Разговор за предлошка:Симболи на Македонија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Мислење[уреди извор]

Мислам дека овој шаблон е премногу претеран и националистички, но ако во секој случај сакате да го задржиме (по секоја цена) барем да се смали таа ѕвездата, и да се променат малку боите пошто овие се ужасно дречливи (и не се истите од знамето). За боите со апликација како ColorPicker за линукс може да се среди тоа, или незнам за виндоус ако има во фотошоп како се викаше. Како и да е, шо бара .mk во национални симболи на Македонија? И фалангата? Тие не се симболи на Македонија. А исто, полициските и воените чинови на никој начин не можат да бидат симбол на една држава или област (не знам дали ова Македонија се однесува на државата или на регионот пошироко). Како и да е, ако се однесува на регионот ќе требаат и бугарски и грчки симболи. Меѓутоа сепак, сметам дека овој шаблон воопшто не е потребен, т.е. многу работи немаат врска со насловот и е премногу националистички.

-- гитардэмон говори со мной 11:06, 26 октомври 2008 (UTC)

Да се брише нема потреба, а за промена и јас сум, особено со боите (не за Ѕвездата).-- MacedonianBoy  Oui? 11:09, 26 октомври 2008 (UTC)
Sвездата е ужасно многу голема, а некој напишал на опис на слика "Flag of R. Macedonia" ??? Што треба да значи тоа? Сликата има многу лоша резолуција за да биде толку голема (кај мене се познаваат коцкички). Како и да е, ако се однесува на цела Македонија, тогаш таму спаѓаат и делови од Грција и Бугарија, па мора да се наведат и симболите на полицијата и војската на егејскиот дел на Грција кои на своите амблеми ја имаат ѕвездата од Кутлеш. Сепак ова е енциклопедија, а не блог и не би сакал да почне да наликува на бугарската википедија која е полна со националистички глупости. Дури ни на грчката нема вакви работи. А пола од статиите се однесуваат за работи кои не се симболи на Македонија. Сепак сметам дека треба да се промени.
P.S. Како може полициските да спаѓаат во воени, а дел од тие во воените се уставни, а не се групирани во уставни. Навистина малку нема смисла.
Ја потсуредив малку, и од почит кон вас нема да ставам таг да ја гласаме за бришење, но сепак сметам дека треба да размислите која е користа на шаблонот, за што служи и на што личи. Навистина изгледа како пропагаторска алатка и ништо друго. Не е ни добро уредена, како што напоменав горе многу работи се повторуваат или не припаѓаат во групата во која се наведени. Мислам дека и другите корисници би требало да го изразат своето мислење.

гитардэмон говори со мной 12:06, 26 октомври 2008 (UTC)


ПРЕДХОДЕН ЦИТАТ:
Ја потсуредив малку, и од почит кон вас нема да ставам таг да ја гласаме за бришење, но сепак сметам дека треба да размислите која е користа на шаблонот, за што служи и на што личи. Навистина изгледа како пропагаторска алатка и ништо друго. Не е ни добро уредена, како што напоменав горе многу работи се повторуваат или не припаѓаат во групата во која се наведени. Мислам дека и другите корисници би требало да го изразат своето мислење.
Значи си ја потсуредил. Сега што ти смета? Националистичка? Па за македонски симболи се збори. Каква треба да биде? Плус правена е по терк на полската, односно шаблон што го имаат сите езропски земји на англиската википедија. Боите се проблем? Е па полскиот е црвено-бел, грчкиот е сино-бел. Зарем нашите бои ве бодат во очите? --Raso mk (разговор) 21:39, 23 јануари 2009 (UTC)
'Ја потсуредив да личи на нешто' значи дека не изгледаше како што би требало, боите беа дреч, статиите беа без врска сортирани односно без некаков ред групирани, и тоа го имам напишано во коментарот погоре. Инаку националистичка не е кога се работи за некоја држава или нација, националистичка е кога ја величи нацијата претерано, но ајде за да не ме наречеш квислинг да речиме дека не ми смета фалангата во листата (иако нема врска со нас), и дека не ми смета што ѕвездата е непропорционално голема. Затоа, ќе ти речам да го избришиме бидејќи подобро е да се изработи целосно нов шаблон; Каква врска има кодот .mk со името па се ставени во иста линија? Уставни, воени, историски и неофицијални... што? Симболи? Кодови? Ако можеш уреди го, кога веќе ти смета да се брише.

