Разговор:Убиства кај Смилковци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
WikiProject Macedonia Logo mk.svg Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Место на злосторот[уреди извор]

Уште кога се случи настанот, забележав дека езерото е со различно име од медиум до медиум. Значи во реалноста тука има четири (4) езера. Некои го нарекуваат Железарско езеро, но со тоа име има 2 езера: - Гплемо и Мало Железарско езеро. Во некои медиуми езерото го нарекуваат и Смилковско, но такво езеро постои тука и е во непосредна близина до погоре наведените две. А има и Стајковско, но ова не е споменато. Дали некој со сигурност знае кое е езерото?--Р ашоAero-stub img.svg 21:38, 16 април 2012 (CEST)

Не знам. Мене ме буни и името на селото: дали е Смилковци или Смиљковци? --Brainmachine (разговор) 23:02, 16 април 2012 (CEST)
На страната од Гази Баба е со Л, а исто е и во адресарот на македонските општини. Сепак со езерава останува мистерија :)--Р ашоAero-stub img.svg 23:13, 16 април 2012 (CEST)

Координати?[уреди извор]

Коментар  Ставив приближни координати, чие средиште е некаде во Железарското Езеро (големото). Не знам поточно на која страна се има случено. Да не знае некој попрецизна местоположба? --Б. Јанкулоски (разговор) 09:32, 17 април 2012 (CEST)

Ах, не Бојан, не тоа езеро. По се изгледа убиството се случило на Смилковското Езеро (42.030679, 21.482348).--Р ашоAero-stub img.svg 18:17, 17 април 2012 (CEST)
Исправено. Фала на информацијата. --Б. Јанкулоски (разговор) 06:57, 3 мај 2012 (CEST)

Преименување[уреди извор]

  • Јас сметам дека насловот треба да гласи „Убиство кај Смиљковци“ како што се вели во поскорешните вести. Покрај тоа, придавката петкратен е несоодветна зашто таа означува нешто ’произведено петпати‘ како на пр. „петкратно зголемување на даноците“ или „петкратен првак“. --Тане (разговор) 04:00, 3 мај 2012 (CEST)
  • Ова е одамна утврден обичај на именување во јазикот. Покрај тоа, „-кратно“ означува нешто повеќе пати, без разлика дали е наеднаш или на разни наврати. Самиот наведе два примера. --Б. Јанкулоски (разговор) 07:12, 3 мај 2012 (CEST)
  • Добро, но корисникот Тане има добра поента. Може да се упрости името со Убиства кај Смиљковци. Така нема потреба да има ниту „петкратни“, ниту „Скопје“, ниту „2012“.--Никола Стоіаноски 11:20, 3 мај 2012 (CEST)
  • Чинам дека „Убиства кај Смиљковци“ е добар наслов, така што може да се преименува. Само едно не ми е јасно: дали селото е СмиЉковци или СмиЛковци? Ако ја преименуваме вака, треба прво ова да го утврдиме. --Brainmachine (разговор) 12:14, 3 мај 2012 (CEST)
    • Си одговарам самиот себеси - видете го коментаров: „Јас сум од Смилковци. Во името на моето село, нема буква „љ“. Точно го напишале и на Googe Earth. Да беше во Србија веријатно ќе имаше „љ“. Поздрав Јоцо.“ --Brainmachine (разговор) 12:26, 3 мај 2012 (CEST)
      • Дури сега гледам дека Никола погоре пишал оти во регистарот на Гази Баба е со Л. :) --Brainmachine (разговор) 12:31, 3 мај 2012 (CEST)

Сторители/осомничени[уреди извор]

Чинам дека е сè уште рано да ги наведуваме осомничените како дефинитивни сторители, тоа ќе може да го направиме само ако на нив им се изврши пресуда. Ова е голема грешка на нашите медиуми, а и на МВР во нивните изјави. Не смееме да шпекулираме и мора да се почитува принципот на презумпција на невиност. --Brainmachine (разговор) 12:20, 3 мај 2012 (CEST)