Разговор:The Legend Of Zelda: Ocarina Of Time

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Постои уште една статија со истото име - Легендата на Зелда: Окарина на времето. Двете статии треба да се соединат во една, која ќе го има насловот на Легендата на Зелда: Окарина на времето, поради тоа што насловот на оваа статија е напишан на латиница. Одовде може да има само врска што ќе покажува кон другата статија. --Виктор Јованоски 23:28, 8 јули 2007 (UTC)

Постои и уште една статија со име The Legend of Zelda: Ocarina of Time. Разликата меѓу таа и оваа е во запазените големи и мали букви (of овде е со голема, на другата е со мала, како што е и правилно). Таа веќе ја пренасочив кон Легендата на Зелда: Окарина на времето, а оваа, бидејќи беше многу подолга (но несредена), ја средив и ја преместив на кириличната. Мислам дека треба ОВАА статија да се избрише (бидејќи е напишана неправилно), а другата напишана на латинично да остане пренасочена кон онаа на кирилично. Кириличната е веќе средена. Во превод (оти не ме бива многу за објаснување): избришете ја статијава, ја има веќе со кирилично име (а другата со латинично е пренасочена кон таа со кирилично). Поречанец 01:28, 9 јули 2007 (UTC)
П.С. Легендата на Зелда: Окарина на времето е ИСТАТА оваа статија, само убаво средена. И совет до Нешо: размисли за употребата на „НА“; во текстот изобилуваа реченици од видот „стојанка го чуваше на трпе, а миле го тепаше на столе“. Само една лингвистичка забелешка и пријателски совет ;) (иако ме исцрпија сите исправки) :( :D Поречанец 01:33, 9 јули 2007 (UTC)