Разговор:Севастопол
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Севастопол“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Севастопол или Севастопољ?
[уреди извор]Здраво, @Виолетова, Bjankuloski06, Ehrlich91, Kiril Simeonovski, ГП, MacedonianBoy, Igorpp, и Andrew012p: и сите останати (немам сознание кој сѐ и во кои области е активен овде на македонската википедија). Според Правопис на македонскиот јазик (II. изд.). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. 2017. стр. 237. ISBN 978-608-220-042-2. Севастополь се предава како Севастопољ. Овде на статијава за Севастопол како извор е наведен „Правопис на македонскиот јазик, стр. 167, Просветно Дело, Скопје, 2007“. Сo новиот Правопис има многу измени за транскрипцијата на руските/украинските имиња (љја, љји, љи итн., а нема њја, њји итн.). Знам дека имало намера да се укине и групата лј во самиот македонски јазик и да се замени со љ (Биљана место Билјана итн.), според мене − одвратно. Па, според вас, кое име треба да стои на статијава? И други статии со руски/украински имиња се соочени со истиов проблем, како Архангелск итн. Поздрав. Горец (разговор) 19:06, 3 ноември 2022 (CET)
- Севастопол https://makedonski.gov.mk/corpus/l/sevastopol-m си е градот. Предлозите за промена на географски имиња во Украина беа на една политичка партија. Такво нешто не е прифатено. Поздрав - Виолетова (разговор) 21:48, 3 ноември 2022 (CET)
- @Виолетова: Друго имав предвид, не предлогот на одредена партија, а конкретново име и на руски и на украински е исто − Севастополь. Зборот ми е − во конкретнава статија на македонски стои Севастопол и како навод е наведен Правопис од 2007 г., стр. 167. Го немам тој Правопис за да проверам. Дали некој може да го провери Правописот од 2007?
Покрај најстарите верзии, го имам и 10-то издание на Правописот од 1989 г., на стр. 82 пишува дека Севастополь на македонски се предава како Севастопољ, истото го пишува и во Правописот со „изменет и дополнет текст“ од 1998 г., стр. 84. Истото стои и во најновиот Правопис од 2017 г. (2-ро издание) на стр. 237. Другите крупни измени во најновиот Правопис, коишто ги споменав, за транскрипција на руски/украински (љја, љји итн.) се башка работа.
Речникот на Македонски.гов.мк не знам колку е релевантен, и таму има грешки, а очигледно и тие не се сигурни според кој Правопис да се раководат. Проблем е кога треба да ставиме врска на Wiktionary до македонската Wikipedia, а називите не се поклопуваат.
Според кој речник и правопис да се раководиме, како да се реши ова?! @Виолетова, Bjankuloski06, Ehrlich91, Kiril Simeonovski, ГП, MacedonianBoy, Igorpp, Andrew012p, Martin123xyz, и Dimithrandir:? Поздрав. Горец (разговор) 22:25, 4 ноември 2022 (CET)- @Горец По мене треба да си биде Севастопољ, како што е во најновиот Правопис од 2017 година. Реално тоа е нешто по кое треба да се водиме. --Ehrlich91 (разговор) 22:42, 4 ноември 2022 (CET)
- @Горец, во право си. Треба да биде „Севастопољ“, што поблизу до изворното. Си има јасно правило во Правописот од 2017 год. @Виолетова, Bjankuloski06, Ehrlich91, Kiril Simeonovski, ГП, MacedonianBoy, и Igorpp:, е сега, ако одиме длабоко во ова, според мене нерешен проблем во македонскиот јазик, во овие случаи не се изговара всушност буквата љ, туку лј (односно ль) — Севастополј. Ова е мекото л, кое за жал се изгуби во македонскиот јазик поради силното српско влијание. Србите имаат само тврдо л (љ). Затоа повеќето Македонци не знаат како правилно се изговара на пример илјада. Или го изговараат како иљада или одвратно како иЛЈада (и двете букви посебно). Правилен изговор е како Бугарите што велат (без х на почетокот — „иляда“, но одете на руски, таму се слуша појасно). Или пак медалјон (не „медаљон“). Правилен изговор е како Русите или Бугарите: медальон, одете на Транслејт на руски да слушнете). Но ова е друга тема, значи правилно е „Севастопољ“ и треба да се смени. Andrew012p (разговор) 10:43, 6 ноември 2022 (CET)
- @Горец По мене треба да си биде Севастопољ, како што е во најновиот Правопис од 2017 година. Реално тоа е нешто по кое треба да се водиме. --Ehrlich91 (разговор) 22:42, 4 ноември 2022 (CET)
- @Виолетова: Друго имав предвид, не предлогот на одредена партија, а конкретново име и на руски и на украински е исто − Севастополь. Зборот ми е − во конкретнава статија на македонски стои Севастопол и како навод е наведен Правопис од 2007 г., стр. 167. Го немам тој Правопис за да проверам. Дали некој може да го провери Правописот од 2007?
- @Горец и Andrew012p: Во правописот од 2007 (претпоследниот) беше со л, а не со љ. Него го користевме кога се пишуваа тие статии, а потоа јас по новиот правопис имам менувано разни називи (на пр. Тјумењ, Иљја итн.), но не секаде. Не ги менував Севастопол и Симферопол од причина што тие се од старогрчко потекло, каде би важело традиционалното -л и ставањето на љ делува некако насила и натурено. Во најновиот правопис сакале да ги усогласат тие разлики, за да не биде Кремљ со љ, но Севастопол со л, и им ја разбирам таа побуда. Од дрруга страна, во предавањето на најразлични јазици има исклучоци за веќе вкоренети облици и обичајни нарекувања. Прашањето е дали ваквите имиња би влегле во таа категорија на обичајни имиња или да се држиме верно кон руската/украинската варијанта. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:11, 6 ноември 2022 (CET)