Разговор за Википедија:Викисредба

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Кворум[уреди извор]

Мислам дека треба да одредиме некој кворум, минимален број на пријавени луѓе под кој е бесмислено да се одржува Вики средба и подобро е да се одложи за другпат. Што мислите, 5 луѓе? --FlavrSavr (разговор) 09:21, 23 декември 2009 (UTC)

Вики средба во февруари 2010[уреди извор]

Мислам дека е добро да се сотанеме во текот на февруари. Се согласувам дека е потребен кворум од мимнимум 5 лица, кои го имаат потврдено своето присуство. Со цел да може да се собереме во што е можно поголем број, ќе Ве замолам ако може на оваа страница да дадете предлози за местото и датумот на одржување на следната Вики средба. Што се однесува до мене, предлагам следната Вики средба да биде во сабота или недела, но да започне нешто порано (околу 12 часот) за да може да присуствуваат и корисници кои се од другите градови (средбите не мора да се одржат исклучиво во Скопје).--Kiril Simeonovski (разговор) 23:32, 31 јануари 2010 (UTC)

Што велите да одиме на риба и да прославиме по повод регистрацијата, мала гозба и веселба, со котизација?--brest (разговор) 15:28, 3 февруари 2010 (UTC)
Jа поддржувам идејата сите корисници на Википедија на макеонски јазик да бидат членови на Викимедија Македонија, а особено оние кои и придонесоа за основањето на организацијата, но ова треба да биде Вики средба, а не средба на Викимедија Македонија. Инаку предлогот да одиме на риба е одличен.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 15:43, 3 февруари 2010 (UTC)
Треба да се пресече за датум, па нека се пријават сите заинтересирани. --Милош (разговор) 19:10, 5 февруари 2010 (UTC)
Не знам колку е добро тоа, но очигледо ќе мора тоа да се направи. Се чини дека оваа порака на главната страница е „невидлива“ за голем број на корисници. Ако нема интерес и предлози од другите, ништо не ни преостанува од тоа да закажеме како и досега.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:47, 5 февруари 2010 (UTC)
Знам дека најлесно и најпрактично е средбите да се одржуваат во Скопје, но сепак треба да се размисли за терминот, односно да бидат преку ден... освен тоа, добро би било за луѓето кои доаѓаат првпат на средбите да има некаква ознака (натпис, лист хартија...) каде што се одржува средбата... еве, кога се одржуваше последната средба во декември случајно се затеков во Скопје, прашав на врата во “Либерта“ кои се луѓето за Вики средбата - никој не знаеше да ми каже... Ajta (разговор) 00:11, 8 февруари 2010 (UTC)
Обично ние кои одиме почесто на средбите се препознаваме меѓусебе, бидејќи барем еднаш претходно сме се виделе. Доколку имате во план да дојдете на средба, т.е. постои барем и најмала шанса да дојдете, на поминување и сл., тогаш не би било лошо тоа да го најавите на страницата за закажување на средбата, како би имале во предвид дека некој може да дојде за прв пат и може да се соочи со проблемот да не пронајде. Добра пракса можеби би било кога ќе имаме средба во некој локал на персоналот да му напоменеме дека тука се одржува вики средба па ако некој случаен дојде, како на пример ти во декември, да може да го упатат на масата каде се одржува средбата. Иако многу лесно се препознаваме кога сме повеќемина на средбата, обично окупираме некоја поголема маса или спојуваме 2-3 маси. За жал на последната средба бевме само тројца и беше потешко да бидеме идентификиувани :) Се надевам дека следниот пат ќе се најдеме.--brest (разговор) 15:03, 11 февруари 2010 (UTC)

Средбата во среда 12.01.2011 НЕ Е ВИКИ СРЕДБА[уреди извор]

Идејата за средба во среда е да се видиме од Викимедија Македонија пред саботата и чисто онака на пиво, да се потапкаме по рамо и да дорасчистиме уште по некое организациско прашање пред настанот :) Мислам дека е јасно дека саботниот настан го организира Викимедија Македонија. Ivica83 (разговор) 15:06, 10 јануари 2011 (CET)[одговори]