Разговор:Список на претседатели на Македонија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Никола Карев не може да се смета за претседател на Република Македонија. Всушност, не е точно ниту тоа дека Карев бил претседател на Крушевската република, како што тоа го наведе неговиот биограф Кочо Топузовски, а кој став е пренесен и во статијата за Карев во оваа википедија. Да не си правиме филмови непотребно (Zdravko 10:43, 29 јули 2007 (UTC))

Јас за Карев уредно наведов дека само онака се смета за претседател, а не дека бил во формална смисла. Покрај ова убаво напишав дека тие (Карев и Ченто) се претседатели (или што и да е) на „други македонски републики“. Каде да ги наведеме освен тука? Со соодветни напомени, не гледам зошто не треба да стои; или пак ако Карев не стои, не гледам зошто да стои Ченто. --Б. Јанкулоскиразговор 11:26, 29 јули 2007 (UTC)
Ако сакаш најискрено, и на Ченто не му е местото тука, ама ајде да не ти го кршам премногу филмот и така нон стоп се контрам со тебе. Карев ниту беше формално претседател ниту беше на чело на некаква си македонска држава. Имај предвид дека ниту во еден момент не беше прогласена република во Крушево, особено не онаква што би ја опфаќала цела Македонија. Што се однесува на Ченто, тој беше претседател на Собранието, значи ниту тој не беше претседател на републиката (функција која едноставно ја немаше). Иако сепак во тој момент беше на чело на федералната единица од која изникна Република Македонија. Ако сакаш да се придржуваш до крај до еден од темелните вредности на википедијата, Википедија:Неутрална гледна точка, не смееш да ги преувеличуваш работите поради пристрасност од чисто етнички карактер. Значи, ни под разно не може да стои Карев, поради преголеми фактографски несовпаѓања, а би ти посочил да поразмислиш дали е исправно да го држиш и Ченто на оваа листа (Zdravko 12:56, 29 јули 2007 (UTC))
Сето тоа е во ред, но тоа што не е во ред е твојот стил на аргументирање. Жестината и личниот тон се два елемента кои се сосема непотребни тука. --Б. Јанкулоскиразговор 22:18, 29 јули 2007 (UTC)

Не знам што пак сега се навреди? Кај ли виде жестина во мојата аргументација? Како и да е. Видов дека си го избришал и Ченто, така што сега е во ред. Треба да внимаваме на бугарскиот национализам, но при тоа не смееме да отидеме до македонски национализам, преувеличувајќи некои работи кои едноставно не се верни (Zdravko 08:49, 30 јули 2007 (UTC))

Предлог за припојување на оваа статија со Претседател на Македонија[уреди извор]

Исто како со списокот на премиери на Македонија, така и за оваа статија сметам дека поедноставно би било доколку се спојат овие две статии, без додатни напори при уредувањето кога се променува личноста на функцијата и поради тоа што сметам дека би биле подостапни многу информации за и околу функцијата претседател, по теркот на статијата Претседател на Собранието на Македонија --ca7apult (разговор) 17:08, 1 јуни 2017 (CEST)[одговори]