Разговор за Википедија:Ревизија на избрани статии

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Мала критика[уреди извор]

Дозволете мала критика за целиов проект. Убаво се сеќавам кога некои од овие статии беа избирани, и тогаш, за тие услови ги задоволуваа критериумите. Добро е тоа што од тогаш критериумите пораснале, ама можеби треба да се покаже мал респект за луѓето што ги пишувале, односно за историјата на македонската Википедија. Предлагам да има барем некоја категорија Поранешни избрани статии. --FlavrSavr (разговор) 22:07, 28 октомври 2010 (CEST)[одговори]
Да, да, во подготовка е шаблон кој се става на страницата за разговор на поранешната избрана статија каде кажува дека некогаш, на тој и тој датум оваа статија била избрана. Сам сè работам со помош на Кирил, не можеме самi сè да направиме. --Никола Стоіаноски 22:12, 28 октомври 2010 (CEST)[одговори]
Шаблонот којшто треба да се додава на страниците за разговор на поранешните избрани статии, веќе е готов. Не направив шаблон за самата статија, но по ова веднаш ќе го направам. Не мора да биде некој со којшто ќе се додава текст, туку само пречкртана ѕвездичка и категорија.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:38, 28 октомври 2010 (CEST)[одговори]