Разговор:Централна обработувачка единица

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Разговор:Процесор)

Превод[уреди извор]

Здраво, сметам дека „обработувач“ не е соодветниот поим за она што компјутерските науки е „процесор“. Не знам од каде го исцрпивте преводот, ама такво нешто не постои ниту во една литература, освен на македонската Википедија. Можеби ви е интуитивен превод, ама не е баш најдобар. Веројатно имате слаби познавања од оваа област и како веќе длабоко навлезен во информатиката ви посочувам да не го рекламизирате поимот, бидејќи само ја збунувате читателската публика. Од друга страна „процесор“ не содржи ништо антимакедонски. Значи, во информатиката постои дефиниција за поимот процес, што е еден од најзначајните поими во областа на оперативните системи. А оној кој ги извршува процесите е процесорот. Ова го користи целиот научен свет од компјутерските науки во Македонија. Знам дека поимот ви е длабоко навлезен во статиите на Википедија, но сепак сите заедно работиме за подобра Википедија. United (разговор) 13:43, 25 август 2012 (CEST)[одговори]

Ако е грешен поимот, наведи доволен број на веродостојни извори во статијата (за упатство види: ВП:ЦИТ), преименувај го поимот во статијата, премести ја страницата во соодветниот наслов (еве ти упатство: en:Wikipedia:Moving a page#How to move a page) и потоа смени го поимот во сите статии во кои се јавува. Ако ти треба помош, пиши ми. --Brainmachine (разговор) 15:56, 26 август 2012 (CEST)[одговори]