Разговор:Шопска салата

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • коешто наместо кое што, одделни зборови.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 23:46, 28 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

Историја[уреди извор]

Словенско племе со име Шопи не постоело и не правило шопска салата. Доматите биле увезени во Отоманското Царство за прв пат во 18 век. Домати биле одгледувани за храна во Османлиското Царство од 19 век. Салатите влегуваат како кулинарски производ на Балканот за прв пат во 20 век. Таа салата била развиена во средината на 1950-тите години од готвачите во социјалистичкото претпријатие "Балкантурист" во Бугариjа. Таа била дел од туристичка промоција во ресторант „Черноморец“ сместен во црноморското одморалиште Дружба, во близина на Варна.[1][2][3][4] Во тоа време, водечките готвачи од Балкантурист ги измислиле Добруџанската, Македонската, Тракиjската, Родопската и неколку други салати со слични имиња, кои биле поврзани со различни етнографски региони во Бугариjа. Излегува дека преживеала само салатата наречена Шопска. За прв пат, широко достапен рецепт за салатата се појавил во 1956 година во "Книга за Домаќинката", уредена од П. Чолчева и Ал. Русева. Првично, салатата се сервирала само во ресторантите на Балкантурист, од каде подоцна се префрлила и во домашната кујна. Се етаблирала како бугарски национален кулинарски симбол во 1970-тите и 1980-тите. Од Бугарија, рецептот се дистрибуирал и во кујните на соседна Србија и Македонија. Исто така, таа е широко распространета во Романија под името salată bulgărească (бугарска салата). Шопската салата покрај Балканот, е популарна и во Чешка и Словачка, каде што е на менито на многу ресторани. Во 2014 година салатата „Шопска“ се покажа како најпрепознатливото јадење од Бугарија во Европа. Тоа jа доби наградата најпопуларен бугарски рецепт во иницијативата на Европскиот парламент, наречена "Вкусот на Европа". Jingiby (разговор) 09:31, 8 јануари 2020 (CET)[одговори]

Наводи[уреди извор]

  1. Raymond Detrez, Historical Dictionary of Bulgaria, 3rd ed, 2015, ISBN 978-1-4422-4179-4, p. 451.
  2. Dining in Utopia: A Taste of the Bulgarian Black Sea Coast under Socialism. Mary Neuburger. Gastronomica, Winter 2017, Vol. 17 No. 4, (pp. 48-60).
  3. Шкодрова, Албена: Соц гурме. Куриозната история на кухнята в НРБ, София, изд. Жанет 45, 2014 г., с.260.
  4. Бистра Стоименова, „Шопска ли е шопската салата–или за флуидността на балканската кухня“, СУ „Св. Климент Охридски”, „Антропология на Храненето”, София, 2017.