Разговор со корисник:Виктор Јованоски/Архива I

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Виктор[уреди извор]

Сега за сега, само благодарам на поздравот.

Корисничка страница[уреди извор]

Такво нешто е случува и нема потреба од паника :) Затоа администраторите ја имаме опцијата за враќање на измените. Во случајов FlavrSavr го направил тоа наместо мене. Впрочем мојата страница е наменета да информира, и не содржи некоја посебна „емотивна“ вредност за мене, така што нема никаков проблем.

Ја разгледав твојата страница и прионеси и драго ми е што си решил да уредуваш имајќи ги на ум твоите полиња на интерес. И ете, задоволство ми е што некому сум таков потстрек за работа. Навистина ми е драго.

Обрати ми се за сѐ што сакаш, со задоволство би помогнал веднаш штом ќе можам. Поздрав, --Б. Јанкулоскиразговор 21:52, 25 февруари 2007 (UTC)

Интервики[уреди извор]

Па да. Македонските интервики врски со време автоматски да се додаваат кај другите Википедии. Но тоа се случува по неколку недели (незнам точно), можеби месец или повеќе. Јас лично кога ќе напишам некоја статија, македонскиот интервики го ставам на секоја од странските статии рачно, но не очекувам дека секој корисник ќе има трпение за тоа.

Што се однесува до загубената содржина, таа впрочем никогаш не е „загубена“ и секогаш може да се врати во состојбата во која сум ја оставил јас. Така, не постои ситуација во која јас би морал да ја препишувам целата содржина одново. Во секој случај, благодарам за внимателноста! Поздрав, --Б. Јанкулоскиразговор 06:11, 3 март 2007 (UTC)

Лиценца и шаблони[уреди извор]

Нажалост сеуште ги нема сите лиценци во менито за избор при подигање на слики, но нив можеш да ги најдеш на Википедија:Лиценци за слики. Колку што гледам од хрватската, оваа е промотивна фотографија и за неа треба да стои еквивалентата лиценца на македонски јазик - {{Промотивна фотографија}}. Сликата немора да биде подигната на Commons за да стои на статија. Такви имаме мал милион. Само следи ја веќе ставената лиценца, кај и да е.

Што се однесува до шаблони, повторно жалам, сеуште немаме инструкции за тоа. Во случајот тебе ти треба шаблон кој изгледа како англискиот, во кој случај можеш да го копираш готовиот шаблон од англиската и да го прилагодиш на македонски. Доколку имаш било какви прашања по таа тема, слободно обрати ми се. Поздрав на тебе и на твојата одлична работа! --Б. Јанкулоскиразговор 11:07, 11 март 2007 (UTC)

Ти се појавило токму она што и треба да ти се појави. Всушност најпрвин треба да се ископира сета содржина (која стои на почетокот на релевантната англиска статија) што се однесува на шаблонот (т.е. неговата примена во статијата). Потем треба да не ти го прикаже на нашата, туку само да ти даде врска за шаблон токму каква пто ти се појавила. Сега следи да го отвориш како празен шаблон и потоа содржината на англискиот шаблон ќе ја ископираш во него. (Шаблоните можат да се отворат со одење на Edit и потоа на дното треба да ги има наведено сите шаблони употребени во таа статија, каде ќе го кликнеш посакуваниот и, откога ќе се појави, ќе одиш на Edit). Откога содржината е ископирана, смени ги називите на нештата на македонски, но не препорачувам да ги менуваш параметрите, бидејќи тие треба да се совпаднат со веќе ископираната „примена“ на шаблонот (од англиската на нашата страница) која е веќе на англиски. Откога тоа е сторено, по зачувувањето на шаблонот, сѐ би требало да биде во ред. Толку можам да објаснам набрзина, а доколку некаде заглавиш, прашај ме повторно. --Б. Јанкулоскиразговор 11:34, 11 март 2007 (UTC)

Насловна[уреди извор]

Рубриката „Дали сте знаеле“ е многу запоставена а слично важи и за Одбраната статија. Ова делумно се должи на (претпоставувам) приватната зафатеност на некои администратори (како корисници воопшто), а делумно на генерално пасивниот стил кој го имаме фатено. Сето ова мора под итно да се промени - главната страница е последното нешто што треба да се запушта. Освен статијата на седмицата (која во практика не е ни баш седмична), другите рубрики немаат јасно зацртани правила - ова подразбира дека сега за сега занимливостите не мора да се предложат, а за изворот е зацртано само дека треба да биде од статии овде, а не од надвор. Што се однесува до информации од понови статии, тоа е рубрика за вести од Wikinews, нешто за што немаме ни кадар, ни елан, додека пак „Дали сте знаеле“ може да биде од секакви статии. Мој предлог е тоа да биде витрина за инфо од навистина солидни статии, од кои евентуално потоа можеме да бираме статија на седмицата.

