Разговор:Србизација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Го молам корисникот Рашо да ги објасни поконкретно причините за предлогот за брзо бришење. Во наведеното од него: "Намерни провокации од страна на нерегистриран корисник, кој за српски инат на мала врата го вметнува бугарството во Македонија. П.С. Немаме потреба од провокативни наслови" има премногу обвинувања со политички карактер, за кои мислам дека е потребно да се аргументираат. Например:

  1. Каде е бугарството?
  2. Кој решава од какви наслови има потреба МК Вики?
  3. Ако нема потреба од Србизација, зошто има Бугаризација?--Иван 09:07, 18 август 2008 (UTC)
Зошто прашуваш каде е бугарството? --MacedonianBoy 09:13, 18 август 2008 (UTC)
Доволна причина е ова: Намерни провокации од страна на нерегистриран корисник, кој за српски инат на мала врата го вметнува бугарството во Македонија. П.С. Немаме потреба од провокативни наслови. Пријатно --MacedonianBoy 09:15, 18 август 2008 (UTC)

MacedonianBoy, ако за тебе ово е доволна причина, очигледно, за други не е. Ако Рашо мисли дека е во право, остави го да ги наведе своите аргументи. Да видиме има ли навистина нешто провокативно во насловот, дали во историски или на друг план некогаш била вршена србизација, може ли да има статија Бугаризација, а да нема Србизација и така натаму. Поздрав, --Иван 10:12, 18 август 2008 (UTC)

Ти нема врска статијава. Сукња спомнува?! Без врска. Под итно треба да се брише--MacedonianBoy 10:15, 18 август 2008 (UTC)

Ако нешто треба да се брише во статијава, молам. Можеме да разговараме и знам дека со аргументи ќе можеш да ги докажеш своите тврдења. Но, ако не ти се бендисува нешто конкретно е едно, а сосема друго е предлогот за брзо бришење. И затоа треба да има аргументи - посебно кога има и друго мислење--Иван 10:28, 18 август 2008 (UTC)

Пристрасност[уреди извор]

Очигледно е дека некои пристрасни корисници на википедија не сакаат да се кажат некои вистини. Текстот на статијата беше:
Србизација се нарекува процесот на наметнување и утврдување на српски национален идентитет преку наметнување на српскиот јазик, српска култура, обичаи итн. Процесот на србизација во Македонија започнува уште во 19-тиот век, а својата кулминација ја достихнува во Вардарскиот дел на Македонија за време на српската окупација. Србизацијата се спроведувала преку српската црква, како и државните институции. Последица од србизацијата денес има и во македонскиот јазик: многу автентични македонски зборови се заменети со српски (користи, постои, сукња, извештај, намештај, купаќи, дечко, младич и тн.), многу научни термини и именски завршетоци добиваат српски призвук, се употребува српска форма за имиња на држави (Словачка, Чешка, Данска, наспроти Турција, Грција, а не Турска, Грчка и тн.) и друго.

Тука нема ништо спорно, и оваа статија треба да се прошири и да се образложат сите последици од србизацијата на вардарскиот дел на Македонија, како во јазикот, во начинот на живеење, културања, обичаите и тн. Ги молам администраторите да го спречат неконтролираното бришење на делови од текстот и на цели статии од страна на некои пристрасни корисници. Ако некој не се согласува со напишаното во статијата треба тоа да го образложи и да докаже дека не е така во разговор. --77.29.4.20 14:48, 18 август 2008 (UTC)

Прво регистрирај се па образложувај. --MacedonianBoy 14:53, 18 август 2008 (UTC)

Да, сега сум регистриран и ги имам истите права како и ти. Ги молам администраторите да го спречат вандалското однесување на некои корисници кои бришат делови од статии без оправдана причина. Поздрав!--Горец 15:11, 18 август 2008 (UTC)

Силна подршка на статијата[уреди извор]

Разбирањето на процесот на србизација на Вардарска Македонија е од есенцијално значење за разбирањето на совреманта македонска историја и гледано од тој аспект но и во духот на Википедија тврдам дека обејктивниот пристап кон оваа тема ќе даде силен придонес за објаснување на настаните и личностите кои ја одбележуваат историјата на Вардарска Македонија во 20 век но и сега во 21 век.

Дополнително статијата само го покажува врвот на сантата мраз која се вика србизација на Вардарска Македонија. За да бидеме објективни но и да и дадеме соодветен историски континуитет на статијата се мора да започне со презентацијата на ставовите на Стојан Новаковиќ за Македонија.

Дискусиите кои текстот на оваа статија го поврзуваат со бугаризација на Вардарска Македонија, лично ги сметам за вметнување на дневна политика и шаблони од комунизмот кои се во суштинска спротивност со базичниот концепт на Википедија.

Авторот/авторите на статијата силно го охрабрувам да подлабоко да ја обработи темата, која во Република Македонија сега, а уште повеќе во минатото, односно СФРЈ и СРМ беше едно од најголемите табуа.

Ценам дека со таквото подлабоко, соодветно и чисто фактографско објаснување на процесот на србизација на Македонија силно ќе се придонесе кон јакнење на демократските капацитети на денешното и идно македонско општество, а со тоа и на просперитетната иднина на Република Македонија.

И нигде у тексту да наведете да је цела српска историографија и сва српска дејства везана за Вардарску долину, потичу од тога да се ово подручје одувек сматрало српском земљом, а народ делом српске нације. Из тога је све остало и произашло. Мислим, да то треба да се нагласи. Овако испада као да је неко кренуо од Ескима или Тунгуза да прави Србе, а не од сродних вардарских Словена, који су у дугом средњовековном периоду били делом српске државе и нације!

77.46.147.112 (разговор) 18:32, 25 јули 2009 (UTC)
Bez tresenje gluposti.--Никола Стојаноски 18:34, 25 јули 2009 (UTC)

"македонску православну цркву" призаје само Ватикан, дакле шизматици, шта је овде "Великосрпски" национализам?????? Дакле"македонска православна црква" је некаква непризната паралелна институција чија историја почиње са одлуком централног комитета.

Зборувајте исклучиво или македонски или англиски јазик.--Тиверополник (разговор) 21:43, 6 јуни 2010 (CEST)