Разговор:Библија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Разговор:Свето Писмо)

Оргиналната верзија на Библијата има 66 книги, 77 книги има латинската Вулга верзија на Библијата, тоа се накнадно додадени 11 писма во Стариот завет, прочитајте го добро воведот на http://en.wikipedia.org/ --Ivostefanov (разговор) 10:45, 8 јули 2010 (CEST)[одговори]

Статија или верски текст[уреди извор]

Некој уредувач ја има значително проширено (и збогатено) статијава за Библијата, но веројатно се работи за прилично религиозен човек, па мислам дека претерал во уредувањето. Имено, на многу места, статијава делува како верски текст, а не како енциклопедиска единица. Според мене, таа треба да содржи факти, но не и непосредни религиозни пораки, зашто намената на оваа статија е да информира и едуцира, а не да држи верска поука. Замислете што би се случило, следејќи го овој пристап, неко да направи статија за Меси и во неа да напише дека тој е нјдобар, дека е цар, дека растура, дека никој не може да му се фати на малото прсте итн. Или некој да напише статија за Бијонсе и внатре да напише дека таа е најубава на светот, дека е ангел итн. Оттука, мислам дека статијава треба сериозно да се преработи и од неа да се отстранат повеќе делови со експлицитни верски содржини. На пример, не е спорно тоа што во статијата се зборува колку делови содржи и се опишува нивната содржина, но не е вкусно (ниту исправно) да се ставаат цитати од Библијата со кои се „докажува“ дека Исус е месијата, дека е Син божји итн. Така, уредувачот запаѓа во следнава логичка противречност: дава одреден став од Библијата и веднаш него го „докажува“ со цитат од самата Библија, што е најобична тавтологија. На пример, тој вели: Исус е месијата и потоа дава неколку цитати од самата Библија во кои се вели дека тој е месијата. Додека не го расчистиме ова прашање, се воздржав од отстранување на овие делови, зашто сакам да го слушнам мислењето и на другите поискусни уредувачи и администратори. ГП (разговор) 23:41, 31 август 2020 (CEST)[одговори]