Разговор за шаблон:Дали сте знаеле/Архива 1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната страница за разговор.

Упатство за содржините на „Дали сте знаеле?“[уреди извор]

„Дали сте знаеле?“ е рубрика која се објавува на Главната страница, во долниот лев дел. Слично на англиската Википедија, во оваа рубрика промовираме нови статии на тој начин што наведуваме некој интересен податок од тие статии во форма на прашање до читателите. Статиите кои ги промовираме треба да се доволно информативни или актуелни за да го привлечат вниманието на читателот. Покрај тоа, прашањето треба да соодветствува на содржината на поврзаната статија. Прашањата ги формулираме на тој начин што во прашањето го истакнуваме она што сакаме да го линкуваме со статијата. Линкот е болдиран.

Сликата на рубриката е поврзана со некое од прашањата, главно се менува на неколку дена за да се освежи содржината на Главната страница. Прашањето на кое се однесува сликата содржи во себе назнака (на сликата).

Предлагам погорниов текст да го ставиме во некој шаблон овде на страницава за разговор, како упатство за тоа како да се уредува оваа рубрика. Ве молам за помош во содржината на упатството. --Crnorizec 21:37, 27 јуни 2008 (UTC)

За Античките Македонци[уреди извор]

Предлог:..Дали сте знаеле дека --Marijanmk 03:40, 16 септември 2006 (UTC) Античките Македонци водат потекло од потонатиот праконтинент АТЛАНТИДА

  • Постоењето на Атлантида не е докажано... А и самиов предлог ми е некако шпекулативен и мегаломански. Не се согласувам дека треба да стои во Дали сте знаеле дека... Фичо 18:22, 12 мај 2007 (UTC)

За Македонската Википедија[уреди извор]

Предлог:...дали сте знаеле дека Македонската Википедија има доста бавен развиток во споредба со Википедија на другите јазици?

  • Зависи како гледаш - ако го поделиш бројот на статиите со бројот на активни уредници (математика која јас ја имам направено и која е единствената реална математика), нашава Википедија е една од оние со најбрз развој!--Б. Јанкулоски 23:32, 2 Април 2006 (UTC)
Хехех. Така и е, но сепак фактички развој имаме мал. Абе ок ... :-) Muad'Dib

Античка Македонија[уреди извор]

Предлог: Дали сте знаеле дека државата во Античка Македонија не се финансирала од народот, туку од сопствени извори? Ова може да се најде во статијата Античка Македонија под заглавјето Финансии. Исто така предлагам да се смени сликата и да се стави некоја пригодна слика на оваа предложена тема (како сонцето на пример, кое се наоѓа на гореспоменатава статија).--Б. Јанкулоски 23:57, 2 Април 2006 (UTC)

Френк Херберт[уреди извор]

Дали сте знаеле дека Френк Херберт, писателот на мегапопуларниот роман „Дина“ изјавил дека никогаш немал писателска блокада?

Македонски денар[уреди извор]

Предлог: Дали сте знаеле дека збирот на сите банкноти на македонскиот денар изнесува 6660 (5000 + 1000 + 500 + 100 + 50 + 10) --Majahm 17:52, 16 Мај 2006 (UTC)

За Алфа-мажјаци[уреди извор]

Дали сте знаеле дека Алфа-мажјаците добиваат 70% од целиот секс во својата комуна? поточно 72,5%

Референдумот од 1991[уреди извор]

Го избришав податокот бидејќи 71,85% не е највисок процент на излезност во Македонија овие 15 години. На пример, на изборите 2002 гласале 73,5%.[1] Најмногу се гласало на изборите 1990-та, над 80%, ама моментално го немам при рака тој податок (Zdravko 07:34, 14 септември 2006 (UTC)) dali ste znaele deka deka evropa po povrsina e megu najmali te(pogolema e samo od avstralija),no spored gustinata na naselenosta(po ziteli na 1km2) i brojot na ziteli(900 milioni)go zazema vtoroto mesto

За функцијата e^x[уреди извор]

Предлог: Дали сте знаеле дека функцијата е единствената функција во математиката која има извод еднаков на самата себе?

Фичо 17:33, 23 јануари 2007 (UTC)

пи[уреди извор]

... дека Архимед проценил дека односот меѓу периметарот и дијаметарот (кој е еднаков на пи) на кружницата е 22/7 ?

22/7 = 3.142857...
Пи = 3.14159...

