Разговор:Т'га за југ - Константин Миладинов

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Орелски крилја как да си метнех и в наши ст'рни да си прелетнех! На наши места ја да си идам, да видам Стамбол, Кукуш да видам,

Да видам дали с'нце и тамо матно угревјат, како и вамо. Ако как овде с'нцето ме стретит, ако пак мрачно с'нцето светит:

На п'т далечни ја ке се стегнам, и в други ст'рни ке си побегнам, каде с'нцето светло угревјат, каде небото ѕвезди посевјат.

Овде је мрачно и мрак м' обвива и темна м'гла земја покрива: мразој и снегој, и пепелници, силни ветришта и вијулици,

Околу м'гли и мразој земни, а в’гради студој, и мисли темни. Не, ја не можам овде да седам! Не, ја не можам мразој да гледам!

Дајте ми крилја ја да си метнам и в наши ст'рни да си прелетнам: на наши места ја да си идам, да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата и с'нце светло зајдвит в гората. Тамо дарбите природна сила со с'та раскош ги растурила:

Бистро езеро, гледаш, белеит или од ветар синотемнеит: поле погледниш, или планина -сегде Божева је хубавина.

Тамо по с'рце в кавал да свирам, с'нце да зајдвит, ја да умирам!