Конечно, мојот предлог би бил да ја отвориш темата некаде на Порталот, а доколку ни таму нема многу кој да ти одговори, сметај дека јас и ти го започнуваме воспоставувањето на основен ред на Главната страница. --Б. Јанкулоскиразговор 14:09, 2 април 2007 (UTC)

Заборавив да спомнам дека „Дали сте знаеле“ и „Актуелно“ можеш да ги уредуваш, додека другите рубрики се заштитени. Се разбира затоа ќе работиме заедно. --Б. Јанкулоскиразговор 14:13, 2 април 2007 (UTC)

Транскрипција[уреди извор]

Па не е некои правило дека статиите мораат да имат кириличен наслов, но сепак, наслови на серии како „Friends“ или воопшто дела од било кој тип треба да се преведуваат (бидејќи во Македонија се и преведени - како што велиш „Пријатели“). Тоа е утврдено. А што се однесува до имиња на групи, фирми и сл. - јас лично ги транскрибирам на македонски, со тоа што ставам и страница за пренасочување од латиничниот оригинал, а и на почетокот од статијата го давам тој оригинал во загради. Зошто тоа го правам - епа затоа што кај нас, да речеме во оглас или слично, никој не пишува „Продавам возило Mercedes-Benz со пет врати...“, туку „Продавам возило Мерцедес-Бенц со пет врати...“ Значи сметам дека тоа правило е во духот на нашиот јазик. Впрочем најголемата причина за сето тоа е фактот што латиницата во македонскиот јазик нема никаков официјален статиус, и навистина не се користи во литературниот/книжевниот јазик, па дури и не баш во секојдневниот. Најдобра илустрација во полза на моето гледиште е тоа што BBC на македонски постојано и конзистентно се траскрибираат себеси како БиБиСи (пример) не само на македонски, туку и на сите јазици кои користат кирилица. Морам да напоменам дека малку корисници досега изразиле согласност со моето гледиште, иако не гледам дека нешто им пречи (Можеби се рамнодушни?). Но се разбира, јас би ја променил оваа практика ако и само ако ми се понуди поедеднакво информирано мислење во полза на спротивното. А мене во улога на енциклопедист ништо не ми значи дали нешто „изгледа“ поубаво или полошо. Напротив, сите кирилични наслови, каква и да е транскрипцијата, мене ми изгледаат многу поубаво :) Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 22:35, 3 април 2007 (UTC)

Искрено речено одкога го променив тој збор се подразмислив, па ни јас не сум баш најсигурен како да биде. Впрочем сакав да го вратам додека не се консултираме, но ми се јавија ангажмани и тоа остана така. Отпрвин мислев да биде Гранд, а не Гренд бидејќи тоа е општоприфатената форма на зборот кај нас (на пр. Гранд Казино). Но ова е недоследно на транслитерацијата на зборот што следи - Слем, кој јасно е дека не можеме да го транскрибираме како Слам (тоа би било "slum" - "тенеќе-маало"). Ах, имав еден добар македонски правопис со заглавје за транкрипции од разни јазици во македонски, но не знам каде ми е. Од него успеав да ја препишам само транслитерацијата од албански и потоа книгата некаде „испари“. Кога ќе ја најдам (се надевам многу скоро), ќе ги препишам сите правила за транслитерација на околу 10 јазика што таму ги има. Така корисниците ќе можат да се водат по тоа, наместо да ме прашуваат и да чекаат одговор. Всушност тоа беше смислено како привремено решение, додека не најдам време да го препишам текстот, но работата се одолговлечи.

