како ч, ќ, ж, не ги преведува според поддршката за македонски јазик (пример оваа на виндоус), туку според македонските фонтови... Не знам како да го објаснам ова. Ќе се обидам да направам некоја слична програма којашто ќе ги преведува точно, па ако испадне нешто добро, можеби ќе ја подигнам на интернет... Имам друго просто решение: да го користиме српскиот бот :) Ставам текст на мојата корисничка статија на српската википедија, го префрлам во кирилица и крај :D Малку е бедно, ама врши работа хаха! Сега за сега, се нафаќам за одговорноста „грижење за статии на латиница“ (само за префрлање во кирилица, не и за средување!), но ќе ми треба и администраторкса помош за некои работи, бидејќи немаме сите такви моќи. Толку многу текст за ваква проста работа... :) Ајде поздрав - Поречанец A? 18:49, 4 октомври 2007 (UTC)
Фала многу! Ќе го проверам макрото откако си го најдам цедето со Офис програмите :( :( :( Поречанец A? 20:07, 4 октомври 2007 (UTC)

Статија Македонци[уреди извор]

Здраво Викторе. Еве, после поминувајќи недела дена во барање цитати скенирање и пишување, најнакрај новата верзија на статијата е готова. Новата верзија е неутрална, обемна, информативна, и илустрирана. Те молам кажи го твоето мислење тука. Поздрав. Revizionist 18:47, 05 октомври 2007 (UTC)

Поздрав[уреди извор]

Здраво Виктор. Што има ново на википедија. Бев отсутен од википедија целосно речиси петнаесетина дена. Има ли многу конфликтни ситуации и некои значителни промени. Јас најверојатно и во текот на следниот месец ќе бидам отсутен / без можност да давам придонес на википедија. Поздрав--brest 09:26, 6 октомври 2007 (UTC)

бан за amacos[уреди извор]

Точно така. Колку и да се трудат татарите како тебе да ја избришат македонската историја, тоа нема да им успее ;) Како за почеток лага е самото име на статијата (или категоријата) "Солунска бугарска машка гимназија", а уште повеќе поистоветувањето на поимот "бугарска" од тоа време со значењето на денешниот поим "бугарска" којшто означува нешто сосема друго заради подобни обидни квалификации към българите и българския народ, този потребител трябва да бъде баниран от свободния проест уикипедия.

Ќе си дадам слобода да искоментирам. Прво: твојов јазик нема врска со македонскиот, а ова е Википедија на македонски јазик и дозволени јазици се: македонски. Тоа што ти го сметаш македонскиот за „част от“ бугарскиот е твој проблем. Второ: јас си давам слобода да коментирам, а ти си даваш слобода да кажеш „този потребител трябва да бъде баниран от свободния проес(к)т уикипедия“?! Значи веднаш треба да биде баниран (засекогаш)?! Се прашувам што би се случило кога ти би бил администратор? Знам што би се добило: СВОБОДНА ОНЛАЈН ЕНЦИКЛОПЕДИЈА! Трето: се согласувам дека треба да му се даде опомена да не ги ословува народите како што не сакаат, ама далеку е од бан! Дури и да ве нарекол со некое погрдно име, заслужува само една опомена (како за почеток), а името Татари не е воопшто навредливо, бидејќи тоа е старото име на Бугарите. Всушност, и според официјалните бугарски истории за бугаарите, бугарската историја почнува од Татарите. Апсурдни сте бре луѓе! Поречанец A? 17:58, 7 октомври 2007 (UTC)
благодаря за отговора. не съм съгласен с много от нещата, които си написал, а и повечето от тях нямат връзка с повдигнатия въпрос. не мисля, че страницата на Виктор е място да отговарям на въпросните неща и да влизаме в безсмислени разправии. писал съм на Виктор и ще чакам отговор от него.
Ако чекаш одговор, направи си корисничка страница. Или пишувај од твојата веќе направена корисничка страница. Овде е слобода, секој може да си каже сѐ, не е како таму... А најинтересен е начинот на којшто ги избегнувате незгодните за вас нешта. Патем, Виктор, те молам извини... :P Поречанец A? 19:37, 10 октомври 2007 (UTC)

Солунска машка гимназија[уреди извор]

Виктор јас прочитав дека ти сакаше цитати и аргументи за статијата Машка гимназија "Св. Кирил и Методиј" во Солун за да се избегне едит војна. Јас цитирајќи книги кои ги имам дома, ја уредив статијата давајќи и неутрална гледна точка. Но дури откако ја уредив видов дека си ставил забрана за понатамошно уредување т.е. “Обид за постигнување на НГТ и заштита на статијата - никој, освен администартори, не смее да менува; во спротивно ќе биде блокиран“. Јас жалам што не ја видов забраната на време (која ја прочитав во историјата на статијата), но сепак се надевам дека ќе ти се допадне новаат ревизија што ја направив. Поздрав. Revizionist 17:43, 07 октомври 2007 (UTC)

Сегашниот наслов има англиски наводници (" и "), наместо македонски („ и “). Односно, наместо "Св. Кирил и Методиј", треба да биде Св. Кирил и Методиј (наводниците). Секако, треба уште неколку статии да пренасочуваат ваму (кон Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“), како на пример: Солунска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј", Солунска машка гимназија Св. Кирил и Методиј, Солунска машка гимназија „Свети Кирил и Методиј“, Солунска машка гимназија Свети Кирил и Методиј и сл, бидејќи статијата има специфично име. Со тоа се овозможува многу полесна навигација за посетителите (нели...). Поречанец A? 20:53, 10 октомври 2007 (UTC)

За некои работи[уреди извор]

Поздрав Виктор. Јас ја доуредив статијата за Солунската гимназија, и дадов предлог за компромисно решение на страницата за разговор, ти би можел евентуално да го видсиш и да дадеш твое мислење. Сакам и да те информирам дека и покрај договореното да не се прават поголеми промени на статијата Македонци без консултација на страницата за разговор, сепак некои учесници го прават тоа. Можеби би требало ти да се вмешаш во тоа, и да го кажеш последниот збор (ем и да видиш до каде е гласањето за лилностите, и да кажеш кои ќе бидат на вториот ред слики за инфобоксот Македонци). Поздрав. --Revizionist 18:34, 10 октомври 2007 (UTC)

Виктор Јованоски
Архива на разговори
Разговори 25 февруари 2007 − 13 јули 2007 (44k)  • 14 август 2007 - 27 септември 2007 (26k)  • 28 август 2007 - 10 октомври 2007 (49k)  •
11 октомври 2007 - 29 јуни 2008 (51k)
Важно Слики за бришење  • Истоимени слики (на Ризница)  • Лиценците за слики  • Од Милош...  • Без категорија  • Без ознаки  • Шаблони за неслободна употреба  • Статии за уредување  • ВикиПроект Оддржување
Награди
и признанија

Корисникот Виктор Јованоски е посветен википедијанец. - Brest

Тековни разговори