--√ гитардэмонговори со мной √ 15:00, 25 јануари 2009 (UTC)

Дај предлози и нека се среди, но да се брише е глупост. И да, фалангата има врска со нас. Или тие војници изчезнале од лицето на земјата. Тие се бореле под знамето и името на Македонија. Па и Територијалната одбрана на СР. Македонија може да стои иако е дел оддруга војска која не е АРМ. Па зар АРМ не е наследник на ЈНА. Така и со фалангата. --Raso mk (разговор) 15:25, 25 јануари 2009 (UTC)

Да се брише или не?[уреди извор]

Веќе подолго време стои ознаката за бришење, а ништо не е променето. Или да ја тргнеме ознаката, или да го бришеме шаблонот. Или да продискутираме како да го промениме. Разговарајте! (тие што се за и против бришењето). Што се однесува до боите, моето мислење е дека иако се наши, сепак се — прежестоки за гледање и премногу бодат во очи. На врвот од шаблонот има многу слаб контраст меѓу врската (која е темносина) и позадината (која е црвена). Дај да ја ставиме default бојата на навигационите кутии — оти на прво место треба да ја имаме функцијата на тие кутии (тие се за навигација меѓу статии!), а сѐ друго доаѓа на второ место. --Brainmachinewtf? 16:36, 3 февруари 2009 (UTC)

Јас сум протв, бидејќи тоа е еден навигационен шаблон кој, пред се ги покажува македонските национални симболи. Ако мислите дека боите се прејаки, еве ајде ти Зоки, бидејќи повеќе се разбираш во тоа стави некои понеутрални, но сеоак да бидат жолта и црвена.--Raso mk (разговор) 16:41, 3 февруари 2009 (UTC)
Против.--MacedonianBoy (разговор) 16:51, 3 февруари 2009 (UTC)
Да се тргне ознаката. Зошто би се бришел шаблонот? На англиската Вики има еден куп вакви слични за разни држави: Полска, Венецуела, Унгарија, Бангладеш, Пакистан, Индија... итн, да не ги редам сите, дури и за Тамил Наду :) А дека не се чита убаво и дека боите дречат - се согласувам потполно. Поздрав --Виолетова (разговор) 17:05, 3 февруари 2009 (UTC)

Пак јас. Сега ги разгледував странскиве - сите имаат „национална птица“, „национално цвеќе“, „национален танц“... зошто нашиве симболи се само од историски карактер? ---Виолетова (разговор) 17:11, 3 февруари 2009 (UTC)

Па колку што знам јас немаме некои посебно означени растенија или животни. За растение можеме да ја ставиме моликата, охридска пастрмка, тешкото .... Што мислите?--MacedonianBoy (разговор) 17:16, 3 февруари 2009 (UTC)

Вака сега, за молика најдов: Моликата ... е симбол на Македонија, за Македонскиот лав (изгледа е поинаков од овој што е на статијата со исто име: Македонскиот земен грб, лавот, првпат се јавува во грбовникот (книга за грбовите) на Корениќ-Неориќ од 1595 година. Амблемот претставува жолт исправен лав на црвено поле. Над главата на лавот има мала круна, а под него пишува Мацедониае. Одозгора со кирилични букви пишува „Грб на македонската земја“), од животните тука се: Галебот, шарпланинецот, рисот и охридската пастрмка - како ликовни решенија на кованите пари и како симболи карактеристични за нашето поднебје останаа неизменети до денес... треба да се разбара, да не избрзаме. Поздрав --Виолетова (разговор) 17:39, 3 февруари 2009 (UTC)

Јас тешкото, моликата, шарланинецот и пастрмката ги вметнав во шаблонот, а за галебот се мислам. Дали да го ставиме?--MacedonianBoy (разговор) 17:53, 3 февруари 2009 (UTC)

Сега мислам дека се ок боите, црвена и жолта се, но не се премногу јаки за гледање. Може ли како сликичка десно да го ставиме знамето? --Brainmachinewtf? 19:20, 3 февруари 2009 (UTC)

Не, мислам ок е со овој симбол. Ако се менува барем да се стави старото македонско знаме.--MacedonianBoy (разговор) 20:09, 3 февруари 2009 (UTC)
Се согласувам со разговор дека многу држвави имат национални симболи. Ако видиме за пример en:Template:National Symbols of Venezuela, ке се види дека цвекето е "Cattleya", а не "Venezuelian Cattleya", дрвото "Tabebuia chrysantha", а птицата "Troupial". Не постои пород "македонски лав", а во лавовите кои се на статиjата нема ништо карактерно, за да бидат пишувани како македонски. --Стан (разговор) 12:36, 9 февруари 2009 (UTC)
Македонски лав се однесува за симбол, не за животно кое не постои. Ако беше животно ќе го ставевме во делот за животни и растенија. --MacedonianBoy 13:05, 9 февруари 2009 (UTC)