Разговор за категорија:Македонски хемичари

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Македнски хемичари[уреди извор]

Во оваа категорија имаше голем број на празни статии за македонски хемичари, кои според имињата мислам дека не се доволно значајни за да имаат статија на Википедија. Поради тоа, освен статијата за академик Бојан Шоптрајанов (со своите придонеси заслужува да има статија), сите други се предложени за брзо бришење. На пребарувач, резултатите го наведуваат официјалното мрежно место на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во некои статии, дури и е копирана содржина од биографиите за „хемичарите“ на официјалното мрежно место, а на сите како надворешна врска е наведена биографијата на официјалното место. Ова мене ми наликува на реклама за Институтот за хемија на Википедија на македнски јазик, што не е дозволено.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:54, 18 август 2009 (UTC)