Разговор:Полјаци

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Зарем на стандарден литературен македонски јазик не се вели Полјаци, а не Пољаци? - Марио Шаревски - Македонец 17:48, 18 ноември 2007 (UTC)

Е, да ти кажам право, не знам. Ме влече накај Полјаци, ама не сум сигурен. За тоа ќе треба да го прашаме корисникот Виктор Јованоски. :) Поречанец A? 18:04, 18 ноември 2007 (UTC)
Според оваа статија на BBC-Macedonian, правилниот збор е Пољаци. Незнам, баш ме интересира како е поправилно, ако има некој правописен речник, нека провери. Поздрав. --Revizionist 00:26, 19 ноември 2007 (UTC)

Само кратко појаснување пред да ја преместам статијата: во македонскиот литературен јазик се изговара Пољаци, но се пишува Полјаци. Исто како во случаите ролја, болјар (конструкцијата олја е еквивалентна на онаа во Полјак), а слично како и во низа други зборови каде имаме изговор љ, но запис лј: илјада, крилја, Билјана... (Правопис на македонскиот литературен јазик, 14 а.) --Виктор Јованоски 08:33, 19 ноември 2007 (UTC)

Е се вели Пољаци, ама се пишува Полјаци! Инаку знам за тоа правилото со илјада, дека се изговара иљада. Ама сепак мислам дека тоа љ не е тврдо како стандардното љ, туку е помеко, како што се руските и бугарските кога има л, а после него ја,ју или мек знак (револјуција, Битолја итн). Поздрави-Марио Шаревски - Македонец 12:11, 19 ноември 2007 (UTC)