Значи мојот одговор е: да, слободно врати го на Слем. Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 21:43, 9 април 2007 (UTC)

Главна[уреди извор]

Ако дотогаш немаше заклучено, можеби се зачуди кога ти реков „ако нема одговор...“ :) Ете, така и испадна. Епа од денес можеме да се заангажираме за страницата комплетно на своја рака, па да се надеваме дека тоа ќе го привлече вниманието на други потенцијални соработници. Значи ете, на информациите (Дали сте знаеле) можеме да работиме двајцата, а поставањето на Одбраната ќе биде моја задача - се разбира, по некакво гласање. Доколку нема гласови, а неделата поминала, јас и ти лично одбираме која да ја ставиме. Правилата за Главна стр. како што гледаш тука не се воопшто строги - дотолку што истата се запоставува. А Главната мора да се работи и обновува бидејќи таа е лицето на самата енциклопедија. Што би помислиле посетителите од другите Википедии за нас? Земајќи ја во предвид нивната нахалност, не е ни чудо што бугарските корисници си земаат толку за право кога гледаат (свесно или не) некаква инфериорност на нашата Википедија во споредба со останатите. Па затоа, да почнеме! --Б. Јанкулоскиразговор 23:23, 16 април 2007 (UTC)

  • Главната ќе почне да се менува од некој даден ден. Тоа и го чекав. А што се однесува до актуелностите, јас одамна сакав да ги менувам или отстранам, но бев спречен од другите. --Б. Јанкулоскиразговор 22:56, 3 мај 2007 (UTC)

Монти Питон > Монти Пајтон[уреди извор]

Здраво Виктор, можеш ли да ја видиш оваа страница за разговор? Поздрав. --FlavrSavr 20:30, 13 мај 2007 (UTC)

Па, и нема некоја причина за Монти Питон. Во не-баш-среќната Британика на македонски јазик, поимот е сепак наведен како Монти Пајтон. Исто така, направив едно мало истражување на Гугл (се користат доста на англиската Википедија за определување на релевантност на поими): Монти Питон враќа 0 резултати на .mk сајтовите, додека Монти Пајтон 487 резултати. Понатаму, не стои тоа дека Словаците, Чесите и Полјаците, како и Хрватите користат Монти Питон - тие едноставно ги препишуваат странските имиња во оригинал (Monty Python) додека изговорот е Монти Пајтон. Искрено, изненаден сум што во словенските јазици што се пишуваат на кирилица фигурира и Монти Питон, меѓутоа споредено со Монти Пайтон (й = ј, Русите немаат ј), таа употреба е речиси незначителна. Значи, it's... Монти Пајтон... :-) --FlavrSavr 18:57, 14 мај 2007 (UTC)

Одговор[уреди извор]

  • {{МФА|}} - ова овозможува гледање на знаци кои не се прикажуваат стандардно (во разни други азбуки)
  • {{Катпов}} - ова се става во категории, како би излегол најгоре натипсот „Главна статија за оваа категорија е...“ (види пример)
  • <!овде----> се вметнуваат коментари во самиот код на страницата, што се однесуваат на уредниците, а не излегуваат во изгледот на самата страница (статија).

Категориите ќе мораш сам надолу да ги класифицираш, и тоа верижно, по урнек на англиската, сѐ додека не којдеш до постоечка категорија, кога ланецот е непрекинат. --Б. Јанкулоскиразговор 12:51, 27 мај 2007 (UTC)

database / база на податоци[уреди извор]

Обиди се да преведеш database со база на податоци, малку е подолго ама мислам дека повеќе личи на македонски.--brest 21:44, 3 јуни 2007 (UTC)

За каде мислиш да го преведам Datebase како база на податоци? --Виктор Јованоски 21:23, 4 јуни 2007 (UTC
Имам забележано на неколку места, пример сега ми текнува за статијата Интернет Филмска Датабаза.--brest 21:46, 4 јуни 2007 (UTC)

Шаблон:Infobox musical artist[уреди извор]

Сега ги имаш двата шаблони на располагање:

Претходно Шаблон:Infobox musical artist пренасочуваше кон Шаблон:Музичар, сега се два посебни шаблони. Сега ќе одам на заслужен одмор, следнит пат ќе ги разгледам двата шаблона. Мислам дека има направена некоја збрка кај подшаблоните користени во Шаблон:Infobox musical artist, така да ќе треба да се проанализира оваа ситуација. Откако ќе се среди едниот шаблон тогаш ќе можеме да ги споиме и да му дадеме соодветно име. Сега јас ќе работам на Шаблон:Infobox musical artist а ти продолжи да го користиш Шаблон:Музичар. Иначе овој е еден од покомплицираниет шаблони.--brest 22:56, 14 јуни 2007 (UTC)