Мислам дека овде треба малку посоодветна формулација за да не се добие впечаток кај нематематичарите дека Пи = 22/7.--brest 17:52, 14 мај 2007 (UTC)

Број на точки во статијата[уреди извор]

Бројот на точки во статијата е намален со цел да биде на иста висина со одбараната статија. Исто така иодбраната статија е скратена со цел да се остави простор за други содржини на главната страница--brest 09:34, 24 јуни 2007 (UTC)

НОФ на Македонците од Егејска Македонија[уреди извор]

Драги колеги, ја избришав реченицата која гласеше: (... дека српските кралеви се крунисувале како „крал на Србите“, а не како „крал на Србија“?), затоа што тоа не е ништо ново или извонредно, затоа што и Грчкиот крал се крунисува Крал на Грците, и Бугарскиот крал на Бугарите, и Романскиот Крал на Румуните. А инаку на местото на таа "занимливост", ставив реченица за НОФ, затоа што кај нас многу малку се знае за движењето на Македонците во времето на Грчката Граѓанска Војна. Ако сум направил грешка, поправете ја. Поздрав. Revizionist 17:40, 24 септември 2007 (UTC)

Крунисувањето на српските кралеви за „крал на Србите“ има многу важна политичка улога и претставува важна информација. Србите правно имале крал, пред правно да ја имаат Србија!!! А тоа не е мала информација! Заради ова, ќе ја вратам оваа "занимливост" во шаблонот. --Фичо 22:31, 24 септември 2007 (UTC)

И Ромскиот народ во Романија денеска има Крал На Ромите, иако нема Ромска држава. Јас не сметам дека оваа информација е толку исклучителна, но како и да е - во знак на солидарност нема да ја вадам оваа информација од “дали сте знаеле“. П.С. Само што во тој шаблон треба да има само 10 реченици, а вака има 11. Поздрав. Revizionist 09:31, 25 септември 2007 (UTC)

Податок: Македонците се словенски народ[уреди извор]

Ех, ех, Ревизионист, малку забега човеку. Не знам од кај ти е чувството дека имам нешто против тебе, ама очигледно е дека така мислиш. Па дури ме нарече и вандал... Смири се малку те молам. А сега, да ти одговорам: не е работата за аргумент и за вистинитоста на податокот, туку за неговата соодветност во шаблонот. Мислам дека повеќе од јасно им е на Македонците дека се словенски народ (по култура и јазик...) и нема апсолутно никаква потреба да стои тој податок. Еве, гледам, сега имаш еден навистина многу поинтересен податок што заслужува да се најде во шаблонот. Всушност, и мене многу ме изненади, немав сознание дека Словените се најмногубројно население во Европа. Можам и фала да ти кажам, интересен податок! Уште еднаш те замолувам да се смириш малку, не мислев ништо лошо, зошто така гледаш на работите. Ај поздрав. Поречанец A? 21:07, 11 ноември 2007 (UTC)

Според стариот учебник по Географија за 6 одделение (старата програма), Словените се 37% од европското население. Инаку податокот „Македонците се дел од словенското семејство на народи“ е повеќе од јасен за 95% современи Македонци, дури и за мене што не се сметам за Словен, а и за поголеми занесеници од мене, нема потреба од таков податок кога тој е познат исто колку што е и познато кој е претседател на Македонија. А и не само Македонците туку и другите знаат дека сме словени, пример Албанците и нивните екстремисти не нарекуваат Славо-Македонци и Словено-Македонци, што значи дека и на неписмени терористи им е јасно ДЕКА СМЕ СЛОВЕНИ, а за чудо не ги учел Катарџиев на тоа. Ха ха ха. Мала шала, без лутење Ревизионе. - 79.125.155.4 21:13, 11 ноември 2007 (UTC)

За Македонците[уреди извор]

Дали знаете дека првата европска христијанка била Македонката Лидија (богата жена која тргувала со платно) од градот Филипи (Егејска Македонија). Неа во христијанска религија ја преобратил апостолот Павле на неговата втора мисија.

Македонија е библиска земја. Во Библијата има три книги посветени на Македонците: двете посланија на апостол Павле до Солунјаните и едно послание до Филипјаните(Егејска Македонија). Поздрав. Buli 13:00, 29 јануари 2008 (UTC)

Заштитување[уреди извор]

Мислам дека шаблонов мора да биде заштитен од анонимни уредувачи, бидејќи е трансклудиран директно на Главната страница. Да го заштитувам? --iNkubusse A? 19:35, 27 јуни 2008 (UTC)

Се согласувам дека треба да се заштити. --Crnorizec 21:23, 27 јуни 2008 (UTC)

Олимписки игри[уреди извор]

Може ли малку да прекинеме со фактите за олимписките игри, премногу еднообразно е. Четири факта има изнаредено едно под друго само од ЛОИ. И ако може содржината за ДсЗ да ја одбираме преку консензус, а не секој да си вметнува што сака. --Brainmachinewtf? 12:54, 16 јули 2008 (UTC)