Разговор за категорија:Историја на македонскиот народ

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

ПРОГЛАС БР 1 Против фалсификувањето на македонската историја на mk.wikipedia.org

ВОВЕД: Македонската википедија треба да служи свиоте читатели доведувајќи им прецизно обликувани статии за разни проблематики.Меѓутоа принципите на кои се потпира википедија кога е во прашање објективноста на процесот преку кој се доаѓа до структурата и смислата на статиите, не е запазен во огромен број случаи.

ПРОБЛЕМ: Потрага по материјали од областа на “македонска историја“, “македонска етногенеза“, “македонски револуционари“ го доведе авторот на овој проглас до огромен број статии кои не се создадени според правилото во нив да одсаствува POV (Point of View) или OR (Original Research), согласно општите и врховни начела со кои се раководи проектот википедија во целина и кои се добро презентирани и на македонската и на англиската варијанта. За овие статии типични појави се:

Давање како аргумент нешто што треба да се докаже Повикување на непосочени извори Повикување на псевдоисторичари-аматери како на авторитети Оригинална интерпретација, без запазување на правилото “колку е поневеројатно тврдењето, толку повеќе треба да се изнесат докази“.

Ваквите статии се ругло на Македонската Википедија.Типично за нив е да отстапуваат од високите стандарди присатни на англиската википедија.Како такви ја немаат својата основна функција: да пружат ТОЧНА, КОНЦИЗНА и УПОТРЕБЛИВА информација

РЕШЕНИЕ: Предлагам оформување на комитет од Википедијанци кој ќе ги заклучи овие статии и ќе поведе процес на нивно сведување на чиста фактографија на која ќе бидат евентуално придодадени ИСКЛУЧИВО референцирани интерпретации.

Само така, преку тимска работа, можеме да ги отстраниме историјските фалсификати со кои се одликува Википедија во сегашната состојба и да и го вратиме угледот.

Овде е доста кажано, ама ништо речено. Што е тоа што всушност ти пречи во статиите на македонската Википедија што толку те револтира? Ако бараш да се превземат така радикални чекори, тогаш треба и „со прст“ да посочиш што не чини за да имаме обзири како изгледа „фалсификувањето на македонската историја на www.mk.wikipedia.org“. Дали ако во една статија се спомене дека Македонците не се Срби или Бугари или Грци, тоа треба да се докажува? Од друга страна, ги уважувам аргументите дека многу од статиите не ги посочуваат изворите, но тоа не значи дека тоа е „повикување на псевдоисторичари-аматери како на авторитети“! Размисли вака, дури и кога некој угледен македонски историчар ќе објави дело, на пример, на тема околу етничката и културна самобит на Македонците, тоа во Бугарија не се смета за POV или пак OR зашто се коси со нивната државна политика - така и најугледниот наш историчар за Бугарите би бил фалсификатор. Истото би било и со Грците кога би истражувале на тема Античка Македонија и Антички Македонци. Исто би било и со други народи, на други теми. Едноставно и глупаво - и самиот POV е POV! Од друга страна, за en.wiki ќе ти го дадам примеров: статијата за Цар Самоил е насловена како Samuil of Bulgaria. Исто, ако е за пример, старословенскиот јазик на бг.вики ќе го најдеш под статијата старобугарски јазик, во светската наука е познато дека старословенски е „јазикот кој го говореле македонските Словени од непосредната околина на Солун во средината на 9. век н.е.“. Треба ли за ова извор, кога можеш да ја отвориш секоја граматика на секој словенски јазик која има барем еден пасус на тема историја на тој и тој словенски јазик и таму за првиот книжевен словенски јазик ќе стои таа реченца! Затоа ако имаш конкретни замерки, наведи ги за да ги разгледаме и, ако има потреба од тоа - коригираме, конкретизираме или избришеме. Поздрав!!! Филип што бе?