Предог за измена на Главната страница[уреди извор]

Те повикувам да го дадеш твоето мислење во поглед на предлогот за измена на Главната страница--brest 09:35, 16 јуни 2007 (UTC)

Озимандиас[уреди извор]

Најсрдечни честики за препевот на поемата Озимандиас од П. Б. Шели. Навистина ме восхити! Препевот се одликува со навистина уметнички запазена стилизација - преработка на стиховите достојна на тонот и смислата на оригиналот. Многу ме интересира колку време ти требаше да ја препееш поемата. Или пак ти дојде наеднаш? Можеби веќе имаш забележано дека и јас самиот имам направено еден препев - извадоците од Поемата на древниот морнар од С. Колриџ. Се надевам дека нашите примери ќе мотивираат и други талентирани корисници да го направат истото со некои други дела. --Б. Јанкулоскиразговор 11:20, 18 јуни 2007 (UTC)

На денешен ден[уреди извор]

Шаблоните на денешен ден се средени. Е сега треба да се пополнат за деновите кои ни претстојат. Слично треба да направиме и за останатите шаблони.Кога ќе имаме барем за летниве месеци средно шаблони може да ја корегираме и главната страница.--brest 15:06, 24 јуни 2007 (UTC)

Како се средуваат шаблоните? Прво имаме речиси за секој ден статија од типот датум со бројки/ месец со букви. Јас ги преуредив статиите 24 јуни, 25 јуни и 26 јуни. Поентата е во секоја од овие статии да се додадат соодветни шаблони како например {{26 јуни (настани)}}, {{26 јуни (родени)}}, {{26 јуни (починале)}} и {{26 јуни (празници)}}. Главната страница автоматски си ги повлекува настаните од соодветниот ден. На овој начин не се менува ништо битно во тековните статии а подоцна ќе имаме можност за манипулирање со настаните, бидејќи ни се во шаблони. Имено јас си размислував ако правиме протал за Република Македонија (го имаме) тогаш и таму би имале рубрика на денешенден, ама само за настани кои се однесуваат за Република Македнија. Па во потенцијале портал Англија, Бугарија и сл, би имале соодветни настани важни за таа земја. Со средувањето на статиите за настани според мојот предлог тоа лесно ќе го постигнеме. Предлагам да ја превземеш оваа работа и да ги средиш следните десетина дена како не би извисиле ако отидеме на одмор. Мислам дека во техниката нема што во овој момент да се додава. --brest 16:58, 24 јуни 2007 (UTC)

Во врска со Избраните стаии, избраните слики и избраните мултимедијални содржини, ќе треба да оставиме простор, да осмислиме начин за гласање за истите. Така да ако некоја не биде изгласана, да може да се замени со друга. Мислам дека има доволно предлози од твоја страна. Евентуално заврши до последната недела од годинава и префрли се на на денешен ден. Тука има доста за средување а нема потреба од гласање.--brest 00:12, 25 јуни 2007 (UTC)

На денешен ден, ги префрлив од шаблонскиот именски простор во главниот именски простор, каде сега истите се бројат како статии, што во суштина и се. Затоа и бројот на статии во википедија нарасна за дваесетина, бидејќи за секој ден имаме минимум по 4 статии (настани, родени, починале, празници). Од 24 јуни до 1 јули средени се сите статии. Треба да го завртиме целиот круг од 365 дена. Малку и ја упростив табелаат каде се сместуваат настаните, сега нема многу загради а се завршува истата работа. До каде си ти со прибирањето на податоците во excel табелата?

Избрана слика[уреди извор]

Можеш ли да напишеш кратка статија за Питер Бројгел Постариот и/или за предромантистички период. Идејата е кога веќе ги загреваме посетителите со сликата треба да им дадеме можност да прочитаат малку повеќе за делото, авторот или правецот. Мене не ме бива во пишување на статии од оваа област, ама мислам дека ова е твоја територија.

