Разговор:Пајонија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Ха. А во статијата Пајонци пишува дека Пајонија се простирала и на северот и до Пелагонија, така што не би била само во Источна Македонија. --Zaebangad 02:29, 9 јануари 2007 (UTC)

Те jа вистината:

Пајонија е античка држава и област која се наоѓала на местото на денешна Македонија. Најбројно население биле античкиот народ - Пајонци.

Агис (? – 359/8 год. Пр.н.е) е првиот пајонски владетел чие постоење е потврдено со историските извори. По неговата смрт во 359 год. Пр.н.е Филип II ја покорил Пајонија и наметнал вазални односи. И покрај формалната зависност на Пајонија од Македонија, на власт останала истата кралска куќа на чие чело стоел синот на Агис, Ликеј (ц.356-ц.340год. пр.н.е). Покрај историските податоци и епиграфски споменици, за Ликеј говорат и парите што биле емитувани во негово име. Син и наследник на Ликеј бил Патрај (340/335-315 год. пр. н.е.), кој пак бил наследен од Авдолеон (315-286/5 год. пр. н.е.). Авдолеон највеке придонел да пајонскот кралство се доближи до развиениот хеленски свет и културата на државите на Александровите дијадоси. Во 289 год пр. н.е. тој ја снабдувал Атина со жито бидејќи Антигон Гонат го зазел нејзиното главно пристаниште, Пиреј. Легитимен наследник на Авдолеон бил Аристон (286-85 год. Пр. н.е.), но тој бил нападнат од Лизимах и побегнал во Дарданија. По наездата на Келтитево почетокот на 3 век на пајонскиот престол дошол Леон (278-250 год. пр. н.е.), веројатно вториот син на Авдолеон, кој пак бил наследен од синот Дропион ( 250 - 223 год. пр. н.е. ). Дропион е последниот пајонски крал, а воедно и основачот на пајонскиот којнон (сојуз). По неговата смрт просторот на Пајонија го превзела Античка Македонија, под водство на кралот Филип V (221–179 п.н.е), а северниот дел и припаднал на Дарданија. Jingiby 14:33, 5 јуни 2007 (UTC)

Но, само 60 г. подоцна, тука дошле Римлјанците и Античка Македонија како држава престава да постои. Од времето на независноста на Пајонија, најбогато археолошко наоѓалиште, е најдено кај денешната месност Демир Капија: клисурата на Вардар, Просек, останала природна граница меѓу македонската и пајонската држава и тука бил најлесно надгледуван магистралниот пат од Егеј кон внатрешноста на Среден Балкан и Подунавјето.

Најголемиот град во Пајонија бил Билазора, сместен во Овчеполската Котлина.Од него биле контролирани пограничните премини кон Кумановскиот регион каде што живееле дивите Дарданци, вечни пајонски непријатели.Билазора била опфатена со џиновски одбрамбен бедем од камен и земја по чиј срт чинел ѕид од делкани камени блокови и зафаќала површина од 20 хектари.Во истражувањата на градот Стоби, пронајдени се и траги од предримско време, со делови од куќи улици гробишта. + Најголемиот град во Пајонија бил Билазора[1], сместен во Овчеполската Котлина.Од него биле контролирани пограничните премини кон Кумановскиот регион каде што живееле дивите Дарданци, вечни пајонски непријатели.Билазора била опфатена со џиновски одбрамбен бедем од камен и земја по чиј срт чинел ѕид од делкани камени блокови и зафаќала површина од 20 хектари.Во истражувањата на градот Стоби, пронајдени се и траги од предримско време, со делови од куќи улици гробишта.

Теа непобитни факти се бришат на статиjата, кое говори лошо за нивото на Википедиjа. Вистината тука не оди! Jingiby 15:12, 7 јуни 2007 (UTC)