Разговор за Википедија:ВикиПроект Македонија/Градови

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Мал предлог[уреди извор]

Можеби сум перфекциониста можеби не! Но едно сакам само да ви предложам. За секој град да имаме сличен распоред на статијата. Конкретно сакам да кажам дека на пример во статијата за Скопје во инфокутијата најпрвин имаме слика од грбот и знамето, а потоа од локацијата и на крај информациите. Кај статијата за Битола на пример во инфокутијата имаме најпрвин слика од градот Битола и потоа грбот и на крај локацијата. Мислам дека треба да одредиме како да се распоредува една статија за да можеме да ги зачуваме стандардите и квалитетот. И додека не разјасниме како треба да изгледа една статија во врска со градовиве ве молам да не ставаме назнака дека статијата е готова. --Макс(разговор) 13:05, 31 декември 2008 (UTC)