Разговор за Википедија:Надворешни врски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Нејаснотии[уреди извор]

Некои работи не сум сигурен дали убаво сум ги превел, за некои ВП страници ставив врски до англиските верзии, а некои работи воопшто не знам како да ги преведам, а МОРА да се преведат. Во неколку категории ги поделив нерасчистените работи, па како ќе се договориме, така ќе преведеме.

Обични преводи:

  • guideline - тоа е ваква страница (нели?). Страница за помош, прирачник, совети, начела, но и правила! Страници што помагаат Википедија да биде уредна. Како се вика сето тоа со едно име? Јас немам апсолутно никаква идеја, а сметам дека мора да се преведе изразов во скоро време. Го оставив на страницата така како што е, на латиница, со задебелени букви. Значи, мора да се преведе!
мислам дека најадекватно е напатствие, иако во одредени случаи може да се користат и термините ги имаш спомнато погоре--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • rich media - го оставив така, на латиница. Моја единствена идеја е мултимедија, односно мултимедијална содржина, но мислам дека има и посоодветен израз.
не може 100% да се преведе со мултимедијална содржина--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • reliable source - не знам како го преведуваме ова. Јас мислам дека најсоодветен превод би бил доверлив извор (или веродостоен извор, а можеби и проверен извор, сигурен извор...), во најголемиот дел пишав „доверлив извор“.
доверлив извор--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • references - како ги преведуваме референците? Јас ги пишав како „белешки“, ама не сум сигурен.
референци--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • Hijacked and re-registered sites - ги преведов „киднапирани и ре-регистрирани страници“, ама не сум сигурен (особено за „ре-регистрирани“).
  • wikilinks - ги преведов „викиврски“. Верувам дека веќе имаме/те стандардизирано израз за овие толку користени работички, а не сум сигурен дали тој е „викиврски“.
мислам дека е најадекватно викиврски--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • Wikimedia-wide text filter - ова не знам што е и не знам како го преведувате. Го напишав вака, со латиница, целосно го оставам на другите.
  • Open Directory Project - не знам што е ова (и не ме интересира:D), ставив врска Open Directory Project, со надеж дека некогаш ќе се пополни статијата (на англиски ја има).
  • factually inaccurate material - не знам како би го превел соодветно. Нешто како непрецизен, неточен, несоодветен материјал, не знам, особено делот factually'. Го оставив на англиски.
  • unverifiable research - не сум сигурен. Можеби непроверливо истражување или непроверено истражување, но во страницата го оставив изразот на англиски.
непроверливо истражување, според мене--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • nofollow - ова е HTML таг и во англиската википедија има статија за него. Ставив врска и на нашата (nofollow) со надеж дека некогаш ќе се пополни.
  • Malware - верувам дека повеќето знаеме што е Малвер (штетен софтвер: вируси, црви, грци (во тројански коњ) итн...). Немам наша статија, но ставив врска Малвер (слично како Софтвер, Хардвер) и се надевам дека некогаш ќе се пополни (затоа што е важна статија).
  • add-on - го напишав како ед-он, а мое мислење за превод е нешто како „додаток“, „додатен софтвер“, „додатно *нешто*“, не знам точно. Помош?
додаток--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • plain text - го напишав како „чист текст“, но сигурен сум дека имате посоодветен израз ;)
  • intellectual property rights - го оставив на англиски и мора да се смени брзо! Можеби „права за интелектуална сопственост“?
  • Anonymous web proxy - го преведов како „веб-прокси“, но ставив врска до англиската статија и мислам дека згрешив. Би требало да се стави врска до статија Прокси, Прокси-сервер, Веб-прокси или слично.
  • submitter scripts - го оставив на англиски, немам идеја како ги преведуваме тие скрипти, само суштински ги познавам.
  • guestbooks - што е ова?! Го оставив на англиски и кревам раце! :D
книга на посетители--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • Search engine results page - го преведов како „пребарувачки сајт“ и врска до англиската статија „en:search engine“. Не знам дали е во ред преводот (а врската знам дека не е во ред).
страници добиени како резултат на работата на пребарувачка машина--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • Search aggregator - го преведов како „резултати“ (од такви сајтови) и врска до англиската „en:aggregated results“. Не знам дали е во ред преводот (а врската знам дека не е во ред).
  • Internet Archive Wayback Machine - не знам точно што е ова, знам само дека има надворешна врска (што ја ставив).