Тогаш ќе го смениме и текстот под сликата,

Жетварите, од Питер Бројгел Постариот, 1565 Мир и земјоделие - предромантистички идеален пејзаж

Ова само како идеја за подобрување на главната страница--brest 09:54, 26 јуни 2007 (UTC)

На денешен ден Јули[уреди извор]

Да те известам дека ги средив настаните (настани, родени, починале) за месец јули. Пополнивме благодарение на тебе речиси 1/12 од потребните статии од типот на на денешен ден. Јули го решивме незнам како ќе одиме со август, со оглед што доаѓаат одморите? Ти благодарам за вложениот труд околу прибирањето на податоците за овој месец.--brest 21:36, 29 јуни 2007 (UTC)

Портал уметност[уреди извор]

Нема дефинирано одбрана статија и одбрана слики во овој портал за месец Јули.2007--brest 00:28, 3 јули 2007 (UTC)

Фала на честитките[уреди извор]

Се трудам да го преведам она што е најважното за сериите за кои пишувам. Наскоро ќе напишам статии и за други серии. Многу би ми било драго ако Пријатели се најде на порталот. Поздрав --Igorpp 14:00, 4 јули 2007 (UTC)

Шаблон[уреди извор]

Многу ти фала за шаблонот. Еднаш се обидов да го најдам, но не успеав. Ќе ги актуализирам сите статии. Во повеќето статии ми се напишани имињата на килирица, но ќе ги завршам и оние што ми се останати. А во врска со споилерите, знам дека може да се стави тој шаблон, само работата е што и јас не сакам да дознаам ако не сум гледал, па затоа не ги читам ни преведувам. Таков е случајот со Вил и Грејс и Сопранови, но не и со Очајни домаќинки. Ако некој сака, слободно може да го преведе и тој дел. Евентуално, и јас ќе го напишам откако ќе помине таа сезона на телевизија или ќе ја симнам. --Igorpp 18:32, 4 јули 2007 (UTC)

Фала на честитките![уреди извор]

Фала ти на честитките! Не се избрзани, баш навремени - денес се откачив и од геометријата (што баш и не ми е омилен дел од математикава!!!), така да сеа малце ќе одморам, па ќе се фрлам на работа - на Википедија :)

Виктор, може ли да те замолам нешто: категориите баш и не ги „кужим“, т.е. како се прават и слично. Напраив вака: шаблонот OCS-3 го заменив со CU-3, а истото го направив и со категориите, само не сум сигурен дали шаблончето автоматски ги вметнува корисниците кои го имаат (сеа за сеа само ја) у соодветната категорија, т.е. пак ми дава црвени линкови. Би ти бил благодарен ако го средиш ова за мене.

Ја у петок идам у ОХ, а се враќам за десетина дена. После тоа ќе гледам помогнам во средувањто на секцијата „на денешен ден“. Поздрав!!! --Филип што бе?

Пакъі же азъ, да хвалѫ ти съкажѫ на помошти твоѩ. Сътворилъ ми ѥси дѣло великоѥ! Нъ, объ ѩзъіцѣ словѣньсцѣѥмь, да, глаголѭ его познаниѥмь срѣдьниимь - то же ѥстъ ѕѣло добрѣ.
Помачи се малце да разбереш, ќе добиеш превод во скоро време ;-))))). Благодарам! --Филип што бе?
Преводот што го ветив: Повторно јас, само да ти кажам благодарам на помошта. Ми направи голема услуга. А околу старословенскиот јазик, да, го говорам средно - т.е. многу добро. Поздрав! --Филип што бе?

Браво за новите статии на унгарски поети[уреди извор]

Честитки за твојата работа на статиите / биографии во врска со унгарските поети. И секако за досегашната работа. Само напред.

Корисникот Виктор Јованоски е посветен википедијанец. --Brest

--brest 20:05, 12 јули 2007 (UTC)

За политичките парти[уреди извор]

