Разговор за шаблон:Музичар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ако ја следиме англиската википедија (мајката на сите википедии) можеби овој шаблон би требало да се преименува во: Инфокутија мизичари, или сл. --brest 20:41, 14 јуни 2007 (UTC)

Потполно се согласувам. Но при правењето јас пробав да го преименувам шаблонот во Инфокутија:Музичар/група, но толку многу работи се искомплицираа што морав да го вратам во старата форма. Сепак, ако може да се преименува без последици, тогаш дефинитивно и треба да се направи тоа. --Виктор Јованоски 21:07, 14 јуни 2007 (UTC)

Па би требало да се види каде сѐ се употребува. Мислам дека ти го имаш креирано овој шаблон, така да точно знаеш каде е употребен. Па после ако има проблем во сите статии да се замени со новото име, доколку не функционира пренасочувањето. Во англиската википедија е со име Template:Infobox musical artist.--brest 21:18, 14 јуни 2007 (UTC)

Колку што се сеќавам, јас лично, го имам искористено само во неколку статии (Битлс, The Rolling Stones, Radiohead, Traveling Wilburys, Боб Дилан) и во случај никој друг да го нема употребено, би било лесно да се замени новото име. Но, исто така колку што се сеќавам, шаблонот веќе постоеше (и всушност тоа беше проблемот, зашто постоеше во некоја рудиментирана форма и јас потполно го преуредував, пришто, обидувајќи се да го полу-македонизирам, многу веројатно сум изменил некој важен податок), поради што сигурно некој го има искористено и во некоја друга статија. --Виктор Јованоски 21:45, 14 јуни 2007 (UTC)

Всушност, мислам дека решението е тука: еве ги сите статии што го содржат шаблонот. --Виктор Јованоски 21:51, 14 јуни 2007 (UTC)