ВП страници. Овие страници се малку специфични, па да дадам една забелешка. Повеќето (што ги немаме преведено) ги оставив на англиски (и ставив врски до англиските верзии). --Не ги преведов затоа што можеби и некој друг во иднина ќе ги преведе, но поинаку. Така би се направила голема штета.-- Можеби требаше едноставно да ставам внатрешни mk врски со англиски имиња (пр. Wikipedia:Reliable sources), а кога ќе фати некој да ја преведува страницата, едноставно ќе ја пренасочи таа со англиско име кон новата со договорено македонско име. Мислам дека е битно ова и мислам дека не се изразив доволно добро...

во право, можеби добро би било да има само внатрешни mk врски со англиски имиња --brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • Wikipedia:Reliable sources - немаме наша страница. Мојот предлог е името да биде Википедија:Доверливи извори (и погоре го споменав).
Википедија:Доверливи извори--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
    • Wikipedia:Reliable sources/examples#Use of electronic or online sources - ставив врска до англиската.
  • Wikipedia:Citing sources - имаме наша Википедија:Цитирајте извори. Јас, лично, мислам дека посоодветно би било Википедија:Цитирање на извори или Цитирање извори, не знам за другите...
    • Wikipedia:Citing sources#What to do when a reference link "goes dead" - го нема тој дел во македонската верзија, ставив врска до англиската верзија.
  • Wikipedia:List of Policies - немаме листа со правила, ставив врска до англиската верзија.
  • Wikipedia:Copyrights - имаме Википедија:Авторски права
    • Wikipedia:Copyrights#Linking_to_copyrighted_works - го нема тој дел во македонската верзија, ставив врска до англиската верзија.
  • Wikipedia:Conflict of interest - немаме таква, ставив врска до англиската. Мислам дека најсоодветен превод би бил Википедија:Судир на интереси, но за наклонетите америкофони би можело и Википедија:Конфликт на интереси.
  • Wikipedia:Spam - Википедија:Спам - немаме наша, ставив врска до англиската.
  • Wikipedia:Blocking policy - немаме наша, ставив врска до англиската. Предлог за превод: Википедија:Правила за блокирање.
  • Wikipedia:Bots policy - немаме наша. Предлог за превод:Википедија:Правила за ботови.
Википедија:Политики за ботови
  • Википедија:Неутрална гледна точка - имаме
    • WP:NPOV#Undue weight - но овој дел го нема во нашата верзија. Ставив врска до англиската.
  • Wikipedia:Dead external links (dead external links) - немаме наша, а и не знам како би го превел изразот dead link. Не знам дали е соодветно мртви надворешни врски, т.е. помислив дека веќе имате некое решение, а мене, лично, не ми пречи мртви.
добро е мртви надворешни врски--brest 17:11, 16 септември 2007 (UTC)
  • Wikipedia:Manual of Style (links) - немаме наша, ставив врска до англиската и немам идеја за превод.
  • m:Spam blacklist - мора на англиски, така ја има (мета е).

Други врски. Овие ги ставив во викилинк (викиврска), како што се пишуваат изворно:

  • YouTube, MySpace, USENET, Google Video

--Поречанец 16:54, 16 септември 2007 (UTC)

Е, токму така Брест, guideline = напатствие. Совршено! Мислам и дека наместо rich media би можело да стои (привремено) „мултимедијална содржина“. И права за интелектуална сопственост исто така (мислам). --Поречанец 17:02, 16 септември 2007 (UTC)