Разговор:Сашо Мацановски - Трендо

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Значајност на личноста[уреди извор]

Навистина Трендо стана познат како колумнист, а потоа и како водител на квизот Кој сака да биде милионер?, но сепак мислам дека не претставува личност за која треба да има посебна статија на Википедија. И така статијата е мала и нема никаква содржина, ниту референци или надворешни врски. Како трендо има и други познати водители во Македнија, па никој не решил да напише статија за нив. Ќе ве замолам малце да размислите за постоењето на вакви статии. Ваков проблем се јавува и со категоријата Македнски хемичари, во која покрај статијата за академик Бојан Шоптрајанов, се наоѓаат дваесетина празни статии за целосни „анонимуси“. Всушност станува збор за професори, чиј единствен резултат на пребарувач е факултетот на кој работат. Ако веќе се познати по нешто нека биде наведено во статијата со веродостојни извори, а не да стојат празни.

Овие работи се огромен проблем на Википедија и мислам дека треба што е можно поскоро да се решат.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:39, 18 август 2009 (UTC)

Зошто да не е? Тој е попознат од еден куп личности на Википедија за кои имаме статии. Сепак е познат Трендо Кирил, заслужува статија. А дека ни е проблем значајноста на личностите тука си во право. Поз--Никола Стоіаноски 22:08, 18 август 2009 (UTC)
Ако е познат не значи дека е значаен. Ова се две различни работи. Јас наведов познат, како вршител на функција, а не како популарен. Тоа е вистинскиот збор за Трендо. познат може да значи ако е запаметен по нешто. Ако нешто направил, што никој не го правел пред него.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:28, 19 август 2009 (UTC)
Аменте луѓе што мешате поими? Наши македонски познати луѓе не смеат да имаат статии на Википедија?? Каков е овој разговор? Трендо е попознат и од еден куп спортисти за кои имаме статии и од сите географски никулци кои зафаќаат статии на Википедија. Оваа дискусија е јуслес.--Никола Стоіаноски 12:33, 19 август 2009 (UTC)
Веќе кревам раце! Секој што излегува на телевизија е познат. Пишувајте за што сакате, а ако сакате и за себе напишете си по една статија. Моментно немам толку време, но ќе започнам статии и за Јанко, Атанас Костовски, Зоран Михајлов и Златко Калински. Барем ќе се зголеми бројот на статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:48, 19 август 2009 (UTC)