Разговор:Србофилија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

==Бришење==

Статијава се однесува на социолошко однесување и држење кое постои. Како таква сметам дека не треба да се брише, затоа и го отстранив тагот. Доколку некои делови од статијата се оценат како нечие лично мислење, тогаш тие би требало да се продискутираат. --Филип 13:22, 17 јануари 2008 (UTC)

Филип оваа статија треба да се избрише. Затоа што србофилија, или германофилија или англофилија не е нешто кое заслужува посебна статија. Тоа е исто како да правиш статија за луже кои навиваат за челзи и за луѓе кои навиваат за Манчестер (прост пример, ама аналогијата е оправдана). Сметам дека треба да се избрише. Ем оваа статија ја нема ниту во српската википедија. Значи треба да направиме и за луѓе кои имаат симпатии и наклоност кон Англија, Германија, Франција, Русија и т.н. Поздрав. --Revizionist 18:06, 17 јануари 2008 (UTC)
Во најмала рака треба да се вклопи во статијата србоманија наместо да се брише! Имаме ли компромис? Поздрав! ПС, не сфаќам каде е тука личното мнение? ППС en:Delije, en:Grobari, en:Torcida Split :)))) --Филип 22:22, 17 јануари 2008 (UTC)
Србофилија, србоманија и србофобија треба да се спојат некако во една статија. Може на пример во статијата за Србите? Нема смисла да има три посебни статии за овие поими, иако статиите се навистина добри. Имаат баш енциклопедиска содржина според мене. -{админинстратор}- гитардемон 16:41, 23 февруари 2009 (UTC)
Мислам треба да се стават под една статија Србофилија. Еден дел ќе биде за србофилија, еден за србоманија и еден за контрата србофобија.--MacedonianBoy 16:49, 23 февруари 2009 (UTC)