Разговор:Чај

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Глеадам дека статијава за чај е директен превод од англиската за Tea. Убаво е тоа, само што во нашиот јазик кога ќе се каже чај, се мисли на билен чај (планински, шипка, камилица и слично), а не на индиските црни и зелени чаеви... ако има некој заинтересиран чајофил како мене, нека даде предлог, па може да го преуредиме ова...

Еве на пример да се направи нова статија за Чај, односно билен, нашки чај, на место на оваа. А постојнава статија да биде префрлена во Кинески/Индиски/Англиски чај, или нешто такво. --Svrznik 00:48, 21 февруари 2008 (UTC)


Не знам од каде таков заклучок. Чај е чај, а билен чај едруго. Поимот чај е странски (кинески) и други земји го користат исто така за Чајната билка. Тоа што во македонија преовладува билниот чај не значи дека чајната билка не чај. --Б. Јанкулоскиразговор 04:36, 21 февруари 2008 (UTC)


Сакам да ти кажам дека зборот чај во Македонскиот јазик означува нешто пошироко и поопширно од индискиот/кинескиот чај. Ако енглез каже "I would like a cup of tea", жена му ќе му свари убав англиски црн чај. Кога македонецот ќе и каже на жена му "Свари ми мори чај", оваа ќе му реплицира "Каков сакаш, море волу ниеден!", што јасно укажува дека зборот чај во македонскиот јазик е општ поим за повеќе типови на пијалаци. Исто како да кажеш дака под "сок" се мисли кока кола, а сите други сокови се "овошни скови". А тоа што зборот чај е од кинеско потекло, и на кинески го означува црниот чај, односно чајната билка, не значи дека и на македонски се употребува исто. Еве на пример на грчки е "цаи", ама се употребува исто како кај нас, и ако нарачаш цаи во кафич, ќе те прашаат каков сакаш, а нема да ти донесат црн чај. - 79.125.235.64 17:08, 23 февруари 2008 (UTC)

Додадов еден мал дел за чајната култура во Македонија, токму според погорните забелешки (само го прескочив делот со „мори“ и „волу“). Ве поканувам да го дополните ако имате идеја, а кога ќе стане преобемен, може да го префрлиме и во засебна статија. --Crnorizec 09:24, 10 јули 2008 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • цитирана книга наместо cite book, назив на шаблон на македонски јазик.
  • References -> Референци, македонски превод.
  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 11:53, 1 мај 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 18:25, 1 мај 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 23:18, 3 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]