Разговор:Панк-рок

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Разговор:Панк рок)

Неточности, искривени факти, лични мислења и сл.[уреди извор]

ЦИТАТ:
Оi Punk е всушност панк-рок свирен од групи кои имаат Skinhead позадина,

RE: Неточно. Иако Е точно е дека во тоа панк под-движење партиципирале МНОГУ скинхед групи, но и бендови со мешан состав, тоа не е некоја ГЛАВНА карактеристика на ОИ панкот за да би се ставала во прв план. Значи, неспорно имало скинхед бендови: 4 Skins, Opressed, Last Resort , имало „мешани“: Business, Blitz (двајца панкси, двајца скинси) и други, а имало и бендови составени САМО од панкери (и тоа оваа последна категорија се всушност и најбројни: Cockney Rejects, Cock Sparrer, Abrasive Wheels, Peter & The test tube babies итн.). Значи скинхеди несомнено биле дел од сето тоа, но не и главна карактеристика. ОИ панкот по состав на луѓето инволвирани во него бил хетероген, имало и панкери и скинхеди, впрочем една од идеите и била да се обединат овие субкултури.

ЦИТАТ: а со тоа и работничко-социјалистичка или нацистичка позадина.

RE: Погрешно. ОИ панкот нема никаква врска со нацизмот а богами и со јасно дефинирана политика воопшто. Секако наци-панк и наци-скинхед бендови постоеле и постојат, но немаат никаква врска со ОИ, иако самите сакаат како такви да се декларираат што ги збеснува оригиналните ОИ бендови. ОИ по суштина требало да биде СТРОГО аполитичен (во смискла да не зазема страни) и да биде строго сконцентриран на улицата, песни за животот на работничката класа, полициска репресија, тепачки, навивање, пиење по пабови и напаѓање и на левицата и на десницата и сл. Целта била „враќање на панкот на улицата“ наспроти комерцијализацијата на првобитниот „секс пистолашки“ панк, наспроти претераната интелектуалност, артизам итн. и да го сведе на она најсирово улично, дури простачко ниво (за разлика да речеме од интелектуалните бендови кои говореле за нуклеарната војна, екологијата итн.) Сепак и покрај тоа се јавиле бендови кои зазеле јасни пол. позиции, напр. Angelic Upstarts се отворено комунисти, Opressed се едни од основачите на антифашистичкото Skinhead against racial prejudice движење формирано во Њујорк 1987 за јасна диференцијација на панкот и скинхед движењето спроти нацизмот итн. Од друга страна наспроти левичарските тенденции бендот Combat 84 има „кокетирано“ со десницата (стихови како „Better dead than Red", но подоцна со исмејување се диференцираа од сето тоа као пубертетлиска глупост). Сума сумарум ОИ панк не е ни комунистички ни фашистички, а меѓу двете сепак преовладува поголема блискост со левицата. Самиот „КУМ“ на ОИ движењето и нејзин речиси идеен татко Гери Бушел, сега ултра познат новинар во Sun, во самиот тој период бил социјалист и жестоко се бори со аргументи да исчисти било каква дамка во врска со нацизмот и Ои движењето.

ЦИТАТ:
Овој стил се појавува некаде 1969 година кога за првпат во пристанишните градови на Англија се појавува скинхед-движењето наречено Оi. Отпрвин скинхедсите слушале јамајкански реге и ска, за подоцна панк-рокот да стане нивно главно музичко обележје. Познати Oi Панк бендови се The 4skins, The Business, Infa Riot, The Oppressed, Cockney Rejects и др.

RE: Потполно неточно. На крајот на шеесетите се јавува скинхед движењето, но не и ОИ! Ои се јавува речиси деценија подоцна како резултат на панкот, кој веќе постоечките скинхеди ќе го прифатат (барем голем дел од нив). Пред панкот скинхедите слушале ска, реге, соул и бендови од шеесеттите (со оглед дека произлегле од субкултурата на модсите кои слушале The Who, The Kinks, делумно Битлси итн.). Значи 1969 Ои не ни бил во план а камоли да постоел!

ЦИТАТ: Анархо Панк се раѓа во крајот на 70' и почетокот 80' и во музиката преовадува цврст хардкор-панк звук со анархистички текстови. Многу бендови се држат до правилното сваќање за анархијата,

РЕ: Хард-кор панкот e „америчка направија“. Бендовите како Crass немаат врска со тоа, само извесни сличности. Додека Хард-корот бил во Америка, во Британија биле Exploited, GBH, Discharge итн. Сличности СЕКАКО има, и едните и другите споделувале СЛИЧНИ музички стилови, СЛИЧНИ текстови и политички сфаќања, но сепак Британската сцена тогаш не би можела да се наведе под „хард кор панк“. Значи британската анархо и остала панк сцена во тоа време е ПАРАЛЕЛНО ДВИЖЕЊЕ со она хард-кор панкерското во USA но не исто. Блискоста е на крајот на краиштата што и едното и другото е панк, можеби сличен во одредени случаи но не ист. Black Flag, Bad Religion во САД се едно, Crassво Британија се друго. Да, и двете се панк ама различен.

ЦИТАТ: а дел преминуваат во екстремност до степен на односи меѓу ист пол итн

РЕ: ??? Прво и основно, општо панкот па и некои претходни стилови на рокенрол И ИМАЛЕ цел да разбиваат табу теми (вкл. и хомосексуалноста), да се залагаат за слобода како политичка, но така и сексуална. Ако на авторов на статијата тоа не му се допаѓа, тоа е негов проблем. Панкот Е создаден да биде ЕКСТРЕМЕН а не да биде Владо Георгиев и Студени Нозе. Така да анархизмот а и анархо-панкот СЕ ЗА уривање на авторитетите и конзервативните општествени норми вклучително МЕЃУДРУГОТО И ЗА слобода на хомосексуалноста (меѓудругото OI POLLOI шкотскиот анархо бенд има песна на оваа тема)

Добри статии за сите горенаведени теми има на англиската википедија и како познавач на панкот тврдам дека се добри и треба да бидат урнек. На сите оние што се спротивставуваат на моите тврдења еве линкови до нив а и до други веб страни па прочитајте сами што навистина е ОИ и се’ друго:

Prethodnica na punk-ot
Punk music
Punk subculture
Oi punk
Skinheads
Skinheads against Racial prejudice dvizenjeto
Street punk
Hardcore PUNK
Anarcho-punk
Crust punk

И НА КРАЈОТ НА КРАИШТАТА ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ВЕЛИ САМИОТ ГЕРИ БУШЕЛ („ТАТКОТО НА ОИ ДВИЖЕЊЕТО“ НА СВОЈОТ ОФИЦИЈАЛЕН САЈТ

Статијава треба да се менува. --Vbb-sk-mk 02:55, 26 август 2006 (UTC)

VBB, благодарам на опширните објаснувања и исправките во статијата. Друг пат нема потреба толку да разглобуваш, едноставно промени ја статијата и стави коментар во делот „Опис“. Овде имаме „правило“: Assume good faith :)

П.С. Станува збор за истиот VBB од багра и блогер? Ако да, очекувам МНОГУ од тебе :) --Милош 18:12, 26 август 2006 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 15:33, 27 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.