Разговор:Функција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Боја[уреди извор]

Потребно е да се тргне бојата од текстот и да се среди затоа што според википедија во текстовите не смее да има боја поради далтонистите. --M4r51n (разговор) 20:19, 11 јуни 2013 (CEST)

Апсолутно не се сложувам. (1) Страната е многу поразбирлива со боите (а да не зборуваме дека е далеку попривлечна). (2) Слики се во бои низ википедијата на сите јазици. Валда далтанисти можат нив да ги гледат. (3) Боите кои се користени во текстот се обрани за добро да се печатат и во црно/бело. (види: Using colours in Wikipedia ) Кажете ако ова е СТАВ на википедиа МК (со што би се жалела формално).

--User:lfahlberg 10:00, 12 јуни 2013 (CEST)

Наслов на страната[уреди извор]

Во Портал: Математика има линк до страна Функција (досега мртов). Доколку се смена тој линк, може и оваа страна да се преименува соодветно. Меѓутоа (види ја темата подолу), оваа страна е соодветна на simple.wikipedia.org (основно ниво) така да не е иста со страната Функција (математика) која е веќе создадена и не е на почетно ниво. --User:lfahlberg 10:00, 12 јуни 2013 (CEST)

Ниво на страната[уреди извор]

Прашање: Како да ги именуваме страни како оваа која се наменети за ученик/студент/обичен човек кој сака речениците да бидат напишани со обични зборови? На англиската википедија ги викаат Simple English страни. --User:lfahlberg 10:00, 12 јуни 2013 (CEST)

Видете, напишаното е навистина со добар и квалитетен учебнички стил. Меѓутоа, бидејќи Википедија е пред сè енциклопедија, постојат одредени правила за тоа каков треба да биде стилот на статијата (основно е дека тој треба да е енциклопедиски). Тоа што Вие го споменувате ("Simple English страни") е всушност посебно издание на Википедија, во кое сите статии се пишуваат на упростен англиски јазик. Не постои слично соодветно издание на Википедија на македонски јазик. Секако, тоа што стилот треба да е енциклопедиски не значи дека задолжително треба да биде проследен со научна терминологија или терминологија која се користи во вишата математика (која најчесто е тешка за разбирање од страна на читателите). -- Бојан имаш за кажување? 11:51, 13 јуни 2013 (CEST)