Разговор:Попис на населението во Македонија (2002)

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Кичево[уреди извор]

Тони, статистиките за пописот и како тој е прикажан се чинат помешани. Еве зошто:

  • Според старите граници на Скопје општините Аеродром и Бутел не постоеле во времето кога се спроведувал пописот, така што ако велиш дека тие четири општини (Осломеј, Зајас, Вранештица, Другово) треба да стојат, тогаш Аеродром и Бутел не треба да постојат.
  • Ако ги претставуваме податоците така како што биле во 2002, веројатно ќе се измени структурата на Струга, Центар, Чаир, Скопје и уште некои општини чии граници биле прекројувани во 2005 и 2013.

Така што или сите општини да ги претставиме како што биле во 2002, или да бидат како што се во моментов. Постојната верзија на статијата е од 2012 година. Поздрав.--Retrohead (разговор) 22:10, 23 октомври 2017 (CEST)[одговори]

@Retrohead: Самиот Државен завод за статистика има изработено две публикации според мои сознанија (книга 10 и книга 13), едната според територијалната организација од 1996 година и едната според 2004 година, кога Кичево не беше вака поделено. Веројатно статијата била напишана според изворите од книга 13, па така може да има посебна табела во која ќе ги одрази промените во Кичево, но јас би го оставил како што е, доколку не најдеш најнова публикација, па така да ја напишеш целата статија за пописот. Во меѓувреме ќе ти го вратам промените. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:31, 28 октомври 2017 (CEST)[одговори]
@Ehrlich91: Дали би можело во фуснота да се објасни спојувањето на четирите општини со Кичево во 2013, а табелата да биде според актуелната територијална распределба? Ако може прво потврда за да не правиме напред-назад со уредувањава. Поздрав.--Retrohead (разговор) 19:50, 28 октомври 2017 (CEST)[одговори]
Веќе реков дека мое мислење е со посебна табела во која би биле преместени тогашните општини со соодветните податоци, додека Кичево би била адаптирана согласно новите измени. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:00, 28 октомври 2017 (CEST)[одговори]