Сѐ уште не знам како е правилно, но и јас го најдов во разна литература како Спартаков сојуз, иако според моето размислување, требало да го преведат Спартакистички сојуз, бидејќи има мала разлика во суштинското значење, но тоа требало да го направат уште одамна, веќе е навлезено како првиот случај. Како што и самиот рече, не би било голема грешка и во двата случаи, ама имам и еден друг мал проблем за којшто многу размислував и на крај решив - ништо - ами да прашам некого, а ми личиш како некој што би помогнал. Во дума сум дали кратенките за странските политички партии треба да ги пишувам по извнорно или по преводот!
На пример, преводот на „Sozialistische Einheitspartei Westberlins“ горе-долу би бил „Партија за социјалистичко единство на Западен Берлин“, се надевам се сложуваш. Сега, изворната кратенка е SEW, а кратенката од преводот би била ПСЕЗП!
Еве, да земеме попозната партија - Комунистичка партија на Германија (КПГ) наспроти Kommunistische Partei Deutschlands (KPD). Во првиот случај, КПГ може да биде и КПГрција, а пак некоја партија со понезгодно име - зависи од преводот (слободен превод е!); а ако користам КПД (KPD во никој случај), други думи ми се развиват во главата. На пример, што ако има W во името?! Мислам дека не е точно според правописот, ама само мислам, немам абер!
И на крај, најнезгодниот случај: Социјал-демократска партија на Германија (Sozialdemokratische Partei Deutschlands, SPD) според преводот има кратенка СДПГ (со Д од демократска), а изворно е СПД. НО, СПД може да биде и нешто друго (бидејќи текстот беше збунувачки, прво помислив дека тоа е Социјалистичка, а всушност била Социјалдемократска партија!).
Те молам кажи ми, ако знаеш, дали постои некое правило и ако не, кажи ми го твоето мислење за ова! Веќе направив неколку збрки токму заради овој проблем, никако не можам да дојдам до решение. Исто така, не сум сигурен дали треба цртичка во Национал-социјализам; сигурен сум дека во социјалдемократска не треба (треба и тоа да го поправам), но национал социјализам сум го сретнал многу почесто без цртичка. Извини ако ти пречам, ако можеш помогни :P Поздрав, --Поречанец 19:21, 13 јули 2007 (UTC)

Ти благодарам многу за тоа што си погледнал во правописот, бидејќи јас не сум во можност (поточно, изгубен ми е по дома:D). Сега е во ред тоа со кратенките (ќе ги поправам сите статии што можам), а во врска со „националсоцијалистички“, сега се досетив и на моментот кога го дознав ова правило, но тоа важи само во случај на придавки (113то правило, четврта потточка: „сложените придавки...“)! „Националсоцијалистички“ е во ред, но сѐ уште не сум потполно сигурен за именкатанационал-социјализам“, всушност, повеќе мислам дека треба да стои цртичка (бидејќи само така сум го среќавал низ разна литература, секаде!). Како и да е, не е сериозен проблем тоа, ќе го решам набрзо, кратенките ќе ги поправам веднаш и ќе го послушам твојот совет да те прашувам за помош :D. За пофалбата можам само да речам дека сум премногу почестен од тебе, не очекував, благодарам! :P --Поречанец 20:45, 13 јули 2007 (UTC)
Забелешките ги прифаќам како најголемо добро, фала! Речиси секогаш ги категоризирам статиите и додавам верзии на други јазици, но не сум баш запознаен со интервики врските. Само мало упатство ако може, видови на интервики итн, можеби и ги знам, само не сум знаел дека така се викаат... Што се однесува на НГТ, јас сум нејзин голем застапник (за разлика од нашите соседи) и се извинувам ако некогаш напишам нешто неизбалансирано, а конкретно за овој пример, размислував и дојдов до заклучок дека е во ред, бидејќи токму така стои и на англиската верзија, но изгледа дека сум згрешил :P. Делот „мозокоперачки“ признавам дека не е баш во ред, ама за другото мислев дека нема да има проблем. Инаку, фала за исправките и за преводот на „Стражарска кула“ (никако не ми текнуваше) и едно големо БЛАГОДАРАМ за помошта и упатувањето, Викторе! Поречанец 22:40, 13 јули 2007 (UTC).
Виктор Јованоски
Архива на разговори
Разговори 25 февруари 2007 − 13 јули 2007 (44k)  • 14 август 2007 - 27 септември 2007 (26k)  • 28 август 2007 - 10 октомври 2007 (49k)  •
11 октомври 2007 - 29 јуни 2008 (51k)
Важно Слики за бришење  • Истоимени слики (на Ризница)  • Лиценците за слики  • Од Милош...  • Без категорија  • Без ознаки  • Шаблони за неслободна употреба  • Статии за уредување  • ВикиПроект Оддржување
Награди
и признанија

Корисникот Виктор Јованоски е посветен википедијанец. - Brest

Тековни разговори